Бебињата и домашните миленици

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 21 јуни 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    397
    Наидов на слична тема ама во целост не ми ги одговори прашањата. Ме интересира што мислите за тоа бебето да биде во близина на куче, маче, да си играат и сл. Која возраст е препорачлива?

    Сум читала за поделени мислења, некои се стрикно против тоа заради хигиена, а други дури поттикнуваат вакви пријателства, заради имунитет, соцјализирање. Сте читале нешто на таа тема? Имате сопствено искуство?
     

    Прикачени фајлови:

    • b2.jpg
      b2.jpg
      Големина на фајлот:
      54,4 KB
      Прегледи:
      362
    • b3.jpg
      b3.jpg
      Големина на фајлот:
      112,6 KB
      Прегледи:
      362
    • b1.jpg
      b1.jpg
      Големина на фајлот:
      48,1 KB
      Прегледи:
      359
    • b4.jpg
      b4.jpg
      Големина на фајлот:
      35,7 KB
      Прегледи:
      359
    • b5.jpg
      b5.jpg
      Големина на фајлот:
      37,3 KB
      Прегледи:
      359
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.043
    Допаѓања:
    135.205
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас сум против да се чуваат домашни миленици внатре во домот. Надвор, да, таму им е и природна околина. Ако живеам во стан, нема да чувам животни дома (јас цвеќиња не чувам, не па животни), ама среќа живеам во куќа, и си имам и куче и маче (кое, btw е трудничко и си очекуваме принова наскоро :?: - а јас не сакам мачки, ич, ич, ич... ама се учам да живеам со нив).
    Сакам син ми да биде во допир со животни, барем колку да знае што се, да не се плаши, а богами и да знае како треба да се однесува со нив. До година не би го мешала детето со животни пред сè поради имунитетот, а после тоа, може, ама не со секое можно животно, туку со оние што се чисти и редовно вакцинирани. И да сакате да ги задржите да не се мешаат со животни, после годинка нема да можете да ги чувате - а и зошто да ги чуваме децата во стаклено ѕвоно? А ако животните се чисти, средени, вакцинирани - нема проблем да се дружат со детето. Докажано е дека децата кои од најмали нозе растат со животни, во текот на животот скоро и да немаат проблеми со алергии (меѓутоа за наследните алергии тоа не важи).
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Јас и мм имавме куче и го чувавме во домашни услови - стан, кога дознавме дека сум бремена, до кај 7 месец се мислевме што да правиме, многу бевме приврзани и двајцата, а Мила беше исклучително паметно куче со стекнати хигиенски навики, мал раст на влакно, и никакви бељи по дома, кога ке бевме и двајцата на работа и по 9-10 саати беше сама дома никгаш не направила некоја беља.
    Во странство никој не практкува кога ке дојдат децата домашните миленци да си одат од дома, кај нас тоа е најчест приомер, ние и така ја добивме - наши пријатели беа во дочек на бебче и ни ја оставија.
    По долги размислувања ја оставивме кон 7 месец кај мајка ми , за да може целосно станот да се исчисти од влакнеца кои ги митари два пати во годината.Планираме да се селиме во кука наскоро па здравје ке си ја земиме пак.Имаме познаници кои имаат две мали дечина од кои еднотот е новороденче а поголемото 3 годиники и живеат со куче и тоа голема раса, кога ги прашав како се снаогаат ми рекоа да не ги казнуваме ни кучето ни детето, префктно функционираат, нормално им одзема повеке време за одржжување на хигиенските услови но со љубов се се може исто така ми кажаа дека кучето ги штити децатаа од алергии.
    Тоа е нашето искуство на оваа тема иако сеуште немам дефинирано цврст став за дали треба да се чува милениче кога бебињата ке дојдат во домот или не. :)
     
    На 1209 и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Јас сум за до одредена граница. Еве ќе земам пример од сликите - не гледам ништо лошо во последните две слики. Дружба и социјализација - да. А кога ги погледнав втората па и третата слика искрено ми се згрози. Бебе и животно да јадат од исто, а она па кучиштено во уста му лиже. Мислам какви се тоа родители? Бебе ко бебе - што разбира? Колку и да е чисто, бањато, вакцинирано и здраво - животно е бе.
     
