Скоро 17 месеци. Не бранам тв, си гледа Биби и Боби сама ако побара. Вкупно во денот гледам да не е повеќе од 1 час. Сега откако е стоплено времето надвор има денови воопшто не гледа тв. Кога ќе се прибереме дома игра со играчките и не бара. Ама ако сме по цел ден дома си бара и пуштам. До 1 година не ѝ пуштав ништо освен песнички ама не да ги гледа туку така да врти музика. Од една песна дури научи како прави коњот.
Јас мислам дека е до детето. Мојот е скоро 3 год не седнува да гледа, реткоооо, а некогаш ми требало, бил болен да одмара ајде да гледаме, не сакал. И се е на периоди некако. Порано, сум му ограничувала,не дека сум му забранувала, ама еве веќе долго време нит е ограничено нит е забрането па нема некој особен интерес, него други работи го интересираат. Малово бебе, 4 м, од друга страна воодушевено е од сликите. Се парализира, па се соживува ако случајно и пројдам пред тв. Правам споредба со две мои деца, големото на 4 м, не ни се вртеше по тв. Со малово знам дека ќе биде потешко да го ограничам, се гледа од старт. Ама нема да му го забранам, ќе си има време време за се. И за тв и за игра и за активности и за спиење. Но сепак мислам дека 4 м е мал многу, можеби понатака. Мора се' да се надживее, нашите деца растат во друго време од нас, до нас е да го прифатиме тоа.
Сега за сега само му пуштам музика, ама да ја слуша, не и да ја гледа. До сега се има случено два пати да погледне (на лаптоп беше пуштено), му се виде интересно и се зазјапа едно 2 мин додека трае песната и после исклучив. Некако многу ми е мал за да му дозволувам да гледа погодолго. Еднаш ми пратија слика од на роднини детенцето, немаше 6м, не знаеше да седе, ама битно го легнале меѓу перници и телефонот во раце, зјапа, очи ќе си извади. Зошто? За и родителите да си дремат на телефоните...
Еден абдејт од мене: најмалку 2 месеци нема шанси да загледа цртан, абер нема, никаков не ја привлекува. А едно време се загрижив дека претеравме со BabyTv-то, мислев ќе имаме мака со одвикнување.