Деновиве имам вишок на слободно време, па сакав да Ве прашам за старите епизоди од 90210 да ми каже некој дали може и како да ги симнам.Пробав преку торент ама не ги наоѓа старите епизоди. Незнам под кое име да ги побарам. Во поселедно време ми се гледаат ретро филмчиња+ и од мојата омилена серија= совршена комбинација!
Thank you! Сега ќе ги побарам под тоа име Едит: Џабе се израдував, на торент гледам синхронизирани на руски, и германски ги има сите сезони :/
Јас ги гледав и сега сум до 6 сезона од таа серија. Барај ги вака Beverly hills 90210 season 1 torrent
Ја гледам серијава online на нет, стасана сум до 5 сезона - епизода 2 (The Sea Change). Не ја гледав јас кога почна, потоа фатив на Сител нешто и реков што има да чекам секоја вечер да гледам, вака реков ќе си седнам на нет ќе си гледам кога сакам. И почнав од почеток од прва сезона да гледам и стасав до 5 сезона до втората епизода. Денес сакам да погледам 2-3 епизоди, ама пустото ме копка па сакав да ве прашам тие што ја догледале до крај серијава т.е 5 сезона, ме интересира дали Силвер и Навид пак ќе бидат заедно, бидејќи тие ми се најинтересни од сите. Силвер до душа со Навид, Диксон, Лиам и Теди (т.е со сите се сплетка). Со Навид најдобар пар ми се некако. И Ајви дали замина за Мексико и не се враќа во 5 сезона? Ајви ми беше добра во однесување во стил заедно со Силвер. Наоми ми е срцка, смешна ми е и си се смеам кога ќе лупне некоја глупост. Ени извештачена в крај ми е, а онаа Ејд глупава однесена ми е, немам коментар за неа. Па, добро доста ги анализирам, муабетот т.е прашањето беше да повторам уште еднаш дали Навид и Силвер ќе бидат заедно во 5 сезона.
^ Спојлер Не се заедно во 5та сезона сега за сега. Ништо чудно да се смират при крајот на оваа сезона. Инаку Ајви нема да се врати оваа сезона бидејќи ја има напуштено серијава.
абе да ве прашам нешто ја ги симнувам епизодиве преку уторент и сега кога симнувам од некоја страница ке ми стигне нели на уторентот и пишува chechket или така нешто и послем кога ке се напуни пишува seeding и јас нели да ја пуштам епизодата неможе зашто така а пак на други на кој не пишува chechket послем тоа нели си се пуни и кога ке се симмне пак неможам да го пуштам клипот ..многу се ратки торените од кои се ке биде добро,знае некој зашто е тоа така ?
На повеќето торенти е добро, оди ако не онаму каде што ти е симната и вклучи ја епизодата, односно клипот. Кога ќе симнуваш гледај да бидат епзиоди од 310-370 MB.
ок фала ја симнав веке послем стоти пат и ја изгледав.Иначе коментар за епизодава онака средно ич не го сфаќам Лиам а и Ени книга ке пишува,Ејд не нормална од добра пак стана лоша.Чекаме нова епизода да го видиме тој новиот
Епизодава...интересна Таман се израдував за Навид иако ми изгледаше- too good to be truth! Ени е на пат да стане фејмос писателка/блогерка. Како и да е прашање на време е кога Диксон ке ја дознае вистината за Ени. Колку и да сака да биде анонимна- некои работи порано или покасно излегуваат на површина! Таман си помислив дека Лиам е тргнат на добар пат меѓутоа --ништо од тоа. Андријана не ја коментирам си се покажа идиотката колку и сече паметот! Го зезна Дискон и тоа big time. Највеќе ми беше жал за Макс и Наоми. Несакам да се разделат! Толку ми се симпатични заедно! Се надевам дека на крај ке ја оправат работата и ке сватат дека неможат разделени да функционираат.
Не ми се свија на каде ги тераат работите. Навид и сестра му на Шејн? ЕЕ, не не и не. Силвер тотално ме разочара, ќе се согласи на таквите ниски уцени на Теди. Колку сакам да се деси нешто, само да нема дете од Теди, многу патетични и глупаво ми е тоа. Ени мислам дека нема баш така анонимно да си помине. И како го заборави Рајли, како да беше некој познаник а не дечко Лијам што да го коментирам, некако он ми е најзажалење. А Наоми и Макс мислам дека ќе се смират, порано или подоцна. Промото за следната http://www.youtube.com/watch?v=O74EDYKmtv4
Значи не ми е јасно ова со Теди и Ерин, ама ич. Нели може други сперматозоиди да земе ако толку сака дете? И сега излезе сурогат мајка, боже господе,глупости тешки претешки. Со Ени не знам што следно ќе изненадат, девојката пропати како никој друг. Нека го оправат дејството, глупави ми се овие епизоди.
Да ве прашам длаи некој знае како епизодите 90210 од компјутер да ги ставам на ДВД?сакам да ослободам место во компјутерот али од друга стана сакам да ги имам на цд....знае некој како..треба да се режи цд-то или како?
с05е14 па добра беше епизодава Спојлер .Новиот полибрат на Ени и Наоми многу е убав,Силвер со тоа новото девојче за бременоста ја претера,оди на јога,читај книги за бременост,не пиј алкохол значи стварно претера и на крај убаво и рече девојчето д ане ми сли смао на бебе.Лиам стварно му треба психолошка помош али изгледа од како го искрши тоа сандакот највероватно ќе с поправи Другата епизода ке биде многу добра едвај чекам понеделник затоа што конечно Ени и Лиам пак заедно ќе бидат и еве промо за следната епизода http://www.youtube.com/watch?v=ryK86LnzBpY малце ме зачуди погледот на Лиам на промово во смисла знам дека сум убав и дека ме сакаш али ја ќе видиме што ќе се случи