Минатата година мислам дека не избегав ниту еднаш,а оваа година имам избгано околу 5-6 пати.Досега немаме избегано цел клас, а и подобро зошто после може ради едно бегање да ни намалат поведение,а вака може да добиеме само по еден неоправдан.
никогаш не сум бегала од час, едноставно ми е несфатливо.. дури и да немам научено подобро единица отколку да избегам од час, ќе научам следен пат ќе поправам..
па сама да бегам не а со цел клас да последно кога избегавме класната не ни правеше муабет а професорката на која и го зедовме клучот за да си ги земиме работите не испрашуваше секој час маста ни ја извади на сите и веке нема да бегаме хахах
Досега неколку пати сме избегале од часови, во основно, ама никогаш не бевме сложни, секогаш некој остануваше. Како еднаш, се договоривме навистина да си одиме, и јас и уште неколку деца си отидовме, а другите се вратиле назад, епа не е фер, ако одиме, одиме, а бевме договорени сите туто-комплето ауф од школото, ама ајде, еден неоправдан не е ништо. Ако некој не сака да си оди, нека не си оди, јас не се замарам. Ако сакам да си одам, земам ранецот и излегувам, ќе си имам неоправдани и не се грижам. Ама кога некој бара сите да си одат затоа што на него не му се седи, молим лепо. А, не е добро да бегаме од испрашувања бидејќи следиот час пак сме таму, нема каде да бегаме, тогаш и професорот може да се заинаети, па испрашувања, тестови, потешко ќе ни биде нам.
Ние во основно избегавме мислам дека беше од историја цело одделение па и јас но имав научено ама некако беше глупо да се двојам
aaa за бегање , моја тема хахахахха, во Прва ај колку толку не бегав али затоа останував дома и моите казуваа дека ми било лошо. А во втора не ни знам колку ги иам хаха, а врвот е тоа што повеќето пати ме немаат запишувано. На Математика мислам дека само 5 пати цела година и се имав појавено а дали иам 2 неоправдани кај неа. Особено знам да не се вратам после одмор и тек на 5 ти да дојдам аххаха
Секогаш имавме проблем со тоа бегање од часови, имаше паметни деца кои требаше многу да ги убедуваме за да избегаат. Аба како корења да пуштиле во училницата. Во основно избегавме прв пат, мислам во седмо одделение. Во средно откако еднаш се случи некој паметен да и се јави на класната и таа да дојде во кафичот каде бевме сите и да вика да се вратиме, е од тогаш самостојно си одевме.
незнам, мене ми е подобро неоправдан отколку единица, на крајот на краиштата единицата ќе ви влијае на крајната оцена... кога бев средно бегав, најчесто со една или две другарки, а понекогаш ни се случуваше и цел клас да избегаме.... така да, имам доста добри спомени од средното иако имаше некои мизерни деца
Не гледам поента или цел во бегањето..А и онака не ни е сложен класот..Нема везе,кога и да мислам дека неможам да издржам или некој ке испрашува 1-2 часа пред тоа се правам дека сум болна,стомак ме боли,колено ме боли..и така ме пуштаат и јас завршувам и со оправдани и со + 1-2 ненамалени оценки
Моето одделение сакаше да бега (повеќето од нив) онаа година, но сакаа сите да бегаме и никој да не остане. Пола одделение се согласи, некои вртеа дома да прашаат дали може ако сите бегаат, но ги имаше тие 4-5 деца што несакаа (nerds) меѓу кои што бев и јас. Тие ме прашуваа, ми велеа ако одам јас и тие ќе оделе ме молеа се лигавеа но на крај не избегавме бидејќи јас по никоја цена не би бегала. А тоа што се делам од сите? Who gives a fuck. Не отидов на училиште за да бегам, туку за да учам. И после цело одделение ме "мразеа" се додека не почнаа тестови и она "ти навистина си најдобра другарка ај да седиме заедно на математика" smh
Не би бегала од часови. А, и кој би бегал од неограничено муабетење со целиот смер додека си црташ или работиш со глина? Или додека снимаш кратки филмчиња со смерот, па и уредуваш слики во Фотошоп? На место математика, географија, биологија, хемија, физика и сл имаме релаксирачки предмети кои прават да сакаш да преспиеш во школото.
Ако си средно, не се замарај со поведение. Само глеј ептен да не претераш па да те бркаат А за намалено поведение големо чудо.
Во средно се имав здружено со една банда од 5-6 души па радовно кога ни досадуваше си фаќавме кривини. Сепак внимававме кај кои професори па немавме многу неоправдани. Убави времиња...
Ако бегаа сите, бегав и јас. Ако останеа 2,3 и јас некогаш останував. А некогаш и сите седеа само јас со две школски киднував.
Никогаш не сум бегала од часови. Не гледам логика во бегањето, уште помалку гледам нешто забавно во тоа. Би избегала ептен ако цел клас бега, тогаш ќе сум со нив. Инаку сама да бегам не ми е прифатливо. Подобро би се извинила доколку немам научено, отколку да си го упропастам угледот кој сум го изградила помеѓу професорите.