1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебињата и домашните миленици

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 21 јуни 2012.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    На Spidy, Frost1, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ве исчитав супер е темава. Од тие со искуство со бебе и куче дома ме интересира како се справувавте во ситуација Бебево спие а кучево лае? Моево знае да се залае на било каков звук од надвор и ми е страв дека ќе го буди. Искуства?
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    23.738
    Пол:
    Женски
    Нашево не лае ама ако почне малава се смее, до сега не ја разбудил... само имаме "проблем", се радува многу кога ќе стане малава ама ако ја доближиме почна да бега, му удри две три клоци и го скупна и сега му е страв.
     
  4. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Некад ќе го разбуди, некад не. 50/50 се шансите:rofl:
    Нема од што страв. Тоа е. Бебе е, и да го разбуди ќе презаспие.
    Голема е веројатноста дека со тек на време бебе ќе се навикне на лаењето и нема да го регистрира/буди.

    BTW и бебе со плачење у 2 ќе го буди куче од спиење:rofl::P
     
    На Ingvild, Doozy, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Јас имам внука 3г и ептен си играат и многу е претпазлив да не ја повреди знам дека од тој аспект ќе сме добри. Само има време таму дури се стигне да почне да играат. А со лаењево немам решение (facepalm) ептен знае џавкало да биде.
     
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Хахах ја тоа викам ќе го буди па ќе е уморен да ми џафка по ден. За навика да ќе мора да си се навикнат еден на друг. :rofl:
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.310
    Пол:
    Женски
    И моето речиси воопшто не лае, ама се случило да ја разбуди. Ништо страшно, се навикнува бебето како и на секоја друга галама, ама битно е да не го учиш детето во тишина да спие. Јас имам постојано пуштен телевизор во дневна и бели звуци во спална.

    А на почетокот кучето е поизмачено, мајка ми го земаше некогаш преку ден да си потрча низ двор, повеќе спиел отколку што бил во двор. Жив ненаспан беше првите 2 месеца.
     
    На Ingvild, Lianna Anna, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    И јас мислам така ќе биде дека и на кутрето че му треба да се навикне па сигурно ќе е помирен.
    Он кога доаѓаат гости е огтомна галама лаење не можеш да го смириш и се тоа ме загрижува дека знам бабите ќе сакаат да доаѓаат често. Ама ќе мора сите да направат компромис за наш мир :D
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Моето е најголемиот лаач на свет. Ако некој иде на врата зградата ја урива од лаење. Знам добро на што мислиш со прашањево. Одговорот е голема логистика. Ѕвончето на врата е исклучено нема ѕвонење нема лаење. Ако иде некој се симнувам пред зграда со него во раце ако спие малата да ги пречекам јел на врата е лудница. Ги намалувам сите ризици на лаење додека спие малата. Прозори затворени музика погласна. И пак знае да залае и да ја разбуди. Ама пак мојава десет месеци не спиеше, а и до ден денес не е некој голем спијач така да повеќе ми е оштетено кучето дома. Така да кога он спие преку ден бара ќош на крај на стан само да не ја слуша. Јас тогаш ги затворам сите приоди кон тој дел од стан за да може он да се наспие. Слаба точка ми е кучето.
     
    На Ingvild, Kaetana, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да баш на тоа размислував дека ќе се симнам пред зграда да се налае и ќе се качиме дома сите заедно ако во момент спие. Пошто прегласно лаење дошле баби урлаат возбудени плаче вришти бебе и не е некоја ситуација што сакам да ја замислам. Затоа сакам со време логистички да се спремам. Сакав и маска да му најдам ама не знам колку ќе помогне при лаење бар у први 15мин дури се смири скроз. Он преку ден кога сме сами јас не го гледам спие под кревет верувам така ќе остане и после. Останува да видиме ама мора разни сценарија да смислам. Се обидов да го учам да не лае ама не успеав за жал никако.
     
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски

    Не можеш да го смениш лаењето. Не се труди. Со него под мишка надвор и сите заедно внатре. Препреки за соба накај бебе (картон од телевизор, имам ограда земено специјална да затворам влез кога беше бебе сега нема никаква препрека). Никако маска на уста ќе го налутиш. Не знам за колкаво куче станува збор мојот е мал 4кг. Са о се пред време треба да смислиш. Малку е тешко на почеток јел ќе бидеш уморна, ама пак најдобро за сите. Штом влезиш од болница бебе со транспортер спушташ на земја знаеш прво кучето да издушка нов член. Има етапи за запознавање.

