Бебе готвач

Дискусија во 'Бебе' започната од mariz, 25 мај 2016.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.157
    Допаѓања:
    65.230
    Пол:
    Женски
    Bidejki periodov ja pustija aplikacijata Bebe gotvac, me interesira sto mislite za istata? :) Jas sekoj den probuvam po eden recept i do sega site mi se pogodile.. Eve sega bas planiram da gi probam mafinite od krusi i banani 12+ sto se.. odnosno sinko da gi proba, mama da gi napravi :) Isto taka moze da kazete sto ste napravile do sega i bilo vkusno.. :)
    Mislam nema tema otvoreno bas za ova i se izvinuvam sto pisuvam na lat, nemam mk na mobilniov.. :)
     
    На Dzevelekova, Girl-Rabbit, only44you и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    јас уште кога се роди малата, си го испринтав бебе готвачот, и цело време за воведување на нови намирници си се водев по неа..убава е и има интересни рецепти
    Сега веќе сме 13 ипол месеци,па некако го забаталив,по мое си терам
     
    На Girl-Rabbit и mariz им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.157
    Допаѓања:
    65.230
    Пол:
    Женски
    Ne sum go razgledala i toj vo files sto e, istiot e kako aplikacijata? Istite recepti se? Ako se istite da mi isprinta mm na rab, polesno e koga e na hartija :D inaku za mandzi za rucek sto imam doma toa pravam obicno, desertite gi pravam od bebe gotvacot povekje...
     
    На rose60 и mami blue им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    84.382
    Пол:
    Женски
    Jas ja simnav dobra e aplilacijata za idei za rucek deka stvarno nekogas se mislam sto saati sto da i iskombiniram. Vcera napraviv 1 recept malku modificiran karfiol so brokula kompirce kinoa i urda. Tamu bese kinoa karfiol, batat i mlado sirenje. I dobro izleze bebush go bendisa izede sve.
     
    На espana, mami blue и mariz им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    100.156
    Пол:
    Женски
    Ја спуштив вчера и јас таа апликација на македонски и за мамините ми запна око:D
    А има многуу побогати и подобри на англиски
     
    На rose60, MilaP и mariz им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.157
    Допаѓања:
    65.230
    Пол:
    Женски
    Pa dobro mislam deka kje ja nadograduvaat, sepak nema ni edna nedela od koga e pustena...
     
    На ♡BuBaLe♡ и M&M им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    I jas preska ja simnav,ubava e, ima novi recepti
     
    На ♡BuBaLe♡ и M&M им се допаѓа ова.
  8. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    И јас ја симнав , има добри рецепти , но многу малку , се надевам дека како што кажа @mariz ќе има уште :)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Јас вака како марсовец да прашам, која е таа апликација?
     
    На rose60, Tajnaotrovna и stilas7 им се допаѓа ова.
  10. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    8.157
    Пол:
    Женски
    @okcenzi aplikacijata e bebe gotvac, od grupata na fb zdrava hrana, zdravi deca.
    Mi se dopaga aplikacijava, ja simnav odma koga ja pustija i si gotvam po nejze skoro se. Dobro, si imam jas i moi jadenja sto sinko mi gi obozava, treba da im go pratam receptot. Vikendov definitivno probuvam mafini :rofl:
     
    На mal.ecka, S.Snezana, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    .pdf верзијата на бебе готвач многу мала ми се виде...не верувам да е иста како и во апликацијата. А апликацијата само за андроид.Штета што не можам да ја инсталирам...баш сакав да видам што сработиле. Да пробам уште на таблет ако може да се инсталира.
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.157
    Допаѓања:
    65.230
    Пол:
    Женски
    Toa e malku glupavo, samo android i toa pojaka verzija na android moze da ja podrzi, a poslabite ne...
     
    На rose60 и alana им се допаѓа ова.
  13. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.326
    Пол:
    Женски
    Апликацијава е супер. Скоро секој ден си пробувам некоја комбинација :)се надевам ќе ја збогатат со уште повеќе рецепти
     
    На ♡BuBaLe♡ и Tinushka им се допаѓа ова.
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    814
    Ja simnav ne sum probala ni eden recept do sega ama gi citav malku se zacudiv iskreno skara i pileski prsti?????za tolku mali bebinja se kosi so mojata zamisla za zdrava hrana
     
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.157
    Допаѓања:
    65.230
    Пол:
    Женски
    Da ama naslovot te buni, podgotovkata ja procita? Se e so pecenje, nema przenje, naprotiv rabotata e da bide vkusno, no zdravo :) Mislam vo red e so receptot pileski prsti, ne e nezdrav..
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.441
    Допаѓања:
    10.992
    Пол:
    Женски
    Јас на синко му дадов риба приготвена на скара, претходно стоена во маринада од лимон, портокал, хим. сол и маслиово масло. (12+)
    Превкусна, далеку повкусна од сварена или риба приготвена на пареа, а сепак здрава.
    Се што не е пржено во многу масло, подготвено со запршка, зачинето и конзервирано е добра храна за бебе.
    Јас секоја прилика кога се спрема нешто на скара ја користам да му приготвам вкусен а здрав оброк на синко.
     
    На kankus, Annath, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.044
    И јас си ја симнав апликацијата. Некој до сега имам направено, други до прва ќе пробувам и така. Ми се допаѓа, ние сме 7 плус, уште малку 8 плус па ќе има повеќе избор.
     
