1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебињата и домашните миленици

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 21 јуни 2012.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Колку ти е старо кучето?
    Би ти предложила работа со дресер... вака само полошо. Како што че расте дете тебе поише ќе ти е страв да ги спојуваш .. бар јас така мислам
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Имам и јас едно вакво само машко е :inlove:
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    8 години има веќе...
     
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Јас мислев помладо. :(
    Имам и јас вучјак на село исто 9г наеднаш стана агресивно и полека се тргавме сите сега па трудна не помислувам да одам. И се каам што на време не го пратив на дресура
    Секако твоево е подруго заедно сте биле секој ден
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Frost1

    Frost1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    И јас исто сум бремена,и си зедовме куче пред околу 3 месеци,имам пишано поназад во темата,кучето воопшто не е агресивно,но е многу темпераментно и многу беља ни направи,се што беше ново го изгриза и искина и моравме со мм да му направиме надвор бокс со куќарка па сега таму си седи,многу ми недостига дома ама верувајте на секои 15 мин бришев измет,не сакаше никако да научи да врши нужда надвор...
    Сега од кога ја сместивме надвор се научи да ги извршува нејзините потреби надвор од боксот,а зошто така правеше кога беше дома не знам,редовно ја шетавме ама немаше ефект,ламинатот цел се крена од мочки...:(
     
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    Јас толку многу се плашев како ќе биде кога ќе се роди бебето но немало причибна, имам пишувано претходно. Не знарте од моментот когс го донесовме дома бебето колку мн се промени кутрето не дава да заплаче бебето веднаш вика по нас, кога се приближува некој друг застснува пред него заштитнички ..... Не се качувс на гарнитурата, на спална без дозвола нешто што никогаш не го правела, легнува долу до спалната или во дневна во нејзиното ќоше каде што претходно многу ретко престојуваше. Не сака да се двои од бебето но не му се приближува премногу а не и ни дозволуваме рано ее многу е мал .
     
    На Izzy_0504, dunika и Milkiway им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ова што го пиша е нормално.
    До 1 год ретко кое кутре може да се научи да бара надвор.
    Конкретно нашето по 8ч беше само дома и секако ќе се помоча и покака.
    Претпоставувам мало кутре сте земале. Обично се гледа бројот на месеци +1 = саати колку може да држи куче.
    Ако има 4 мес +1= вашето може 5ч да држи мочкање.
    Исто и ние кренат ламинат, измочани ѕидови, помочан кауч..тоа е првата година едвај се намачивме. Сега веќе нема проблем и 10 часа може да држј додека не го однесеме.
    Не знам какво кутре е ако веќе се научило надвор ок, но ако е салонска раса зимава ќе ви се испоразболи...
     
    На Frost1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    23.736
    Пол:
    Женски
    Пробавте на пелена? Обично одма учат да мочкаат на пелена, ем не им се лизга, а тие бараат така кај што можат убаво да застанат. Бебе куче е многу нормално да направи лом дома, да изгризе се и да изгреба се.. само треба упорност, трпеливост и многу љубов. Не знам кој од вас му е газда ама еве нашево мене нема шанса нешто да ме послуша, а на маж ми со поглед го разбира.
     
    На Frost1, Milkiway и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Да пелените ги заборајв да ги напоменам и ние така го научивме. И му ограничивме пристап низ целиот стан. Си имаш свој дел за седење со ќебенца играчки креветче и кога се мириса на самото куче не моча. Ако на пр се случеше да се измоча на ламинат по грешка обавезно после тоа неколку дена храната му ја дававме таму за да не му текне пак да моча. После мочање обавезно бришење со оцет и некако се научивме...ама далеку од тоа дека беше лесно и едноставно. Затоа го земавме чувавме 2г па сега бебе е на ред :D мало кутре и мало бебе ..мало морген:devil:
     
    На Izzy_0504 и Frost1 им се допаѓа ова.
  10. Frost1

    Frost1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Стафорд е нашето,и кладовме пелена сабајлето ко влеговме во собата цела беше искината:rofl:..А и за месеците имам читано ама мочаше на секој 15 20 мин. се дури не ја преселивме надвор...сега трпи дури не ја извадам од боксот,а претходно кога ја шетав надвор неќеше да моча ,ко ќе стигневме дома тогаш се мочаше....
     
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Мајки
    Бебево треба да почнам на под да го ставам веќе секако ќе биде под мој надзор ама како функционирате со куче кога почнува лазење?

