Табела за дохрана 7+ месеци Намирници кои се воведуват по 7 месечна возраст: Овошје Јапонско јаболко Манго Папаја Се што не сте стигнале да воведете во 6-от месец може да го воведет во 7-от Зеленчук: Блитва Спанаќ – нетретиран (третиран 12+) Праз Лук Црвена и зелена пиперка Целер (само коренот, листовите 12+) Додатоци: Кокосово масло цејлонски цимет Рецепти 7+ месеци Каша од јаболко и тиква Потребни намирници: 1 јаболко Парче тиква ½ лажица пченкарен гриз Убаво исчистете ги тиквата и јаболкото, а потоа исецкајте ги на мали коцки и ставете ги во тава со малку вода и оставете ги да се готви. После пет до 10 мин додадете го пченкарниот гриз и оставете ги да се готват уште неколку минути. Доколку е потребно, додадете малку вода и тоа во случај гризот премногу да го згусне јадењето. Потоа, сето тоа изблендирајте го или направете каша со помош на вилушка. Сутлијаш Потребни намирници: 2 лажици ориз 30 мл мајчино или АД млеко Малку банана Малку цејлонски цимет Оризот се вари во вода 2/4. Кога ќе биде готов се трга оган да ја упие целата вода и да се олади малку. Потоа се додава млекото и бананата. Се блендира се заедно и по желба се додава цејлонски цимет Каша од јаболко и круша со цимет Потребни намирници: 2 мали јаболки 2 мали круши 4 лажици свеж сок од јаболко или вода Малку цејлонски цимет Јаболките и крушите се лупат и се сецкаат. Се ставаат во тенџерче и се додава водата/сокот и малку цејлонски цимет. Се поклопува и се варат околу 6 до 8 минути. Потоа се блендираат додека се добие саканата смеса. Каша од брокула и карфиол Потребни намирници: 1 поголема китка брокула 1 поголема китка карфиол Сварете ги брокулата и карфиолот да се готват во сад за готвење на пареа. Кога ќе бидат готови ставете ги во блендер и миксирајте додека не се изедначи смесата. По потреба додадете од водата од садот за готвење. Вака блендираната каша можете да ја понудите на своето бебе. Прва зеленчукова каша Потребни намирници: 200 гр мешан зеленчук – моркови, компир, тиквица, карфиол Целиот зеленчук се лупи и се сецка. Се става во сад за готвење на пареа и се готви 15 до 20 минути. Доколку немате сад за готвење на пареа ставете во тенџере и сипете доволно вода за да се покрие целиот зеленчук и варете околу 15 минути. Готовиот компир се пасира со вилушка, а остатокот од зеленчукот се блендира заедно со малку вода од садот за готвење. Потоа се соединуваат пасираниот компир и блендираниот зеленчук и по потреба се додава уште малку од водата. Добро се меша и готово е за сервирање на вашето малечко Зелено пире Потребни намирници: Малку сецкан кромид 50 гр компир 200 мл вода 50 гр брокула Неколку листови спанаќ Спанаќот се чисти и се става да се вари во вода околу 20 минути. Во меѓувреме се динста кромидот на вода неколку минути додека стане златно кафеав. Се додава компирот (лупен и сецкан), се поклопува и се динста околу 10 минути. Потоа се додава брокулата и се динста уште 3-4 минути. Кога се ќе биде готово, компирот се пасира со вилушка, а останатиот зеленчук се блендира. Потоа се заедно се соединува и добро се меша. По потреба се додава од водата каде што се динсташе зеленчукот. Каша од коренест зеленчук Потребни намирници: 70 гр компир 70 гр моркови 40 гр пашканат Малку мајчино или АД млеко Зеленчикот се лупи и се става во сад за готвење на пареа околу 20 минути. Готвењето на пареа е најдобриот начин да се задржат природните состојки на зеленчукот како и неговиот оригинален вкус. Доколку немате ваков сад ставете го зеленчукот во тенџере и ставете доволно вода за да се вари. Готовиот зеленчук се блендира, а компирот се пасира. Се заедно потоа се меша со малку млеко и спремно е за сервирање. Каша од тиква и морков Потребни намирници: ½ мала тиква 1 морков 2 лажици мајчино или АД млеко 2 лажици ориз Тиквата и морковите се лупат и чистат се сецкаат на помали парчиња. Се ставаат во сад за готвење на пареа да се готват околу 20 минути. Во меѓувреме оризот се вари во вода 1 према 3. Потоа тиквата и морковите се ставаат во блендер заедно со оризот и млекото. Се блендира додека се добие саканата смеса.
