1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебиња и screen time (ТВ и мобилни уреди)

Дискусија во 'Бебе' започната од Филотеа, 9 февруари 2021.

  1. Филотеа

    Филотеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, сакам да ја отворам оваа тема зошто мислам дека не' засега сите и вреди да и се посвети внимание :) Кои се вашите ставови во врска со поминување на одредено време на бебињата покрај телевизор, таблет или мобилен телефон? :mp:
     
    На Butterfly1107 и Milkiway им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Таблет и телефон не добил (исклучок телефонот во некои ситуации кај што ми требало 5 мин да биде мирен), а тв ми е пуштен секој ден на YouTube музика и не го регистрира. Сум му пуштала и детски канали во исклучителни ситуации. Сум читала мајки дека тв дома бил изгасен нонстоп ама мислам дека би направило контра ефект кога ќе порасне малку и првпат ќе види да биде као 'wow, што е ова, бои, музика, цртани' и мислам дека тоа би бил поголем проблем. Дали дека од мал знае и погледнувал, сега не го интересира ништо, ни за да можам до вц да одам.
    Инаку, поентата е дека во првата година мозокот најмногу се развива и со тоа што ќе гледа било што на уред мозокот ќе биде пасивен, значи комуникацијата ќе биде one way, а треба да има интеракција.
     
    На kikin, cresa-jagoda, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    Имам близок случај каде од што е најлесно да е бебе мирно стално беше пред телевизор. За да јаде бебе мора таблет пред него. За кога потпорасна да биде толку зависен што МОРАШЕ да гледа нешто за да прави основни работи како јадење, пресоблакање, бањање и сл. Буквално ги уценуваше родителите. Дојдоа до момент да го тргнат телевизорот - не да го исклучат туку да го тргнат скроз, и да ги кријат мобилните за да го одучат детето. Вриштење и пиштење и корнење и трескање од земја..
    Не викам дека е од тоа бидејќи детето испадна да има и други проблеми, но не зборува, не џвака, не гледа во очи, буквално хипнотизиран е од тв.
    Јас искрено дома додека сме сами со бебе тв не пуштам (освен кога спие во друга соба). Кога правам видео кол со бабите, не го гледа екранот, па дури и така се загледува и не мрда. Некогаш знам да пуштам Златно славејче на тв и тогаш го покривам телевизорот пошто а го види запира со се, не мрда и зјапа.
    Сега веќе си пуштам од телефон, он само слуша и си игра.

    Порано сум мислела дека вакви работи се преригорозни и претерани, но гледајќи како екран хипнотизира, така ме фати страв, да мислам дека до година нема да му пуштам.. за после не знам..
     
    На темјанушка, cresa-jagoda, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Категорично сум НЕ за екрани кај бебиња до 24 месеци кога развојот е со ептен брза динамика.
    Притоа,не мислам дека треба да живееме и функционираме во штама,нека има звук,музика,но не и присилно да го ставам детето пред ТВ и да го заборавам а тоа како хипнотизирано да зјапа во екранот.
    Ќерка ми е 10 месеци,знае навечер кога свети телевизорот да се загледа некоја минута и толку,брзо губи интерес.Телефонот исто ми го зема од рака,ке го проврти и го фрла.Не разбира сеуште.Секако,не можам и не планирам скроз да расте без екрани,нужно зло и дел од модерното живеење се,еве учат онлајн од најмала возраст,но сепак сум за минимизирање колку што е можно повеќе.
     
    На mal.ecka, mssuniquee, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  5. MikicaBt

    MikicaBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    1.278
    Пол:
    Женски
    И јас сум против... Кај нас е пуштен телевизорот ама на програми нас што не интересираат и таа единствено се врти на реклами.. Ваљда музиката на рекламата ја привлекува ама и тоа кратко трај. А досега повеќе пати ме имат прашано познаници какви цртани сум и пуштала.. Па дали бејби шарт ја слуша и ред други песни.. И јас враќам не.. И одма леле ова мајка ти лоша цртани не те остава да гледаш а да напоменам дека сите се млади жени и баш ме чуди колку се неинформирани.. И сите истото јас на детето му давам да гледа или внучето со цртани порасна.
     
