Пред да се омажам спиев со моите 3 мачки, јадев со нив сега имаме 2 мачки во новата дома но надвор се. На работа исто така згрижив мачор и веќе 5 год е таму и плус го стерилизиравме со помош на градчето наше исто така и повеќе кучиња таму хранев. Сакам мојата љубов кон животните да м у ја пренесам на моето синче и ќе се потрудам околу тоа.
До лани отваравме адвент календари доле на земја, од годинава на стол. Многу ми се смешни двајцата: Жоже мој најсаканата муцка на светот.
Мене ми се двајцата на земја. Сега научи како да му дава и јадење, и сега најмногу се сакаат на цел свет. ❤
@Spidy какви убавини имаш по дома да ми ги избацуваш! Наутро кога се буди прво Ози влага во соба на утринско галење па потоа јас. И он колку е внимателен со неа чудо едно мислиш тоа не е он (оти малку е така полош од колку што изгледа). Битно процесот на прилагодување меѓу себе завршува. Сега активно ќе се бркаат низ соби. Мислев потешко ќе оди оти до 5 месеци не ја ни приметуваше, ама сега сфаќам дека кучињата имаат поголемо срце од луѓето. Нема кој не можат да го прифатат и сакаат. Љубов
@FreeMind мојов е општо многу внимателен, малава е лошка. Ја учам да го гали, ама нејзиното галење уште не е баш нежно. А кучево само и се трга од патот, не знае во кој ќош да си легне за да си поспие на раат. Ама затоа знае како да земе јадење од маса и во уста да му го стави. А и тој не лае, само квичи, па сега она знае да каже "како плаче Макс"
Ние сме со мачка дома. Си беше член на фамилијата пред децата. Не е баш куши-смуши со ќерката (синчето е бебе) ама не ни очекував. Мачка е. Т.е. мачор е. Си има карактер и не трпи малтретирање од деца. И треба да знаат разлика помеѓу плишано маче и вистинско животно. Си играат често, ама си постојат граници во играта.
На сите слики е ќерката ) во различно доба сликани. За синчето уште нема никаков интерес. Го намириса кога дојдовме и толку. А моментално тежи дупло повеќе од синчето. Голем е, стварно. ))
Nie sme so haska doma, ja chuvame od mala, so nas e celo vreme nikogas odvoena od prv den koga dojdovme so bebe doma. No nekako epten e indiferentna sprema nego..i on se drzi na strana od nea. Ne znam zosto taka..ja sum kuckarka i mackarka i po sve so e zivotno..opsesija mi bile od sekogas, no mali ne e zainteresiran bas..znae da otide do nejziniot del da si sedi do nea da ja dopira so prste..ama tolku..i ona znae da otide do nego da go dusne vo lice i tolku..edinstveno pred nekoj den dodeka lezese ona otide i on do nea i si legna vrz nea..se nadevam.deka ke stanat bff P.s dali nekoj e i so mache i so kuche po doma?
Здраво женички,сакам да прашам,јас и мм сакаме да земиме куче ,но работата е што јас сум бремена 13+2 г.н и сакав да прашам како се снаоѓате и со бебе и со дете,мм оди на работа во смени па си велам кој ќе го шета кученцето кога јас нема да сум во можност? Иначе живееме во куќа ама сакаме дома да го чуваме,па не сакам да го земам само и на душа да го носам...
Лесно се снаоѓаме. Си ги чуваме и двете. Ни едното ни другото не ни се даваа Ако живееш во куќа не гледам зошто не би можела да се снајдеш. Ќе го пушташ кучето во двор додека си сама со бебе, па кога ќе можеш ќе го прошеташ. Јас сум сама во стан и со двете, па се снаоѓам. Има начини.
Би го пуштила во двор но не ни е заграден,сега брзо се преселивме и не е доправена куќата затоа прашувам,си замислувам како би постапувала па реков да прашам тука,за се има начин знам,секако и мм ќе помага.
Јас ќе речам ако сакате куче, земи го што побрзо за да имаш време да се посветиш на кучето пред да дојде бебето. Тоа бара многу внимание додека да научи ред во куќата, многу шетање додека да научи надвор да врши нужда, а и да се социјализира за да може да биде се во ред кога и бебето ќе стаса. Откако ќе помине тоа и кучето ќе ти стане дел од нормалната рутина, не е тешко да се адаптираш со бебето. Барем мене не ми беше. Дури добредојдено ми беше да искочам по 20 минути секој ден сама со кучето во почетокот која сред јануари се породив и бев затворена со новородено по дома цел ден. Ама искрено не би имала мало кутре од неколку месеца и новородено бебе во исто време. И двете бараат посветеност и не би сакала никој од нив да трпи зошто не ми стасуваат 24 часа во денот за се. Сега кучето го имам 4 години, ќерката е година и 4 месеца, и сега секое сабајле малата ми го носи каишот и ми вика "шета", и излегуваме сите заедно. Едноставно исто е како 2 деца да имам
И јас сум растена со животни,и знам дека е голема обврска,исто така и мене терминот ми е на почетокот од зимата,во ноември,но сепак сум решена да си земам куче бидејќи се осеќам осамено и како да не ми е исполнет домот без животни...Сепак фала ти,ми помогна да си ја разрешам дилемата. Тоа што го пишуваш во врска сo детето и кучето ми звучи многу убаво.
Јас сакав да се надополнам на Спиди, но чим си растена со животни ветојатно знаеш дека на мало куче му требаат мин. 6 месеци да научи каде се јаде, каде се мокри, каде се спие, кога се искача. Потоа искачаат заби, ќе грицка мебел, влечки, кабли и тоа ќе ти се поклопи со раѓање бебе. Огромен притисок, неспиење, нервози, ужасни недели, учење доење...плус кученце во раст. Ќе губиш контрола ќе го удриш ќе му ја зголемиш агресивноста и кон себе и кон бебе. А се што треба да направиш е да почекаш да помине периодот со раѓање и раст на бебе и тогаш заедно да си имаш две бебиња ако си способна за тоа секако. Или да земеш возрасно куче би те советувала. Има толку многу на кои им треба дом, а се прилагодуваат возрасните за три недели на домот. Ќе научи се за три месеци. И ќе биде спремно за бебе. Послушај ме подобро е повозрасно куче.
И со ова се согласувам. Сум имала кутриња од 2 месеци, ова сега што го имам го земав на 5 месеци. Дефинитивно колку е поголемо, побрзо и полесно се навикнува и се учи.
Душичка, и ние имаме кученце и бебе кај ја носам малава и тоа е таму. Секогаш кога ја ставам во релаксатор пред неа си лежи.