Табела за дохрана 8+ месеци Намирници кои се воведуват по 8 месчна возраст: Млечни* производи: Јогурт Кефир Кисело млеко Несолено сирење Путер *Сите млечни производи треба да бидат полномасни. Зеленчук: Боранија Цвекло Проќељ Додатоци: Маџун ( на врв на мало лажиче во чај или сок) Маслиново масло Месо: Бејби биф – телешко, јунешко Житарки – со глутен: Пченица, пченични снегулки Овес, овесни снегулки Рж, ржани снегулки Јачмен, јачменови снегулки Гриз Пченично брашно Интегрално брашно Рецепти за 8+ месеци Каша од печени моркови Потребни намирници: Еден морков (или повеќе, по желба) Маслиново масло Добро исчистете го морковот, па исецкајте го на тенки кришки. Намачкајте го плехот за печење со маслиново масло, а потоа благо со маслото попрскајте го и морковот. Загрејте ја рерната на 180 ̊C. Печете околу 45 минути или додека морковот не омекне. Потоа во блендер или со помош на вилушката направете пире од моркови. Доколку вашето бебе е доволно големо за само да се послужи, не морате да правите каша, туку печените моркови послужете ги како “храна за со прстиња”. Каша од морков и ориз Потребни намирници: 390 гр рендани моркови 550 гр кафеав ориз Малку лук 100 мл јогурт/кефир Измешајте го оризот и морковот и гответе ги во сад за готвење на пареа. Додајте го лукот, а потоа јогуртот/кефирот. Печете на температура од 180 ̊C околу еден час. Кога ќе се испече, направете каша и следете го своето бебе како ужива. Каша од боранија Потребни намирници: Боранија (количина по ваша желба) 1 компир 1 морков Добро измијте ја боранијата, а потоа ставете ја да се вари. Откако добро ќе ја сварите, ставете ја во блендер и миксирајте. Вака приготвената каша е доволна за вкусен и здрав оброк на вашето бебе. Доколку вашето бебе не ужива само во вкусот на боранијата, додајте претходно сварен компир и морков, кои исто така се миксираат во блендер. Вашите деца со сигурност ќе уживаат во овие здрави и вкусни оброци богати со витамини и хранливи материи! Вкусно телешко со сладок компир Потребни намирници: 1 лажица маслионово масло Малку црвен кромид 20 гр црвена пиперка 50 гр моркови 70 гр сладок компир – батат 100 гр бејби биф – телешко месо 3 лажици свежо цеден сок од јаболко 100 мл вода Телешкото месо се става во сад да се вари. За добро да се свари потребно е околу час и половина. Затоа најдобро е да го ставите порано да се готви. Зеленчукот се лупи и се сецка. Маслото се подгрева во тава и се става зелечукот да се пржи. Доколку не сакате да користите масло може да го динстате зеленчукот на вода. Се готви 30 минути. Кога ќе биде готов, зеленчукот заедно со месото се става во блендер и добро се блендира. Мојата омилена кашичка Потребни намирници: 50 мл мајчино или АД млеко 2 лажици овесни снегулки 2 суви кајсии 1 голема праска Праската се лупи и се сецка. Овесните снегулки заедно со кајсиите се ставаат во тенџерче со малку вода и се варат додека зоврие водата и потоа се вари на тивок оган уште 3 минути. Одкако ќе се тргнат од оган се блендираат заедно со праската. Овесните снегулки го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, даваат енергија, а сувите кајси се добар извор на бетакаротин и железо
Каша од јаболко, круша и кајсии Потребни намирници: 1 јаболко 1 круша 4 суви кајсии 4 лажици вода 100 мл мајчино или АД млеко 3 лажици овесни снегулки Јаболкото и крушата се лупат и се сецкаат и се ставаат во тенџерче заедно со водата. Се варат околу 6 минути. Во меѓувреме во млекото се ставаат овесните снегулки и се оставаат да стојат. Одкако ќе се тргнат од оган, јаболкото и овошјето заедно со млекото и овесните снегулки се блендираат. Доколку бебето има забчиња овошјето можете да го пасирате со вилушка, а само снегулкуте да ги блендирате. Потоа измешајте ги заедно. Вака поготвено имате нутриционистички доручек. Беби јогурт со кајсии и банана Потребни намирници: 4 суви