1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бегање од часови

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 25 септември 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Во средно ова не го практикував, единствено ако цел клас се договореше па не сакав да бидам црната овца. Додека во основно често знаев да забегам, па да ми се продолжи одморот за час или два :wasntme:
    Колку вие сте бегале или бегате од часови? И зошто? Поради ненаучен материјал, тест, или чисто онака за дружба, за кафенце и муабети кои секако на час не може да се прават?
    Па повелете, да видиме кој учел, а кој бегал :)
     
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Интересна тема! :D
    Јас во принцип учам и одличен ученик сум. Но, кога ќе ми удрат бубачките во глава е тогаш ништо неможе да ме премисли во врска со она што сум го наумила.
    Во прва година се изнабегав ненормално а на крај пак завршив со два неоправдани. (Едно големо благодарам до мојата класна) :$

    Знаев да избегам доколку го немав научено материјалот за кој ќе испрашуваат или ќе се даде тест, знаев да бегам и да седам на кафица со друштво, знаев и да бегам чисто од причина што не ми се седело баш на тој час(најчесто физичко и историја) а знаев и да не се појавам цел ден во школо.
    Е оваа година неоправданите ќе си ги чувам и ќе си ги трошам разумно, лимитот ми е 10 а сега за сега имам дури еден! :D
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас и во основно и во средно бегав само ако бегаат сите, нели да не се издвојувам. :D Инаку бев доста примерна ученичка... Скоро секогаш имав научено, а во случај тој ден да не ми се доаѓаше во школо си носев лекарско оправдување, или им кажував на моите дома да ме оправдаат некако.
    Инаку, она бегање за час-два ми е многу глупаво некако... Се забележува намерата. Вака, не одиш цел ден и решен проблем. ;)
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Реинбоу кај мене е обратно . Во основно дали 2 пати сум избегала нормално со цел клас .
    Во средно прва и втора година дали 2-3 пати ама во трета .. колку бегав лани само јас знам . :tmi: :lol:
    На крај во сведителство имав само 2 неоправдани . А 3 месеца само на биологија ме немаше .
    Бегав ако не сум научила , ако ми се јадело многу , ако треба негде да бидам :lol:
    Ама годинава ни еднаш не сум избегала ради овие причини ( дека не испрашуваат де :P ) .
    Ја користам приликава и темава да ветам дека годинава нема да бегам освен ако се организираме цел клас :)
     
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сега ако не бегам, кога?! :D
    Ми се има случено да избегам од час ако немам научено. И како што сум баксуз знаат баш тогаш да ме испрашаат. Еднаш и велам на класната дека имам добиено за да одам да се пресоблечам. Таа не ме пушти, и ми ја сфати намерата. И велам добро професорке немам научено ќе ме пуштите или не. Секако ќе си тргнам. Ми вели зошто да редиш неоправдани, отиди на час ќе и кажам на професорката денес да не те праша. Ме убеди, отидов и бев испрашана.
    Од тогаш ништо не ме разубедува да останам на час :lol: .
    Сум си тргнала и кога имаме тест.
    Понекогаш кога имам 7 часови, глава ме боли, повеќе неможам да издржам, и тогаш знам да си тргнам.
    Но сепак сум одлична ученичка 8) .
    Но морам и по нешто да го паметам средното нели :wasntme: .
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ехее.. не да бегааам ^_^ , ама никогаш не сум ги поминала повеќе од 10 неоправдани. Намалено поведение и ќе се самоубијам :shake: . Обично си наоѓаме некои изговори глупави, некогаш пак киднеме и не се оправдуваме, пиши неоправдан. Од класниот па знаеме да се ослободиме -Профе, здодевен е и вие знаете колку гуши, не ни се седи ќе си идеме на кафенце, поарно да си кажеш отколку да лажеш, ама рима ехехе.
    Ако не сум спремна си планирам уште претходниот ден да киднувам, ама слабо тоа да ми се случи, еднаш до два пати во годината. Во глобала бегам ради друштво и релаксација, одбегнување на гушатори и здодевни професори :) .
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Иако бев одлучен ученик бегав од часови во средно, не бегав си одев пополека :rofl: . Во основно не бегав, можеше да се случи да се успијам ( ама тоа не се смета за бегање)
    Во средно трета и четврта седми или шести час ретко да ме имаше со другарките па тоа беше време за кафе и гледање на кафе. На крајот си немав ниту еден неоправден, многу ме сакаше класниот ( срцка беше). Масовно никогаш не побегнав, бубалиците секогаш остануваа :devil: .
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Богами средното си го протерав со бегање, а и не жалам за неоправданите што ги имав секоја година околу 15, освен последната кога имав 7. Не жалам за ниедно бегање, зошто средношколскиот живот си го памтам по фини ствари. Сите заебанции што се случиле ги имам доживеано, сите работи ван школо ги имам поминато, е сега за пусто кафе да си добиваш неоправдани може не иде, но барем си го изживеав тој средношколски живот асално.
    Можеби имаше одлични ученици, и можеби немаа ниеден неоправдан, или пак еден, но јас се кладам дека имам многу поубаво искуство од средното, и дека сите спомени не ми се поврзани со тоа „кој пат најдобро одговарав", или колку убави спомени ми се будат од првата клупа, пред професорот.

