Не е крај на светот ако се продолжи факултет една година.Нема поента измачување на себе си и немање време ни за бебето ни за факултетот кога има опција да се пролонгира студирањето.Ако не си нешто ограничена финансиски воопшто не е страшно да паузираш година, одма ќе помине.
Сопругот нека ти биде најголема подршка. Таман зимоска ќе се гледате со бебушот, ќе потпркне на пролет, тато ќе го возе со количка, ќе може и баба да го возе, само смирено и напред. Јас јунска сесија последни испити кога полагав останав бремена со гадење, повраќање полагав.(Планирана бременост, неможев да замислам 6год студирање + стаж, да завршам со тоа и ај па трудноќа, бебе и да одложам со отпочнување на работа). Дипломирав после 1год.стаж, малата имаше 5месеци,таман почнав со стажирањето друго од 6м секојден на болница, лиценцирав и си работам. Лошото е само што немаш дома кај тебе помош, мене свекрвата ми го гледаше бебето додека бев отсутна, ама морав. Се е за доброто и ваше и за тоа дете, секој прилив на средства е благословен. Фокусирај се сега на породувањето, зима ќе фати дома седење и ќе си потпорасне тоа. Не е лесно ни спремањето испити. Се сеќавам таман ќе седнам да куцам дипломска уааа уааа ќе се разрика баш тогаш, ајде стани. Ама се ќе биде. Неможиш да избегаш од моментот на бебе и неположени испити ама не ги оставај! Бебето ќе си порасне многу брзо, а платите не растат така како него....
Сега кога спомна гадење, повраќање се навракам на еден испит кај што професорката ме чекаше на сред полагање да одам до вц, уште дома моите не знаеа дека сум бремена ама она знаеше и сиротата ме чекаше да се изнаповраќам па да продолжиме. Среќа реков и погоре ме разбираа и немав проблем Сега смешна ми е ситуацијата али тогаш не ми беше баш интересно За се има време, само немојте да оставате незавршен факултет кога веќе сме започнале да го играме тоа оро. 1год пауза ништо нема да смени. Се ќе биде
Претпоследен испит ми беше судска медицина, а па многу икав првите 3 месеци. И седнувам, ќе почнам да зборувам иииик, пардон, продолжувам,иииик,чекај вода. Професорката почна да ме гледа чудно, и кажувам професорке знам да одговарам, трудна сум првотромесечие икам како будала. збор иик, збор иик. а последниот испит веќе 8ми месец клоцање доле у ректум. Скокни седни
Кога бев на факултет, имав колешки кои беа дупло години постари од мене. Некои со бебе, некои од х причини, али стиснале заби и завршиле. Отсекогаш сум им се восхитувала, прво заради годините и другите обврски, а второ бидејќи се осеќала амбициозноста и упорноста. Мислам дека ако се сака, сѐ се може. Некогаш бара жртви, ама па и ништо не доаѓа на готово.
На 9 10 месеци се враќаш на работа. Само ако си државно и со решение и ако имаш други приходи ке си продолжуваш со финти до 2 3 години.