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.157
    Допаѓања:
    65.230
    Пол:
    Женски
    Ova e aplikacijata za tie sto ne ja znaat, inaku za ios nema mislam seuste, samo za android.. Screenshot_2016-05-27-11-39-53.jpg
    Samo neznam zasto se na angliski e objasneto, a ne na mk, moze ima nekoe pravilo Google Play Store...
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Ајде вие што ја имате апликацијава, одвојте време за другите мами и бебиња и споделете рецепти и старосна граница на одредени продукти.
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Вовед

    Овој готвач е посветен на исхраната на доенчиња и мали деца и е обид за уште еден чекор напред во промоцијата на правилна и здрава исхрана уште од раната детска возраст. Значењето на правилната и здрава исхрана е непроценливо во градењето на здрави деца. Тргнувајќи од сопствено искуство кога треба да се започне со дохрана на бебето, сопствените стравови “дали ги правам вистинските и правилните чекори”, немањето идеа “што да зготвам утре ”, незнаењето “дали оваа комбинација е во ред” и тн. произлезе идеата за еден ваков Бебе Готвач. Овој готвач содржи рецепти поделени по месеци уште од смиот почеток на дохраната од 6 месечна возраст па нагоре. Исто така содржи табели за дохрана поделени по месеци кои ќе ви помогнат во правилно воведување на нови намирници за соодветната возраст на вашето бебе/дете. Сите рецепти и табели за дохрана се собирани од брошури за правилна исхрана на бебиња, готвачи за бебиња, искуства на други мајки и што е најважно се води по препораките од Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца, кој е издаден од Институтот за Јавно Здравје на РМ и неговата препорака за започнување со исхрана по 6-от месец, дохрана. Се надеваме дека овој Бебе Готвач ќе ви биде од голема корис. Искрено, Тимот на Здрава храна, здрави деца.

    Намирници кои се воведуват по 6 месечна возраст:

    Овошје
     Јаболко  Круша  Банана  Кајсија  Праска  Тиква  Авокадо  Слива
    Зеленчук:
    Компир Морков Брокула Тиквица Карфиол Кромид Сладок компир – батат Пашканат
    Житарки – без глутен:
    Ориз Палента Киноа Амарант

    Рецепти 6+ месеци

    Вкусна каша од крушка

    Потребни намирници: 1 излупена и исчистена крушка 1 излупено и исчистено јаболко 1 цејлонски цимет (+7м)
    Исецкајте ги крушката и јаболкото на мали парчиња, а потоа издинсајте ги. Потоа ставете ги во блендер или изгмечете ги со помош на вилушка. Доколку ова е првиот оброк за вашете бебе во кој се вклучени крушите немојте да додавате цимет, се со цел да му дозволите на вашето дете убаво да се запознае со вкусот на крушката. Доколку вашете бебе и предходно уживало во јадењето на каши од крушка, може да додадете цимет и набљудувајте како ужива во неговиот вкус.


    Печена каша од крушки

    Потребни намирници: 1 исчистен морков ½ исчистена круша
    Исечете го морковот на тенки надолжни парчиња, а крушата на мали парчиња. Сето тоа испечете го на 190 ̊C, а потоа ставете ги во блендер и направете вкусна каша за вашето бебе.


    Изгмечени банани

    Потребни намирници: 1 згрела банана Вода или мајчино или АД млеко
    Излупете и исецкајте ја бананата. Со помош на вилушка направете каша. Додадете ја течноста која предходно ја имате избрано и мешајте. Користењето на бледнер не е неопходно, освен доколку тоа не одговара на потребите на вашето бебе.

    Каша од праски и банана

    Потребни намирници: 50 мл мајчино или АД млеко 1 праска 1 круша ½ банана
    Праската и крушата се лупат и се сецкаат. Се ставаат во сад со малку вода и се готват додека водата зоврие. Се оставаат да се доварат 3-4 минути. Потоа се блендираат заедно со бананата и млекото додека се добие посакуваната смеса.

    Пире од тиква

    Потребни намирници: 1 мала тиква Малку мајчино или АД млеко
    Тиквата се сече на парчиња и се става во тава да се пече на 200 ̊C. Се додава малку вода за да не се залепи, околу 1cm. Се пече од 45 минути до 1 час. Кога ќе се испече тиквата се вади од рерна и се остава да се олади. Кога ќе се олади се вади кората и се става во блендер заедно со млекото. Се блендира додека се добие саканата смеса. Печената тиква ги истакнува природните шеќери и лесно се вари. Поради тоа е една од првите намирници кои се воведуваат во исхраната на бебињата.

    Пире од јаболко и авокадо
    Потребни намирници: 1 авокадо 1 јаболко 6 лажици свеж сок од јаболко
    Јаболкото се лупи и се сецка. Заедно со сокот се става во тенџерче поклопено да се вари 7-8 минути. Свежото авокадо се лупи. Одкако ќе се тргне од оган јаболкото, се става во блендер со авокадото и се блендира. Се додава од сокот по желба

    Пире од тиква и круша

    Потребни намирници: 1 мала тиква 1 круша Малку цејлонски цимет
    Тиквата се сече, се чисти, се лупи и се сече на парчиња Се готви во сад за готвење на пареа околу 12 минути. Крушата се лупи и се сече на парчиња и се додава во садот за готвење. Заедно се готват уште 5 минути. Кога ќе бидат готови се блендираат и се додава цејлонски цимет по желба.

    Пире од авокадо и банана

    Потребни намирници: ¼ авокадо ½ банана 1-2 лажици мајчино или АД млеко
    Авокадото и бананата се чистат и се блендираат заедно со млекото додека се добие саканата структура. Наместо авокадо може да се стави манго или папаја, секако доколку бебето веќе ги има пробано. Во овој случај млеко не се става во кашата.
     
    На mal.ecka, ZRNO, Kom.pot и 3 други им се допаѓа ова.