Епа значи.... срцето ми се исполни Спојлер кога си замина оваа. Уствари не, цела епизода се сомневав, пошто Лиам не смееше толку да разочара и одма да тргне по неа И најубавата сцена ми беше, роденденското изненадување А Наоми и типчето се многу слатки заедно... Е сеа, конечно се откри работава со Силвер, ама конечно време беше. И шо се скира толку Адријана ќе си најде некоја ѕвезда
Раперска стана серијава, RESPECT! Nelly, Snoop Dogg кој е следен? Супер епизода, дечкото на Наоми е срце.
Луѓе изгледа дека од серијава ке има само уште една епизода и толку.... На нет најдов петиција за да се снима и 4 сезона http://www.thepetitionsite.com/1/4th-se ... cws-90210/
Зошто нема ни 90210 ни Госип грл? Можеби пак има пауза, не ми се верува дека уште една епизода има од 90210
ПА според листата на епизоди што ја гледам на нет уште една ке има, и тоа на 18 април. А тогаш ке има и Госип, има пауза сега.
ОМГ Беверли Хилс Од старата екипа има ли некој лик??? Леллее јас го обожавав Дејвид (поточно бев страшно заљубена во него )....Овие новите ги немам гледано, сега прв пат слушам
Ги имаше Кели и Бренда првата сезона. Кели работеше во гимназијата, а инаку се сеќавате на бебето Ерин, сестрата на Кели и Дејвид? Епа она е тука меѓу главните, Ерин Силвер. Во една епизода се појави и Дона, колку убаво да се видат трите заедно. Во втората сезона беше само Кели, а сега во третата нема никој од старата екипа повеќе.
Сега ја гледав новата епизода. Досадна ми станува и оваа серија И оваа Ени ме нервира се’ повеќе од епизода во епизода. Абер да се немало од глумење
Не беше нешто посебно новата епизода, ама за GG ми беше измислена. Крајот посебно, колку е значи ментално шлакната оваа Адријана. За Ени да не правиме муабет, напорна е, нема поим од глума, грда и се понаша како малоумна. Страшно.
Што си мисли оваа Силвер, така лесно се простувало ако другарката ти го земе дечкото Не беше нешо посебно епизадава, ама не е лоша. претходниот пат интересно заврши, па едвај чекав да продолжи. Уште неколку епизоди ќе има од сезонава и ептен ќе ми недостига кога ќе заврши.
Ќе заврши сезонава, зашто е при крај, ама дефинитивно ќе има и 4-та. Некаде од септември, регуларно кога си почнуваат сериите.
Спојлер Зашто е болен од леукемија и не му останува уште многу време за живот. И мислам дека се заљуби во Ајви и сега не сака да се откаже така лесно и сака да продолжи да се лечи. Ама мене за Силвер ми е жал. Тоа андријаништето ми иде да ја земам и од земја да ја акнам. А што е најлошо имам една иста таква на изглед во моја околина
Спојлер Абе на Слвер не и лоша новата фризура, и одговара на очите А Адријана не ми ја вреѓајте омилена ми е Едвај чекам следна епизода! И многу се израдував кога прочитав дека од септември ќе има 4 сезона. И Госсип ќе има 5та