Верувај ќе биде повесело отколку што мислиш ако бебето не ти спие навечер Ама еве жива сум, малу нервно оштетена со двајцата али уште дишам. Какво куче давање бе има да ги лежам ако му фали влакно додека се вратам од болница. Јас бидејќи лежев седум дена дојдов дома трети ден да го изгушкам оти ни јадеше ниту пиеше. Внимавај и на тоа ако си многу приврзана.
Среќа е тоа што со мм заедно го земавме и и со двајцата е исто приврзан. Па еден кога не е дома е на пат некаде не обрнува многу внимание и не тагува премногу. Што е супер баш поради тоа. А без нас никогаш не бил. Доаѓа на одмор на викенд на ручек во ресторан на кафе во кафич. Буквално сме нон стоп заедно а и секако така ќе остане во иднина тешко или лесно наши си се ќе си ги чуваме..
Уште едно прашање ми текна можеби глупаво ќе звучи ... На кучето во машина му перам облека креветчиња играчки е сега ме интересира дали некако ја перете машината после тоа а нели пред да перете бебешки алишта? На надворешната гума знам да најдам по некое влакно останато и сл. Едино сум помислила на 15м да ја пуштам со прашок пред да перам бебешко..вие како правите?
Супер штом така јас претежно ги сушам нашите и до сега не сум обрнала внимание а бебешкове не верувам да може да се сушат. Ама ќе имам во предвид фала ти
Пуштам само плакнење (rinse), околу 10 минути трае таа програма, и тоа само кога го перам креветчето зошто има премногу влакна. Вака пешкирот што го бришам кучето после бањање го пуштам заедно со сите други пешкири на 90, не го двојам посебно.
Исто ставаш прашок на таа програма и така го поминуваш? Веројатно е тоа доволно со плус рачно пребришување
Не, само вода е тоа. Чистам само кај вратичката ако се собере влакна, ама многу повеќе од мене наоѓам него од кучето
Тоа да и моево не се митари ама од креветче и пешкир знае да се најде некое влакно ама ќе се внимава фала на совет
Имаш во ДМ едно средство за дезинфекција на алишта, пропратно ја дезинфицира и машината за перење. Јас со тоа ги перам работите на мачката, после и машината останува чиста. Еве линк - http://sanytol.com/en
Не го пуштате кучето во оста соба со бебето? Мојот па навечер спие со нас у спална, како да му забранам?
Не не за на пример преку ден да не оди во спална без надѕор. На пр бебе спие во спална подотворена вратата и куче со мене во дневна. Или ако треба до тоалет да одам. Не сакам да го оставам да го душка по креветче или да не му текне да се разлае во сред спална. Не знам како ќе се понаша. Инаку спие во спална со нас само што не спие на кревет никогаш не му дозволив и спие во свое креветче. Ние едвај го научивме ама го учевме од прв ден дека во негово креветче
Ниедно куче не треба да се остава без надзор со бебето. Сепак е животно. Мојот не ни лае, па секогаш го чувам со мене во соба. Дури сега после година ипол ги оставам сами во дневна на пример додека да одам до вц. Додека не научи детето да го почитува кучето, секогаш постои шанса да го повреди ненамерно и кучето да се одбрани.
Девојки совет како да го навикнам кутрето на бебето што ќе се роди. Мини шнауцер е многу е приврзана со нас весел карактер послушна , постојано е со нас со нас спие но кога станува збор за гости и мали деца е многу неповерлива не сака ни да и се обрати некој да и зборува одма рже не напаѓа ама не сака да и се доближуваат и да ја галат затоа незнам како би реагирала на нашето бебе сега задега ми го чува стомакот стално лежи покрај мене ... Некој совет?
Кученцата осеќаат повеќе од колку што мислиме. Ќе знае дека е ваше бебе, тоа веќе знае дека во меше имаш нешто ваше. Само заради преголема преокупираност околу бебето, немој да го запоставиш кучето. Не свесно се дешава, умор и обврски си го прават своето.
На претходната страна имам објаснато. Има чекори како се пристапува кон куче. Уште една интересна статија децата пораснати со куче се далеку подобри личности од оние другите: https://deca.mk/detsata-shto-rastat-so-kuche-podobro-se-odnesuvaat/
Еве ги, он мора да е таму каде што е и малечкава ама додека спие или се храни може да и се доближи иначе бега.. бега оти два пати го има така убаво искубано, па мажево уплав фатило.