1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебиња и screen time (ТВ и мобилни уреди)

Дискусија во 'Бебе' започната од Филотеа, 9 февруари 2021.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    https://forum.femina.mk/threads/Двојазичност-кај-децата.9371/
     
    На Sanemsi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    3.582
    Убава тема (y)
    Кај нас тв е пуштен од кога ќе станиме 08:00 па додека јас и мм не легнеме..
    Бебка ништо не го интересира на тв едино кога има реклами од типот најава на филм мислам дека звукот му е интересен и тоа е тоа..
    И за среќа ја најдов бејби шарк за да можам да одам до вц иначе сегде со него но заврши таја и готово почнуват плачките... Сега сме 6м и верувајте тв не ни погледнува има други приоритети како лазење, желба да се исправи и се тегни по перници.. Мм му пушта почесто на тв цртан или од youtube кога мама се капи ако му иди дремка а незнат да се успијат двата..
    Мобилниот го фака за да го пикне во уста за ништо друго..
    Е сега мојот став околу ова е дете може да гледа тв да седи на моб на таблет али напоменав дете значи послем 2г ќе кажам и зошто пред зграда кога и да поминам децата првин играт со топка или трчат небитно и тоа трае 30мин послем сите се седнати дали со моб или со таблет гледат видеа или коментират небитно...и ќе дојде време каде и моево ќе излезе со други деца и сите со моб или ќе зборат за нешто што е содветно на нивна воздрас игра или слично моево што ќе биде шокирано оделено од свето не ќе знај на моб да звони кај мене... Затоа сум за моб и тв али послем 2г :D сега дојде такво време што без моб стварно не се функционира, а допева што уште не ќе дојде мора да се соочиме со виртуален свет
     
    На Brpbrp, Осе и Happyinlove им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Екрани кај бебиња до една година воопшто не се препорачуваат. Ич.
    Јас не пуштав, јас не ни гледам тв, само на лап топ серии и тоа кога спиеше. Може да свири музика без да гледа. И екран во позадина е сепак екран. Иако мислите не го интересира. Поголемко дете ако си игра нешто, а е пуштен тв, доволно е само што ја прекинува играта да погледне, па потоа доаѓа до проблем со задржување на внимание. Едноставно не гледам причина цело време да дрнда и свети телевизор, особено за бебе зборам.
     
    На Autumn_, Ava.84, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Познавам луѓе со деца нејадачи коишто не дале тв за да јадат.
    Моето фала богу јаде, но така не мислам затоа што јаде, туку затоа што сум сигурна дека нема да го ставам пред екран ако не јаде. :)
     
  5. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.786
    Пол:
    Женски
    Многу сум против за оваа еднонасочна комуникација.
    Детето гледа и се хипнотизира од боите, звуците од тв екраните и мобилните и потоа процесира во главчето.
    Педијатар без да прашам ми нагласи нивно избегнување до 2 години, така и правам.
    Ќерка ми заспива со песнички од златно славејче од јутуб и со рам сам сам компилацијата.
    Но мобилниот е пуштен и оставен на натказна, сите дома ги слушаме.
    Тв не гледам јас, и од порано пред да имам дете, знам да го пуштам и да биде на 2ка гласност, и да не го ни погледнам.
    Освен кога сме гледале со маж серии.
    Сум ја ставила на кревет и не ја интересира, погледнува и се врти кон тропкалките, кон играчките, кон тетрата со која ја играм.
    Седнувам пред неа со грб кон тв и јас и сум телевизор, зборам, пеам и играм.
    И така комуницираме.

    Ова сето изморува, да, но ако вриште без престан би и пуштила да гледа на моб, да се смире.
    Во спротивно нема потреба.

    Кога сме сами не готвам, не чистам, не одам во вц.
    Чекам да заспие па се си обавувам. Или маж да е дома. Затоа и почесто готвам одвечер за утредента да не се замарам.
     
    На mal.ecka, CareTee, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    Не викај два пати.
    Уста не отвара без цртан. СИТЕ други начини се пробани. Ќе гладува!
    Може мене не ме бива еве не знам...
     
    На kikin, mal.ecka, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Велам двапати бидејќи ме терате да пишувам двапати, трипати... :D
    Јуникорн, кој зборува за бивање и за небивање? Ниту реков не те бива ниту дека мене ме бива, никаде не навредував никого со муабети за небивање :)
    Си дала цртани да гледа додека јаде, си дала и тоа е тоа, така си се снашла. Тие начини што си ги знаела си ги искористила и потоа си пуштила тв. Океј. Пишувам дека јас така нема да се снајдам и не сум дете, па не знам што зборам. За другите може да не знам, но за себе убаво знам.

