А, вие за бегање го рачунате и лажењето родители дека ве боли нешто? Ако е така, јас сум редовна беглака уште од трето. Досега само еднаш.. па, и не беше бегање.. Во шесто се договоривме цело одделение ќе сме бегале, дури и тие смотаните ги наговоривме (баш тие што не бегаат не се одлични, него тројкаши, бегањето иначе беше по наша иницијатива, четворицата најдобри) и си отидовме пред бурегчилница. Незнам како се случи, ама 5 минути по почетокот на часот, гледаме останати сме само неклоку души. И така, трк накај кабинетот, ама веќе бевме наклеветени и не не прими наставникот на час. Јакото беше што тие кои останавме бевме четворицата најодлични и уште двајца многу добри. Тргнавме да си одиме, ама нашата 'загрижена другарка' отиде дури да се пожали на класната.. Па после скандали, родители викање, раскажување на цело школо.. Тоа беше еднаш, засега во основно, ај догодина гимназија, ќе се пишуваат приказни на темава.
Во основно не практикував да бегам.... освен ако не се договоревме цел клас, па немаше смисла јас да бидам црната овца, нели? А во средно Ех средно Во средно не бегав. Во средно фино лепо се ослободував. Да не мора да се мачам да барам оправданија, бидејќи на мајка ми веќе и‘ се смачи да ми ги носи од на работа. И никогаш не избегав т.е. се ослободив затоа што немам научено. Се ослободував ако ми беше досадно, ако ми почнуваше филмот или од љубов де Морав да give a little love
E.. пример денес избегав. Т.е. си заминав елегантно јас и уште повеќе од пола клас Епа, ПРОФЕСОРИ, не закажувајте испрашување отсега, можеби следен пат ќе седиме
И јас во основно не бегав,воопшто бев бубалица невидена ,а и класот ни беше некако смотан за бегање.Додека во средно беше друга приказна.Само што почнавме во прва година и првите денови немаше дневници и ние цел клас организирано бегавме.Тоа се случуваше секоја школска година на почетокот.Класната 4години не оставаше како класна ,ама не и успеа.Негде кај 3 година која ја запознав љубовта почнав понекогаш да бегам,а некогаш да ја прашувам класната да ме пушти.А дека бев одличен ученик таа без размислување ме пушташе.Дури еднаш се сеќавам направив 10 неоправдани,ама класната ми ги намалуваше. Ах,тие средношколкси денови пак да се вратат.
Во основно не, ама затоа во средно надокнадив за тоа. Во петок имав 7 часа и тоа најтешки, школото ми беше прилично далеку и обично втора смена кога бев, не се ни појавував по цел ден. До школото имавме кафич и цел ден таму дремев, а после за правдање уште што не измислував. Де глава, заб, по лекари, немало автобус (цел ден ) многу бев креативна . Имаме една случка со една другарка што беше многу срамежлива и не сакаше да бега и едвај некако ја намолевме да избегаме, а таа ситотата прв пат да не се појави цел ден. Уште па ја спремивме дека ако ја прашаат некои од професорите да рече дека баба и умрела. Ја прашува нареден ден класната каде беше вчера и девојчево толку се збуни и зд`тка, што по грешка место баба ми, рече мајка ми умре вчера Почнаа некои од страна да се смеат и нормално професорката почнала да се сомнева. Вечерта се јавила дома кај девојчево на телефон, кога мајка и кренала . Абе трагедии, после сиротата казна си трпеше и ја викаа невестата бегалка
Не го оправдувам бегањето од часови...но неможам да кажам дека не бегам Последна година ми е од средно.. и незнам некако едвај издржувам на часовите... неможам да доседам сакам да сум било каде освен во училна...незнам зашто така уште од самиот почеток на школската година ја неможам да доседам на часови... Ајде уште оваа година фала богу па нема да морам да се туфкам понатака 45мин во училна !
Како прво ќе ве молам да не го викате ова бегање, туку поштено одење од школо. Прв обид за бегање: основно, кога умре Тоше. Ама класот ни беше многу прост, па еден по еден почнаа да се враќаат, и ништо од нашето бегање, завршивме со наведнати глави пред класниот. Сега класот во средно ни е мирен, не бегаме, освен кога елегантно си излеговме дента кога ги пречекувавме кошаркарите. Сама немам никогаш избегано, ама ако бегаат групно сигурно нема да останам и да бидам црната овца во класот. Од тест не сакам да бегам, го сметам за многу кукавички потег, а и знам дека последиците после ќе бидат многу потешки.