кајсии 3 лажици вода 2 лажици полномасен јогурт или кефир 1 банана Кајсиите се ставаат во тенџерче со вода и се оставаат да зоврие и потоа се готват уште 2-3 минути. Потоа се ставаат во блендер заедно со јогуртот и сецканата банана. Се блендираат додека се добие саканата структура Овошни беби мусли Потребни намирници: 1 лажица овесни снегулки 1 лажица пченични снегулки 1 лажица ржани снегулки 6 лажици мајчино или АД млеко 2 лажици вода или свеж сок од јаболко 2 мали јаболки 1 мала круша 2 суви сливи Житарките се оставаат да киснат околу половина час (не повеќе бидејќи мајчиното или АД млекото НЕ СМЕАТ да стојат на собна температура подолго време). Крушата и јаболките се лупат и се сецкаат. Се ставаат во тенџерче со вода или сок од јаболко заедно со сувите сливи. Се поклопуваат и се варат 8-10 минути. Одкако ќе се тргнат од оган се ставаат во блендер заедно со снегулките. Доколку бебето има забчиња овошјето можете да го пасирате со вилушка, а само снегулкуте да ги блендирате. Потоа измешајте ги заедно
Намирници кои се воведуват по 9 месечна возраст: Овошје Дуња Зеленчук: Грашак Црвена леќа Житарки : Тестенини без јајце Леб без јајце Месо: Бело мисиркино месо Бело пилешко месо Додатоци: Босилек Јајце: Жолчка Табела за дохрана 9+ месеци Пржени банани Потребни намирници : 2 банани Путер цејлонски цимет Во мала сад ставете две супени лажици путер . Бананите исечете ги на тенки надолжни парчиња и ставете ги во загреаниот путер . Потоа ги вртите како палачинки . На крајот додадете малку цимет или ѓумбир . Доколку вашето бебе има потреба, од пржените банани може да направите каша со помош на вилушка Пудинг од ориз и овошје Потребни намирници : ½ шоља ориз 2 шољи вода ½ јаболка 3 сливи Малку цејлонски цимет Кафеав шеќер по желба (12+) Јаболката и сливите се лупат и се сецкаат . Во водата се става овошјето заедно со оризот и се заедно се вари 30 минути, со постојано мешање . Потоа се блендира и се служи топло . Остатокот се чува во фрижидер . Каша од мисиркино/пилешко месо Потребни намирници : 1 шоља бело месо од мисирка/ пилешко ¼ шоља супа од вареното месо 1 чешне лук Малку пашканат Мисиркиното/пилешко месо се вари заедно со лукот и пашканатот . Готовото месо заедно со додатоците се става во блендер и се додава супата каде што се вареше месото . Се заедно се блендира . На оваа каша може да се додаде и зеленчук . Каша од мисика и јаболко Потребни намирници : ¼ шоља бело месо од мисирка ¼ јаболка Мисиркиното месо вари . Јаболкото се лупи се ренда и се вари . Кога ќе бидат готови месото добро се блендира . Се спојува со варената јаболка и добро се меша . Сирење со зеленчук Потребни намирници : 5 мл мајчино или АД млеко 120 гр младо несолено сирење 60 гр грашак 30 гр моркови Зеленчукот се вари во сад за готвење на пареа . Во меѓувреме сирењето се пасира добро и се меша со млекото се додека добро не се соединат . Готовиот топол зеленчук и се соединува со смесата од млеко и сирење и добро се меша Се сервира топло . Пилешко месо со сос од леб Потребни намирници : 1 парче бело пилешко месо 120 гр супа од месото 1 кришка леб од интегрално /пченично брашно 60 гр јогурт Босилек Се вари месото со малку босилек . Готовото месо се остава да се олади . Лебот се потопува во јогуртот додека омекне, оа се додава супата од месото и се става во блендер . Месото ситно се сецка и се меша со сосот . Може на ова да се додаде и зеленчук . Беби омлет Потребни намирници : 1 сирова жолчка 2 лажици мајчино или АД млеко 1 лажица маслинов зејтин Се двои жолчката од белката и се мати . Се загрева амслиновиот зејтин и се пржи жолчката со постојано мешање . Кога ќе биде готово се трга од оган и се додава млекото . Доколку детето има заби може да се додаде и пасиран зеленчук Вкусна леќа Потребни намирници: 2 лажици сецкан целер 1 чешне лук 1 морков 1 мл маслиново масло (може и без) 4 лажици црвена леќа 50 гр сладок компир - батат 100 мл сок од домати (10+) 200 мл вода или супа од зеленчук Зеленчукот се чисти и се сецка. Лукот, морковот и целерот се динстаат околу 5 минути додека омекнат. Леќата се мие и се става во тенџерето и се динста со зеленчукот. Се додава сокот од домати и супата (вода) и слаткиот компир – батат. Се остава за зоврие и се вари 20 минути. На крај се се става во блендер
