Беверли Хилс 90210 - нови сезони

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од maja8, 28 септември 2010.

  1. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    И мене не ми е убава Ванеса, има многу чуден облик на лицето...

    Стварно убаво што некој му кажа на Навид за Силвер и болеста, ама не требаше да биде Ванеса и не требаше на таков кретенски начин со преправање дека плаче и цимоли... Скроз е забегана, затоа се надевам дека нема да се врати, иако мислам дека нешто им спрема, на Лиам посебно...
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Абе супер беше последната епизода
    Мило ми беше кога Лиам ја избрка Ванеса, тоа требаше уште на почетокот да го стори, само се надевам дека нема да се врати назад. Силвер со сите главни машки улоги до сега била, ја мислев барем со Лиам да нема ништо, таа мораше и со него :D Навид стварно некако посимпатичен се врати...

    И на крај се разочарав серијава ќе ја има дури на 24ти април. Барем
    Остин ќе се врати во серијата :D
     
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Пиплл импресии од последната епизода?? :)

    Наоми уште е заљубена во Остин, Ани си го фати згодниот поп хихи. Венеса конечно ја тргнаа јес!! Силвер нешто глуми инфериорност пред Лиам, ама мислам дека ке ги биде...дека крие заради Ени демек заш Лиам и е бивш. Малку ми беше чуден испадот на Навид во врска со Остин и Адријана хмм......слаб му беше аргументот!
     
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Да да и јас се согласувам за Навид испадот, мислам зошто го направи тоа, случајно до толку да не се грижи што ќе рече другар му Диксон кога ќе се врати од турнеата :^)
    Инаку интересна епизода беше, посебно многу е згоден тој на Ани и таа па мора со сите типци во серијата што ќе ги фати, да има романтични сцени на дожд :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    80
    Не гледам ги гледав старите кога ги даваа на хрватската
     
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И оваа серија ќе има петта сезона од Септември што дури и ме зачуди дека и не е баш нешто многу гледана...
    Уф кај и ги споија сите дечковци на Наоми и фали само уште тој што и беше во првата сезона што си замина незнам како се викаше :^)
    Инаку интересна беше епизодава, малку ми наликуваше на шпанска серија али тоа е кога нема веќе што да се дешава :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Не сум воопшто изненадена дека ќе ја обноват серијата, т.е. ќе има нова сезона, за разлика од многу други, почна можеби послабо, ама се разви одлично низ сезониве, и кога гледачите имаат некоја критика и сугестија, режисерите и продуцентите се очигледно послушни, ја мавнаа целата таа драма со Наоми и соперничката од факултетот, ликовите се многу допадливи, има интересна содржина и добра глума.

    Мене ми се допадна оваа сезона, финалето беше посебно интересно и возбудливо.
    Мило ми е што го вратија Макс, многу ги сакав/м со Наоми во пар.

    Што ли ќе се случи со Диксон?
    И Теди го вратија, иако искрено очекував Силвер да заврши покрај Лиам.

    Навистина им ги испомешаа дечковците, сите си ги испробаа и сменија :D , ама пак ќе кажам, за разлика од други серии, оваа и не е толку лоша.
    :)
     
    На SparkyAngel, maja8 и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Трендафилка со твоето мислење дека серијава станува поинтересна иако на мене и сите други сезони ми беа интересни :)
    Инаку ми падна жал за Диксон на крајот се надевам нема да се случи најлошото. И јас мислев Силвер со Лиам ќе заврши али затоа има наредна сезона да видиме што како ќе биде со нив. Сега ќе си чекаме Септември да видиме што како ќе се дешава :)
     
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Леле не ми се верува, не очекував дека Силвер ќе го одбере Теди, очекував дека сепак тоа ќе биде Лиам.И крајот со Дихон леле.И морам да се согласам дека ептен кон подобро иде серијава :)
     
  10. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Дека серијата оди кон подобро , не се согласувам. Серијава е катастрофа, реално гледано, :rofl: но ја гледам затоа што е забавна а и глумците се убави. Исто така сметам дека толку мизерни карактери немало досега во ниедна серија. Какви се овие ликови кои менуваат мислења, партнери, пријатели секоја епизода? Дури и оние кои се држеа првите сезони, сега скрос се расипаа, целосно се неморални сите, а се може да се очекува од секого на чело со сценаристот. Од болести, умирачки, сообраќајќи, па мислам на крај сите заедно со една оргија да ги спојат и само така ќе бидат задоволни.

