Абе не е Ени главна, сите се главни, зависи кога-како. Инаку Адријана колку била грда во прва сезона ауууу...Дефинитивно косата е најбитна за изгледот. После без „тулумба“ шишките и со подолга коса е стварно лепотица. Силвер многу убаво ќе се изгради како лик во подоцнежните сезони иако во првата е многу детинеста Новата сезона не сум ја почнала, ама планирам. И за тие што почнаа да ја гледаат на сител - не се интересни баш првите епизоди, ама после станува многу поинтересна серијата
Море серијава ми стана уште поинтересна кога се појави за прв пат Лиам. А сега во последнава сезона ми е уште позгоден дека пак ја скрати косата ау ау Инаку и Навид ми е разубавен сега, во првите сезони ептен ми беше одвратен, али се подобрија сите како и да е, посебно Адријана која стана права лепотица
Само што ја завршив втора сезона, и искрено навистина ми се допадна како се извртија работите. О да, малку дебилно ми е што секој со секого пробува, и онака си ги мењаат дечковците/девојките на 6 месеци,али ипак, ми се допаѓа преcвртот на настаните. Најоми ми е многу смешна, и не дека ми е најубава ама не ми е ич грда како на почетокот, баш ми е кул,и не ми е до толку размазена плава глупава без срце, има добра душа и по накед знае да ги укопча работите Навид исто, јас незнам како можев да помислам дека Навид е вишок, па серијата немаше да биде иста без Навид. Адриана ептен се разубаве, ама сепак Силвер ми е поубава, а и фантастично и стои кратка коса. Некако ова со караниците измеѓу Деби и Хари ми е дебилно,али сепак се надевам дека нема а се разведат. Ани ми е сеуште одбивна. Да сирота беше скоро цела сезона, што не и се случи, ама сепак не е толку невина во целата ситуација и она. Иви и Диксон ми се бош пар, ама и Силвер некако не ми е по кејф со Теди. Онака најјискрено Навид и Силвер би ми биле најпар, Спојлер да да видов на интерент дека ќе се спанџаат и баш ми е драго зашто Адриана по малку ме нервира. Како да е со Навид само кога и е тешко,инаку кога е се океј, ќе најде некој позгоден и ќе го шитне Навид. И најбитното, аххх сестра и на Најоми,козиште невидено,боже јас мислев дека нема да се појави никогап поише, туку таа се враќа со нови скандали.Боже каква кретенка,разбирам да си кучка спрема другите ама спрема сопствената сестра,каква кованица и направи, најголем непријател не би го направил тоа. Серијава ми е како млади бунтовници so much dramaaaa. Можеле да напраат барем секој да се спанџа со пола друштво, не мора со цело,али ипак, има потенијал серијава. 3тава сезона ќе ја гледам малку со паузи, премногу се вратив во средошколски денови
Епизодата бр. 4 Into the Wild премиерно ќе ја има вечер во САД, кај нас утре сабајле на нет (во среда сабајле ги има за симнување). После ќе следи пауза, некаде до ноември.
^ Грешка си. Поради ураганот вчера не се прикажувала ниедна серија во Америка. 4тата епизода од 5 сезона ќе испадне на 5ти ноември, наредна недела И за симнување кај нас ги има во вторник не во среда, бидејќи нивната премиера е во понеделник
Само што ја забршив 3та сезона, и не очекував искрено толку да се заразам со серијава. Одличен сплет на настаните, ми се допаѓа новиот пар Навид-Силвер. Ептен ми се слатки, најбољи пар ми се. Адриана ја претера, кретенка глупа. Јас ја сваќам дека беше повредена и се тоа, ама не се игра со таква сериозна работа како здравјето на Силвер. Значи се се да и напраеше ама што и ги снеми апчињата покажува само каква всушност особа е-игоистична, нарцис, дебилна, разгалена, кретенка. Покрај се што помина и сите беа со неа, она тоа на крај да им го направи на сите. Наоми ми е најсмешна, што се не и се деси, и пак си остана плитка и разменка. Као демек се смени со овој нрдов, али си покажа на крај на сезонава дека е како мало дете, секоја играчка што ќе ја посака мора да ја има, ако не ќе направи се само за да ја има. Осеќам дека ќе и здосади и овој и ќе го шитне при првиот сладок тип што ќе и пријде. И не е старно трудна, лаже гарант. Лиам и Ани ми се досани искрено, а посебно Ајви и типчето, сосема безпотребни ликови ми се. Само се изненадив Навид мислев дека е од Индиец, незнам како не сум сватила порано дека е Иранец. Дебилно беше тоа со татко му, малку. Али мајка му, многу убава жена. Оваа беше најдобрата сезона до сега, највозвудлива и со многу, многу сплетки. А и забораивив Теди бе, не требаше да го напраат геј, ит сакс фор хим, баш ми е мачо, и не би можела да го замислам како геј, не му стои едноставно ич.