Табела за дохрана 10+ месеци Намирници кои се воведуват по 10 месечна возраст: Овошје Смокви Зеленчук: Зелка Кељ Модар патлиџан Домати Месо: Бела риба - слатководна Додатоци: Бадемово млеко Ванила, екстракт од ванила Прашак за пециво Банана фил Потребни намирници: 2 зрели банани 3 жолчки 220 мл јогурт Ѓумбир или цејлонски цимет Ставете ги сите состојки во блендер и матете се додека не се добие една компактна смеса. Потоа, добиената смеса ставете ја во сад за печење и печете околку 20 минути на температура од 180 ̊C. На крај сецнете со ноже за да видите дали е готов. Доколку ножот излезе чист, оброкот е подготвен за комплетно уживање за бебето. Колачиња мајмунчиња Потребни намирници: 2 ½ шоља брашно по избор 2 лажички прашак за пециво 2 лажици маџун 2/3 шоља путер 2 жолчки 2 пасирани банани 1 лажичка ванилин шеќер Се меша брашното, прашакот за пециво и ванилиниот шеќер. Се додава маџунот и путерот и се меша. Се додаваат и останатите состојки и се меси да се добие глатко тесто. Со калапчиња се прават форми и се редат на плех. Се печат околу 12 минути на 200 ̊C. Каша од домати/модар патлиџан Потребни намирници: 1 или 2 домати или модар патлиџан Доматот/модриот патлиџан се лупи и се сече на четвртинки. Се става во тава и се пече со малку вода неколку минути на 190 ̊C 30 минути. Се блендира и се додава вода по желба Тестенини со банана Потребни намирници: 2 лажици ситни тестенини 1 банана Мајчино или АД млеко Се варат тестенините во вода. Бананата се пасира со вилушка. Готовите тестенини се мешаат со бананата и се додава млекото. Се добро се меша. Каша од динстан кељ и зелка Потребни намирници: ½ клавица мала зелка/кељ Маслиново масло 1 чешне лук Се чисти главицата зелка/кељ и се сече на попречни кришки. Се динста со маслиновото масло заедно со лукот. Готовата зелка се блендира.
Табела за дохрана 11+ месеци Намирници кои се воведуват по 11 месечна возраст: Овошје Лубеница Диња Грозје Капини Малини Цреши Грозје Зеленчук: Грав Леќа Магдонос Пченка Месо: Темно мисиркино месо Темно пилешко месо Рецепти за 11+ месеци Каша од крушки и суво грозје Потребни намирници: 1 голема излупена и исчистена крушка 1 лажица суво грозје Малку растопен и несолен путер (препорачливо е без) 2 супени лажици сок од јаболка Најпрво потопете го суво грозје во сокот од јаболка се додека убаво не омекне. Крушките исечете ги на мали парчиња. Измешајте ги со путерот и издинстајте ги на ниска температура. Доколку одлучите да не користите путер, динстајте на малку вода. Додадете го омекнатото суво грозје, па потоа сетоа тоа изгмечете го со помош на вилушка или ставете го во блендер. Боровница со банана и јогурт Потребни намирници: 1 шоља боровници 1 банана 1 шоља јогурт 2 лажички пченични снегулки Боровниците се греат во микро додека да омекнат и пуштат течност. Бананата се пасира со вилушка. Потоа бананата и боровинките се мешаат со јогуртот и пченичните снегулки. Каша од лубеница или диња Потребни намирници: 1 парче лубеница или диња Житарики по желба Лубеницата/дињата се чисти од семки и се пасира со вилушка. По желба се додаваат житарки. Може да се комбинираат овесни и пченични снегулки или да се свари амарант и ладен да се додаде. Каша од грав Потребни намирници: 200 гр грав 1 морков 1 помала тиквичка Вода Гравот се покиснува во вода од вечер. Следниот ден се вари додека се распадне. Пред крај се додава морков и тиквица. Се пасира добро и се додава од варената вода по желба.