    Лијам, Теди, Неоми и Адријана ми беа омилени ликови, но и тие скрос ги расипаа. Теди го направија педер, Лијам го испомешаа со разни девојки и човеков изгуби на карактер, Неоми исто така не знае што сака и што прави со дечковците и со кариерата, а Адријана од добра стана психопат за пак да стане добрица оваа сезона.
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Серијава ќе ја гледаме од Октомври месец и колку што разбрав Ајви нема да глуми повеќе во серијава...
     
  12. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
  13. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Има ли линк за симнување на целосната 4та сезона? Немам толку брз интернет за гледање онлајн, а и една по една епизода сум малце мрза да симнувам. :)
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Само едно прашање, дали ќе се врати воопшто Тајлер(Ози), од првата сезона?
    Ги сакам со Најоми заедно :)
    Јас сум на почеток од трета сезона.
     
  15. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Нема да се врати, откако заврши со неговата улога во 90210, глумецот почна да глуми во Дневниците на вампирите. Ќе има понатаму други згодни ликови, не се разочарувај одма :D
     
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Не се разочарувам од тоа :D
    Туку се разочарав од типкиве во серијава, со исклучок на Ајви и Најоми, сите другиве се курвичиња прави, посебно Ени и Силвер :puke:
    Во секоја епизода различен дечко, и се со бившите на другарките се плеткаат.
     
  17. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Наоми и чесност? Не ми оди ова некако, со Ени мислам дека тука се некаде, на врвот на курвалакот се они две, а потоа и сите други, вклучувајќи ја и Ајви. По 4 сезона веќе не се знае кој со кого одел и дали воопшто некој некого некогаш сакал во оваа серија.
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Па што знам, јас колку што приметив Најоми нема секоја епизода нов дечко и не се плетка со бившите на другарките, барем до сега.
    Овие секоја епизода имаат нова врска, Силвер изводи фина и поштена а се плетка со дечкото од другарка и, Ени трча само по бившите од Најоми, башка го изневерува дечкото со брат му :tmi: каша-попара.
    Демек ај прво ке му се пикнам в кревет па после од ко ќе си се из**ам со него ќе поплачам малку демек ми е многу криво, пошто нели јас сум фина и добричка :puke:
    Адријана малку забега одкако стана славна, почна да се однесува како некоја лигушка, ама веќе 3 сезони е со Навид.
    Незнам, мене многу ми е глупаво тоа во серијава, епизодата почнува со еден пар, многу заљубени-изгубени, и до крај на епизодата сите во друг зе заљубуваат :D глупости.
    Ама ај ќе ја догледам.
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    By the way, оваа Емили премногу ми личи на Кели :^)
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ја дават на една српска програма. Ја затекнав од некаде крајот на прва сезона а сега се почетните епизоди од втората.
    Па...серијата е океј, нешто слично како Озборувачка. Не дека има некоја реалност во неа ама за опуштање е добра. Особено си плакнам очи на убавото место во кое живеат и на плажите :inlove:. Ах, се би дала да живеам таму.

    Мене од женските Адријана ми е најубава а и некако по карактер ми е најдобра, иако си има налудничави моменти. Наоми е е убавка и доста згодна ама многу кучкеста. Ени и Силвер ми се по малку одвратни.

    Од машките овој што се појави во втора Теди :inlove:. Лиам ми е сладок ама не е баш мој тип.

    Паровите и не се баш. Наоми со Итан си одговараше најмногу ама штета што го тргнаа, мислам дека нема да се врати. Ени е стварно најголема спонзоруша, се со некој мора да е.