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    170
    И јас пораснав со домашни миленичиња,премногу сум обожавателка на кучиња ,мачиња,папагалчиња,значи пред јас да се родам мајка ми зела една бубичка кученце,со мене растеше до 8 одделение значи толку многу си го сакав другарче невидено,имав дома еден куп мачки што мајка ми се нервиреше,кога ќе видев маченца оставени на патот одма ги пребирав,имав папагалче,имавме дома два аквариуми еден голем и еден мал абе зоолошка градина,живеевме во кука и за се имаше место,сега имам мало детенце и исти е како мене,кога виде кученце или маче збеснува ,а пак за птици уште поголем љубител според мене не е проблем зошто јас сум израснала и моето дете да расте со домашен миленик,е сега живееме во стан и немаме баш некои услови за тоа,планирам папагалче да му купам а имаме рибички дома
     
  6. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Ја сум за,сум видела многу и бебињата се ок
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Женски
    Ова е темата за која сум во дилема од кога дознав дека сум бремена.Си имам две деца и трето на пат.Син ми(8год)и ќерка ми(4год) многу го сакаат кучето кое го чуваме во стан веќе една година,приврзани се со него,си играат,се дружат.Навистина сум во голема дилема што да правиме со него кога ќе дојде и третото бебче.Кучето ни е мал раст,германски мини шпиц,има долго влакно и се митари два пати годишно.Се мислам дали да си остане дома или да го дадеме барем додека малку не пркне бебуш.
    Ме интересира ваши искуства,дали сте биле дома со новороденче и милениче?Како сте функционирале?
     
  8. Среќичка

    Среќичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    3.543
    Пол:
    Женски
    Јас чувам куче кое знае да се митари и почесто, исто мал раст. Со бебе се од сам старт, еве го бебе 9+ без никаков проблем, се надевам и во иднина така ќе биде. Редовно го прочистувам од внатрешни и надворешни паразити, и го носам на шишање на два месеци. Исто бришам под, кревет и сл нон стоп. Не би требало да има проблем, јас уживам кога ги гледам заедно. Сега бебе е во фаза кога му фрла играчки и кога јаде "му дава" да јаде :) Штом си со поголемки дечиња ќе ти помагаат :) исто му мијам нозе после секое шетање, а кога ги шетам заедно уживам, која позитивна енергија ја акумулирам не можам да опишам :)
     
    На Кена Рис, FreeMind, Melinda85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lavica2016

    Lavica2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.471
    Пол:
    Женски
    Vie so.mal rast na kuche pa se prashuvate. Veruvam deka ne se mitari poveke od mojata Haska, na koja konstantno i paga dlakata. Prasav i ginekolog i pedijatar dali e stetno za novorodencinja od aspekt na higiena mi rekoa deka ne e. Treba najnormalno da se funkcionira. Prednost kaj nashevo e sto ne se kachuva po kreveti/trosedi/fotelji taka da od aspekt na vlakna i bebe ne mi e zagrizuvacki. Plus ako se vakcinirani milenicite.i redovno se vodi smetka za higiena nema.potreba od griza :)
     
    На FreeMind и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  10. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас сум со лабрадорка дома.. кога се одлучивме да ја чуваме знаевме дека еден ден планираме семејство и уште тогаш решивме таа да биде до нас. Не гледам никаков проблем. Си има свој кревет, не скока на нашите, вакцинирана, бањата, си спие во ходникот ама преку ден си е со.нас. смешна беше кога дојдов од болница, не сакаше да се гушка само ја спушташе главата и бегаше не даваше да ја пипнам а бебето во креветче во соба а она го вика од врата и не влегува хаха смешки..тек после 40 тина дена влезе ко на јајца да гази, ѕирна што е тоа што плаче и шпринт низ врата.и чудна работа престана да лае кучево по дома :)
    Сега се случува бебе во соба, јас во кујна кучево во ходник и ќе ја слушнам испушта звуци на врата од.соба кога.ќе отидам бебе станало.. не знам мене ми е ок растена сум со богато животинско.царство :)
     
    На Izzy_0504, dayla, Bubish26 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    29.398
    Пол:
    Женски
    Моето дете израсна во присуство со мачка ... сега од скоро чуваме и рипки и папагал. Значи обожава животни и воопшто не сум против.
     
    На dayla, Кена Рис, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    Јас имам германски шпиц. Од кога го земав немал проблем со деца, ама на неколку пати го заџапаа мали деца за опашка (што ќе праиш, пуфкаста му е :rofl: ), па ич нема доверба во нив. Штом му се доближат бега на другата страна. Никогаш не покажал агресивност, па не се грижев многу за тоа дека може да му наштети на бебето. Баш напротив, многу е нежен дури и храна од рака кога зема.

    Бебето сега е 1 месец, освен што ја душнал неколку пати, многу интерес не покажал према неа. Мислам дека како што таа ќе расте и ќе има поконтролирани движења на рачињата, ќе го скубне (како што мене веќе ме кубе кога ќе ми ја докачи косата) и кучето ќе сфати кој е газда :lol:.

