Само што ја изгледав последната епизода. Знаев дека нешто не е во ред со ретардираната девојка на Лиам!! Уште кога со Ени си ги сменија ташните кога и најде 2 ID картички, знаев дека нешто мати, никој не би менувал идентитет без причина. Псајхо!! Криво ми е за Адриана, ни крива ни должна си настрада. За сестрата на Наоми не коментирам,уште кога почна епизодата јасно ми беше дека ке има војна помегу нив две! Иначе сигурна сум дека ке има во наредните епизоди нешто помегу Лиам и Силвер, нека ја батали Венеса. btw настапот и песната на Диксон ми беа преубави! Супер трака! http://www.youtube.com/watch?v=u245DxBmLbM
Спојлер МОжно е да се случи нешто помеѓу нив, Лиам и Силвер. А Ванеса нешто и подготвува и на Силвер. Леле ама психопат ц,ц,ц...Инаку Силвер и понатаму ми е најдобар лик
Серијава е толку без врска и без логика, но сепак си ја гледам, интересни ми се секакви глупости и неповрзани работи во секоја епизода. Девојкава на Лијам глумеше во Вампирите. Епа фали уште Лијам и Силвер да ги спојат, тоа ќе биде глупост. Не се знае кој со кого идел и иде. Бај т веј, каде е Остин? Одеднаш ми исчезна од серијава.
Остин си замина не и е интересен веќе на Наоми Спојлер Лиам и Силвер не ќе биде лошо да се заедно, но со тоа Силвер сите главни машки во серијава ќе ги помине Сестрата на Наоми мислам дека е ептен bitch Се надевам дека оваа сезона ќе е последна веќе се едно исто се дешава во серијава
Не ми се верува да е последна, ама ништо не се знае Спојлер А Остин не се пријави в полиција за пожарот ?Замина некаде или?
Јас пак се надевам дека не е последна затоа што ми најинтересна.. За разлика од Госсип кои веќе ги запоставив затоа што се досадни, овде бар секогаш се случува нешто
Meне Теди најмногу ми фали, иако малку му го застранија ликот и ништо не се случуваше со него. А и Навид го немаше последнава епизода, малку одмор и од него. Адријана и Диксон ми се и мене досадни, Неоми отсекогаш ми била најинтересна.
Најтажна епизода! Спојлер Што стана со серииве, неделава си се изнаплакав,се по некој умира! Како трганале, без главни ликови ке остане серијава! Диксон болен,на Силвер дајбоже негативени да испаднат тестовите! Инаку многу ме копка, каква тајна дознала сестра и на Наоми за тој дечкото што се тепаа мината епизода. (или можеби намерно така и кажа, тоа да е дел од нејзината игра) останатите какви коментари имате за последната епизода?
Само што ја гледав. Навистина тажна епизода. Спојлер Делот кога Ајви дојде во собата кај Раж и крајната сцена. Само не знам што им требаше ова со болеста на Диксон или со болеста на Силвер Сите болни ги направија од што ги испотрошија сите парови и сите сплетки во серијава. Ме заинтригира кога сестрата и кажа на крајот на Наоми дека имало нешто скандалозно во врска со ПиЏеј. Што може да биде тоа? А сигурно е нешто, не може да остане само на тоа А Ени кутричката кога го виде овој како свештеник што ќе кажеш на тоа? Сирота, цела серија страда душичката Ени Инаку ПиЏеј ми е сега најубав, по Теди откако си замина. Инаку каде е Навид овие епизоди?
Заборавив Ани да ја спомнам хаха Спојлер со идниотот свештеник, гледав промо од следната епизода. Навид ке се појави во следната епизода, Наоми ке го следи Пи Џеј хаха да види каква тајна крие, Диксон изгледа ке отиде на турнеја без да и каже на Адријана.. Спојлер ке биде интересна епизода
Јас мислам дека Лиам направи ОГРОМНА грешка што ја стави и Ванеса како сопственик или партнер како што разбрав... Ќе го зае*е скроз, осеќам!
