Бев, видов....

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од synonym, 1 ноември 2015.

  1. synonym

    synonym Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    84
    Темава ја направив со цел да споделиме некои спомени и искуства од таму каде што сте биле надвор од Македонија. Каде сте биле, како сте си поминале, како Ви се допаднало, дали би сакале повторно да одите и што препорачувате, некој собет и сл.
     
  2. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    Немам мрднато подалеку од Македонија.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.912
    Допаѓања:
    106.563
    Пол:
    Женски
    Ја имам прошетано скоро цела Европа. Има држави што не ме влечат да ги посетам.

    Градови кои не ми се допаѓаат не ги шетав по втор пат. Најубав впечаток до сега ми остави островот Санторини и многу би сакала пак да се вратам особено во лето и да се сончам на песочните црни плажи. :inlove:

    Од ладни градови во кои би живеела е Прага дефинитивно. Најубава е во есен кога градот се “бои” во есенските лисја.
    Магијата најубаво се чувствува на Карлов мост.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda и minne992 им се допаѓа ова.
  4. ThePharmacist

    ThePharmacist Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно најубавото место кое сум го посетил е Менхетен, Њу Јорк. А од Европа се сложувам со Бубаче Прага е прекрасна јас бев во зима. Исто би го издрвоил и Истанбул со сите знаменитости.
     
    На Love 83, edna_malecka, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Секое место си има своја убавина, некои ми се допаднаа повеќе , некои помалку. Има места од кои некои пријатели се воодушевени а јас не, и обратно. Зависи каков тип на човек си, што сакаш да посетиш, што сакаш да видиш. Накратко, еве за некои места, ќе се навраќам на темава почесто, ќе споделам и други впечатоци.

    Град во кој би живеела е Виена, Ница или Истанбул, еден од тие три градови. Понекогаш со неопислива магија се поврзеш со некој град и имаш чувство дека таму си бил со години, се осеќаш како дома.

    Отидов со големи очекувања во Монако и не зажалив, преубаво. :nod: Наредна прилика повторно, на повеќе дена.

    Милано, не е дека не ми се допадна, ама некако воопшто не ме привлече да размислувам да ги посетувам одново и одново.. И за Будимпешта би можела истото да го кажам.

    Пред да одам во Сен Тропе, имав во главата создадено слика дека ќе е најубавото нешто што ќе го видам, од филмови и списанија некако така ми беше претставено во главата што знам. Пребаво е , доста скапо е, ама некако ми изгледа префорсирано заради светски џет сет.

    Од соседните држави, ретко да има некое поголемо место кое не сум го посетила, Белград ми се допаѓа премногу, ете него би го издвоила, некако има душа и убава енергија чувствувам кога сум таму. Дури и некои 8 месеци ги поминав таму, што службено, што приватно. Понуда за преселба трајна, не ја прифативме, и денес некако ми е жал за тоа. :wasntme:

    За одмор и море што знам, еве грчките острови на пример, полуостров Пелион во Грција би го издвоила, има убави плажи и доста живописен предел, и оној дел во Турција околу Бодрум и Кушадаси. Краците се единствено место каде за одмор не би одела, има премногу гужва и освен за викенд што одам, 10 дена не би отишла таму.
    Црна Гора ми е преубава за шетање, плажите горе долу, па и не се по мој вкус. Исто и Хрватска. Малите градови во Хрватска ми се допаѓаат многу, некако ми се автентични, имаат нешто свое. Дубровник исто така ми е преубав. Загреб ми е премногу ладен.

    Словенија е убава и зелена, често одам, ама не би се преселила таму, некако не се поврзавме взаемно. :D
    Од цела Словенија би ја издвоила само Изола, таа ми се допаѓа некако повеќе.
    :*

    to be continued..
     
    На tina2018 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Ако морам да издвојам земја од соништата во која мислам дека не поминав многу долго време, а би ја сакала како свој втор дом тоа е истовремено и островскиот град и држава Сингапур.
    Имам желба да шетам и планирам колку можам да посетам и научам што е можно повеќе и за нашата и за останатите земји по светов.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    36.528
    Пол:
    Женски
    Бев во Германија, Црна Гора, Хрватска, Грција и Турција

    Секаде е убаво средено и чисто....
    Во Германија бев 3 месеци кај сестра ми на гости, убаво мало градче, чисто, за плакнење на очи. Планирам еден ден да одам таму и да живеам па ќе видеме како ќе биде.
    Во Црна Гора бев во Будва и таму ми беше убаво, штета што не можев да се бањам во морето, зима беше, ама сепак се прошетав и видов доста работи. Да можам би одела пак.
    Во Хрватска бев во Дубровник и таму ми беше убаво, ех да можам пак да одам. :inlove:
    Во Грција на плажа само бев друго не видов ништо.:D
    Во Турција бев за Истанбул, таму се изнашетав и има што да се види, само што тогаш времето беше лошо дуваше ветер и врнеше.
    Е оваа година нема никаде одење :( сега додека пишував се присетував на сите места, ме фати носталгија.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.