Да слуша може и по цел ден, нема штета, меѓутоа континуирана изложеност на екран, било тв, мобилен или компјутер повеќе од 1 час дневно (кај деца помали од година и 30 мин е многу), влијае негативно на психофизичкиот и социјалниот развој на детето. Многу родители не сакаат да поверуваат во тоа, или да си признаат, меѓутоа екранизацијата ги прави децата асоцијални, ја нарушува концентрацијата, ги уназадува говорните вештини, ја намалува интелегенцијата, а ја зголемува импулсивноста и агресивноста.... Ова зборам на долги стази, се почнува со детски песнички, па со цртани, па се стигнува до тоа да деца на 4 години иргаат насилни игри како ГТА, девојчињата од 5 години веќе имаат ФБ и гледаат турски серии со мајките.... страшно.
Twinkle twinkle little star - најомилена песничка. Особено кога се возиме во кола и е кенкава, само на таа се смирува.
И на мојов му е една од омилените, се смее, се радува, прета, игра, знам малиот на @mariz плаче на неа, а мојов зелка се радува, ништо не разбира
Мојава не ја интересира баш тв и песнички на тв, ама затоа обожава да и пееме, јас пеам она се клати и ме гледа како којзнае што да сум Ги имам пишано наназад одамна некои од песничките, истите си ги пееме И плус и пеам некои кои ги знам од Златно славејче.. Инаку мн сака странска музика, а слушне било кај музика одма игра, се клати, врти глава лево десно унесена цела @emkaemka готово преплака, голем сум веќе ми вика, не плачам... а уствари се стиска знам и едвај чека да заврши, исто онака на филм кога ти доаѓа да плачеш, ама трпиш и голташ Инаку од мал на така на тивки, тажни мелодии плачеше... Го имам на инста баш снимано и ставено, многу се расплакуваше на I hate you, I love you... лееше солзи, којзнае во главчето што му се вртело... емотивен тип
Прелистај низ странициве ќе најдеш неколку, јас запомнив некои па му ги вртам, сега почнуваме со ,,Елко, елко..,,
оо супер, фала ти! точно, елко елко сега и е сезона и jа знам ) знам многу песни од фестивалите од наше време ама долги ми се и мислам на неа уште сложени ја знае ли некој песната Цуцул пасе говеда? ) посебно во прилепската варијанта што завршува со "да ти скршам ребрата"? )
Цуцул пасе говеда покрај река Ситница, таму мина лисица. Добро утро цуцуле, дал бог добро лисуле. Што е врева во село... Комар бег се женеше за мушичка девојка. Шабан тапан биеше, мечка оро играше, шабанчиња гледаа.. голи боси бегаа. @KidA ние вака ја знаеме Еве ја и вака
Цуцул пасел говеда, Покрај река Ситница Оздол иде лисица. Добро утро цуцуле, Дал Бог добро лисице! Што е врева во село? Комарец се женеше, За мушичка девојка, Петел дрва цепеше, Кокошка ги редеше, Петелот и велеше: Ој кокшке мендушке, Убо реди дрвјата, Да не ти скршам ребрата! @emkaemka супер што ме потсети за елко, елко, ја имав заборавено, веднаш почнав да го учам синко. Лелеее како не видов дека си ја постирала пред мене, да не ја пишував за џабе.
леле свекрва ми им ја пее цуцул паси говеда, не помислив и некој друг дека ја знае. Јас прв пат ја слушнав од неа. Инаку и нас ни е омилена twinkle twinkle little star, кога и да ги повторам стиховите девојчето само се смее, следна ни е ало амбуланта, па грозје бере Мирјана.
Случајно прочитав па да се надоврзам, и мојот се натажува па и знае да запчаче на twinkle twinkle, во светот на бајките, на такви тажни, значи емотивен тип ли е ?! Има 20 месеци.
Па изгледа да да, душа Мојов уште е зелка, а ја слушне одма мести насмевка Чек уствари ние со англиски раскрстивме, сега на германски слушаме песни Е и да, му ја пеам јас од како се роди ,,Во светот на бајките,, ^^оваа погоре нит ја знам, нит сум ја чула, а немам ни намера да ја научам, стиховите ми се заникаде Бабиве негови дус дибидус ни ,,Тапшин, тапшин,, не ја знаат
Во светот на бајките и ало амбуланта и нас ни беа редовно на репертоар. Сега шизиме на модерно can't stop this feeling. Кај и да ја чуе одма раце во вис
@mariz , @Lolipop23 фала ви многу сега откако ја прочитав се сетив си викам да бе, така беше ) и јас само со рецитирање ја знам
Дедо Миле, Глава рамена, Најомилената Кад си сречан , тука трансови се дешаваат посебно. Пачји плес, Звончичи Урла дете се тресе цело ептен ги сака И пиличи ги сака. Ко мал Мама воли бебу, само таа го смируваше кога урлаше од грчеви, а сега гледам здосадена му е. Ги пуштам често си ги сака овие, за други посебно странски воопшто не покажува интерес, Али овие љубов му се. А мене глаата тапан ги сонувам веќе, бар убави да беа а јас му ја пеам француската Фрере Жак дорме вууу соле ле матине соле ле матине динг данг донг Не знам дали ја знаете. и кога бев трудна ја пеев, хахаха и сега Како мал емотивно ја доживуваше одма плачеше чим почнев да ја пеам, а сега ужива се смее , ме гали по лицето чим почнам да му ја пеам, мазенче на мајка
Alo ambulanta i nas ni e hit vo svetot na bajkite ne mi teknalo..tenks Jas mu ja peam i majmun jade popara mnogu mi e interesna hehe
Буквално се го интересира, он може и мтв да загледа, значи било што само да е тв Тоа влече корени од татко му, чичковците па и дедо му кои се филмомани и уште кога бев бремена на мм му викав ова дете ќе биде ко кученцено од 101 далматинец кога стои залепено пред тв и не мрда, и така и бидна. Ама му кратам ја бајаги т.е компензирам со шетање и играње. Али да заклучам само тажни песни неќе и ако глумам дека плачам мисли стварно и он одма пичнува