    Еве ајде дискусија.
    Ако не отвора уста за здрава храна, ќе дадеш ли грицки, зденки, да не набројувам примери за нездрава храна? Само колку да јаде, нели инаку ќе гладува.
    Истата релација е кога станува збор за одлука: тв - без тв и здрава - нездрава храна. Да дадеш или не.
    Не отвора уста и треба да се снајдеш да јаде. Како ќе го натераш детето да отвори уста за здрав оброк? Не сте дома, немаш тв за да му пуштиш, а уста не отвора да јаде.
    Како јадат децата што не сакаат да јадат без тв кога не сте дома и немате тв за да гледаат?
     
    Последна измена: 10 февруари 2021
    На Ava.84 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Сега тв користат да јаде порано на другарка мајка и ја носела на раскрсница и кога семафорот ќе свртел Црвено, жолто, зелено оп лажицата во уста:rofl:
    Смешно звучи сма мајкава секој ден на раскрсница со тенџере одела немало тогаш на тв вакви програми и валви плазма тв
    Така да битно ни е да јадат а кој како се снајде се е пролазно 8-|
     
    На Sky-butterfly, Pacient srna, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    На телефон гледа кога не сме дома.

    Ај сеа со ред.
    Бебе уште ти нема ни година мислам. Тој период и мене убаво ми јадеше. Цртани не го интересираа. И јас и маж бевме децидни дека нема да даваме екран. :!:Минимум до основно.
    После годинка почна да се бунтува. Изигравање кловн не проаѓаше веќе. Он гладен - јас нервозна. Доаѓаше време за оброк и се препотував од помислата.
    И така...
    Сега седнува на столче, покажува со прстот на тв или на тел и јаде цел тањир.
    За мене немаше полошо од мислата - гладно дете.

    Пишав не викај два пати, зашто размислував баш исто како тебе. Се дур дете реши дека ќе живее со денови само на млеко...
     
    На BabyT*, Sky-butterfly, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    нема да даваш надвор. Ќе си го организираш времето.

    ќе пројадени без тв. Ама таа фрустрација да имаш дете нејадач дур не ја минеш џабе зборуваш на темава.
     
    На mal.ecka, eli25 и duffi им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Во однос на темава штотуку читав статија https://www.mojpedijatar.co.rs/ekra...etove-koji-su-nezavisni-od-onoge-u-kome-zive/

    Лично јас не сакам да гледа ич ,и затоа по цел ден е исклучен тв.
    Да кога спие е мртва тишина најчесто и сите ме караат јас сум ја научила така дрн дрн ама подобро нека бидам и крива зошто сака да спие во тишина отколку не дај боже екранизам...убаво е опишан во статијата што е екранизам
    Е сега навечер после 5-6 кога си доаѓа татко и го пушта тв и што и да има на него таа зјапаше таму до скоро. Сега веќе не цело време ама знае да се загледа без да трепка. Па лошата мајка и ја зема во спална ,за каде што забрани да се стави тв и баш поради тоа татко и пола ноќ дреме на кауч во дневна ама пак не ми е гајле .
    Здравјето на бебето е поважно од сѐ. Ако не може без тв и нека си спие во дневна негова работа.

    Јас од секогаш сум го нејќела тв ,воопшто не ми задржува внимани ниту филм ниту серија. Си читам книги,и планирам наскоро и неа да и читам :)
     
    На Ava.84 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Јас многу убаво знам како е да не јаде без тв и седнат во неговото столче. Секогаш темпиравме да сме дома за оброк, затоа што надвор едноставно ќе го скокнеше.
    И ден денес не ми јаде по одмори и викенди или на друго место. Освен кај моите и неговите.

    Не го сметам тв за зло. 21 век сме и гледање пола час дневно, не е воопшто страшно.
    Зборува македонски. Сега научил и куп англиски.
    Не зборувам за дете врзано за екраните, ама кога си доаѓам од работа и ме чека да му правам ручек, му пуштам да погледа. Се друго правиме кога ќе заспие.
    Кога не одев на работа беше друга песна. Сега организацијата на денот ни е целосно сменета.
     
    На Sky-butterfly, Ava.84, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    @The Unicorn Ама сепак ти си ти, јас сум јас. И тоа е во ред, не е нешто лошо што не би постапиле исто за иста работа иако сме имале исто мислење некогаш за нешто. :)

    Е сега и ти. :)
    Не мора да поминам нешто за да имам став, за да сфатам како е или за да имам право да пишам на темава, а да не е џабе како што ми велиш.

