Бебиситерство

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 3 ноември 2010.

  1. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Драги феминки,
    сакам да ве прашам дали некоја од вас има искуство како бебиситерка во скопје конкретно и како сте нашле понуда???
    јас сакам да работам некоја ваква парт-тајм работа ама не знам што.
    ве молам за споделување на искуства

    фала срцки
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    интересно е ова, ем се забавуваш ем работиш.. и јас би сакала даа знам
    мој предлог е прво од децата на комшиите да почнете :D
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Ова е стварно тешка работа. Како прво голема одговорност е да чуваш дете, камоли туѓо.
    Никогаш не би се нафатила. Не смееш ни една минута само да го оставиш, може недај боже сешто му се деси.
    Покрај тоа, треба и живци, кои јас ги немам. :lol:
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Јас би го работела ова. Само незнам некој во Велес да има потреба од ова. Кога би имал, зошто да не. секако обожавам деца :wasntme:
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    И јас ги обожавам малите дечиња. Ке ги жнавам 2-3 минути но потоа почнуваат да ме нервираат, а и со моите 17 догини не би се нафатила. Исто така голем несмасник сум :D
     
  6. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825
    Можам да го работам ова- Да сите комшивчиња ги израснав :D
    ми оди многу со децата знаам да се спуштам на нивно ниво знам како размислуваат
    толку искрени невини -душички
    ги обожавам
    комшивчињата ми идат секој ден на гости и си играм со нив нвм дека можам мајка да им бидам :lol:
    комшиите кога имаат работа ми ги оставаат на чување
    вака барем и забавно ќе ми биде и парички ќе си земам
    не е тешка да се работи работата што се сака
    I love kids :)
    Сакам да имам 3 кога ќе се омажам :) :rofl:
     
    На srcekrsacka и pepelashka.20 им се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.835
    кај нас да си бебиситерка е полесно пошо денес максимум по 3 деца имаат семејствата, ако се поголемки ги пракаш во школо ако се помали ги занимаваш додека не дојдат родителите од работа. Меѓутоа во странство е доста комплицирано! Јас имам другарки што работеа во Франција и Германија со по 5 деца :D каде што има и бебиња и поголемки, па на сите треба да им посветиш внимание...да им правиш за јадење, да менуваш пелени, ги носиш во градинка, ги земаш итн... ако си живчана мисли му ја :lol:
     
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Јас имам другарка која бара бебиситерка за детето (8 месеци има)
    она треба да почне на работа и навистина има потреба за тоа!



    ( :lol: :lol: ајде сега со огласи ќе почнеме тука :lol: :lol: )
     
  9. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Да земеш како бебиситерка стара жена немаш многу ајр од неа, нема сила,не може да трча да го стигне детето,итн
    да земеш млада......ехехе....ќе имаш проблеми со мужот..... не не не
    ни тоа, ни тоа,
    болје градинка
     
    На ohoho му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Кај нас во државата и нема многу семејстава што имаат бебиситерки и тие што имаат мислам дека слабо ги плакаат и башка поисплатливо е во градинка да ги пратиш децата(мислам дека околу 2000 ден е месечно).
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Поисплатливо е градинка, ама на 9/10 месеци да го пратиш е премалецко. Барем до година ипол две добро е ако се има можности да го чува бебиситерка, ако не може баба дедо. Јас сум за бебиситерка. А да работам тоа? НЕМА ШАНСИ! Немам живци :rofl:


    И јас и он сме на работа, а таа го чува. Заедно она и он дома, нема да се.
    Нема дома да ја вселиме неа. Ќе доаѓа по потреба кога никој ќе нема.
    И средена работа :lol:
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    64.157
    Пол:
    Женски
    Два, три пати неделно го чувам детето на братучед ми. И искрено сум пресреќна кога треба да го чувам. Детето има некои недостатоци , но затоа пак е толку мило што ти доаѓа да го изедеш. Работам многу со него, го учам да јаде, да оди... Но, и голема дечарка сум, па би работела и како бебиситерка, да чувам секој ден дечиња.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    48.089
    Пол:
    Женски
    Една работа што никогаш не би ја работела. Немам живци. Јас не знам моите деца(здравје)како ќе ги изгледам, не па туѓи да чувам. За мое и општествено добро, оваа работа не би ја работела.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Јас го работам тоа моментално, чувам близначки. И помагам на мајката. И верувајте за 6 часа од кој 2 спијат, јас сум тотално изморена. Бебушките имаат 10 месеци. Во фаза на проодување. И не е баш така лесно како што изгледа, демек ќе го играш. Одговорно е, и најтешко ни е кога плачат, а наспани се најадени, ништо не ги боли. Бараат цело време да ги паткаш, да ги држиш. Не знам ни сама како иам живци. Али тоа е..коа се мора се мора.
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би работела тоа, не знам како ќе се снајдам со моево што е на пат. Некако немам баш нерви, брзо избувнувам.Пробав да работам во игротека, ама не е тоа за мене. А по професија сум професор, ако некогаш се вработам ваљда добро ќе се снајдам, сепак се работи за деца од 5 одд нагоре. Бидејќи сум вработена, би си најмила бебиситерка да ми го чува детето.
     
  16. PrettyWoman

    PrettyWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Јас би работела како беситерка ми оди со децата, но не знам дали можам да најдам нешто поволно, бидејќи сеуште учам во средно :^)
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Momentalno sum bebisiterka vo Germanija
    Cuvam 3 deca :) inace site maski na vozrast od 9 , 8 i 2 ipol godinki
    a 4 dete e na pat . rabotata ne e voopsto lesna , treba mnogu nervi za da se spravis so deca. sekoe dete svoja politika .
    a i jazikot isto taka treba da go vladees za da se razberes neli :)
    Po cel den so deca , mnogu slobodno vreme nema .
    Roditelite se postojano zafateni so rabota , decata odat na fudbal , na nekoj drug sport i mnogu retko sme doma site zaedno.
    Najcesto za vikendi se na nekakvi prosetki site familijarno , po muzei , detski parkovi itn,
    a preku nedelata se so mene .
    Mnogu stresna rabota e :))))
    [mod-kirilica:19on5jwy][/mod-kirilica:19on5jwy]
     
  18. hunny20

    hunny20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    70
    Оваа работа може полесно да се најде преку агенција јас знам една ама незнам каде ми е моментално визит картичката, но ако е заинтересиран некој можам да ја побарам и да ви ја кажам. За ова не треба да имате само живци туку и искуство. Добро искуството колку толку со деца и не е толку многу приметливо. Потребни ви се општи познавања и се повеќе како што приметувам познавање барем на англиски или било кој друг признат светски јазик. Позз
     
  19. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    8
    :@ Jas se soglasuvam so nekoi mislenja bidejki sum vo stranstvo i mnogu mie poznato.
    :inlove: Vo stranstvo ne samo decata dagi gledas imas drugi raboti da cistes vo kukata,da gotvis,dagi zemas decata od skolo da gi nosis na skolo. :fubar: Teska e rabotata so decata iako gi imate gledano decata od komsite pak e tesko treba da imas golemo vnimanie i nervi.Pozdrav :inlove: :hai:
     
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.671
    Допаѓања:
    3.623
    Пол:
    Женски
    јас би се нафатила за оваа работа, зашто да не?
    Си сакам дечиња, сите дечиња ми се слатки, сакам да ги играм, да ги закачам :lol:
    Се согласувам со тоа дека е голема одговорност, поготово некое дете ќе ти се качи на глава и ти доаѓа да го удриш, не дај боже. До сега не сум удрила дете, не ни планирам, ама знам какви се.