    Не сакам никој да поттикнам за да бега од часови, но малку распуштање на моменти верувајте ќе ви годи! Но, секој си е различен на свој начин, и во различностите не се мешам. Ви кажувам од искуство.
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Бев одличен ученик и во основно и во средно...
    Ама секогаш си знаев да му ја киднам од школо...Имаше денови кога се појавував само на прв час...
    Денови кога воопшто не сум ни влегла во училница, само во дворот од училиштето.
    Знаевме и масовно да бегаме, но имаше една што не сакаше да бега, па и ги џиткавме сите работи низ пенџере па сакала или не ќе мораше да излезе и да ги земе, и се погризувавме веќе да не се врати внатре :P :)...Само заради тест сум избегала еднаш до сега, иначе сме бегале од досада, за одење не кафе, за трач муабети :D ...
    и да, неоправдани имав САМО ако заспиев, од 20 пати (зборувам за кога сум заспивала) во годината 15 ми беа простени :P :rofl: :lol: :angel:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Бегав за да одам да пијам кафе.Ретко бегав ради неучено.Дали еднаш или два пати.Не барав друштво,само се наоѓаше увек.И бегав од прв прва смена со цел да се наспијам и тоа почесто.Мајка ми кога одеше да ми оправдува за стварно оправдани часови со списоче ја праќав и за други денови за први час да ме оправда,во лабараторија,на лекар,ваму,онаму се со изговор. :D
    И секогаш завршував во максимум 5 неоправдани.Или нема да ме кажеа дежурните или увек се вадев дека сум по битна работа во врска со школо,некој си проект или кај професорка некоја ко изговор кај класната или пред да почне часот на професорката ќе и најавев,кај класната сум нешто не ме запишувајте,до крај на час ќе гледам да стигнам.Некад стигав,а некад многу работа ќе се десеше,шта ќеш,до пола школо изоговарано,втора половина не и мораш да останеш! :D
    Се дешавало и да имам денови ко денес не ми се оди у школо,ај веќе кога тргнав по оправдување кај матичната,пиши и за утре за секој случај да не не ми се оди пак! :D
    Си бев петкаш заслужено,е сега за ова...шо да правам,маана! :D
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Во основно не бегав, класната и беше добра пријателка на мајка ми |( Ама во средноооооо Wahahahaha ]:) :devil: Јас најмногу бегав од часови од женските заедно со уште двајца машки кои учеа со мене. Од 1 ипол до 20 до 7 сме седеле во кафич со едно нес кафе. Кен ју имеџин дет? Најмногу бегав од Логика. Најлоша професорка, најчесто испрашуваше, најмногу и киднував. Сепак, подобро неоправдан за кој ке носам оправдание одколку единица, нели? :wasntme:
    Едит. Еднаш се случи цела недела да не одам на школо и не ни ми бараа оправдание дека сум била болна, поверува класната кој е толку луд да не оди на школо цела недела бидејки не му е кејф? :wasntme:
    една случка на класен час, класната не прашува
    -Каде бевте вие тројца на 1,3, и 5 час? и ние во хор
    -Болни бевме :rofl:
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И учев и бегав! :!:
    Во основно знам дека ретко се случуваше да избегам од час и тоа кога цел клас одлучил да бегаме!
    Во средно :$ ... мммммм... :mm: ...ептен често! Понекогаш заради кафе дружба со школските и ич не ми е мака оти бегав, бидејќи имам драги спомени од тие времиња!
    Понекогаш отсуствував од час ако не сум научила добро, плашејќи се да не ме уловат недоволно спремна и да не расипам петката :$ ! И...фино лепо ќе ја напуштев училницата со некоја банална причина ,,лошо ми е,, па ќе се спремам наредниот час за испрашување!
    Ми се случило и да побегнам од час заради сон |-) ! Ако сум ненаспана и не можам повеќе да издржам последните часови ги бегав со цел да си појдам дома и да спијам!
    И морам да се ,,пофалам,, дека не секогаш бегав од часови, туку и по цели денови знаев да не појдам на училиште! Тоа ретко го правев но па полесно ми беше за да се опрвдам пред каласната, поубедливо беше дека сум била болна цел ден отколку само еден час! :angel:
    И уште ова да си кажам дека често бев иницијатор за колективно бегање, :devil: организатор на бегство 8)