    Не ги двојам, не му бранам да и се доближи. Единственото нешто што го направив заради бебето беше што го пратив на шишање додека бев во болница, зошто крзното бара многу чешлање, и многу се митари, и знаев дека нема да имам доволно време на почетокот за тимарење како претходно. Бидејки на него не му е дозволено да се качува по кревети, неа ја ставам во релаксаторот на земја, или на постелено ќебенце за да ги удружам. Ама во тие моменти кучето повеќе е заинтересирано во тоа што и јас сум на земја па сака да се гали. Морам да признаам дека му фали близина со мене зошто едноставно помалку време имам. Ама и кога не можев да седам првиот ден од болница кога дојдов, излегов со него да го шетам. Нормално дека детето сега е приоритет, може да не се туширам или да не јадам, ама секогаш викав дека тој ми е "син" па секако дека нема да го одвојам од мене. Сеуште го шетам 2 пати на ден, иако се тие прошетки пократки периодов, сеуште си играме колку што можам, и едвај чекам да се стопли и секој ден да го носам во локалниот парк заедно со ќеркичката.

    mmmm.jpg
     
    На каракамел, dayla, manako1 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Женски
    @Spidy баш убаво што го сподели твоето искуство.
    Исто и ние имаме герм.шпиц и ептен се двоумам дали да го носам кај свекрва ми(со тоа што за некој месец пак би го вратиле дома) или да ми остане дома.Најмногу се плашам за влакната бидејќи како оваа година што се митари никогаш до сега не било така.Ма да баш и ветеринар ни кажа дека сите кучиња оваа година не престанале со митарење па секако и нашиов деновиве ќе оди на шишање.
    Е сега во нашиов случај тој имаше дозвола за качување на кревет па веќе неколку месеци се бориме со одвикнување на тоа,од време на време знае да се заборави и да се качи на кревет но штом го искарам веднаш се симнува,иако навечер знам дека пак си легнува на кревет и тука знае да спие на перниче па штом слушне дека некој доаѓа бега и се понаша како да не бил на кревет.
    Нашиов е навикнат на деца,на скубење и биквално малтретирање,ќерка ми од милост знае да го зграби и да го гмечи па тој знае да се брани ама не се случило да касне.
    Мене пак бидејќи оваа бременост ми беше најтешка па искрено почнав да осеќам одбивност спрема него најмногу поради тие безброј разлетани и залепени влакна па душава и тој веќе не си игра со мене,така ретко ќе се помазиме и тоа е се.
    Исто така ме нервира што некогаш знае да се заботави и да се измоча во ходник на плочки е тогаш навистина избувнувам и се вадам од такт.
    Па си направивме договор дека ќе пробаме да видиме како ќе ни оди првите недела две па ќе видиме дали ќе го оставиме дома или ќе го однесеме на "поседок" кај свекрва ми.
     
    На 1209 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    @***Najsrekna*** мене сите ме прашуваа каде ќе го дадам кучето кога ќе се породам, на сите викав никаде. Маж ми го дал кај мајка ми дента кога се породив бидејќи беше растрчан тие два дена па да не седи кучето само дома, ама сабајлето кога излегов од болница реков одма да ми го донесат назад. Мајка ми ме премоли да го причува некоја недела, од страв што ќе биде со бебето, ама јас бев категорична дека бебето и кучето мора да се заедно од првиот ден. Влакна секогаш ќе има, некогаш и белји со мочкање, ама на тоа сум се нафатила уште кога го земав кучето, не дека не знаев дека ќе чешлам и чистам и бришам. Пред да се омажам кучето спиеше на иста перница со мене, но заради маж ми направив компромис па го научивме да не се качува по кревети. Сепак треба време. Подобро што посветив време додека бев трудна, сега знам дека немам проблем со кучето, па нема зошто да се грижам што ќе биде заесдно со бебето.
    Ако физички не си способна по пораѓајот, разбирам одредено време да оди на чување зошто сепак и кучето е обврска во денот, а не можеш се да правиш. Ама што поскоро да се врати назад. Што порано се навикнат со бебето еден на друг, толку полесно за понатаму. Барем јас така мислам.
     
    На dayla, Miss666, Кена Рис и 4 други им се допаѓа ова.
  15. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.289
    Допаѓања:
    34.959
    Пол:
    Женски
    Колку убави луѓе и колку одвратни на една тема собрани. И одвратни е мал збор. И не, не е тоа “мое мислење” тоа е нечовечност. Да го фрлиш миленикот од дома кога ќе дојде бебе е мизерност човечка. Влакната му сметале , која баба ви го кажа тоа?
    Ама ако има карма.
     
