Да да ги читав благодарам, се ближи времето па се надевам ќе биде се во ред. Многу сакам да можам релаксирано да ги оставам здравје кога ќе бидеме поголеми цел живот сум растена со кучиња неможам да замислам живот без миленик
Нормално, ја душна секако со многу пазење, секогаш му викаме браво кога е умен и кога ја чува неа ама не ја имаме оставено уште сама со него, на страна тоа што почна да го кубе туку куче е сепак..
Пресреќна сум што ја гледам сликава - бишон имаме и ние, едвај чекам да се запознаат Како реагира бебе на лаењето? Нашава не лае често, лае за внимание (љубомора) и домофон. Ама ми е страв да не го преплаши бебо во старт..
Мачката моја кога прв пат го виде бебето се исплаши и избега. Сега го гледа, му ги чепка играчките, транспортерот. Го гледа кога цица, кога плаче. Се надевам ќе бидат во иднина добри другари.
Многу ме интересира вие што сте веќе со мали бебиња и деца и куче како се организирате за на одмор? Лани кучето си дојде со нас (оваа год нема одмор) а догодина пак си го планираме заедно со бебе. Ние така си го сфативме како член и не ни се остава Баш ме интересираат и ваши искуства ги носите ли на одмор милениците? И ако не кој ви ги чува?
Јас го имам два пати оставено во хотел на два дена. Првиот пат беше шокиран и гладен, а вториот пат плус жеден. Од тогаш не сум ни помислила да му го оставам некому. И тоа во најдоброто место препорачано го оставив. Едноставно сфатив дека он ми е специфичен и не може секој со него. На одмор иде секаде со нас и на викенди и на зимовање. Лани бебе беше 7 месеци на одмор поминавме со баба сервис одлично. Всушност кај мене обожава летовање лежи на плажа како господин. Сами со бебе и куче е доста тешко лично за мене. Зошто морам да го оставам сам во соба за јадење или спа. А страшлив е премногу особено на непознато место е прав паника муд. За се останато е одличен на одмор. Јас не го оставам никаде и на работа го носев во канцеларија со мене. Едноставно не можам да го мислам сам дали ќе му се деси нешто без мене. А најтежок емотивец е на свет ни јаде ни пие без мене. И буквално умира од тага. Што одмор е тоа...
Мене ми се погоди куче што нејќе да се вози во кола, сега и малава повраќа при возење Пред детето го носев кучето со мене сегде поблиску на шетање, ама на одмор не, главна причина беше што немав кола. Но кога си земав кола брзо се виде дека вознемирено е кучето во колата, и избегавам да го возам подолго време, но низ Скопје се издржува, па го носам со мене секогаш кога одам негде на отворено. Исто продолживме и после детето. С3га дури и повеќе го носиме со нас зошто заради детето повеќе шетанки во природа си организораме. Среќа во ситуацијава е што кај мајка ми има ограден двор и кога одиме некаде на неколку дена имам каде да го оставам. Секој викенд сме таму, па како втор дом му е. Не морам да го мислам за шетање и јадење, дури и по Вибер си го гледам. Не сум била на одмор со куче, ама моево е домашно куче. Надвор не гази кај што има вода, после дожд не сака да гази во трева, искрено не мислам дека би бил среќен на плажа. Летно време сам влече за дома под клима зошто надвор му е жешко. Се на се, мислам дека зависи од кучето. Не секое куче би уживало цел ден на плажа, или би било океј со таква промена на рутина, или подолг пат до море.
Јас да би имала ваква опција како мајка ти и двор и јас радо би го оставала. Ози ако има вир пред него и нема како да го заобиколи лае да го префрлам во раце. Значи под никакви услови не влага во вир или вода. Ако се извалка стои и чека со сува крпа да го средиш па да си влезе во куќарка. Права пединтерија е. Во кола не сакаше да се вози зошто во Македонија и нема потреба од кола. Али овде буквално насекаде е во кола и се навикна иако почетокот му беше паничен. Ние имаме седишта во колите на предно седиште за него. Назад додека беше квичеше од страв. Можеби ќе смени и кај вас тој момент? Седиштето е високо, врзан е со каиш и со предните нози се поткачува и гледа каде возиме. На тој начин му исчезна стравот од кола. Во врска со плажирањето докажаа дека кучињата сакаат да одат на одмор исто како децата. И точно знаат дека се на одмор. Кај мене најубаво нешто му е да се пече на сонце на тараса и потоа влага дома и лежи на плочки. Тоа го прави буквално секое лето од кога е роден. Кога прв пат го почувствува песокот на плажа јас не можам да ја опишам неговата реакција на среќа. Се превртуваше како будала и рипаше. Штета што не сака да се бања има кучиња кои обожаваат да пливаат. Истото го направи и во снег.
