Бебиња и screen time (ТВ и мобилни уреди)

Дискусија во 'Бебе' започната од Филотеа, 9 февруари 2021.

  1. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.618
    Истото и мене ме мачи, гледа уште сега дека штракаме на телефон којзнае како, нема да ги користиме или блутут во уво директ хах
     
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    4.450
    Ее а на фемина како ќе куцкаме :rofl:
     
  3. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.618
    Тоа е најбитно, да се најаде бебе, за чистење е најмал проблем, ние уште сме мали за хранење ама се надевам и јас вака со занимација дека ќе го најадувам синко
     
    На *katja* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.618
    Дур спијат, еве како сега дур спие бебе хехехе
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.583
    Пол:
    Женски
    Околу 4 м. беше кога прв пат пројави интерес и така јас почнав да седам без тв. Некако поминавме до кај 8 месеци да не се учи да зјапа , после фати лето повеќе надвор бевме. После годината веќе не ја пазам за тв со тоа што не зјапа пак туку кога нешто ќе ја интересира гледа пример реклами . А телефон ретко ретко добива ако плаче да не можам да ја пресоблечам или смирам со друго.
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    7.294
    Пол:
    Женски
    Мојава е 7++, мобилен не давам ама на ТВ си гледа песнички, стрикно на македонски јазик.
    Си ги пее песничките по нејзино, веќе вика и мама, така да не гледам да има некој проблем поради гледање тв.
    Никогаш не сум држела изгасен тв, музика константно ни иде.
    Брат ми израсна на Картон Нетворк и Бумеранг, па ене го астрофизичар е.
    Доколку му збориш на бебе, му обрнуваш внимание, му читаш, мислам дека не би штетело песнички да си слуша.
     
    На nevermet18, Anaroz1, Pacient srna и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Од кога наполни годинка дури тогаш почнав да го оставам да гледа тв, пред тоа кога беше уклучен, кога не, ама и не го интересираше дека беше помал и не разбираше толку, а сега е година и 6 месеци и цело време си гледа тв, опседнат е со маша и медо и во несев паѓа кога ги гледа, ама пак не е константно пред тв и си играме, редиме коцки, возиме колички или со топка, па сега дека е топло и повеќе сме надвор.
    А телефон уште не сум му дала, и нема шанси да му дадам, колку можам да одолговлекувам толку, он ми го зема телефонот ама не знае ни да го отклучи ништо, и што ме гледал како зборувам го става на уво и си игра така, јас му зборувам демек разговара со некој и се смее.
     
    На Anaroz1, lilyen и Осе им се допаѓа ова.
  8. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.127
    Допаѓања:
    45.208
    Пол:
    Женски
    Точно. И јас сум против на телефон да гледа. Колку- толку, телевизорот е подалеку и не смета толку, а телефонот буквално во очи ни е пикнат.
    Имав едни пријатели, кога доаѓаа на гости со 4 месечното синче и ако се завртеше тоа кон телевизорот, со раката буквално му ги покриваше очите. Постојано го вртеше во спротивен правец од телевизорот.
    Не сум била дотолку, ете пишав погоре дека после 7 месеци им допуштив да гледаат тв, а телефон само да го држат во рака,а не да гледаат.
     