    На Осе, Alishan30 и Филотеа им се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Јас сум против тишина подобро да се пушти класична музика или детски песни него да е штама. Ние златно славејче на јутуб слушаме и веќе ги препознава песните 4м има а се радува кога ќе ги чуе и кога плаче така го смирувам ги пуштам песните и пееме.

    Обично кога готвам е во релаксатор и гледа пикабу се радува на овцата Тими или Пепа прасе, Дора истражува им се смее и интересно му е.
    Да имам некој со мене дома да го занимава дури готвам или сработувам нешто нема да гледа воопшто.
    На видео кол го пуштам да ги гледа бабите им се смее.
    Се трудам се да е умерено.

    Кога отидовме кај мојте они имаат 50 инчи огромен екран и моравме да го исклучиме пошто хипнотизиран беше и тоа ме вади од такт дете што не трепка само се ѕвери немо во тв, а дома ми е мал телевизорот и не е хипнотизиран туку има интеракција со смеење, врискање препознавање цртани и песни...
     
    На Осе, Bebac, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WonderGuurl

    WonderGuurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Многу сум против сликата "бебе приковано пред екран и не трепнува"! Знам и моето да го оставам цел ден би седело и би било мирно. :x
    Знам да пуштам напати тв, ама се' додека не се некои детски песнички не го интересира.
    Секако не планирам да претерувам и скроз да го изолирам од екрани, па потоа да ги сфаќа како нешто забрането, познато е дека најмногу "забранетото" ги привлекува.

    Баш читав, еден "безопасен" половина час на ден гледање во екран им го забавува говорот до 45%
    Се знае што му треба на бебе, допир, љубов, природни звуци, игра, зборување...

    А многумина не ја гледаат штетата која екраните може да ја нанесат врз детскиот развој. Во разговор со пријателки често слушам "е како успеваш сама да го одгледуваш и да постигнеш со домашни обврски?" А наредно е "пф, лесно ти е тебе, веќе разбира, па го оставаш пред тв, да си завршиш нешто низ дома и да си одмориш" Ова како реторичко прашање му доаѓа :)
    Секако не планирам да дискутирам и си преќутувам:)

    Направени се доволен број истражувања кои се секому достапни низ интернетов, па секој сам нека си одлучува за своето.
     
    На Осе, cresa-jagoda, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    12.882
    Кај нас подлогата ни е ставена во близина на телевизор али цело време е со детски песнички од јутуб иако е малечко само 5 минути му е интересно и после си игра со играчките али цело време е на стомак а така не може да гледа и не го ни интересира што за мене е супер.Се зависи и од детето ако го интересира ќе го интересира ако не нема да го перцепира. Кога јаде е на трпезариска маса за да не му одвлекува друго внимание и затоа во рок од максимум 10 минути го ранам и продолжува со игра(негова хранилка си има да не ме свати некој дека сум го врзала со јажиња за трпезариско столче):D. Али секако сум против тоа дете да се седне пред ТВ,таблет,телефон.
    Иако сега веќе има и едукативни работи преку игра на телефони и таблети али тоа да би било ограничено на пола саат(зборам за постари дечиња) за малите е рано :)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    На блиски детето многу време поминуваше пред телевизор. Не сакаше да јаде ако не гледа нешто. Грицки, сокови и цртани, па не јадеше ништо освен нездрава храна, само грицки сакаше или ништо не јадеше. За говорот да не почнувам и тоа што на македонски не знае да се изрази, реченици не образува правилно, зборови не знае.

