1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебешки производи за нега на возрасните

Дискусија во 'Лице' започната од detelinkaa, 5 јуни 2012.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Необични употреби на бебешката пудра

    1. Го зголемува волуменот на трепките
    „Нанесете мал слој бебешка пудра на трепките помеѓу двата слоја маскара. Пудрата ќе им даде волумен и должина на вашите трепки. Освен ова, ако вашата маскара не е доволно густа, пудрата ќе спречи таа да се размачка“ – нѐ советува експертот за убавина Кристина Марал.
    2. Суво миење на косата
    За овој трик веројатно веќе сте слушнале. На врвот на прстите нанесете малку бебешка пудра, па потоа нанесете ја на коренот. На крај исчешлајте ја косата. Бебешката пудра ќе ги впие мастите од косата и ќе и го зголеми волуменот.
    3. Го отстранува сјајот од кожата
    Сопственикот на онлајн-продавницата LesBijouteries.com, Гери Барнс тврди дека бебешката пудра има подобар ефект од многу пудри кои имаат мат финиш. „Го научив овој мал трик од фотограф. Не мора да користите голема количина на пудра туку доволно е мал слој за да го впие непотребниот сјај од лицето, а вие ќе блеснете пред камерите. Таа ја собира потта од лицето и го ублажува сјајот, особено кај лицата кои имаат темен тен бидејќи темната кожа одразува поголем сјај пред камерите“ – изјавува Гери.
    4. Карминот ќе ви трае подолго
    „Кога шминкам некого кого го чека долга ноќ, односно кога шминката треба да трае долго, помеѓу двата слоја кармин нанесувам бебешка пудра. После првиот слој, со хартиено марамче отстранете го вишокот на кармин, а потоа со четка нанесете бебешка пудра. Потоа повторно нанесете кармин и готови сте“ – вели Марал.
    5. За полесно да го отстранете песокот од кожата
    „Мојот омилен трик со бебешка пудра го практикувам на плажа. Ако нанесете тенок слој пудра, песокот нема да се лепи на вашата кожа и ќе го отстраните со лесен допир“ – советува Реган.
    6. Го отстранува непријатниот мирис од патиките
    Немате време да се истуширате после враќањето од фитнес, а сакате да облечете чисти патики на испотени нозе? Ставете малку бебешка пудра во нив и таа ќе ја апсорбира потта и непријатните мириси.

    Преземено
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Супер се влажните марамици на Бекутан.
     
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Со години користам бекутан млеко за тело влажни марами и кремчето бекутан слаба страна ми е тој нежен мирис ме опушта :)
     
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Користам бебешка пудра за да не ми се мрси косата. Користам и бебешки шампоно бидејќи не се јаки и се нежни за косата.
     
  5. Glory123

    Glory123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Моментално го користам шампончето Бекутан и бекутан сапунчињата и задоволна сум :inlove:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Од бебешките производи верен корисник сум на македонскиот бренд Бекутан меѓу кои ги издвојувам детскиот крем за заштита на кожа и детската пудра против воспаленија.
     
  7. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    Луѓе читам влажни користите за лице - тоа е нешто најштетно бе :worried:
    Што се не содржат, штетни се премногу. Педијатрите не препорачуваат користење на влажни марамици за бебе, па логично штетни се и за лицето. Знам дека се ефикасни и тоа многу - флеки од тепих имам вадено со нив, па дури и боја бришат :!: Замислете што можат да содржат. :x
    Патем да не бидам офф
    Бекутан пудрата ми е топ 10 :lol: за под пазуви, за во чевли, патики и тн.
    Бекутан со заштитен фактор 30 и 50 за лице
    И се друго од бекутан користам за малава :) (спреј против убод од инсекти, маслено средство, шампон, пенливо, млеко за тело..... а влажните многу ретко обично кога сум излезена ги користам.
     
    На kjukli, LittlePinky, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Користам крема Бекутан, некогаш влажни марамчиња. Исто и масло и млеко за тело од Бекутан.
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Од Бекутан ги користиме талкот (маж ми во патики го става да убие миризба) и маслото кое јас го користам за вадење шминка :) Ова е од ќерка ми козметиката, но бидејќи за неа не ги користиме, ги пренаменивме :D

    Зимоска и купивме и крема од Бејбилов за лиценцето, со авокадо и преубаво мириса, арно ама зимата помина, лицето веќе не и се суши, па јас си ја присвоив и супер ми одговара и на моето лице:lol:
    [​IMG]
     
    На Mishela и Eli23 им се допаѓа ова.
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Дали уште се продаваат Kosili производите? Како мала се сеќавам омилени ми беа, ептен убаво мирисаа купките и шампоните. :)
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  11. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Влажни марамчиња,Џонсонс бејби оил маслата(подобри ми се од некои лосиони,и) и пудра Бекутан,понекогаш го користам и маслото Бекутан и павловичева крема(за усни,стапала,раце...).
     
    На Freyja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Freyja

    Freyja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Бекутан all the way!
    Сапунче, крема со цинк оксид, млеко за тело, влажни марамчиња. Сега за летово ги земав и кремите за сончање за бебе, па ги тестирам прво на мене :)
    Супер ни е Бекутан линијата, цело семејство си користи по нешто. Браво за Алкалоид!
     
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Кремава ја користам секој ден.
    Хидратантна, нежен мирис и што е најважно органска.
    [​IMG]
    Шампонов ми е за лето, за секојдневна употреба. Дава мекост на косата, исто нежен мирис. И за деца би ги користела во иднина дефинитивно.
    [​IMG]
     
  14. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    11.224
    од бекутан линијата, кое е помрсно - Лосионот или млекото?
     
  15. Devil99

    Devil99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Mlekoto
     
  16. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Бекутaн!!! :inlove: Кoристaм хидрaтaнтнo млекo зa телo и сaпунче секoгaш си гo мијaм лицетo сo негo и сум презaдoвoлнa oд нив.
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    956f9edfc5a3b63ec441e353e5401d6507fa13e3.jpg
    Крема на деценијата за акни, црвенило, чешање на лицето :D
    Веројатно тајната е што главна состојка по водата е цинк оксид.
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Бекутан крема, посебно кога осеќам зголемена сувост на кожата во зимскиот период, понекогаш го користам и средството за капење, преубаво е новото масло за тело со мирис на лаванда, посебно за после депилација, врв ми е! Добра е и пудрата за тело, исто така за после депилација.
     
    На Srekicka3, Недопирлива5, KuklickaMoja и 3 други им се допаѓа ова.
  19. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Кажете искуство со бекутан шампон за возрасни. Како ја прави косата ? Пружа ли заштита ?
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    По мое искуство од бекутан шампонот мене почна многу да ми се мрси косата и одма го прекинав.
     
    На (:strawberry:) му/ѝ се допаѓа ова.