    На nevermet18, Осе, Tea SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.177
    Пол:
    Женски
    Моето е скоро 7 месеци, по цели денови сме сами дома и можам да кажам дека е мирно бебе. Скоро сите обврски си ги вршам заедно со него и не ми прави проблем, ама 2-3 пати во неделата кога ептен нешто ми е кнап да завршам му пуштам детски песнички на ТВ и тоа најмногу 15минути, повеќе слуша отколку што гледа ама интересно му е. Јас сум против екрани, лично телевизија никогаш не гледам освен навечер Нетфликс ако пуштам кога ќе заспие, ако немам друга работа. Е, од телефонот знам понатаму ми нема спас како да го ограничам оти како прво ние сме нон-стоп со телефони, ама има време за тоа ќе ја мислам.
    Воопшто не ми е убаво кога гледам мали деца со телефони по дома цел ден или родители излезени и детето на телефонот дреме. Тоа мислам никогаш не би го дозволила.
    Мене ме буни и не ми е убаво тоа што сме во странство, па имам многу видео повици.. Не можам да и ја скратам радоста да не го гледат, оти прво будење и ми пишуваат ако е буден да го видиме. Гледам да скратам ама две баби по 10-15 минути, и некоја прабаба или тетка ако се јави во денот 1 час се собира. Не дека тој цело време се ѕвери во телефонот, некогаш си игра и ја вртам камерата само да го гледаат ама пак и тој веќе разбира, гледа во телефонот и си гука нешто по негово оти го задеваат.
    Чаре? Мислам дека нема.. тоа е проблем кај сите што живееме на страна мислам. :wasntme:
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    2.235
    4++ сме и дома седиме цело време со уклучен телевизор музика во главно ама не се загледува, или ќе се загледа ама кратко, не му држи внимание. Некогаш пуштам детски песнички златно славејче и му пеам и играме. Е сега откако направи 4 месеци ако треба да зготвам го оставам во релаксатор и му пуштам биби песнички 15тина минути додека завршам ама гледам повеќе му се интересни ноџињата пошто си ги гледа кога е во релаксатор. Подгледнува и во телевизорот ама не долго. Е сега гледам да не е повеќе од 15 минути и исклучиво на македонски му пуштам. И мислам дека нема штета ако 15тина минути гледа ТВ. За телефон пошто не живееме во ист град со бабите дедовците за да се гледаат им вртиме со камера исто неколку минутки од далеку телефонот.
     
    На Anaroz1, Tea SK и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Нема веза тоа така на камера додека ти го држиш телефонот, проблем е кога почнуваат сами да го држат, и го лепат блиску до очи и зјапаат цело време.
     
    На cresa-jagoda, Осе, Bubamaricka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.127
    Допаѓања:
    45.208
    Пол:
    Женски
    @Ladybug98 и јас сум настрана ама само еднаш во денот ги гледаат бабите и тоа навечер ,а другите 2 пати во неделата. Ако ти е мисла , врти ја камерата во негов правец,тие нека го гледаат, тоа не мора постојано да гледа во екран.
    Во почетокот јас го оставав телефонот потпрен, децава си играа, тие ги гледаа, си муабетеа.... јас си бркав работа низ дома :D
     
    На cresa-jagoda и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  13. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.177
    Пол:
    Женски
    Па или тој си лежи, си игра јас го држам телефонот или телефонот ми е на маса и бебе во раце. Кога ќе почне да бара да го фаќа и он ќе правиме видео повици преку тв :D
     
    На Snowflake97 и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  14. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.127
    Допаѓања:
    45.208
    Пол:
    Женски
    ^ не е страшно од 10-15 мин, не му се секирај толку :D
    Пострашно ќе биде кога ќе пораснат и почнат да гејмаат:D
     
    На Ladybug98 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Да, и јас се плашам за во иднина кога ќе порасне, ама колку и да сакаш да го изолираш од технологија не е возможно кога и ние самите ја користиме.
    Ама таа слика кога ќе видам дете мало од 2-3 години со телефон во рака па и само си пушта на јутјуб видеа, дури не ја крева главата многу лоша слика ми е.
     
    На cresa-jagoda, Tea SK, Kasiopaja221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    4.177
    Пол:
    Женски
    Лелеее кога ги гледам што прават ми се врти се во желудникот мислам. Тоа си викам нема никогаш да си го дозволам, ама ај ќе си ќутам оти незнам што ме чека.
    Да си на работа и да немаш целосна контрола можам да признаам некако или веќе поголемо дете и да има одредено време за телефон/тв. Ама имам пример мајка цел ден дома и со детето од 7 години не си прават муабет оти по цел ден игра со слушалки и пишуваат домашно во 10 навечер оти он е зафатен. Па до толку да не му најдеш активности на детето и да му дозволиш е претеризам. :shake:
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  17. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.127
    Допаѓања:
    45.208
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам @Ladybug98 @Snowflake97 , живееме во време каде зависиме од технологија,па е невозможно да се избегне,за жал.
    Ама сум да се воведе баланс. Ете да го оставам моето 5 годишно дете , цел ден би гледало јутуб. Ама сум строга во тој поглед.

