Бебињата и мачките

Дискусија во 'Бебе' започната од Sonce, 19 ноември 2009.

  1. Sonce

    Sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Здраво. Едно прашање од мене. Некаде прочитав дека не е убаво додека имаш бебе да чуваш мачка дома. Јас веќе имам мачка и си ја чувам 3 години. Дали откако ќе се породам треба да ја однесам некаде на друго место или можам да продолжам да ја чувам дома?
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    197
    јас мислам дека не е убаво во смисол на хигиенаа за бебето а инаку имам слушано дека мачките ги смируваат децата имаат позитивна енергија некоја и ги прават децата посреќни
     
  3. lidija79

    lidija79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ja znam deka ne e stetno macka i bebe...samo treba gooooooolema higiena vo smisol vlakna i znaes vece sto se....moeto bebence izrasna so mojata macka koja za zal ja uspavme na 17juli poradi toa sto se macese premnogu od uzasnata bolest....uste ja nemam prezaleno i nikogas nema da go zaboravam mojot macor sto go cuvav 8godini
     
  4. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Imam citano naucna statija na taa tema i veli deka dokolku vo domot imate domasno milenice bilo mace ili kuce go namaluvate rizikot vaseto dete da zaboli od astma i nekoi vidovi respiratorni alergii znaci mozes slobodno da si ja cuvas mackata i detenceto koga ke se rodi , samo vnimavaj da ne stane mackata ljubomorna na deteto bidejci mackite se mnogu cuvstvitelni zivotni i ako oseti deka e zanemarena moze da ti prave problemi. I plus decata sto ziveat vo sterilni domovi imaat namalen imunitet vo sporedba so decata sto imaat domasno milenice. pozz pa odlukata e tvoja
     
  5. madzarovska

    madzarovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    И јас мислам дека нема проблем да си ја чуваш мачката. Само треба многу да внимаваш на хигиената ама тоа сигурно го знаеш затоа што и во текот на бременоста жената треба да се пази да не доаѓа во контакт со фекалии од животни и сл. Во никој случај немој ти да му ја сменуваш тоалетната :!:
    Поздрав
     
  6. maja.ivona

    maja.ivona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    jas imav macor koj go civav 2 godini i pred da se porodam go vdomiv kaj edni moi rodnini bidejki sum sama doma so maz mi,a toj e poveke vreme na rabota otkolku doma,pa nemam vreme na vnimavam na bebeto i na mackata ako gi ostavam sami,bidejki mackite se mnogu ljubomorni,pa nedaj boze da ne mu napravi nekoja belja na bebeto.znaete bebeto miriska na mlekce bidejki nonstop podzdrignuva pa sum slusnala ima mnogu slucai mackata da go zadusi bebeto,da legne vrz nego i da go lize za liceto.jas bi rekla deka sepak bebeto e povazno od mileniceto,ako imas nekoj drug vo kukata za da pripazuva cuvaj si go maceto,ama ako si sama kako mene mislam deka poodobro e da go vdomis nekade.pozz
     
  7. matrjoska

    matrjoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    i jas imav slicen slucaj.mojot soprug zamina vo druga zemja koga malata kerka ni bese 2 meseci i morav da ja dadu macka na komsije.
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  8. 2manydjs

    2manydjs Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    И јас чував мачка, откако останав бремена се одлучив да ја дадам на некој да ја чува само поради тоа што се преносители на токсоплазма, многу опасен паразит што може да доведе и до смрт на фетусот. Покрај зголемен ризик за зараза кај бремените жени, тука спаѓаат и лица со намален имунитет, е сега колку јак имунитет има бебе штотуку дојдено на овој свет размислете. Ја сакав многу, али детето ми е поважно од се на свет и подобро да се спречи него да се лечи. Прочитајте на wiki доколку повеќе ве интересира.
     
    На blessed2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mili4kask

    mili4kask Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    ЈАс доста истражував на оваа тема уште пред да останам трудна еве мојата ќерка е веке 5 месеци, и си расте со две мачиња дома..Токсопалзма се добива доколку било кој т.е заразениот имал контакт со изметот на животното...Мачки кои се чуваат во домашни услови одат по нужда во песок кој се фрла и не се пикаат раце во него нели? ТАка да мозам да подела само позитивно искуство со моите лепотици....Кога дојдовме дома ќерка ми плаче и двете мачки плачат со неа..Сега кога ке заплаче кај и да се трчаат да видат што не е во ред...Воопсто не се љубоморни барем за моите зборам......
     