    Сепак имав доста среќа со неоправдани! Класната моја (а ми се чини и другите професори) имаше максимално поверение во мене па веруваше на моите лаги ,,болна бев, ми се слоши, се успав,, и стално ми пишуваше оправдани и самата ме правдаше кај другите професори! 8)
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    вакви работи не се прашуваат :rofl:
    прва смена ми почнуваше во 10 а втора ми завршуваше во 17 ;) 7 час јас не знам што е :lol: Mајка ми кога ќе одеше кај класната во земја пропаѓаше, ама класната ми беше срцка, само ме бранеше сите неоправдани во оправдани ми ги ставаше... во просек без шала 150 неоправдани требаше да имам
    :f: еве едно поклонче за нејзе зашто беше топ класна :lol:

    многу бегав, дури и перемногу.... ццц неделно сигурно 6-7 часа ги киднував :lol: ако не и повеќе, едноставно кај некои професори ама ич не можев да седам, its not my fault
     
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Не бегам од часови...
    Но ако веќе цел клас си оди океј идам и јас :D За да не бидам црната овца и потоа да ми префрлат а и несакам да бидам вид на предавник :lol:
    Сум закаснувала на одморе само кога сме големо друштво и ми е жал за тој неоправдан ама што може...
    На часови не каснам и не сум закаснала никогаш :)
    За учење ме бива и тоа им смета на некои другарки од класот бидејки тие не научиле зошто јас да одговарам кога ме испитуват....Од таа страна ако некој професор испитува се до мојот број е не сум научил/а а кога дојде на ред на мене си раскажувам бидејки мислам дека заради тоа што друг не научил зошто јас да не искористам шансата и да покажам дека знам :D
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Во средно не сум бегала од часеви многу освен групно ама затоа сега на факултет.. :$
     
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Јас не бегам, јас си одам полека од часови :D примерно де :)
    Одлична ученичка сум, не бегам сама, или со 2,3ца. Обично бегам кога се бега групно. А кај мене в клас се дешава мнооогу често да бегаме. Избегавме од 3 ден годинава :angel: :angel:
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Само во основно еднаш со другарка ми ама тоа беше поштено :lol: Требаше да одиме на заболекар и не ослободија и откако завршивме работа си седевме во градинката што е близу училиштето. На следниот час решивме да одиме пред крајот на часот бидејки не носевме домашно и влеговме 2 мин пред да ѕвони и ни пишаа минус за домашно |( Ми идеше да се убијам! Во средно не сум ибегала.Уф што би рекла класната ако избегам, таа ме смета за оние паметните бубалици |( Ама има време за бегање ехехее :angel:
    :!: А и еднаш од систематски.Машките завршија пред нас и отидоа на час а ние девојките после нив и плус отидовме да јадиме и таа лудата наставничка по македонски сите женски не запиша и потоа во свидетелството имаа сите по 1 неоправдан освен јас.Класниот ме заборавил :lol: 8)
     
    На Nise <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Немам бегано од часови и цела таа процедура ајде да бегаме од час ми е многу глупава Е НЕ БЕГАМ БЕ НЕ БЕГАМ И ШО СЕГА :^) |( |( |( :^)
     
    На kjukli и howdoyoudo им се допаѓа ова.
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Досега да избегам вака да си киднам и да ме запишат немам избегано, а знам некат да се жалам дека ме боли стомак глава кај класната и да ме пушти, еднаш француски лажев дека сум добила дека испрашуваше и си преседев надвор цел час. :rofl: Исто и за фотокопирање, да испратам некој прва сум и после кога ќе завршам работа си дремам надвор. :D :tmi:
    А вака групно неможе никако да се договориме, се има црни овци или некое друго спречавање. |( Само еднаш оваа година отидоа на плоштад повеќето (кога доаѓаа кошаркариве) а јас и другарка ми доаѓаме на час и во училна двајца без тројца, да дојдевме порано ќе си избегавме.
    Пу, јез'к. :devil:
    Ама ај, има време во средно за бегање. :wasntme:
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Бегав дури некаде при крај на 3та и 4та средно :)
    Не заради ненаучено, си учев јас, туку зашто многу тешко станувам насабајле и зашто ми се шеташе :D
    После 4ти час имавме пауза од 10минути, ќе излезеш пред школо, ќе ти се заарни така надвор со друштво и не ти се враќа назад :D Сепак, класната не сакаше и не вадеше зашто знаеше дека учиме и дека само бубачки ни влегле во главчињата :)