1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебиња и screen time (ТВ и мобилни уреди)

Дискусија во 'Бебе' започната од Филотеа, 9 февруари 2021.

  1. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    До година ипол, екран не постоеше. На година ипол со дозвола од педијатар заради специфична ситуација гледаше што и да пуштевме зашто се му беше ново, до 2 години имав апсолутна контрола над времето пред екран. Тешка бременост направи да подизгубам контрола и темпераментот на детето се смени откако почна да гледа повеќе цртани, повеќе избувливост, нешто што од помала возраст го приметувам кај помалото дете зашто зашто заради другото, од најмала возраст е изложено на тв.
    Огромна разлика има од тоа кога сум била посветена на едно, и одговорна за новороденче и тодлер, сама, по 12 саати во денот, 6 дена во неделата. Ме теши дека штетата од екранот ја надополнуваат со взаемната интеракција и љубовта еден кон друг од првиот пат кога се видоа.

    Никогаш не пуштам телевизор а (телефон и таблет не постојат за деца кај нас), за да завршам некоја работа, не сработувам или сработувам набрзина со расплакано бебе, заедно со него или едноставно се е хаос, како што е најчесто, ова за помалото, а поголемото кое е 3годони добива кога ќе посака, а се исклучува штом му спомнам дека нешто ќе играме.
    За јадење се изјаснив во другата тема, ама ставот ми е дека е многу лоша навика што еве јас ја влечам возрасна.
    Во оваа цела година, среќна што поминавме со многу време поминато пред екран, а сите живи и здрави, така што како лоша мајка апсолутно не се осеќам.
    Свесноста за штетата од екрани е таа која ќе настапи во време кога наместо да ги затварам дома, слободно ќе одиме на одмори, викенди, кај баби, во игротеки.
     
    На CareTee, Ava.84, MinnieM и 3 други им се допаѓа ова.
  2. inception

    inception Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    730
    Пол:
    Женски
    Јас пуштам телевизор и телефон давам чат пат. Сабајле додека се расонува пуштам тв и гледа Пепа Прасе и Paw Patrol мада веќе им откажува љубов на кучињата. После тоа се заигрува и обично пуштам некој друг канал да брмчи у позадина. Исто и навечер си знае, накај осум ипол гледа Пепа и после тоа на спиење.

    Телефон давам обично додека спремам јадење или ако одам да се бањам, а сме сами. А често сме сами. Еве денеска успеав да се истуширам без да дадам телефон. Уште беше сонлив од дремката и се врткаше у креветчето. Ама не се сите денови такви.
    Ако сум му дала телефон, а треба да јаде, знае дека се гаси цртанот и се јаде. Али бар за тоа не прави проблем, јадач си е човекот.

    Иначе за месец дена ќе прави две години, до пред еден месец дали кажуваше 2-3 зборчиња. Последниов месец научи доста зборови и да му кажам нов збор брзо го учи, неколку пати ќе му повторам и доволно му е.

    За споредба, кај внука ми Бејби Тв е 24 часа пуштен. Скоро пола година е помала од моево, јаде со телефон, дури и бира кои песни ги сака да и пуштат, а збори многу, многу повеќе. Знае и да сврзе реченица, животински звуци, кое животно што дава.. Моево до пред некое време знаеше само гол да каже за топка :rofl:
     
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Според мене, се ствараат премногу теми на непотребно размислување околу грижа и растење на децата.
    Никогаш, додека не ја видам темава, не би ми текнало да размислувам дали да уклучам ТВ или не, за да не го деаранжирам понатамошниот детски развој.
    Јас сум дете, израснато со ТВ, во мое време беше глупо да не пушташ ТВ, не си ин и да не ги знаеш сите програми што вртеа на неколкуте канали кои ни беа достапни. Кај нас дома буквално гореше телевизорот 24/7 и се гледаа сите можни програми (верувам дека било така и додека сум била бебе). Сум прозборела на 1 година.
    И еве ме, 30 и кусур и воопшто не сум опседната со гледање ТВ, а и кога го уклучувам, ми е како за во позадина, не го ни гледам.
    И пред првото дете горел телевизор, а и пред ова. Не разбирам зошто би ги менувала навиките, децата треба да бидат дел од секојдневието, а не нешто да им биде одземено и забрането.
    Нема потреба од толкаво претерување и влегување во филм на "совршено мајчинство", децата си растат и нормално е да ги интересира периодично телевизор, таблет или телефон, побогу 21 век сме.
    Нити глупи нити неми ќе станат.
     