    На 2505 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    710
    Внимавај ќерка ти да не голтне некое влакно од мачките што ги чуваш по дома :) Чување на мачки и кучиња по дома не е хигиенско општо за сите, а камоли за деца или бебиња по дома. Не е само токсоплазмата опасност, туку има и други причини за да се исфрлат животинките надвор!
     
  11. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Токсоплазмозата се смета за опасно заболување, бидејќи нанесува тешки повреди на фетусот во утробата на бремената жена.Ризикот детето да се роди со вродена токсоплазмоза е најголем кога инфицирањето се случило во првите месеци од бременоста. Причинител на болеста е вътреклетъчен паразити (Toxoplasma gondii), кој има сърповидна форма и многу мали димензии.Паразитите се размножава во клетката. Таму тој формира цисти кои содржат стотици одделни паразити.Мачките се единствениот краен гостоприемник. Во цревата на мачките се одвива сексуалниот развој на паразитите.Со фецесот тие испуштаат јајцата на Toxoplasma gondii (ооцисти) во животната средина.Луѓето се инфицираат главно преку конзумирање на храна или вода заразени со јајца.Паразитите може да паднат во човечкиот организам и при јадење на недоволно термички обработено месо (особено свинско, јагнешко и срнешко).Тревопасните животни се инфицирани при проголтување на паразитски цисти, паднале во тревата или фуражи преку мачји измет.Друг распространет начин за заразување е конгениталният - пренос на паразити од мајката на детето, во плацентата.Вътреутробното инфицирање води до вродена, конгенитална токсоплазмоза.При бремената која се заразила со токсоплазмоза, може да нема никакви симптоми. Ако жената била заразена пред бременоста, бебето обично е заштитена од имунитетот на мајката.Ако жената се зарази за време или непосредно пред бременоста, постои реалната опасност да го предаде болеста на фетусот. Се случува во околу 15% од случаите.Токсоплазмозата нанесува штета на многу органи, но најзасегнати се мозокот и внатрешните обвивки на очите.
    Кај бебињата, вродена токсоплазмоза се манифестира со:

    * воспаление на мозокот и мозочните Ципи,
    * бавно растечка менингоенцефалит,
    * петнисто-възлест осип по кожата,
    * зголемена температура,
    * опуштеност,
    * зголемување на слезината и црниот дроб,
    * зголемување или намалување на димензиите на главата,
    * слепило,
    * жолтица,
    * грчеви

    Најчесто, симптомите се јавуваат уште во првите денови или месеци од животот на детето. Понекогаш се покажат и во доцната возраст во форма на видот, конвулзии, церебрална парализа, заостанување во менталниот развој и др.
    Кога болеста е стекнала по раѓањето, често се одвива незабележано и без симптоми. Во ретки случаи се придружни од:

    * замор,
    * нерасположение,
    * зголемена температура,
    * мускулни болки,
    * кожен исип,
    * зголемени лимфни јазли,
    * миокардит.

    Симптомите се јавуваат неколку дена до неколку недели и поминуваат без потреба од третман. Во ретки случаи е потребно медикаментозни третмани на токсоплазмозата. Се применува комбинација од антипротозојини препарати, чија доза се одредува од страна на лекар и зависи од индивидуалната состојба на пациентот.

    Како можете да го избегнете ризикот од заразување со Toxoplasma gondii:


    * Не конзумирајте сурови и полусурови месо.
    * Гответе на соодветна температура.
    * Измијте лупете го овошјето и зеленчукот.
    * Не конзумирајте непастьоризирано млеко и сурови јајца.
    * Не пијте вода од непроверени извори.
    * При работа во градината, носете ракавици.
    *Мијте ги рацете почесто.
    Не пуштајте домашната мачка надвор.
    Хранете ја само со термички обработено месо, сува или конзервирана храна.
    Не менувајте тоалетот на мачката со голи раце.
    За време на бременост, избегнувајте контакт со улични мачки.
     
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    814
    Не гледам зошто би ја дала мојата мачка еден ден кога ќе останам бремена. Токсоплазмата е точно опасна за бебето, како и милион други нешта. Исто така токсоплазмата како паразит се јавува во изметот на мачето, па оваа обврска нека ја преземе некој друг. А ете пример, јас сум бебе пораснато со мачки и кучиња, едната мачка ја знам само од слики од причина што не ја паметам, била кај нас додека мајка ми била бремена, а починала на мои 3 годинки. Од тогаш,освен со кратки периоди помеѓу, јас постојано имам маче до себе. Мислам дека и една од важните улоги како мајка ќе ми е да им ја пренесам мојата љубов кон животните на моите деца. :)
     
    На mili4kask, 2505 и Alanna им се допаѓа ова.
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.134
    И јас имам мачка дома, и тоа си ја донесов од Скопје. Правев токсоплазмоза излезе негативен резултат и никому ништо. Незнам зошто луѓето дигаат толкава врева околу тоа дали да се има домашно милениче и бебе дома во исто време. Јас сум ЗА. Со правилна хиигена мислам дека не би постоело место за паника.
     