Табела за дохрана 12+ месеци Намирници кои се воведуват по 12 месечна возраст: Овошје Лимон Портокал Мандарина Киви Јагоди Јадкасти плодови: Ореви Бадеми Лешници Сусам Кикирики Костени Месо: Морска риба Додатоци: Сол Кафеав шеќер Мед Зачини по избор, но мали количини Јајце: Белка Млечни* производи: Млеко Кашкавал Павлака Слатка павлака * Сите млечни производи треба да бидат полномасни Рецепти за 12+ месеци Сладолед од малина и капина Потребни намирници: ½ шоља малини ½ шоља капини ½ шоља полномасно млеко ½ шоља слатка павлака ½ шоља кафеав шеќер Овошјето се блендира. Слатката павлака се мати со миксер, се додава млеко, кафеав шеќер и јогурт и се мати додека се направи уедначена смеса. Се соединува со овошјето и добро се меша. Смесата се става во пластична кутија или ако имате калапчиња за сладолед. Се става во замрзнувач. По неколку часа сладоледот е готов. Каша од киви Потребни намирници: 1 киви Житарки по желба Кивито се лупи и пасира со вилушка. По желба се додаваат житарки. Може да се комбинираат овесни и пченични снегулки или да се свари амарант и ладен да се додаде. Крем од пилешко и компир Потребни намирници: 2 лажици путер 1 лажица интегрално брашно ¼ немасно млеко ¼ шоља пилешко ¼ шоља компир 1 лажица рендан ајдамер Пилешкото се вари па се сецка. Компирот се пече во рерна со лушпа. На тава со тивок оган се топи путерот. Се додава брашното, се меша и се додава млеко. Се готви додека се добие глатка смеса. Потоа се додава ситно сецканото пилешко месо. Компирот се лупи и се сецка ситно и се додава. Се меша се убаво и се служи топло Питички од зеленчук Потребни намирници: 3 јајца 5 лажици брашно 200 гр компир 125 гр морков 125 гр пашканат 150 гр изрендана тиква 75 гр сецкана зелка 2 лажици маслиново масло ½ лажичка сол путер за динстање Се загрева рерната на 220 ̊C. Се мачка тепсија со калапчиња за мафини со путер. Јајцата се матат пенесто заедно со брашното за да се добие ретка смеса. Компирот, морковот и пашканатот се сецкаат, се додава ренданата тиква и се динста на тивок оган додека омекнат. Кога ќе биде готов зеленчукот убаво се цеди. Зелката се вари одвоено, па се меша со остатокот од зеленчукот. Целиот зеленчук на крај се меша со тестото убаво да се соедини. Се додава малку сол и маслиново масло. Се полнат калапчињата и се пече 20 до 30 минути.
Ги следам рецептите за 6+, во ред ми се комбинациите ама врска немаат со количините потребни за исхрана на едно 6 месечно бебе пр. 1 круша, 1 праска и 1/2 банана...тоа ти е во најмала рака 300 гр. намирници, доволно за појадок на возрасен човек или пак друг рецепт за кој е потребна една помала тиква, а да не коментирам за 390 гр рендани моркови и 550 гр кафеав ориз...крајно неприлагодено за бебешки оброк! Тешко на тие бебиња чии мајки ќе инсистираат да се испразни чинијата оти нели во готвачот така пишува Или рецептите се за цела група јасли во градинка???
Jas gi sledam nekogas cisto za ideja megutoa ne se drzam epten do tocni namirnici a pak kolicina ic. Mojava e 11m pa jade eve da recam dokaj 200gr. Ne meram ama znam kolku i sobira tanjirceto. Eve sabajle na pr i napraviv 1 praska 1 mn mala jabolka malku snegulki i malku urmi. I sve si izede. Ne gi gledajte tolku kolicinite sekoe bebe razlicno kade. Moze se dadeni kolku za soodnos