    На Либра09, BejbiBlu, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Сум против ама искрено пуштам baby tv или mickey mouse на TV вкупно 15мин дневно, повеќе и беба не гледа. Тие 15 мин ќе завршам нешто бидејќи секој ден до 17ч сум сама, ама затоа мобилен нема шанса, посебно ако шетаме
     
  5. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Ние до 1 година воопшто не пуштавме телевизор, не сме ни ние некој што седиме и гледаме телевизија, ни јас ни сопругот, а сме пуштале песнички или радио некоја друг музика во позадина. сега има година и пол, пуштаме тв, ама воопшто не се загледува, си игра, а знае само да зирне и да си продолжи тоа што прави. Искрено, некогаш имам потреба барем 10 мин да седи и гледа цртан да можам да завршам нешто, меѓутоа никогаш тоа не се случило, едноставно не го интересира.
     
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    93.460
    Пол:
    Женски
    @NovusOrdoSeclorum не ти е издржана споредбата од ТВ во доцни ‘80ти и рани ‘90ти,кога повеќето од нас се родени,со сега.
    Тогаш имаше касети со цртани,на ТВ пола час или еден цртан дневно,и тоа синхронизоран со одличен македонски правоговор.
    Сега е друга ситуацијата.Под екран мислиме главно на телефони и таблети,чие прекумерно користење и те како го блокира детскиот развој,постојат илјадници научни студии за тоа.
    Бебе што уште не прозборело нема никаква потреба од цртани,ништо не разбира,само се хипнотизира од јаките бои а звуците ствараат лоша мозочна стимулација.
    Добар дел од децата кога тргнуваат во училиште не знаат да се изразат на мајчин јазик,повеќе користат мешано странски изрази кои им доаѓаат природно,а се во фаза кога треба да се описменат.
    Имаат пристап и профили на социјални мрежи каде освен глупости нема што да се научи.
    Имам малечки во блиска околина што толку се внесени во таблетите,што не те ни перцепираат кога им се обраќаш.И тука вината ја наоѓам кај родителите,контролата е сепак во нивни раце.
    Апсолутно не мислам дека еден час во денот е лошо да се гледа тв/цртани или било што,има одлични содржини со едукативен карактер.
    Зборот ми е дека не треба да се претерува.
    Настрана деца,од себе да тргнам.Минувам неколку часа дневно на тел,а квичам дека ми фали време во денот,значи можам да сум попродуктивна ако не скролам напразно.
    Се извинувам што отидов офф топик,темава е за бебиња.
     
    На Alishan30, 0ли, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Со отворањето на темата не ми беше целта да создадам недоразбирања и да поттикнам чувства од типот кој е подобра или полоша мајка. Само видов дека воопшто не се зборува за ова, а како што гледам сите имаме ваков или онаков став околу темата, па убаво беше само да размениме идеи, без некакви негативни чувства :) :sun:
     
    На eli25, elimkd и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @dunika мислам дека не се разбравме.
    Нема потреба бебе да гледа ТВ кога воопшто не разбира, а за социјални мрежи и лупање детски слики на нив сум ептен против, пред се ради педофилија. Точно е дека децата се преокупирани со англиски јазик, а својот не го знаат, што сум против исто. Мајчин јазик треба да е на прво место.
    Коментарот ми беше за оние кои викаат дека воопшто не пуштаат ТВ ради детето и се против ТВ пуштање општо.
    И родителите треба да пуштат мозок на пасење и да си пуштат нешто, а не да живеат како заробеници на децата.
    Некои живеат во ептен мали станови и немаат можност да е ТВ далеку од децата. А и нема потреба од тоа, само контраефект им се прави.
    Поголемото дете никогаш не зјапало во ТВ иако честопати кога е баба на гости знаел да биде уклучен цел ден. Па еве го, таблет, не го занима, по спортот е. :)
     
    На eli25 и dunika им се допаѓа ова.
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    @NovusOrdoSeclorum Што има лошо што во тоа да смениш навика ако ти така сакаш? За што и да е. Навика ко навика, голема работа.
    Зошто да пуштаат ТВ тие што не сакаат ако сметаат дека така е правилно за нивното дете? Требаше да ги цитираш, да знаат на кого мислиш, па ќе си разврзевте муабет.
    Еве јас не гледам ТВ и мозокот на пасење ми е додека пеглам, кога играм или шетам со малиот, кога се бањам пола саат додека не го потрошам бојлерот, додека сум на форумов и да не набројувам. Не мора со ТВ да се релаксирам, има и други начини ако навиките не ми се како твоите.
    Еве не ми фали ТВ, немам навика да го пуштам. Треба да сменам и да пуштам ТВ во позадина?

    Што значи влегување во филм на ,,совршено мајчинство". Мислам дека не постои такво нешто да се филмаш кога правиш како што мислиш дека е најдобро за твоето дете.

    Или спомнаа поназад збор ,,најмајка". Ќе ми извини жената што не ја тагирам, не ми текнува која пиша и да не се враќам да видам додека пишувам.
    Честопати среќавам ваков збор, кој заедно со ,,немајка" се без врска зборови и не знам кој ги измислил.
    За ,,немајка" знам на форумов дека го употребуваат за себе кога се шегуваат на своја сметка. Не ваљда дека така се осеќаат поради туѓо мислење.
    За најмајка. Апсурдно ми е на некоја да и' е цел да се прави повеќе мајка од друга или да помислам дека некоја се труди да пишува само за да остави впечаток дека е подобра мајка од друга.
    Секоја тука си е најдобра мајка за своето дете.
     