    На 2505, BoaVista и macence85 им се допаѓа ова.
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    830
    Луѓето што не сакаат миленичиња ќе најдат милион причини против, а тие што сакаат ќе најдат исто толку ЗА да си ги задржат дома. :) И едните и другите се во право зошто мора да има и за и против аргументи. Како и да е тоа си е индивидуално мислење и треба да се почитува.
    Точно дека кога доаѓа бебенце, најважно е да се внимава на неговото здравје. Ако почнеме да листаме литература за какви се не болести може да не нападнат и нас возрасните и бебињата, ми се чини дека нема крај. Не е една работа, па и токсоплазмата не се добива само од мачки.
    Многу поголема е веројатноста да се пренесе некоја болест од човек на човек (сипаници,спб..итн), отколку од животно на човек. Повеќе треба бебињата да се изолирани од нас луѓето ако гледаме така, отколку од животните :) Ама тоа не смее и не може да биде така.
    Како и да е за да се има и милениче и бебе по дома најважно е миленикот да биде чист и здрав и секако да се одржува хигиената на високо ниво дома и да се води сметка за личната хигиена...нормално и тие што немаат миленици исто треба да си одржуваат подеднакво хигиена. Е проблем е ако се нема време доволно за да се посвети доволно внимание на сето тоа и ако нема помош од страна, а и бебето и миленикот си бараат внимание.
    Јас сум се разочарала пред се од хигиената во домовите на некои луѓе што чуваат мачки или кучиња дома и јас во таков дом не би чувала бебе, ама тие луѓе очигледно и немаат навика да ја одржуваат без оглед на тоа дали имаат или немаат миленик дома.
    Имам мачка дома, многу ми е рано да размислувам за бебе, ама сепак не би ја тргнала мачката од дома заради бебето. Се грижам за здравјето и чистотата на мачката, вакцини, редовно е прочистена од цревни паразити така да можноста да пренесе некоја болест е сведена на минимум. Дури и не дозволуваме да не биде пребришан делот каде што влегуваме и ги оставаме чевлите, пред мачката да помине таму кога сме влегле.
    Од социјален аспект се покажало дека многу подобро е детето да расте со миленик.
     
    На 2505 и macence85 им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    4.504
    Пол:
    Женски
    Имам мачор кај мајка ми. 13 години веќе. Сирот никад не е излезен надвор, си седи сам, си јаде и спие само(некад жал ме фаќа ама таков е неќе да се дружи).
    На ниедно дете никогаш се нема приближено. Сега кога го однесов бебево таму го викнав, дојде и само ја душна. Знае да ѕирка ама не се прибкижува. Секако не го пуштам до неа, не ги оставам сами и слично.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TutiFuti

    TutiFuti Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    11.054
    Пол:
    Женски
    Син ми расте со мачка ја обожава.
     
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    6.121
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми расте со мачорот наш, се гушкаат и си играат. Цела бременост ја поминав со него (не чистев измет), и откако се роди малата сме со него.

    Е сега, вакциниран е, не излегува од дома и секако направив TORCH превентивно кога дознав дека сум бремена.

    Нема потреба од никаква паника доколку на ситуацијата и се посвети соодветно внимание.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    632
    Апсолутно не се согласувам со мислењата дека е многу нехигиенски да се чува миленик било мачка или куче дома. Јас дома имам мачор 3 години, мајка ми дома имаат мачор и мачка. Кога останав бремена сите ми советуваа и ситр минделеа памет да го дадеме некаде мачорот. Правев торч тест излезе дека имам антитела од токсоплазма во мене. Мачорот си остана со нас, не му го чистев изметот. Сега како и самиот да знае ксј што ми е послано за бебето не се качува, во креветчето не му се качува, го гледа само. Јас секако внимавсм на хигиена, мачорот го чуваме исклучиво дома, сеој ден метам,тресам,џогирам.
     
    На lizaname, hermosa и tambelina им се допаѓа ова.