Серијава ја гледам и баш ми е интересна (малку да здивнам од турските ) Наоми ми е многу убава . А што се однесува до Адриана требало да мисли на бебето пред да ја земе дрогата а силвер и навид заедно?? убав пар
Ја завршив и 4та сезона, под импресии сум. Спојлер Малку не ми се допадна 2риот дел од сезоната, Силвер и Лиам ворст капл евер. НЕзнам што и штрекна на Силвер жими се да се сплетка со Лиам. Ја претерааа,секој со секого, уште со Остин да ја спанџаат, и сите ги имала Силвер. Лиам пак,мушка курви*ка. Незнам зашто толку по него, не е ни нешто убав, мутав ми е, секоја која ќе стигне го влече на нос. Навид од друга страна страшно многу се разубаве, каков беше у прва и втора сезона каков нрд со косата, сега е стварно како друг човек, убаво си рече на плажата,секси сингл фејмос рич Како да е извишен,посекси у тело некако, и стилот што го фура поише му одговара, косата, цел стајлинг, ептен е бомбонче Али што се исподеси со Силвер глупости, и двајцата со гордост и глупости. Ако не бидат на крај заедно, они двајца ќе се напнам. Единствен пар у серијава кој ми има смисла. И баш сакам да се плеснат со Навид и од него трудна да биде наместо од Теди, ипак дете со мај геј бест френд ми е толку клише. Ени што да кажам, кај го наоѓа бре све лудаци, овој па свештеник, колку сум се смеела кога се опијани и стана да игра на маса, крај. Наоми, стварно ја претера, што не и се деси што не направи у една сезона. Адриана и Диксон ми се најраспар од цела серија. Ајви ја засакав многу у последнава сезона, дури кога збореа за Раџ кај оганот ми дојде солза. Ај уште 5 епизоди од новава и тамн ќе ја пратам у чекор со збиднувањата. АЛИ АКО СИЛВЕР НЕ БИДЕ СО НАВИД пиши пропало,стварно штета би било. И дај нека прекинат режисериве да ги прават сите можни љубовни комбинации, не иде, не е ова crossbreeding па ајде да видиме што ќе испаде ако се спарат сите
Ne mi se dopagaat novive epizodi,sto znam...ne mi ostavija nekoj poseben vpecatok da gi zagledam.Klasicna tinejdzeska serija,kako mn.drugi.Eee starite epizodi bea drugo,niv so zadovolstvo pak bi gi gledala,ako nekade gi repriziraat.
Значи сега за сега сите ми се убави...Ама по карактер Наоми ми е најлигавата во цел филм..другите се сите јуху
Супер беше последната епизода, развојот на настаните е одличен, и мило ми е што конечно Ени си најде салам типче, иако момакот е хендикепиран. Од сите лимонатки, оваа серија и многу изненадувачки - Hart of Dixie, продолжувам да ги гледам со задоволство...
Петава сезона е дно. Мислев дека втората беше најлоша, но оваа ја поминува и втората. Најинтересна беше трета сезона, од четврта пак ја уништија.
Серијава е интересна таман и за да се одмори малку од турскиве серии -.- Малку ми е жал за Ени...остана сама... Адријана е лепотица исто така и Силвер ми е многу слатка и со Диксон ми се супер пар... а најмногу ме нервира Наоми...многу се лигави
Ептен е интересна серијава,ја гледам на сител и знае ли некој до која епизода се од втората сезона ? Ги прочитав сите коментари назад и по тоа што го разбрав едвај чекам да ги видам лиам и ени заедно некако најсладок пар ми се и тоа ке биде во трета сезона а втората има 22 епизоди па затоа сакам да знам до каде се сител
Утре е 8 осма епизода од втора сезона. Не знам дали Сител ќе ја даваат трета сезона воопшто. А тоа што го чекаш е негде мислам кон крајот на 3 сезона, за мене и најдобрата сезона на серијава.
Добра беше последнава епизода навистина, типчето на Ени е навистина згоден, ама и на Андријана тој Тајлер поише и одговара отколку Диксон. Во следната епизода ќе се појави и пејачот Ne-Yo
фала највероватно ке ја даваат и третата сезона нема ваљада да ја остават на пола а третата сезона колку епизоди има?
1 сезона - 24 епизоди 2 сезона - 22 епизоди 3 сезона - 22 епизоди 4 сезона - 24 епизоди 5 сезона - 22 епизоди