Јас користам беби фон од chico и сум доста задоволна , стално кога спијат денски ги ставам во друга соба ние во друга и нема проблем само да мрдне и се слуша . На вечер исто двете си спијат во спална ние надвор седиме алармот до нас и нема проблем. Јас сум задоволна
Која цена е овој на чико и јас сум заинтересирана да земам. Сега почесто си седеме на тераса па бебка нека си нане дома
Неактивна темава, али може ќе прочита некој Дали некој земал од али експрес? Има до 40 евра ама никако да се решам да порачам.
Не знам колку ти е итно, ама во моментов не стига ништо по авионски пат од странство. Да не го платиш па да чекаш повеќе месеци
Не ми е итно - од што немам што да правам па и ова да најдам - да се ослободам од обврска кога имам време
Philips имаме задoвoлна сум ептен. Фаќа и oд пoдалеку, известува акo губи мрежа, функциoнира и на батерии. Oкoлу 3000-4000 е пo аптеки.
Јас овој го имам од али експрес и задоволна сум само многу е осетлив звучникот надвор да тропни нешто се слуша па одма трчам..
Која цена е? Не знам како е сега со границиве и нарачките, па ако нарачала некоја членка во ек на пандемијава, би и била благодарна доколку ме извести за колку време и стигнало.
Околу 40 евра беше..јас го нарачав пред пандемијава да почни така да незнам сега дали и за колку време би стигнало...
1000 den od stranstvo e donesen koristen e ama si e vo. Od licna sostojba raboti I na baterii I so adapter
Дали сте купувале камера од Kids land? Јас имам на Самсунг, се е ок, но апликацијата за на мобилен не функционира. Затоа сакам да си купам друга камера што ќе можам да ја гледам и на мобилен
Пробај да спуштиш постара верзија од апликацијата. Обично кога ги надградуваат апликациите, после не им работат и имаат проблеми корисниците. Мене така ми се случи со камерата од Анхоч и не сакаше да работи, па супер функционира со постарата верзија од апликацијата.
Што е разлика помеѓу видеофон за бебе и бебе камера, гледам има разлики во цени големи. Од кои сте задоволни доколку сте користеле и кај може да се најде по пристапна цена?