    Ептен сум против тоа мало бебе и дете да поминуваат долго време пред телевизор, особено сум против странски програми и на друг јазик.
    Кај нас телевизорот е исклучен, не затоа што нешто изведувам, едноставно ни јас ни мм не сме гледале ни пред да се роди малиот. Сме уклучувале телевизор само на усб или на диск да гледаме некоја серија или филм. Сега не ни имаме време да седнеме и да гледаме, па непотребен ни е телевизорот.
    Музика постојано има, мртва тишина никогаш сме немале по дома. Порано слушавме тоа што ние сакаме, а сега се слуша друго поради малиот.
    Пробав 3-4 пати со пуштен телевизор, да видам како ќе реагира. Пуштив македонски народни приказни (тапа тапосана, но тоа се погоди на првиот канал што го пуштив), седеше и гледаше, не трепкаше едно време, па ќе се заигра и не го интересира, па пак ќе погледне и така наизменично.
    Најстрого внимавам кога јаде да нема телефони или таблети во близина, тоа е време кога се јаде и еве не знае дека постои таква занимација и си јаде без проблем, за 10 минути е готов. Има луѓе си ги хранат децата пред екран, што сметам дека е грешка, но секој како сака.
    Во кола еднаш ми се случи да не можам да го смирам со ништо и му пуштив на телефонот видеа коишто сум ги снимила, а тој е на нив. Но сега веќе игра со играчки, слуша музика и се занимава и спие додека патуваме.
    Секако дека во животот ќе гледа телевизија и ќе гледа во таблети и во телефони, но додека е ептен мал, нема потреба да дреме хипнотизиран пред екрани, да грицка додека гледа или да гледа додека јаде.
    Понатаму ќе си има одредено време во кое ќе гледа цртани, емисии и сл., сигурно нема цел ден да го оставам.
     
    Последна измена: 9 февруари 2021
    На Осе, cresa-jagoda, CareTee и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Јас телефон му имам дадено два пати во кола додека возевме зашто се искина од плачење, се препоти. Боље да гледа во тел смирен отколку да му го ризикувам животот и да го кренам во раце. Немаше шанса да застанеме на автопат, немаше каде.
    Дома во позадина му пуштам македонски песнички да слуша ама кога треба да завршам нешто. Има еден микс од песни се вика МАКЕДОНСКИ ДЕТСКИ ПЕСНИ има една слика само од бебе, не се вртат други работи. Може да погледне накај тв то ама тоа е 5сек и после си продолжува со играње.
     
    На Осе, Alishan30, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WonderGuurl

    WonderGuurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    И јас тие песнички ги пуштам. На памет научив која следува наредна:D
     
    На Alishan30 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  12. Филотеа

    Филотеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно и јас сум против бебе пред ТВ и мобилен, но морам да признаам дека неколку пати бев во искушение да му пуштам песнички со анимации за да се смири додека направам ручек, зошто беше невозможен... Кога видов како реагира (буквално во секунда се смири), се шокирав. Знам за сите негативни влијанија на екраните врз развојот на бебињата/децата и ова ми беше потврда дека морам да бидам истрајна на тој пат.
    Јас генерално сакам да слушам музика на you tube, во текот на денот си слушаме музика и подкасти за возрасни, а песнички на македонски му пуштам од мобилен еднаш дневно, без видео (песничките од Дарко Биберко му се хит). Тоа е прилика да го учиме јазикот, а и да развиваме музикалност :) Се трудам Тв да не вклучувам до вечер, кога барем некој ден нешто ќе гледаме со мм на Нетфликс.

    Се прашувам како ќе биде кога ќе потпорасне, кога ќе почне да разбира, кога ќе почне сам да бара да гледа, на кој начин се поставуваат тие граници, без да се чувствува детето дека нешто му е ускратено? :^)
     
    На cresa-jagoda, Alishan30, Bebac и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Супер што кажа пукнав со тој миксот на златно славејче од златна бубамара па малце да смениме
    Иначе ги пуштам и ја овие од "наше" време за жал денес немаме ич убава детска музика србине ги имаат Пиличи и баш се добри детски сите стари песни како Тапшин танана им се препеани ама не ми се пуштаат на српски песни
     
    На Осе и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  14. Sanemsi

    Sanemsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Се мислам што да пишам, сите сме против екрани, но дали во денешно смарт време да речам можеш да го контролираш детето да не гледа? Секако дека можеш со многу потешкотии, кај нас обично на тв пуштам јутјуб со песнички на турски(турски зборуваме дома), си има една песничка за успивање и си заспива со неа без да гледа, кога почна да расте и да гледа подобро околу 3-4 месеци видов дека се повеќе се интересира за боите на тв кога беше уклучен, тогаш му наместив подлога за играње странично од тв за да неможе да гледа туку само да слуша, и кога јаде секогаш е свртен со грб накај тв, кога е во дубак воопшто не го регистрира тв, гледа да допира нови работи и се труди да оди на недостапни места за него. Во кола, освен песничката за спиење само да ја слуша без да гледа, не пуштам ништо друго. Сега за сега добро се држиме подалеку од екрани, за во иднина кога ќе почне повеќе да разбира, ќе видиме како ќе биде.