    Последна измена: 12 февруари 2021
    На Kaja991, dunika, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не гледај ТВ бе @0ли ако не ти се гледа. Јас па ич не гледам, ни пред деца, ни по деца. Маж ми знае да гледа по работа. И нема зошто да му бранам или да го бркам од собата, или да ги преместувам децата, за да не се сретнат со лошиот чичко ТВ, затоа што ако тоа го правам, напротив, ќе им создадам страст кон "забранетото" за во иднина.
    Тоа е мој став, ти си имаш друг.
    Воопшто не те нападнав и немам ни право, ниту па некогаш сум приметила да ти нападнеш некој кој не го дели твоето мислење. :)
    Влегувањето во филм на совршено мајчинство го упатив кон оние кои ригорозно ја осудија употребата на ТВ пред детето кај останатите мајки, со непотполни аргументи дека е тоа не знам колку страшно и језиво. Баш тие со "најмајка" и "немајка" максимата.
    Искрено, не запазив кои се, ниту па би сакала да ги цитирам, затоа што честопати кога сум го правела тоа, сум влегла во жестока расправија, веројатно и по моја вина, бидејќи соговорникот се почувствувал лично навреден, што според мене е невозможно бидејќи станува збор за анонимен форум. :)
     
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    @NovusOrdoSeclorum Нема потреба да се напаѓаме, тамам работа. Не се осетив нападната, си правиме муабет :)
     
    На NovusOrdoSeclorum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Ригорзно кај бебиња, за кое и ти се согласи погоре, темава во бебе е ако не виде. Во Дете има друга тема за децата.
     
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Па за бебе и зборам првично.
    Кој дава на бебе да гледа ТВ?
    Ама ако гори ТВ во собата, Боже мој.
    Моето не го ни погледнува и да го терам.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и ти малку се испомеша, во првиот пост велиш и дека веројатно и како бебе ти пуштале, па ете океј си, потоа велиш не на бебе, па кој воопшто пуштал на бебе...

    Мислам дека е најдобро да се задржиме конкретно на темата, бебе е до една година, си има и посебни препораки, потоа е тодлер веќе, а за тоа има и теми во Дете.
    Така што ограничете ги коментарите само на Бебе.
     
  15. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    2.618
    Да ја живнеме темава мајки, јас на бебе не давам и нема да давам додека можам нели, да гледа телевизија и мобилни телефони. Во спална тв не е запалено 2 месеца сигурно а во дневна гори тв ама ако го шеткам таму или кратко седиме го вртам со грб за да не гледа. А сум приметила знае да се загледа ептен ако на секунда го оставам свртен натаму. До кога не би давале тв и мобилен или давате од сам старт?
     
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас дал е паметно дал не не знам ама и пуштам кога морам да завршам нешто тв зборам,тел не сум дала уште некој пат гледа некој пат све друго праи освен да гледа
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.171
    Допаѓања:
    45.766
    Пол:
    Женски
    За првото и дозволив на 9 месеци да гледа на тв, да завршам некоја работа набрзина низ дома.
    Второво скоро 2 години има, не ја интересира вооошто тв, и не гледаше никогаш. Ама затоа ја занимаваше големава за да сработам нешто.
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Јас искрено се прашувам до кога ќе издржиме. За ТВ немам проблем и не ме загрижува. Ние не ни гледаме нит пуштаме преку ден, навечер ако има време си гледаме филмови во дневна, еве денес фудбал ќе се гледа ама бебе ќе спие во спална :D. Е мене телефоните и компјутерите ме загрижуваат:| и јас и маж ми и сите околу нас се нон стоп на телефон, а работиме од дома двајцата и пак е неизбежно. Како ќе се научиме да не бара телефони искрено не знам, а ич не сакам да и давам. Ако на некој му успеало нека каже.
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.828
    Јас и' пуштам baby tv често, на одредени цртани реагира, се кикоти.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  20. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    До 2 години. Скоро на пола сме. Таа е препораката соодветна на многубројни студии кои докажале дека ТВ и екраните штетат и до 2 год. да се одбегнуваат. Исклучок е видео-чат, дека тогаш станува збор за интеракција и е дозволено. Ама телефонот стои вон дофат.

    На темата јадење со екран: и моето е нејадач, па не сум ни помислила да давам екран за да јаде. Давам друга лажица, па трета, па друга чинија со претурено малку од храната, па брка со прсти, растура храна насекаде. Колку изеде толку, некогаш повеќе некогаш помалку. После секое јадење чистам стол, маса, под, па и бебе комплетно зошто е лом, ама оно е наиграно и задоволно, па и (под)најадено.
     
    На IRBBB, Осе, zverkica и 1 друга личност им се допаѓа ова.