    Ептен лично го сфативте мојот став дека нема на моето дете да му дадам да јаде пред тв.
    Сепак не може да се тврди нешто за некој што не се познава. Вашите постапки се ваши, а не правило. Ако вие сте дале, не значи дека и друг ќе даде доколку се најде во иста ситуација и не може да сте сигурни дека како вас ќе постапам и дека нема да се снајдам на друг начин којшто можеби според вас нема да е добар.
    Така сте сметале дека треба, мора, смее, не знам како да се изразам, а да не мислите дека нешто треба да се убедуваме. Сигурно ви било најтешко, сепак важно е да јадат.

    Не е лесно и едноставно и ви верувам дека фрустрира тоа. Не се разбирате една со друга само тие што сте се нашле во таква ситуација, ве разбирам и јас :)
     
    На dunika и Mantub им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    јок. Не разбираш. Така викав и јас и 3м пробував се друго.
    Зорт тера на се
     
    На mimiiiii, mal.ecka, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Разбирам, разбирам.
    Сигурно си пробала сè што ти текнало.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Сум многу против бидејќи внука моја од тоа зјапање во телефонот постојано и се искриви окото и почна да и бега на страна.

    Веќе 3+ месеци сме ние и дури сега пред недела дена почнав да го оставам по малце пред тв додека да отидам до вц, или да сработам нешто. Претходно мм не одеше на работа и немав потреба од тв, ама сега за сега ми врши работа за на кратко кога е. Иако е во релаксатор и пред тв го гледам не е многу заинтересиран повеќе си разгледува на страна или гледа во мене додека работам само на кратко го погледнува и толку.
     
    На kjofti4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Нема тема за бебе да влезам да се заинтересирам, а да не се осетам како да сум лоша мајка. ТВ не гледаме ама го пуштаме, во спротивно имам чувство ко да сме на парастос. Подлегнува понекогаш, а ако приметиме дека се хипнотизира гасиме или го тргаме.
    Во принцип за ништо немаме ригорозни ставови и гледаме се да е умерено.
     
    На Brpbrp, Sky-butterfly, SkarletOHara и 5 други им се допаѓа ова.
  18. new-mom

    new-mom Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Се соживувам со коментаров :D
    Бебе е премногу палаво за да го оставиш сам и секунда, пуштам youtube кога готвам или чистам за да можам да завршам на раат. Првично и ја не дозволував телефон никако и цела бременост ја поминав со такви некои ставови и осуда спрема мајки што дозволуваат гледање на тв, ама од кога се роди мали сфатив дека реалноста била друга.
    За жал по цел ден сме сами, маж работи од сабајле до вечер, единствен излез за да се заврши нешто ми се песничките на youtube (feeling guilty) :worried:
     
    На inception и 2505 им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    21.667
    Пол:
    Женски
    Кога беше бебе не и пуштав тв ич, си гледав јас што сакам, а и реално не гледам потреба зошто на толку мало бебе би му пуштила тв...
    После некаде околу годинка почнавме чат пат да пуштаме песнички, цртани не ја интересираа.
    Почна да гледа мислам периодот со морбилите зошто остана дома ама не цело време и не често. Летото пред да напраи две години кога отидовме на одмор не и пуштав и заборави, таблет и мобилен немав дадено.
    Сега откако остана дома до коронава на почеток беше страшно, цело време да се гледа, таблет давав само да испијам едно кафе раат и да ставам ручек, не да гледа туку игрици, да си бои и слично.
    Но бидејќи осетив дека ќе се зарази го тргнав скроз...и без мака..
    Нема таблет и крај.
    Но, да кажам дека не пуштав ништо друго освен песнички додека не прозборе, рано прозборе она.
    Сега веќе не го ни перцепира тв, тој работи, таа си заигрува сама.
     
    На Ava.84, mal.ecka и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.368
    Незнам зошто се осеќате ко лоши мајки навистина.
    Ако детето нормално се развива, ако зборува најнормално што е лошо да јаде пред тв? Може фаза е , нема цел живот да јадат пред телевизор. И јас не се осеќам за лоша мајка ако немам време да го молам за јадење а ми бара тв., Одам на работа се прибирам у 5 , домашни обврски и ред други работи, па одтанува до вечер да се молиме и ништо да не изеде ли?
    Дур јадеше блендирано јадеше се, сега не јаде грав, леќа, риба, компир.... ама ова не ми проаѓа ни пред телевизор пример.
    Дајте нека не биде темава ко оние групиве со најмајки :)
     
    На mssuniquee, duffi, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.