Мнооогу ретко се случуваше да избегам од час во средно, скоро ич. На една рака можам да избројам. А кога бегав, бегав или во смисол кога бевме договорени цел клас да киднеме, или кога не мрзеше да идеме на некој час а ни се пиеше кафе во Стефани (кафич одма во првата кула до ЈБТ кој веќе не постои за жал). Всушност се чудам, како ми се киднувало од час за едно кафе во она малоно дувло во кое се бутавме сите, и излегувавме усмрдени мислиш од тутунски комбинат Прилеп сме излегле Всушност кога ќе ми текне, јас повеќето педерски бегав - кога се спремавме за настап со една другарка од клас, им велевме на професорките, дека одиме на настап, мора да пробуваме и ЏОМ до Стефани повторно. Не, сериозно, зошто не сме киднувале за кафе негде у центар не ми е јасно, Стефани бре?! А за учење не ми се случило да бегам. Ко прво, си бев одлично учениче, шо би рекла другарка ми - фраерска бубалица, а како второ и да дојдев неспремна за испрашување си го јадев поштено. Што би се рекло, јас за разлика од многу машки, веќе во средно имав Спојлер велигденски јајца и тоа бабачко големи
Кога бев основно во осмо бегав прилично често за да пиеме кафе и играме пикадо или висиме на флипери, но претходно многу ретко се случувало. Имаше групни бегања, кога сите се договаравме да му ја киднеме иако имаше двајца-тројца кои остануваа и после никој не ги дружеше . Бидејќи вратата од училиштето беше непосредно пред салата каде се собираше наставничкиот кадар и еднаш бевме начекани и вратени почнавме да бегаме низ прозорците од долниот кат на училишната зграда. Па потоа требаше да се прескока оградата и сето ова ни се чинеше ко некоја огромна авантура. Сепак фактот што бев одлична ми одеше во корист бидејќи мојата инаку престрога класна наставничка се гордееше дури премногу со своите одлични ученичиња и им правеше ситни услуги од типот намалување и правдање на неоправданите. Во средно ретко бегав скоро ич имаше прилично строг режим околу тоа плус беше откриена проневера откако со украден печат од медицински ученици штампаа „валидни„ оправданија, па потоа се бараше ем оправдание ем потврдување на истото од страна на родител. И неколку пати намерно сум закаснила на прв час на испитување. Не поради ненаучено туку рано наутро ни ми се зборува ни ми се слуша искрено. Станувам навистина кога ќе пропишти алармот, но се движам ко зомби и функционирам со некоја четвртина мозок, не бурек па уште некој да ме малтретира со прашања и потпрашања не, не...И да, во овој случај секогаш се наоѓаше некој намерно задоцнет и одевме на доручек, .
Матурантка сум и не бегам од час. Не осеќам ни потреба, ни па сум имала некогаш досега неоправдан. Се случило да имам тест, да не успеам да научам за 5ка па да не одам цел ден, ама да бегам од час па уште за збес, не.
Мајка ми се чуди кога го гледа свидетелството со сите 5ки и слуша пофалби од страна на класниот ... Затоа шо секој 2 ден ја имам ,,оправдана,, причина за да не сум на училиште... Едноставно ме мрзи да ги гледам професорите и да ги слушам !! Си ја собирам екипата и одиме да гледаме и слушаме , но овој пат прекрасни момчиња ...
Јас немам искуство со бегање од часови. Еднаш се договоривме цел клас да избегаме од биологија, дека беше последен час и ни беше досадно, ама една бубаличка остана а плус тоа од автобуска не врати една професорка и остана само на тој безуспешен обид. Криво ми е што бев во такво средно што немавме некои авантури од тој вид
Едно време многу бегав во средно, речиси секој ден по некој час. Никогаш поради ненаучено - колку и да не знаев, не бегав. Ама затоа за пиење кафе, и сочни муабети, се кршев од бегање. Особено кога бев втора смена, па тие од првата смена после часови пиеја кафе во кафиќот што веќе го нема, а и да го има сигурно не се вика В, одиш таму и плакнеш очи. А кога имав дечко што беше обратна смена и живееше блиску до школото, по 3 часа дневно обавезно бегав. Често се случуваше да не ме запишуваат, на моја голема среќа, затоа што тако ми шанси немаше да ме оправда. Еднаш си отидов зошто имав температура, и не ми веруваше, и кажа на класната да ми стави неоправдани
Во основно не бев од бегачите. Во средно онака. Мислам, никогаш не сум имала потреба да бегам затоа што не сум научила или напишала домашно, или ќе си ќутиш и ќе се молиш цел час да не те дигнат тебе на Господ, Буда и Адам или ќе тропаш глупости. Ама кај нас беа легендарни бегањата од тип идеме да бегаме цел клас. Прво ни требаше еден час да се договориме од кој час ќе бегаме. Ова договарање беше мислиш офанзива спремаме, со ливчиња, со шепкање, со кодови. Е после имаш фаза двајца решиле да не бегаат, ајде сега да ги натераме. По ова иде фаза е готово дечки, не бегаме аман ни за ова не можеме да се договориме. И конечна фаза, еве гордо кажувам најчесто ја иницирав јас Ајде мрдајте, ене ја професроката во ходник. По ова имаш трчање тивко (или не) по скали и смеење ко дебили. Се разбира,додека да стигнеме до бегањето ќе дојде шести час кој начесто го губевме. А дома милував да глума лудило. Па така станувам сабајле се влечам цела ко морж некој и чекам мајка ми да ме праша што ми е. Одговарам: Абе нешто не ми е добро ама ќе идам во школо. И како секоја добра мајка она враќа: Ај остани дома денес. Најголема глупост беше кога господ знае од каде слушнав дека ако јадеш жив компир ќе кренеш температура, па од жив очај сум јадела и тоа ама јок температура. Идиот мутав, си правев драми.
