Феминки занаете што сакам?Сакам да ги видам Ени и Лиам заедно !!! И мислам дека сега вака ке биде,таа детективката ке пука во лиам али ени ке дојде и ке го спаси лиам и ова ени ке биде во болница за малце ке умре (али нема како и обично)на лиам ке му биде многу жал ке плаче и кога ке влезе во собата на ени,ени цела ке ја нашминкаат и едвај ке гледа и овој ке седне до креветот ени со сите сили ке се дигне и ке се бацат и пак ке бидат заедно Цел филм си направив али мора да биде вака.А мислам дека ени и лиам ке бидат заедно (пак некогаш-не сега ) затоа што они се најсакани од гледачите и нормално на продуцентите да не им падне рејтингот ке ги спојат пак .Чекаме 21 Јануари
Некогаш Лиам и Eни ми одат на живци од што се глупички, трагокомични смотанковици Мислам цело време се вртат еден покрај друг и никако да сватат дека дека се еден за друг, се со некои психопати се фаќаат. Осеќам ќе и најдат уште некој откачен на Ени додека да се скраси, колекционер за погрешни типци е. Ма да мене ми се доапаѓа овој новиов(во количката незнам како се вика), најнормален од сите до сеа и е, инклудинг Лиам. Ама барем едно, ми олесна што Лиам се тргна од Силвер, најбош спарка ми беше тоа. Само уште Навид да не беше толку глуп Нека ја начука, и нека ја легне Силвер и оп едно бебенце и тамн да не се нервирам више , немогу да ги гледам бре, се за малку се одминуваат, као збунете, незнаат што сакаат, посебно Навид со тие типките на вединг рисепшнот на Наоми ми беше комедија, од марс се гледа да умира по Силвер. Ама убедливо најбош пар ми се Диксон и Ејд. Напорни ми се со нивната драма, како они патат се нешто им се дешава трагично нив, коми, дрога, варање... Ејд мене ме нервира антипатична ми станува, посебно ми се блуе од гримасите и кавизи глумата. Наоми секогаш ми била луда и смешна, ако е разгалена, себична и егоцентрична, барем одлично ја доловува улогата. Сирот Макс, што се не претрпе заради неа. Ама екстра пар се, незнам со кој друг Наоми бољи би си одговарала. Одвај чекам да си спојат Силвер и Навид, само тоа го чекам. Инаку некој спомна дека во стара Беверли Хилс, немало како сеа секој со секого, оооу бој аре ју вронг. Па и таму секој со секого беше, Бренда беше во Лук ама и Кели, и плус кели со брендон па и со тој плавиот на почетокот мислам, каша попара исто како тука, само мене оваа ми е позабавна за гледање.
Има и во старата Беверли секој со секого, но тоа е дури по 4 поминати сезони кои беа права фамилијарна драма. Овде првите четири сезони беа прав бордел неспоредливи со старата Беверли во своите први 4 сезони, додека не си замина Бренда.
Имам изгледано неколку епизоди на Сител,од љубопитност и да ги споредам во однос на оригиналот. Прво,не можам да го негирам фактот дека во интервалот меѓу оригиналниот и овие нови епизоди,меѓу другите работи,како една од поважните е дека -пораснав.Друга работа е тоа што имам несреќна судбина секогаш да ја пратам серијава во несоодветна возраст.Не ми е јасно зошто кога сум била дете од 11 години,сум се оптеретувала со вакви работи,кои не сум ги разбирала(врски,факултети дрн мрн),али ај да не навлегувам во таа проблематика. Сега пак,ги надраснав овие работи и не ми се интересни.Можи некогаш да погледам малку,ама да ги следам редовно,да ги чекам или да симнувам од интернет God No! Второ,секоја копија е полоша од оригиналот.Редовно ја пратев првата серија и вака од прво гледање ми е сосема јасно проектирање на старите во новите ликови(пр.Лијам е Дилан,Ени е Бренда,Наоми е Кели итн итн).Не велам дека треба да бидат сосема поинакви,кога во основа станува збор за иста серија(дури и со ист наслов),ама мене лично,не да ми смета туку ги споредувам па ...некако чудно ми е. Трета работа,тогаш немаше никаков избор,ни интренет,ни серии ни ништо.Од аспект на денешнава богата понуда на серии,неблагодарна е секаква споредба меѓу првите и вторите,а богами и во однос на било која серија. И ај да не ја тупам многу,ако ви е интересна гледјате ја,има мноооооооооооооогу полоши серии.
хипстер па да не се вртеа Лиам и Ени; Навид и Силвер и никако да се фатат нема да има гледачки на серијава како мене,тебе и 1 милион други кои едвај чекаат да се случи тоа и додека не се случи ке ја гледаме секоја епизода со ококорени очи и ке се нервираме кога за малку ке се случи а не се случило...а веќе кога ке се случи ке бидат заедно две епизоди и пак ке измислат нешто друго.Да не беше ова немаше никој да ја гледа серијава мислам дека секој гледач си посакува некој двајца од серијава да бидат заедно Едит:и јас мислам дека Силвер и Лиам се најбош пар Ај си чекаме 21 и да се надеваме дека Силве и Навид;Лиам и Ени ке бидат заедно како и во 3 сезона(за мене најдобра)
Иначе го следам Matt Lanter-Лиам на twitter и на 6 јануари ова го напиша ''Vacation's over. Back in Cali and start filming episode 517 tomorrow! 9O210'' ауу 517 епизода колку сезони има бре серијава?До тогаш кој знае што се ке се деси ај само сител да ги откупи сите сезони слушам нешто ја откупиле 4 сезона само незнам што ке се деси ако сител ги даде сите епизоди што се објавени во Америка?
Инаку серијава има 5 сезони и мнооооогу е комплицирана. Буквално секој со секого, и не верувам дека Лијам и Ени ќе бидат пак заедно..
Во серијата секој со секој беше...денес јас мислев ке излези нова епизода ама како шо гледам нема да не знајте кога излегува?Ме интерисира многу помегу Наоми и Мат шо ке се случи кога се се испомеша?
Многу ја сакам Ванеса и сакам Лиам да остани со неа не можам другите сите се куч.. Силвер очајна е само за неа си гледа не е фер спрема Теди ама ич...Наоми срцка ми е се прај за Макс се надевам сун се ке биде ок ова последна сезона е така? И да не е нз појке со можи да се дешава исцрпени се сите идеи
Кога може HIMYM да врти 7-8-9 сезони по ред за едно исто, не гледам зaшто 90210 неможе. Не е се исцрпено, баш напротив, има уште многу да се среди и разреши. Ми се свијаше што конечно се појави мајка и на Наоми. Тоа ми беше еден многу грд и чуден момент. Они останаа тотално сами. Што мајка ќе беше,боже. И искрено посакувам Силвер да не се оплоди од Теди. Поголема глупост нема во серијава. Дете чуда дете. Убаво и рече Диксон, барем некој имаше петља да и каже. И Ејд, порасни више, аман, патетична ми е. И Навид ич го немаше епизодава, гррр
Разочарана сум од последната епизода, неможеше да биде почудна. Конечно се разреши случајот со Лиам, Венеса испадна персон ху сејвс д деј , а ени го извлече подебелиот крај. За Силвер немам зборови... не требаше да отиде кај татко му на Теди... нели се другари ќе најдеа некое заедничко решение, и приметив Рајли го немаше епизодава.
Ти благодарам, јас барав овде ама на српски и на хрватски, а такви преводи нема за англиски искрено не ми ни текна да побарам.