    Имам едно прашање, не е за тука знам, но да прашам дали има некоја тема на форумов за двојазични семејства, и како треба да се постапи во таков случај со бебе/дете?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    BabyTv беше пуштен 24/7.
    Што и да се прави, во позадина вртеше тој канал.
    Цела програма на памет му ја знаев.
    Не гледаше цело време, ама ако посакаше да гледа, можеше кога сака.

    Сега има 14 години и 'венчана' е со таблетот.
     
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Тв и да е пуштен и да не е она не го перципира искрено, а кога сум сама знам да и дадам телефон за да направам нешто што не можам со нејзе, година ипол е, ама и тогаш не ја интересира, 2-3 минути се во прашање, навечер може да си погледа додека го испие млекото ако не читаме, ама цело време и објаснуваме што се случува на цртанот.
    Свесни сме сите за штетноста од екрани, ама сметам дека на ден па и половина час да е, е ок според мене. Цртани се, одбрана содржина е, не гледа немо во нив, си раскажуваме кое како прави, како играат децата, дури и она пробува да објаснува, да кажува, да имитира.
    Кога беше помалечка не и дававме.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Немам свое дете, но внука ми уште од бебе е научена пред телевизор, особено додека јаде и нема(ше) шанси да и дадеш да јаде без оние анимираните песнички, ќе почне да плаче, да вришти, се мрда во хранилката, не сака да јаде. И снаа ми демек тоа е, сите деца јаделе со цртани. А не е така, баш кумата нејзина уште од бебе на детето ништо му нема пуштано и најнормално си ги извршува сите активности, дури кога дојде кај нас само една секунда го погледна телевизорот и си се сврте, ич не беше заинтересиран. Од друга страна, ја разбирам дека некогаш и мора да и пушти тв, зошто моите на работа, јас ќе излезам негде и она цел ден сама дома, ќе треба да заврши некоја работа, и мора да и пушти. Ама премногу да го навикнеш детето, па после и телефони и таблети во раце цел ден, ко хипнотизирано да биде - не.

    Јас знам за себе кога сум била мала, ем немало толку цртани за да гледам, ем мислам не сум била ни заинтересирана многу а и кога потпораснав знам и дедо ми и баба ми ми викаа цело време немој толку блиску до телевизорот, очи ќе си извадиш, ајде сега одмори и ги слушав најчесто, се тргав од тв. Давајте им други активности на децата, јас пример многу сакав да си играм со коли, возови, топки, да шкртам/црткам нешто на листови, обожавав 3D сликовници и книги (дури и кога не сум знаела да читам) и не сум се замајувала со тв-то. Е тогаш телефони и таблети не постоеја, така да до тоа сум немала пристап. За да се развие говорот на децата, уште од најмали години треба да им се покажуваат сликовници, да им се чита од нив, да им се пеат песнички, и што помалку време пред телевизор. Зошто ко што ќе растат, од што ќе бидат толку навикнати, животот ќе им биде сведен на таблети, телефони и тв, и многу проблеми излегуваат од тоа, и психички, бихејвиорални, развојни и социјални...
     
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Не си имала дете нејадач, затоа :)

    И јас не и давав тв, ама кога не сакаше да отвори уста до 8м ко попче си пуштав за јадење.

    Не беше дете што се загледува во тв. Ни сега не се загледува иако нон стоп врти тв дома на нејзини канали. За разлика од неа, еве бебе се загледува. Не е хипнотизирана, ама и го одвлекува вниманието. Затоа кога седи во релаксатор е свртена обратно од телевизорот. Всушност, битно е да ја анимирам. Со било што се заигрува само да и дадеш внимание.

    Не рипајте одма не давам тв :) Зорт тера на се.:rofl:
     
    На kikin, Mila_Skopje, Sky-butterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.498
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Што знам, и во таков случај пак мислам дека ќе најдам друг начин. :)
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    така мислиш дека имаш дете јадач :)
     
    На kikin, elcezelce, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.