Jaс во основно не одев на часови бидејќи го мразев целото училиште. Наставниците мислам дека поодвратни не можеа да бидат, никаква воља за учење не ми даваа. И секоја година едвај многу добра завршував. За разлика од средното, секоја година скроз одлична, секаде ме имаше И затоа не ни сакав да бегам од часови, немав потреба. Едино некогаш од досада, па ќе преседевме некој час на кафе, па и така ми прогледуваа низ прсти. Имаше некои во средно кои не се појавуваа на часови со денови, ама ете, пак завршија.
Во прва и втора година многу често ме немаше на оние часови како музичко, ликовно, физичко. Тие не не ни запишуваа. А и некогаш да не запишеа, класната не правдаше Си дремевме во кафичот кој се наоѓа во близина на школото. Ама сега ги немаме тие часови и нема од што да се киднува. Едино бегам кога ќе се договориме цел клас, или на друштвово мое ако не ни се оди некогаш на час кај некој лабав професор, си одиме на нашето место (кафичот ). Пиеме кафенце, играме карти, редиме муабети..
Во основно не бегавме многу често...само еднаш во осмо одделение ни се случи да избегаме цел клас инаку секогаш остануваа околу 5 души (многу ме нервираа што се двоеја од класот за еден неоправдан)...се сеќавам дека еднаш решивме да бегаме и кога на крај сите си се вратиле нашколо освен јас Инаку никогаш немам избегано поради домашно или нешто да не сум научила..си бев јас одлична ученичка,а кога немав нешто научено не одев цел ден нашколо...мама ме оправдуваше На крајот од осмо последните неколку месеци постојано се спомнуваше да бегаме...е тука јас,инаетот голем,им викав ајде чао не бегам јас....и они ама оти,ајде иди и им викав : вие секогаш заебававте да не избегаме цел клас сега јас ќе заебавам аста ла виста бејбе А за сега во средно ќе видиме има време...сепак мислам дека ќе избегам неколку пати
Никогаш не ум бегала од часови, ама сум знаела да искористам добри професори(к)и . Во средно еден период упорно си доцнев во петок на прв час зашто професорката не ме запишуваше . И потоа од доцнење знаев и цел час да не дојдам, и пак нема да ме запише, а кога ќе ме види после само да праша „Се наспа?“ Класична злоупотреба на нечија добрина. Брука жива. Бев одличен ученик, претседател на ова-она, ама ете, тинејџерски памет, начекав лабаво и злоупотребив. Ама затоа на факултет се скинав од бегање од часови, односно, не одев на ниту едно предавање ако не е задолжително, (освен на едни вежби) ама затоа што професорите беа ОТРОВ досадни. И ден денес не ми е јасно како бе може факултетски професор два часа да чита предавања со монотон глас од тетратка која веќе му се распаѓа и да не му е гајле што студентите масовно паѓаат во несвест од зевање?!
Јас во принцип не бегам од часови Најчесто отсуствувам цел ден и тоа се случува многу ретко, кога не можам да постигнам да научам некој предмет, а имам испрашување... Си земам лекарско оправдување и мајка ми ме оправда Во основно училиште не сум бегала и секогаш бев против бегањето, но еднаш во 7 одделение и јас се осудив да бегам заедно со целиот клас и тоа баш на 31 декември, пред Нова Година Тоа беше прво, а се надевам и последно бегање Сега сум средно и немам избегано до сега, а се надевам и од сега па натаму
Кога немам научено а некој професор испрашува бегам, за да не ја дорасипам оценката . Бегам и кога се досадни часовите...
Во прва и втора година средно бев мирно и послушно учениче, да не кажам војниче, се додека не ми ску*чи народски кажано, и не сфатив дека сите се прават болни кога почнува да станува густо со испрашувања и тестови. Па така си ја применив тактиката, плус додадов и моја зачинка... Kids, do not do this at home... Бегав и кога немав научено, а и кога ми беше досадно. Што беше поголем дел од времето. Имав чинам среда беше физичко, па физика, 6ти и 7ми час, втора смена. Mhm, I don't think so. Цело полугодие не се појавив на овие два часа, професоркава од што беше ажурна не ме ни забележала првиот месец и пол. Си одев на хор и од таму имав прилично ослободување од часови, доброволно давав и крв, за да си имам 2 дена слободно... моето не беше бегање од часови, беше бегање СО ДЕНОВИ.
