Сите можни видеа ги имам изгледано бевме и на разговор со дресер ( иако кучето веќе беше дресирано за пристојно однесување) . Знам треба да се запознаат но најголем проблем е што кучево не сака деца уште од бебе е таков, како растеше почна да станува мрзач на деца едноставно му сметаат детски звуци. Ќе видиме летово што ќе се случи ќе биде интересна комедија
Можеби и има страв од деца. И моето куче исто така не сака други деца зашто кога беше мало му се силеа и го гибаа,ама со моето дете немам проблем кога одиме во дворот се си е во ред. Малку е љубоморна ако мм го крени детето во раце ,и затоа избегнуваме мм да го држи во раце,јас си го држам. Пробувајте не се откажувајте. Многу внимание треба да се посвети не е така едноставно.
Не би се откажала и од двајцата ма колку сака влакна нека пуштаат 8 години ги чувам им го имам спасено животот од улица и тие мојот од депресија ќе се најде начин за заеднички живот. Сигурно постои начин за соживот
Има. Мојава мачка не ја рецка ќеркава На ignore и е ставена. Општо не е дружељубиво милениче. Може понатаму ќе се дружат, сеа не и е интересна