тема за мене значи бегав, бегам и ќе бегам да многу често знам јас да си го продолжам сонот насабајле, да си испијам една утринска кафица уште од 7, иили да си ги скратам седум часовните тешки минути борба со очните капаци кои ми тежат еден тон, и да си фатам пат накај дома имав доста изостаноци лани а класната ми ги оправдуваше стално, ама оваа година неќе моќи, еден куп а едвај октомври али нема везе.. никогаш не бегам кога имам за испрашување, затоа што секогаш знам дека штом не сум научила за овој час за наредниот па ич, и затоа убаво пред тест си загревам стол и си научувам, макар и цела вечер се расправам со разноразни книги и скрипти
Чуството го имам искушено до пола ,тргнавме да беваме сите за прв пат, и оп Ангелчето си останала во ВЦ,кога слушнавме,сите трк назат,утрото решето ја направиве,и одтогаш никој ништо не и нема продумано иако сега сите сме возрасни
Јас многу имам бегано од часови, и во основно а сега и во средно. Најчест изговор ми е дека сум болна па ќе си одседам дома 2-3 дена, а и во Септември бегавме цел клас, па поради тоа класната ни закажа веднаш родителски -.-'. Демек таа не била ученик. Но бегање од час што никогаш нема да го заборавам е во основно кога бев 7 одделение. Имавме 2 последни часа ОТП и не ни се седеше па решивме ние неколку од класот да избегаме преку прозорец да рипнеме пред да дојде професорката. Јас рипнав веднаш по Кика таа рипна прва и околу 5-6 души рипнаа со нас хаха. А договорот беше сите да рипнеме и да избегаме но кукавиците останаа. -.-'
ретко сум бегала, може да се ставам во оние кој и не помислувале на бегање, едноставно секогаш се сум сваќала одговорно и гордо сум се носела со последиците
Често знам да забегам, особено во петок ако е топло времето но никогаш не бегам од тестови или испрашувања, или од некој побитни часови (за мене побитни де..) Бегам онака во добро расположение кога ми се наредени веке 5ките, надвор е топло, ме чека стегнато викендче Седиме четворица во клупата (2 се споени заради компјутерите) и најчесто сите заедно си одиме дека ни е досадно кога некој од нас фали
Па во прва не сум бегала ни сама ни цел клас, ама сега втора кога ќе се договориме сите да бегаме бегаме секако нема што да се правам јас тука мн паметна и да останувам,ама ретко се случува да избегаме и цел клас поради таа бубалицата кај нас само она останува цц
Во основно не бегав , немав потреба тогаш си бев мирно учениче на прва клупа и се редовно си слушав и учев. Во прва година кога отидов средно не ги сакав професорите воопшто ама пак не бегав ..Во втора се здружив со другарките и чат-пат ќе се најдеше некоја па ајде ќе избегаме 1-2 часа..Ама пак не толку често како што е сега во 4 та година . Во минатите години немаше шанси да се случи да се собериме сите да избегаме(цел клас) .Сега ич не е проблем , од кога е почната годинава ние имаме бегано 4-5 пати секако .. Памтам годинава јас се договорорив со 2 другарки да бегаме од фармацевтска хемија ( патем единствена 2ка ми е и наместо да седам да ја слушам јас ја киднувам ) и си заминавме ние 3 те му рековме на другиве ако можат да не скријат. По 10 минути ми се јавува една и вика : Eхеј, и ние си заминавме цел клас , еве сум пред порта Мал милион пати годинава ја терав (и ја натерав ) мајка ми да и се јавува на класната да ме правда. Кутра жена лажеше за мене , демек болна сум . И така , годинава имам 6 неоправдани имам фора на уште 3-4 преку сила и после нема бегање
Оваа година претерав со бегањето, прво полугодие 6 неоправдани уште еден писмена опомена Е сеа второво што ќе праам незнам Лани си бегав ама слабо ме запишуваа па на крај имав само 2.
охооо е за бегање богами ме бива .... секој петок 3ти час фитка преку ритка али само до 11 оодам повише не ...
Никогаш не сум избегала од час. Може не ми се допаѓал некој наставник, може и ние не им се допаѓаме ама тука сме на взаемно (не)задоволство да си го одработиме планираното и пријатно. Полесно ми било да седам на час, да го слушам предавањето и нешто да запомнам отколку да бегам па после пред писмени да се мачам самата што е, како е
Јас бев чуден ученик. Никогаш не бегав од часови, ниту од писмени или испрашувања. До сега значи сите 12 години (средно и основно) од час дали имам избегано 20 пати. Јас бре брате не идев по цел ден, си останував во кревет, да си поспијам, да се стоплам, да одморам. И кога ќе се успиев не станував да одам на 2,3 час, си терав до крај. И полесно е за правдање, ако ме немало цел ден ќе кажам болна бев, имав обврски...а вака ако ме нема еден или два часа се знае дека сум избегала. На сите професори во средно им беше чудно што на предавања ретко кога ме гледаа, повеќе не одев отколку што одев, ама па за тест или испрашување во прва клупа нацртана си бев. Секоја година во средно јас имав над 150-200 оправдани часови, и по некој неоправдан (кога стварно сум заксанила).
Сега во 4-та баѓи му ја затерав со бегање, секоја година имав по 4-5 ова година 10 ја претерав мислам стварно. Имав опомена од класната, не смеев да мрднам последните деној, ама зато си бев мирна и си ги седев сите часој. Оти ќе ѕвонат дома, е тогаш сум на бесилка Мајка ми ми рече ако ѕвонат дома јас не идам да се потпишвам, немаш ти родители.
У принцип, не бегам од часови. Единствено математика и биологија (глупи предавања држат овие две) киднувам и не ме ни приметуваат дека ме нема. Forever alone.