И јас вчера ја гледав, значи тоа било првата епизода. Реприза не знам кога ама како што видов на програмата вечер во 23:27 пак ќе има. И сега на Сител ја даваат, една меѓу многуте срање од турски, индиски и не знам какви серии. Баш ми падна интересно, старата Беверли Хилс ја даваа на МТВ во недела, некаде после 11 часот навечер, а утредента знам требаше да станам, во 6:30 за на школо. Ееееех времиња. И со нетрпение чекавме недела да ја гледаме.
Не, туку не идела секој ден. Од недела до вторник или така нешто, не знам, не ја гледам, ама така нешто беше.
Добра беше првава епизода од 5 сезона, добар старт направија Спојлер Криво ми е само што Carly Rae Jepsen не ја испеа Call me maybe со Андријана во дует Жал ми беше за Диксон кога ја побара прво Андријана да ја види додека таа си се онадеше со друг тип (добро и онака не ми идеа многу како пар Диксон и Андријана премногу различни ми беа) Наоми како и секогаш ѕверка, а Макс некако ми е разубавен
Не знам дали ми е период или до епизодава беше, али се утепав од плачење на новава епизода. Спојлер Многу ми беше жал за Диксон, а оваа Адриана ептен стана кучка, не можам да ја поднесам, како и Ванеса,ми се здосади од нив две.Ми се свиѓаше одлуката на Силвер, али си се надевам дека сепак на крај ќе заврши со Навид, пошо они двајца највеќе ми одговараат.И тоа ќе да е
Колку ли само се поразлични во почетните епизоди од таму каде што ги гледам јас. Адријана ми е непрепознатлива. А оваа Ени ме чуди како секогаш толку убави машки врти. Силвер сега баш ми е сладка, само велите сите ќе ги прекара м? Мене со Теди ми се најубав пар. А и Наоми и Лиам не се лоши. Стварно многу убави ликови има во серијата. И машки, и женски. За тоа вреди да се гледа. А старата Беверли Хилс ја немам гледано, мала бев тогаш .
Леле глумата на Ени колку е запрепастувачки лоша. Мислам дека глуми најлошо од сите можни актери, во вакви тинејџ ступидни сериички, т.е. не глуми. И грда е, не ја оправија, и не ја оправија значи. Кога му се молеше на Господ за Диксон, тоа требаше да биде срцепарателно и да те трогне, не да биде смешно и патетично. Оваа Наоми претходно, донекаде, ми изгледаше слатка и шармантна со таа нејзина разгалена налудничавост, сега ми е само - лигла и кенкач. И Адријана е слаба глумица, единствено што е стварно убава девојката. Новиот тип беше навистина единствена светла точка во новата епизода од сезоната.
Супер што ја даваат Сител серијава баш е добра едвај чекам д почне ...Сакав да ве прасхам дали мозам негде на нет да ја најдам песната што ја пееше Ени на представата онаа што имаше нешто mama who get me,mama who ..... нека пише некој ако знае кај да ја најдам мнногу ми се свигаше песната!!!!
Колку е досадна петава сезона, дефинитивно само Тејлор, новиот на Адријана вреди. А овој во количкава ќе биде новиот на Ени? Секогаш наоѓа убијци, љубовџии, наркомани, свештеници, инвалиди.
пишувај во спојлер кога зборуваш за делови од серијата инаку јас почнав да ја гледам,имав слушнато не не сум ја гледала малку ме нервира збунетоста на Ени
Зошто да зборувам во споилер, кога сите американски серии се коментираат без споилери, затоа што сите ги гледаат паралелно со Америка.