    Во комшиите имав еден пример,детето 24/7 беше на компјутер, подвиткано, си заработи сколиоза.
    Мислам гревота е младо дете да не гледа свет, и да има искривен 'рбет . Ама тоа е
     
    На Осе, Snowflake97 и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  18. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    8.513
    Пол:
    Женски
    Баш за ова размислував неколку дена.
    Имам блиска роднина со бебе два месеца. Кога и да ми прати слика детето е тупнато во релаксатор пред телевизор. Ај да е некои видеа колку толку прикладни туку тоа иде шабанарија, свадби итн. Не дека разбира дете ама ајде. Мене малце ми е нелогично. Еве мојава 4+ не ми ни текнало еј чекај да ја ставам да гледа во телевизор. Можеби тоа е поедноставниот начин за да го утепаш денот со бебе ама па два месеци бе бебе. Греота тоа блее некаде. Јас кога гледам дека веќе нема интерес за тропалки, вежбички земам и и играм. Играње па и по пола саат. Она паѓа у несвест. Некогаш ми е до играње ама некогаш ми иде да играм и да плачам ама што да правам:wasntme: Иначе само со музика сме цело време, најчесто метрополис радио си пичиме цел ден. Она веќе и си спие со гласна музика преку ден. Исто се мислев што песнички да и пуштам понатаму. Искрено ми се бљуцка од оние наши песни кога се лути тато, мамина маза итн. Размислувам за алтернативни ама да бидат македонски нормално. Дали ќе бидат тоа шлагерчиња ќе видиме.
    Морам да спомнам еден позитивен пример на другарка што живеат без телевизор и нивната ќерка има веќе 1.5 годинка и функционираат одлично. Секако тоа бара поголема вклученост на мама/тато во игра и анимирање ама мислам дека тоа баш квалитетно поминато време како семејство и се надевам дека ќе успешно ќе се снајдеме и ние.
     
    На MeowMeow, nevermet18, zverkica и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Не врзано за ниедна членка овде ама ќе пишам што знам до сигурност.
    Мајка на дете стриктен притивник на телевизии и телефони дете поише од 5 мин телевизор немаше видено па сигурно до 2 години. Детето порасна. Од хбокс и лап топ неможат да го симнат. Ни надвор ни бутур. Детето денес има 15 години и е мој брат. Брат ми не знае убаво да збори од таа причина што збори англисли и во главата буквално си преведува на мак. Сега е по ок од таа перспектива.
    Друга мајка пред некој ден што зборев со неа вика јас не сум забранувала чак што више и едното дете така ми порасна (3 деца она сама фома по цели денови со нив маж на работа) детето си збори детето кога гледа цртани денес кога не, зависи до расположение.

    Наравоучение на муабетот ми е дека можеме ние да даваме или не детето утре пак ќе си порасне и ќе прави како што сака. Неможеш ти да го штитиш до бескрај.
     
    На Anaroz1, drugarka, LazaLaza и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Колку е позитивно ова, толку и не е, затоа што не е убаво и претерано штитење, мене ова па не ми е разбирливо, сепак има и едукативни содржини и цртани за деца, не мора глупости да гледа.

    Овој пример е баш таков ете каде што твојте пријатели сакаат детето да го изолираат од нешто што е секојдневие, а може после понатаму во животот да биде како примерот под тебе што го пиша членката за брат и.

    На дете треба се да му се дозволи, ама со граница.
     
    На nevermet18, Anaroz1, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.