    Колку пати чистите и некоја препорака за средство да ми дадете. Сега користам на мр Мускуло за Пет фриендли дом.
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.310
    Пол:
    Женски
    Два пати на ден џогирав само со вода, еднаш на два дена со универзално средство за под, обично навечер за да изветрее мирисот до сабајле.

    Ништо посебно не правев, подлога за под за бебето имаше во еден ќош, ама како почна да лази си шеташе низ цел стан. Многу внимавав додека кучето спие или јаде да не го закача, и општо кога го пипа да биде нежна, да не го кубе или штипе. И храната му ја тргав на почетокот зошто сакаше да ја става во уста, после некое време научи да не фаќа таму. И играчките да им бидат одвоени, детето не смее да фаќа од неговите играчки, тој да не фаќа во нејзините. Напорно е сето тоа на почеток, ама брзо научија и двајцата.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    3.868
    Пол:
    Женски
    Веќе почнуваш на под? И јас се мислам од кога да почнам.. си лежи на подлога, ама на кревет горе, ми е страв да не му е претврдо долу сеуште.. мислев накај 3,5-4 месеци да го ставам..
    Инаку и јас се мислам како со кучево.. иако до сега воопшто не го закача, ама доле ќе видиме како ќе биде. Кај вас како се? Се дружат ли?
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    А што има врска претврдо нели треба да се на тврдо бебињава или мислиш проблем е?,
    Нема секако цдло време да го ставам ама сакам побезбедно ми е. Вака го зимам оставам во количка/креветче за да станам по вода, садови да мијам, пеглам или било што. А не секогаш му се седи во количка почнува да му здосадува и плаче. Наместо да ми е во раце мислам поинтересно ќе му е на под.
    Он уште не се врти ама мислам кај и да е ќе почне и ептен ми е страв по кауч. А преку ден ни 10мин не задремува и како џандар до него дремам :D

    Инаку добро е кутрево го душка и толку си оди уште не му е интересен. Кај тебе што прават?
     
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Тоа со играчките ќе е проблњм поготово што кога купувам за бебе морам и за кучето :D
    Фала ти многу за совети !
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    3.868
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали е проблем, гласно размислувам.. Би го ставала и јас, само тоа ме двоуми. И мојот не се врти скроз, ама од грб на страна веќе да, не знам кога ќе почне скроз да се врти, ама не сакам да биде на кревет кога ќе научи..

    За играчките.. кучето обавезно мора да душне се што бебето има ново. Досега не направила проблем освен еднаш кога беше дома сама го изгрицка увото на едно мече-тропалка на бебето. Кога дојдовме седеше до него со ушите надоле, знаејќи дека направила беља :D сепак е рано, тек идат играчките и душкањето и гушкањето меѓу нив двајца :inlove: едвај чекам да се дружат..

    Бонус: слика од двајцата 2E63B933-520D-46E9-A32B-079AF53BE79C.jpeg
     
    На Дениција21, lipstickmadness, Kaja991 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Леле душлиња убави
    Ја немам ваква слика обично сум неѓу нив или малово во раце ми е ама сега ме охрабри да ги ослободам и ја малку да се дружат
    Затоа мислам на под повеќе ќе се запознаваат.
    И мене ортопед ми рече одма на под не го ставив пошто беше спанко сега веќе почна да е буден повеќе да истражува
    :inlove:
    Ама твојве се душичиња баш:hug:
     
    На Snowflake92, Izzy_0504 и 0ли им се допаѓа ова.
  18. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој како се однесуваат Shiba Inu со бебиња/мали деца?
     
  19. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.748
    Пол:
    Женски
    Да ја активираме темата :D
    Дали некој имал искуство со љубоморно доминатно куче и бебе?
    Имам две кучиња машко и женско мешанчиња е среден раст. Машкото е доминантен алфа мажјак премногу заштитнички настроен спрема мене и љубоморен ако при шетање на некое дете му се обратам со кај си бе ти ( зошто и него му се обраќаме како на дете) почнува да ги ржи децата.
    Дали имал некој искуство како да направам да бидат бфф :D
     
  20. Frost1

    Frost1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Кучето на моите родители е исто така љубоморно,но уште пред да се роди син ми му зборувавме за бебето,а и од кога се роди исто така.
    Кога подпорасна сега заедно играат,синко му фрла со играчиња а кучето му ги носи.
    Пробајте да ги играте заедно нека играат ,така кучето нема да се чуствува запоставено и ваљда нема да биде толку љубоморно.
    Или побарајте на интернет,има полно видеа за вакви работи.:)