    Не се плаши се ќе биде во ред. И на крај краева и да го разбуди големо чудо :)
     
    На Spidy и Kaetana им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да порачав ограда за да не може да оди накај спалната не верувам да ќе му биде тоа проблем. И ова е мало 6кг има. Планирав да најдам на инт како треба да се запознаат дека од луѓето што ги знам никој немале куче и бебе. Или ако имаш искуство за етапи на запознавање сподели. Ете ова не сум знаела со враќање од болница за да го издушка ќе го имам во предвид. Затоа и на доаѓа од болница дома сакам само да сме ја мм бебето и кучето за во мир сите да се запознаеме и да видкме кај сме што сме. Да не биде урла бурла. А за лаење да на крајот од денот ние ќе се потрудиме ама нема заштита не можеш да предвидиш. Он лае жената во влез кога чисти а недај боже ѕвонче на врата. Така што деф ќе ни биде исклучено ѕвончето :D
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Прво премести му го местото веднаш далеку од врата каде слуша чекори. Стави го на место каде ќе има мир. Прво ќе се противи па ќе се навикне. Јас имам и куќарка со изолација и во неа спие сосем мирно не слуша ништо.
    Фазите кои се препорачани од ветеринар се:

    - Прво од болница се остава бебе на земја во транспортер да душне и види кој иде
    - потоа до шест месеци од живот на бебе нема контакт меѓу нив со лижење и бакнување раце ради цревна флора на бебе. Кучето во раце кај вас се носи блиску до бебе да го мириса али под целосна контрола
    - најбитено е ништо да не се смени кон кучето. Ако ти си ги правела сама прошетките ќе оставиш бебе дома и ќе идеш да го шеташ. Комплетно дуплирано внимание кон куче за да знае дека е сакано. Огромна љубомора се појавува. Повеќе грицки, игри, шетања сите заедно. Куче речиси секаде со вас
    - од шест месеци на земја близок контакт под надзор
    - кога ќе почне да лази станот три пати на ден чистење на два месеци таблета за прочистување
    - полека запознавање меѓу себе по неколку минути “насамо”
    - во фаза на лазење ограда помеѓу низ за физичка заштита
    - од кога ќе има десет месеци и сигурно ќе лази низ цел стан тргаш ограда и нон стоп набљудуваш
    - во период на проодување треба да се веќе запизнаени и да ги оставиш сами да се движат
    - кога ќе почне да оди треба да научи да не го згази
    - од сам почеток забрана со Не за движење кон делот на куче/храна и вода
    - учење галење од шест месеци
    - учење на бебе да почне добро утро со куче, прво станување кај него
    - после бебешката година тргаш огради и дозволуваш голем физички контакт. Наутро станува малата отварам врата од соба и он и се фрла во неа. Така почнува денот

    - натаму е историја :)
     
    На Kaja991, Ingvild, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Интересно стварно не сум знаела дека има толку работи на кои треба да обрнеш внимание. Ова си го принтам и дома на ѕид :D Дури дојде бебе се мора да проучиме и научиме од контакт до хигиена.
    Фала ти многу за воведот :hug:
     
    На Kaetana и FreeMind им се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    True.
    Кај мене кучево е повеќе оштетено од бебе.
    На глава уште да и застане и крај.
    Ни да спие, ни да јаде на мир може од кога е роден. :)
     
    Последна измена: 17 јуни 2020
    На The Unicorn, Kaetana, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Интересно. Кај нас само кон неа е убертолерантен. Иначе нас досега ќе не изедеше на нозе.
     
    На Мариаа. и Milkiway им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Да надополнам за лаењето @Milkiway почетни месеци ќе се стресува кога лае така од нигде никаде, ама после тоа станува и она како нас. Лае Ози? Е ако де. Затоа не се потресувај не е тоа таков стрес кај бебе плус бебето во стомак ти го слуша кучето. И јас верувам дека прво Ози го знаеше, а потоа мене.
     
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    Тешко вас. :)))))

    Правила за тие со мачки:

    - и понатаму оставете ја мачката на мир,
    - дајте ѝ да го душне бебето кога ќе дојдете од болница (понатаму нема да се интересира),
    - хранете ја како порано, играјте ја и чешлајте ја,
    - не ја замарајте со вашето ново бебе,
    - нека плаче бебето, таа успешно спие и покрај нечовечни услови,
    - не дозволувајте бебето да ја замара кога ќе почне да лази / оди.

    Тоа би било тоа. :)))

    Во принцип, продолжете така како и пред бебе. :)))))
     
    На Lianna Anna, Anna-Karenin, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Тие се тие различни карактери. Добро јас сум фрик кога станува збор за мојот Ози и идам до најмали детали плус е многу специфичен и бехиндерте на задни нозе така да светот можам да го сменам за да нему му е најлагодно. Оние останатите со кутриња се сосем океј. До мојот е што е толку посебно будала.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    И јас како тебе многу му се притресувам 2 гпд го имам и он ми е прво дете бебево ќе биде второ. Баш ни е како член и толку сум приврзана ми го бараат бабите да го чуваат ни под разно не го давам. Знаеш бабини деветини 40 дена кучето да го чувале. Викам шанси нема ова му е домата и ќе си се учиме и е вака по форуми ќе си пишуваме. Останува во моментот да се прилагодуваме. Секако немав намера бебево вонтишина да го чувам сакам да се научи на нормални звуци сепак сме во мал стан нема на прсти да газиме. :D ќе биде весело
     
    На Мариаа. и FreeMind им се допаѓа ова.