    Последна измена: 23 февруари 2019
    На Nefertiti., jarec6, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Lavica2016

    Lavica2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.471
    Пол:
    Женски
    @Spidy @***Najsrekna*** vashite germanski spicovi so vlakna ne moze ni od blisku da se sporedat so mojata Haska:) nonstop imame vlakna nasekade. Nitu eden den ne e odvoena od nasiot dom. Duri od bolnica koga dojdovme prvo gi zapoznavme. Ma da iskreno osven da dojde i da go dusne nisto posebno ne se desava. Nitu bebo ja percepira nitu ona nego:) sega e mal 5 meseci e ama ke vidime ponataka kako ke bide. Na pocetokot ne mozev da ja shetam radi ranata koja me bolese premnogu (carski bev) no sega minimum ednas jas ja setam. Taa mi e izduven ventil vo denot od domasnite obvrski i Bebo.
    @FreeMind ne mnogu sudi taka kategoricno. Sekoj si znae kako e najdobro. Normalno deka e najdobro da se zaedno bebinjata i domasnite.milenici no ako ne moze da se odgovori na potrebite na kuceto za vnimanie setanje i slicno podobro da se dade na posedok kaj bliski pa da se vrati nazad. Vprocem ti vo valva sitiacija si bila pa sto tolku revnosno etiketirase odvratni luge u grupava?
     
    На kukla21 и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  17. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    638
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам ме мотивираат слики како на @Spidy и видеа кој секојдневно ми излегуваат.Значи јас не се плашам од кучето и не бегам од одговорноса,единствено ме плашат само тие влакна од причина што навистина секаде летаат а бебе ко бебе ниту знае да каже ниту знае да реагира.Затоа ќе го носиме и ние на шишање па се надевам дека ќе се среди малку од малку.Мене ми е јасно дека нон стоп ќе бидам со правосмукалката во раце но тоа е најмал проблем.
    Затоа и ќе видиме како ќе се справуваме недела два па ќе видиме,секако кучето нема да се исфрли на улица туку би одело на поседок со тоа што после би го вратиле дома.
     
  18. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.289
    Допаѓања:
    34.959
    Пол:
    Женски
    Како бе секој си знае како е најдобро? За одговорност се има ли слушнато во животот? Си земал мало суштество кое те гледа како фамилија и сега ќе му менуваш средина оти така ти било најдобро?
    Ниту грам разбирање немам за такви. И не само да судам туку и посебен закон би вовела за тие луѓе.
    Разберете дека не може да се понашате како виша раса на планетава ако припаѓате на родот - човек. Мора да бидете одговорни макар и за едно цвеќе кое дома сте го земале да го чувате.
    Немале време за шетање, сето бизнисмени зафатени во Мачедонија време за лек се нема. Ние остатоков со бебиња и кучиња и работни обврски како наоѓаме време за се? Може да намалиш минутажа али дека се без време, те молам.
    Секако дека сум во таква ситуација. Јас со радост го шетам кучето и ми е издувен вентил во животот, не само во денот. И да, одвратни е комплимент јас многу подобро можам да ги опишам ама ајде да не си ја гадам устата за такви.
     
    На dayla, Miss666, The Unicorn и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lavica2016

    Lavica2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.471
    Пол:
    Женски
    Nemam namera da vleguvam vo diskusija so tebe pogotovo sto sum kuckarka i mackarka i zivotarka cel zivot. Sum za zakon i za chipuvanje na zivotni i kastracija za da se sprechi razmnizuvanje bespotrebno na zivotnite. Skopskite ulici se pogotovo polni so rasni kucinja napusteni od sopstvenicite. Gore ne stanuva za takov slucaj taka da nema sto da se diskutita.
     
    На ***Najsrekna*** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.289
    Допаѓања:
    34.959
    Пол:
    Женски
    Македонските улици се одраз на нискиот степен на развој на кој е стасан народот. Слика прилика.
    Да, преполно е со расни од оние што “немаат време”, “добивме бебе”, “ ми се здосади”, “влакна остава”, “ јас мислев ќе ќути цел живот”, “ еј бебево порасна во куче”, “ ми го изеде мебелот” итн. Јас немам расно од улица си го земав ова на сликава е мое.
    Ич не навлегувај оти и јас сум кучкарка од тие без разбирање за “потребите и времето” на “луѓево”. И не зборев за случајот на најсреќна иако и неа не ја разбирам. Ама ај пак бара некоја човечка солуција.
     
    На DAngel, Sandrin4 и ajaja95 им се допаѓа ова.