Јас бев од оние расипувачи на забави Кога и да се кажеше ајде да бегаме цел клас јас си седев ко со цемент зацементирана на столчето и не ни помислував да станам,чисто од инает на оние кои ми се смееја што за време на одморите ги повторував лекциите Ме запометија и професорите дека не бегам така да кога имав понекогаш потреба (а бога ми и кога немав потреба,кога ќе ми беше здодевно) знаев да си прашам да ме ослободат и лепо фино си одев од часови Паметно си бев до некаде само до некаде. Немав неоправдани а пак си одев од часови кога имав потреба (испрашување,досаден час,петок седми час Бизнис зимно време ) и така .
Аууу колку само бегав, уствари нашата класна беше малце забеганка и незнам од кај најдовме оправдување со печат и со две другарки пошто имав јас дома принтер во боја принтав и после само си се потпишувавме демек болни и за кое дато ни треба затоа си потполнувавме. Иначе арно шо класнава нема прочитано на печатот со пишува, оти беше од некое здружение, немаше врска со доктор и така сме правеле финти
Во основно, посебно во осмо многу пати бегав од час. Едноставно ме фатија бубачките тогаш и не ми се седеше на часови. Плус имаше натпревари меѓу основните училишта во мојата општина по одбојка, кошарка и фудбал и повеќе бев присутна на натпреварите отколку на училиште. И не сум бегала за да одам на кафе, туку за да видам некои личности што ги гледав секој ден. Искрено сега се каам бидејќи сум бегала заради глупи натпревари, но тоа е. Речиси ниту еднаш не сум избегала бидејќи не сум имала научено, освен еднаш кога цел клас се договоривме да избегаме од тест физика. Сега во средно, не. Не бегам, ниту пак планирам. Би бегала само ако ми е нешто многу зорт или ако пак цел клас се договори да бегаме, инаку не. Ако не одам во школо нема да одам цел ден за да може мајка ми да ме оправда, инаку меѓу часови да си отидам не ми се има случено. И никогаш не сум имала неоправдани на крај, секогаш сум се оправдувала на ваков или онаков начин.
Во основно не бегав од часови, туку не одев воопшто на часови. Редовно имав главоболки, ми паѓаше делче од протезата, ме заболуваше стомак и тако далје... Не дека не учев, учев и тоа многу, ама ете не сакав да одам на школа и само си барав изговори да не појдам. Сега во средно не бегам многу, бар овие две години не. Прво, зашто немам причина да бегам, ако сакам да си одам ќе и речам на класната и ќе ме ослободи, а друго и немам друштво за бегање. Сите се некако уплашени што ќе речат во понеделник на класен, што ќе им речат на родителите итн. Ама сепак, некогаш големиот одмор ми потрајува повеќе од 25мин. или малиот од 5 се претвора во 45мин. Си имам јас моменти кога не ми треба друштво за бегање...
Во основно не бегав. Во втора средно почнав и веќе во четврта ретко кога ме имаше во школо. Ама знаев убаво да си ги организирам бегањата со што помалку неоправдани. Затоа на крај добив „награда“ за најелегантно отсуствување од часови. Не се каам. Убави спомени си имам направено од бегањата
Јас кога бегав, бегав но се правдав хахах И бидејќи бев одлична ученичка, никогаш не беше тешко да убедам некој професор дека не ми било добро, а уште понетешко да се оправдам пред класниот во понеделник на трет час Мојата бегачка кариера започна во седмо одделение, кога имав обичај да врзам блуза околу г'з и да речам аууу проф МОРАМ да одам да се преслечам. Налет тоа, од страв да не сетат дека не сум преслечена, навистина одев дома и ставав други фармерки(смотана). Исто во основно со другарките се вадевме демек одиме во црвен крст на некои си состаноци. Наутро на први часови, одев на училиште ама седев во соблекувалната (да знаат де моите дека сум излегла од дома ). И сето ова беше само доколку ептен нешто не сум научила А веќе во средно друга приказна: заминував од досада, од умор, намерно задоцнував зашто кај нас ја затвораа вратата и неможеш да влезиш подоцна, бегав за да јадам, за да играм фудбалче или пикадо,... НО, секогаш најдував солидно (од сегашна гледна точка глупаво) оправдание. Најсмешно ми беше кога не отидовме на прв час со другарка ми (прва смена) и после цели нервозни му објаснуваме на класниот: Па со превозот идевме АМАН! (на тие со превоз што се вадеа секогаш му се оправдуваше, као демек тој доцни, а бтв ние две живееме 3 минути од гимназијата и тоа класниот многу добро го знаеше ). Човекот се насмеа со онаа фаца: Ахх што сте виее..... и оправда јбг