Не беше лоша последнава епизода, следната ќе испадне на 15ти април, и се надевам веќе дека ќе почнат да се расчистуваат работите. Спојлер Убав пар се Диксон и Мекејла се надевам дека ќе завршат тие заедно. Што се однесува до Силвер, Андријана, Навид и Марк сеедно ми е кој со кого ќе заврши, само се надевам дека Наоми ќе заврши на крајот пак со Макс.
Мене сеедно ми е кој со кого ќе заврши, и така сите ги испомешаа и не значи веќе ништо. Уште точно 5 епизоди до крајот.
Дечки импресии од последнава епизода!?? Мене последнава епизода беше предобра! Конечно почнаа да се расплеткуваат работите пред крај. Мило ми е за Навид, иако пак ке биде казнет. Бар докажа дека и овие другиве од братството се вмешани. Наоми како Наоми секогаш некоја збунка мора да направи срека на крај испадна се добро. Дури и ја убеди Ени да застане позади книгата, дека нема што да крие... И вака и така штетата е направена.. Секогаш на крај излегува вистината. А Диксон порано или подоцна ке дознае. Работава кога си се фатила на орото..играј го до крај! Ме изненади крајот, како Патрик успеал да дознае за книгата, одма после промоцијата!? Дефф најсмешна сцена ми беше Лиам кога читаше делови од книгата на промоцијата со гримасите што ги правеше. Хмм познато а? хахаха И жал ми е за Диксон и Микела бидејки баш добар пар би биле. Ама тоа е..секогаш трчаме по некој кој ни на крај памет не му е дека (во случајов Навид) имаме чувства за него. Poor Микела :/
Оф топик, ама има некоја страница каде можат да се гледаат старите епизоди целосно? Барав на овие стандард сајтови за серии, не ми излегуваат старите, секаде новиве, а тие не ме интересираат.
Навид испадна срцекшач на крај сите ги окупи. Јас не сум за он да биде со Ејд, ама како гледам немаат намера да ги спојат Навид и Силвер, па Макс како утешна награда не е лош, мислам си одоговараат. Наоми со овој црнецов не е лоша, па ако и он има луда фамилија како нејзината, права спојка. Диксон само сирот со која би останал незнам, за Ени и Лијам мислам дека и слеп ќе види. Следната епизода мене ми изгледа како интересна, многу.. http://www.youtube.com/watch?v=dpwru3aiAvA Силвер ака Саманта?Не, поише Наоми ми е саманта него Силвер.
Да, добра беше последнава епизода. Не знам, но мило ми е што пак ги споија Адријана и Навид, они беа пар уште од првата сезона и сега повторно. Не требаше во меѓувреме Адријана да ја спојуваат со Диксон или Силвер со Навид, ама тоа е тинејџерска сапуница. Неоми не ми се свиѓа со црнецов, најдобра ми беше со Остин, сакам он да се врати. Ова со книгата излезе копија од Госип грл кога Ден напиша книга во која сите ги разоткри. Уште само три епизоди, од септември се надевам слична ќе направат CW.
исто како јас да сум го пишувала ова...(освен тоа за ГОСИП Грл незнам зошто не сум гледала)иначе мора да ги спојат и Лиам и Ени...а од сптември уште поубава да даваат со уште поубави глумци
На оваа телевизија CW ќе има три нови, но едната е веќе потврдена дека ќе биде со вампири, така да бар една од тие двете да биде како Gossip girl и 90210.
Без шпекулации,ја има 19тата eпизода веќе на нет, а снимени се до 22ра, има и датуми на издавање, се со ред. Ја прекинаа да, ама тоа дека нема да има нова сезона, а инаку 5тата е снимена цела и ќе ја даваат. Линк од 19тата на пиратот http://thepiratebay.se/torrent/8401038/ ... _x264-2HD_[eztv] Инаку за натака S5, Ep20-Apr. 29, 2013 You Can't Win Em All S5, Ep21-May 6, 2013 Scandal Royale S5, Ep22-May 13, 2013 We All Fall Down
За следната http://www.youtube.com/watch?v=NwIDhSAJXzY А за оваа што да кажам, безпотребно се вмешува овој Патрик сеа, и тоа на 3 епизоди до крајот. Ејд ми оди ужасно многу на живци, ја обвнува Силвер, ама она не е ништо поразлична од неа.
Кога ќе почне пак на сител?? Бидејќи ми е омилена серија и не заспивав додека не ја излгедував цела епизода со крај
Само што ја изгледав последната епизода и многу ми се допадна! Се поинтересно станува пред крајот. Делот т.е настапот на Оли беше супер, ме потсети на епизодата со Ne Yo. Само не ми е јасно Ејд, што сплетка спрема сега? Дали ова го прави да и се "одмазди" на Силвер? Ама па и Силвер на моменти ме нервира со тоа нејзино бебе. Глупа работа е да бидеш сурогат мајка. А Патрик од денешнава епизода ке почне на еден по еден од друштвото од Ени да им се одмаздува. Идиот! Секогаш вистината излегува на крај!