Последнава епизода, крокодилски солзи си пуштив. Спојлер Многу беше жално коа Диксон и кажа на Ајви и коа отидоа сите у болница, и крајот леле.Eдвај чекам следна епизода.
Ама по потоа како ништо да не се случува и се заборава. По некоја епизода, и ова ќе биде заборавено, а Силвер и Диксон ќе бидат излечени. Настаните се задржуваат максиум 4-5 епизоди, потоа нови настани.
Лелее серијава џенерал хаспитал требало да се вика Спојлер шо е работава со продуцентиве, оваа пролет сите финалина на серииве имаат по еден погреб обавезно и тоа на главен карактер, тууу се отепавме плачење...
Последнава епизода беше многу добра и екстремно тажна и потресна, ја извади целата сезона која започна малку лабаво со сите тие детски кавги на факултетот, со Наоми и таа црната. Ова е серија со убедливо најубави ликови, освен Ени, грдото пајче, сите други се згодни и прекрасни, и машки и женски се празник за очите. Инаку, претеризам ќе биде ако ги спојат Силвер и Лиам. Со сите беше, аман, со Диксон, со Теди, со Навид, сега и со Лиам, уште некоја остана ли од друштвото? Од каде им доаѓаат тие идеи на сценаристите? Ванеса е кучка, ама многу згодна и преубава кучка.
НИшто чудно да се сплеткаат Лиам и Силвер, ама би требало и да се деси тоа, да одлучат да останат пријатели , пошто сама така ќе ги личи Како пар не ми одговараат, не мислам физички, туку скроз инаку не си одговараат. А откако Ванеса ќе ја оплеска работата со нејзината болна љубомора, Лиам ќе и се пушти ан Силер, ама...хехех си направив јас сценарио.
Охооо колку јас сум била назадна. Симната ми беше цела прва сезона и само чекав вистински момент да почнам да ја гледам. Ама ко што станувам одма зависна, не се секирајте - за 1 месец ќе ве стасам! Ени е едноставно очајна. Ни убава, ни згодна ни харизматична. Зошто мора секогаш ваква смотана да има па + и да се заљубуваат сите во неа. Најкефски ми се родителите нејзини. Ептен ги сакам што се‘ си кажуваат и за се‘ наоѓаат решение, нема лаги и прикривања (освен секако подоцна ако не почнат да се случуваат). Инаку вака на моите ме потсеќаат. Срцина . Супер е, ме привлече серијава, за разлика од Vampire's Diaries, која ја оставив после 3та епизода. Изгледа после Вистинска крв, се‘ што е вампирско за мене е бледо и неспоредливо.
WOW денешнава епизода, се припотресов повеќе пати... Спојлер Мило ми е што се врати Навид. Ми се свиѓаше церемонијата за Раж околу огнот. Конечно си отиде онаа изретардираната Ванеса, се надевам дека ќе го остави на раат Лиам, дека нема да се врати да му досаѓа... Мило ми е за Наоми, ако ПиЏеј е вистинскиот и ако тој навистина го сака тоа, како што кажа - She's the one. Жал ми е за Силвер. И НЕ, крајот НЕ им требаше така!! Лиам и Силвер НИКАКО! Дај боже да се разбудат сабајле и да била само една пијана ноќ за која никој нема да дознае...
Ах ај да изоговарам малку )) Спојлер Прво Ванеса не знам како ви е на некои убава, во оваа епизода ја забележав во фацата како со ботокс е, како отечена ми е, а Ени па додека разговараше со пристот (кој бајд веј мислам дека е мноооогу кул засега барем, а и убаво изгледа) како ми заличи како да е транвестит бо бо бо ич не ми е симпатична Со Силвер и Лиам се очекуваше, ама ќе сфатат дека е грешка, мора, не ги личи заедно. Лиам ми е како детенце и не мислам дека е нејзин тип. Навид пак, многу ми се допадна со малку брадичка така небричен да речам Други коментари немам, освен да, нешто многу набрзина се откачи Ванеса како за психопат. Очекував поголема сцена да направи, ама можеби допрва следи тоа. Инаку вака со лесно си помина (таа)...