Па користам бебешки призводи. Прво ги користев влажните марамчиња од бекуран,но ми предизвикуваа иритација на очте,па ги заменив со памперс,помеки ми се ,понежни и немам проблеми од нив. Друго имам користено пудра бекутан,шампон од Џонсон,од Бекутан,од Косили. Некогаш ги употребувам за интимна нега. Кремот бекутан го користев едно време,но веќе не ми го поднесуваше лицето. Се на се задоволна сум од бебешките производи во целост.
Кремнот на бекутан го користам за лицето, влажни марамчиња на Бекутан за све и свашта и маслото на Бекутан
Стандард со Бекутанов, наше си е наше Млеко за тело, пудрата во прав, шампонот, сите им се супер. И може да се додаде Павлодерм, и тоа е класика. Johnson, Nivea не сум пробала до сега ништо. Можеби понатаму...
Сите производи од Бекутан си ги користам. И навистина сум презадоволна. И млекото за тело, и маслото, пудрата...шамппончето..па и она со камилица за интимна нега ми врши работа. Немам зборови јас, баш ми се супер. Само новата амбалажа не ми се допаѓа..ама ништо страшно
И мене не ми се допаѓа новата амбалажа и мислам дека има и промена во составот на некои призводи. Старата амбалажа ми изгледаше послатко и побебешки.
Becutan. Омилен македонски бренд. Користам се од прво до последно, со исклучок на пелените. Шампонот е одличен за локнести девојки.
кремот за лице од бекутан и млекото за тело се незаменливи..Тие производи мора секогаш да ги имам дома а иначе ги користам и другите производи..
Од Becutan користам влажни марамици, шампон, кремата за лице.. до скоро го користев и шампонот од Johnson's Baby преубаво мириса
Бекутан шампонот задолжително го користам летно време, особено ако сум на одмор и косата ја мијам секојдневно, некогаш и по два пати дневно. Ми треба некој поблаг шампон, бидејќи ако толку често ја мијам со Пантен, ќе ми попаѓа косата Бекутан влажните марамици ми се незаменливи. Големото пакување го чувам дома и со нив ја вадам шминката. А неодамна извадија и помали пакувања со 20 марамици, кои си ги носам во ташна.