Другарка ми ја тупеше со серијава пред години, ама не и обрнав внимание, и загледав една епизода на Шител и ми се виде онака океј, па си ја симнав прва сезона, при крај сум. Најинетересен и омилен лик ми е Силвер. Дефинитвно, е една од најубавите девојки у серииве, има некој посебен шарм и харизма. Ени ми е антипатична, подобар кастинг можеле да најдат сто пати, a и очајна глума ми вади Башка сите ми се ко анорексични, преслаби посебно Ани, па и на Силвер добро би и дошло некое килце плус. Навид исто ми е вишак у целава прича, барем за сега. Адриана и Наоми ми се екстра, одлично ги доловуваат улогите, со оглед на тоа што Наоми ми е како зајак, ништо посебно па сите да се трескаат по неа. И Адријана е кукла, само у серијава некако запушетенка ја прават, али каква слики од неа има,како од мис на свет да ја извадиле. Итан не е лош, малку е глупавичок ама проаѓа некако. Како барбика ми е во лицето.
Силвер е стварно прекрасна, мене кога ја гледав во втората сезона на една друга програма не ми беше нешто посебно. Ама сега од почеток што ја гледам има некоја посебна лепота и харизма. Ама Адријана е најубава, права лепотица. Само ме нервира што ја прават со шишки кои дефинитивно не и стојат, во прва сезона. Наоми е убавка исто ама премногу квин б карактер, таквите освен Блер ми се малку антипатични. Туку Ени бре од каде ја најдоа. Грдо и неподносливо суштество . Како се вртат тие машките толку околу неа ми е сеуште мистерија. А од машките се добри повеќето. Највид и Адријана се некако баш пар иако Највид ми е потпросечен кога зборуваме за изглед ама ми одат некако заедно. Наоми и Итан се подобри отколку подоцна со Лиам. И Силвер не личи воопшто со Диксон. Всушност серијата е секој со секој ама ќе гледам додека не ја упропастат ептен и да стане каша попара.
Силвер мене ми е најубава во серијава, посебно во првата сезона. После тоа во другите сезони дали дека ја скрати косата па некако Андријана се разубави па некако таа ми беше најубавка Наоми се разубавува во последниве сезони, некако во првите две сезони не ми беше нешто најубава. Ени кога ја гледам во прва сезона чудна ми е дури дека сега во последнава сезона се има доста променето. Како и да е добра и интересна е серијава, јас знам кога ја гледав во рок од 2 недели ги изгледав сите 3 сезони и еве уште ја гледам серијава и не здосадува сеуште
Продолжив да ја гледам серијава, иако секој се секого се плесна, сепак ми одржува повеќе внимание оваа серија, отколку Gossip girl, Hart od dixie и такви слични... Интересен развој на настаните, мило ми е што Лиам се откачи од психото Ванеса, иако мислам дека ќе се врати пак, да го прогонува . Новата фризура на Диксон е очајна, и како така жити се - прооде туку-така, не ми е јасно, од инвалидска количка се исправи и оп - ајде ќе одам да сурфам. Како на филм, нели. Мислам дека ќе се вљуби во онаа девојката од терапија, Меган, чиј татко го удри во сообраќајката, а Адријана очекувам да си се плеска со оној супер згодниот тип од Вегас. Ени е можно да има нешто со типот во количка, што му помагаше на Диксон. А претпоставувам дека Алек ја мести Наоми, Макс ќе дознае за бакнежот пред она да му каже, па ќе се налути, па после ќе ја сфати вистината, па она ќе му се налути - зашто не ѝ верувал, итн, итн... стрижена-бричена, ќе се влече дејствието. И тоа. Се` на се предвидливо, ама не толку патетично и очајно, како GG, на пример.
А госип има оценка 7.1, додека беверли 5,7. Си ја почнав сега на сител да си ја гледам, таман ми е терминот, пред спиење Интересна е, ме потсетува вака почетоков на Округот Оринџ, у секој случај се надевам откупиле повеќе сезони и подолг период пред спиење ќе ме дружат богативе деца Има убави ликови и момчиња и девојчиња, засега се ми се бејби фејс Главнава Ани ми е антипатична, а и глумата засега не и е најдобра страна, вештачка, многу вештачка.