И јас би....за скоро време полнам 18 и дали би можела да најдам таква работа? Во странство бебиситерки и почеста работа но тука во Македонија слабо...
Барам работа како бебиситерка,во било која населба во Скопје.Малолетна сум,но договорот би бил во согласност со моите родители.Доколку не сте задоволни по неколку дена пробно,немора да добијам никаков паричен надомест. За дополнителни информации контактирајте ме по лична порака.
Јас сакам да питам дали некој може да ми каже дали има некое дете за чување во Кочани.... многу сакам деца било кој возрас...Сега преку лето
Јас имам работено со деца и многу сум среќна што тоа ми беше прво искуство најубаво е да се работи со деца посебно со малечки од 2 годинки
Како родител на мало дете повремено користам услуги на една девојка-бебиситерка која доаѓа на повик . Пред да почнеме да соработуваме ние се видовме 2-3 пати на кафе бидејќи сакав да ја запознаам подобро и да видам дали ќе ми се допадне(или не). Искрено јас моето дете никогаш не би дала да го чува некој кој е малолетен и недозреан ,сепак децата сами по себе се многу опасни и бараат одговорен возрасен човек кој колку толку поминал нешто во животот ,некој кој ќе може да се снајде и правилно да изреагира доколку не дај боже детето се удри или повреди,некој кој е присебен ,а сите овие карактеристики доаѓаат со текот на годините .
Јас работам како бебиситерка, и до сега сум чувала 5 дечиња. Е сеа од кај 5....Прво чував 1 за летен распуст. После 2 месеци и помагав на една мајка со близначки, па за зимски распуст го чував тоа првото и брат му, последниве 5 месеци, го чувам малото што мајка ми го чуваше бидејќи таа сега чува друго, а летово пак ќе се дружжам со братчињата. Инаку се е по препорака, преку другарки, ете некаде каде што сум работела па биле задоволни.....И многу ми е тешко кога се разделуваме, со сите сум многу приврзана, а и тие многу ме сакаат.
Би сакала да работам како бебиситерка. Имам 19 години, живеам во Скопје, сум чувала деца и добро се снаоѓам околу нив. Доколку некој има потреба нека ме контактира слободно
коолку обоожавам д си играм со деца знам дека е закомплицирано но имам братучед и братучеткичка 4 год. гииии обожааавам кога си идам за мк цело време сум со нив (освен кога сум излезена, во град, на шетанје или до 3 поплдне додека спијам хаха) во флавно многу сакам да ги закачувам со децта едвај чекам да си дојдам за мк да си поиграам со нив
сакам дечиња, знам како е да си беби ситерка(додека растевме со брат ми ни поминаа 2 ) кога беа помали внучињата, едвај чекав да ни дојдат на гости да си играме заедно многу беа мили сум во потрага по работа, ако би имала шанса зошто да не(само да се поголемки дечињата)
И јас би се пробала во ова ама да се поголемки децата не бебиња па да незнаам што да им правам.Имам чувано деца така по 3/4 години имаа кај комшиката дома за неколку саати и добро ми идеше.Плачеа малку па им изигравав кловн па ова па она и поминува времето Само што деца ретко кој дава вака на слепо некој друг да ги чува,тоа се по препорака иде јас мислам.Ако некој те препорача,или на пријатели деца на роднини да чуваш..
Јас си има огромно искуство! Брат ми и сестра ми, двајцата мали - бебиња кога беа. Полудев. Кога ќе ме изнервираа пискав, а и понекогаш и ќотек од мене јадеа. Ама денес си ги сакам, иако често ме нервираат!
Јас сум млада. Имам речиси 18 години, мислам до лето секако дека ќе ги наполнам... И знам дека можеби делувам просто и глупаво што пишувам на темава но, мене ми се потребни пари девојки. Моето семејство се вработени ама никако не стасува. Вака бар по 7-10 илјади од месец би ми вршеле голема работа. И споменав на мајка ми но, таа воопшто не ме сфаќа сериозно и мисли дека терам сеир и ми вика дека сум неодговорна и дека не можам. Ми вели ти дома не знаеш да си го наместиш креветот, а не пак да чуваш дете, бла бла бла... Од друга страна татко ми дома само џаболебари и ништо не прави. Плата речиси никогаш не дава, и јас и мајка ми се чудиме на што ја троши. Како и да е јас сум сериозна и подготвена сум да преземам иницијатива за да побарам работа конкретно за претстојниве 3 месеци од летниов период. Е сега голем проблем претпоставувам дека ќе биде тоа кој ќе ме вработи кога ќе ме видат вака млада и можеби нема да сакаат да ми ја доверат одговорноста. А мислам дека умеам со деца, имам нерви. Не ги обожавам но, сигурна сум дека ќе се снајдам некако. Што мислите вие?
Општи прашања Девојки има ли некоја од вас искуство со агенција за дадилки/бебиситерки Спојлер станува збор за агенцијата Декра http://www.daycare.com.mk/users/register_form
Општи прашања и јас го видов огласов. се мислам дали да пратам. ако некој знае нешто за нив нека пише. фала ви
Општи прашања САКАМ ДА СЕ ПРИЈАВАМ НО НЕЗНАМ КАКО НЕМОЖАМ ДА СЕ СНАЈДАМ И ДАЛИ ТОА СЕ ВАЗИРА НА МАКЕДОНИА ОДНОСНО ДА СЕ БИДЕ ДАДИЛКА НЕКАДЕ ВО МК И ДАЛИ МОРА ДА СЕ ИМА ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО ВЕ МОЛАМ КОЈ ЗНАЕ НЕКА МЕ ИНФОРМИРА МНОГУ МИ Е ПОТРЕБНО РАБОТА