Го возам на предно седиште, си гледа низ прозор, ама еднаш да подзакочам и почнува да квичи, да врти кругчиња на седиште. Друго е ако има кој да ги држи во раце, ама бидејќи најчесто сама возам, исто како детето што мора во седиште сама позади, мора и тој сам, и тоа не му се свиѓа. Помага ако гледа низ прозор, ама му лизгаат ноџињата на пластиката од вратата и затоа сака некој да го држи. Реално не можам толку саати да го држам него, дури и да сакаше маж ми да вози. А 99% од времето јас возам, дури и 7 саата пат на одмор кога сме оделе. За снег е пресреќен. Првпат кога виде снег, се однесуваше како Аца Лукас да видел кокаин снегот беше повисок од него, он дирекно во него се фрлаше и само рипа како зајче. Е тоа е радост. На плажа не бил никогаш, ама вака на сонце и покрај вода не сака ни да помисли. Еве вчера на игралиште седнав на клупа на сонце накај 10 сабајле, не беше ни нешто посебно топло, тој само врти кругови колку што му е долг каишот и квичи за сенка. Морав да станам да се преместам. Така да се пече на сонце само на пролет седи, и тоа по кратки интервали, стварно не мислам дека ќе седи како мене цел ден да се пече како гуштер. Додуша сега со детево не верувам и дека и ние би можеле да седиме цел ден на плажа, но бидејќи си имам место од доверба каде да го оставам додека сме на одмор некако не го мислам. А првата година му извадив пасош со полна намера да го земам со мене на одмор, дури и во хотел што беше пет френдли имавме резервирано. Кога испадна дека ќе мора да одиме со автобус, се откажав од идејата да го земам со мене, и еве поминаа години, така остана
Мојава се вгнезди во креветчето на нероденото бебе. Гледам да ја одвикнам, џабе! Имам слушано хорор приказни за мачки во кревет со бебе и ми е страв, ќе мора да најдам начин. Еве ја:
https://www.otto.de/p/trixie-autosi...bxl-45x42-cm-591292724/#variationId=591292752 Ова го имам и сум презадоволна. Ако го најдеш доле земи го. Се врзува на само ремче и нема шанси да направи нешто. И јас го држев во раце со месеци назад. И така рипаше и вртеше, беше претешко. Сто седишта пробавме никаде не пасуваше. И ова баш не спаси. Исто квичи ако види дека е подолга релација и ти подзакочиш мисли дека стасавме и рипа да испадне од кола или на семафор. Затоа кога идеме негде запираме веднаш на десет минути има прошетка на непознат терен и потоа мирен седи цел пат. За назад секогаш спие оти знае дека си идеме. Многу ти е згодна оваа. Дај стави слика од најубавиот на цел свет мацол ако имаш на тел.
За кола ова е учено позади седи само. Обожава да се вози. За на пат го врзуваме со посебен појас таков за кучиња. Не можам во кафез да го малтретирам наводно некој закон постои ама прошли пат така понинавме граница во Грција никој не ни правеше проблем. Ние одиме во апартмани што се со приватни плажи и тоа е најдобра опција за со куче. Плаќаме стотка плус ама тоа е кога сме одлучиле да го носиме. За седење на плажа лани исто како со бебе од 9 до 11 и после од 4-5 до 8 ноќта. Згрешив што од мало не го носев на чување сега има проблем со јадење знае да прегладнува од инат да повраќа, знае да фаќа работи по улица мора да се внимава ептен пошто не можеш да му земеш од уста недај боже отров ќе фати. Немам искрено доверба за шетање во никој и да грешка ми е што не ги научив мојве. Кај мм имаат двор и нивно куче ама ова го собира низ ограда и прошли пат истрча на улица . Прв пат пуштено од ланец добро што кола не налета. И треба некој над глава да му виси а ја ќе го мислам дури сум одмор дали е добро или не. Па секако подобро ми е да го носам. Е проблем е што лани не ја бендиса плажата стално беше со страв недај боже ја да отидам во вода тоа беа плачки и лаење. Он во вода никако. Нејќе ни на лежалка многу. Во апартман секако не е опција да го остајш пошто ни газдите не дозволуваат кучето да го оставаш само во апартман. Останува да се надевам дека со бебево ќе се привикнат многу и дека ќе седи со него Добро е што грциве се ептен пет френдли па молови ресторани не треба ни да прашуваш туку сегде влегуваш со куче освен во Икеа.
Ме потсети на еден хорор филм од порано од кој бев трауматизирана. Бебето цело време навечер го снемуваше од креветче, и кога да отидеше мајката да провери мачката беше внатре. Срцка е. Ваљда зошто е ново и затоа сега иде таму. @Milkiway Ќе пробаш неколку пати како ќе ти иде со организација. Јас пробав ама бебе едвај се вози во седиште, а моево куче е големо и дебело па напикани сме у кола и никој не ужива, посебно на подолги релации. Ја оставам кај баба и дедо на чување, засега. Понатака може и ќе истераме некој одмор заеднички.
Ова е мало кутре не зафаќа простор кола не е проблем возењето може и напред да седи и позади и мбогу е мирно. Не сум видела куче толку да ужива. Сама кога одам негде му отворам врата си влегува сам позади си седнува на место горе и цел пат седи како детенце некое. Звук не испушта. Ја му викам на мм исто како со две деца да сме ќе ни биде на крај нема разлика ќе мора некој викенд да се учиме со оставање по гости
Сега видов дека си ми пишала за бишончево наше. Бебе се смее на лаење, дома не лае освен ако заѕвони некој на врата ама надвор ако слушне тоа е крекање на глас.
И како реагира бебето? Се плаши или брзо се навикна? Тоа ми е само страв, да не и влее некој уплав, па да се потресува од неа после
Па види.. првите 5 месеци беба не го ни рецкаше дека воопшто постои, има залаено и кога спиеше малава ама не почна да плаче, до сега не сме имале проблем.
Јас ќе имам голема мака со кучето и бебето кога ќе се породам, кучето е кај мајка ми не можам да го земам со мене и дм зошто е агресивно. Пред неколку години ми го нападна шарпланинец, а он беше со маска и на ланец и оттогаш е мн. Агресивен. Со дечко ми едвај дојдоа до момент заедно да шетаме без галење и фаќање. Секој ден сум кај мајка ми и го шетам , мајка ми не може едвај оди жената, а лепотанот има 70+ кг. Тешко ми е натака навака и мн. би сакала да можам да ги спојам, ама невозможна мисија ми изгледа. Сепак не сум ни помислила да го дадам кучето, па ќе умре без мене и јас без него. Со мене е најголема маза.