1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бегање од часови

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 25 септември 2011.

  1. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    hahhaahh nasmeja me :rofl: inaku i jas sum odlicen ucenik,no nemam neopravdani
     
  2. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Додека бев во основно може да се каже дека повеќе бегавме од часови а сега во средното се построги професорите па неможе да бегаме често. Сега сум втора година и до сега ниеднаш немам избегано :tmi:
    Еднаш таман се договоривме да избегаме гледам некои се вратија едно десетина деца и јас фитка назад :D
    и сто пати подобро што се вратив, после кога гледав какви казни добија „бегалците“ си викам добро е што не избегав, некако срам ми е одлична ученичка со 2/3 оправдани за цела година да избега од обичен час, нова лекција :worried:
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Во основно по дифолт бегав од хемија и физика( Досадни часови, шта чеш :D ) .

    Сега не ни помислувам. :!:
     
  4. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.262
    Пол:
    Женски
    Во основно немав избегано од ниту еден час. Сите се водеа по онаа тематика, ако бегаат сите бегам и јас! А, бевме многу несложен клас, ретко за нешто да се согласевме сите.
    Сега во средно имам избегано два пати. Првиот пат беше кога имавме инспекција, некои професори беа на екскурзија со учениците од втора година, а кај нас доаѓаа некои професори со кои што немавме часови. Вториот пат му ја киднавме на 30 декември :wasntme: Предновогодишно расположение, шта чеш?

    :!: едит: Е добро де три пати! Избегав со една другарка од математика. Али, во моја одбрана-морав. Предходниот час ме имаше станато и ми шибна кец в тефтер, а знаев дека тој час ако бев таму повторно ќе бев станата.
     
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    3.600
    Пол:
    Женски
    Основно немам воопшто бегано ама затоа во средно, трета и четврта... Ауууу, срам ми е да кажам.. :$

    Инаку, да не помислите дека сум олош :) со сите петки бев, ама дружењето со друштвото на кафе, смеењето и тоа како ми беа поинтересни од шести и седми час... 8)

    Често беше кај мене и по цели денови да не одам во школо и ради тоа во четврта си имав намалено поведение но пак со 5.00 просек... :D

    Затоа, сум за бегање ама со исав! :lol:
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Во основно не познавав поим „бегање од часови“.
    Мислам дека ние бевме последната генерација во моето сакано основно училиште каде беше институција во која се седи на час , макар и да ти е ск*рчено од се, а на одмори и после часови си се криел позади продавничка за да спалиш цигара или да ѕврцнеш некоја.
    Сега гледам дури и во основно се редат кецови и неоправдани, и се чудам бре, саде мозок!

    Во средно шемата на бегање започна.
    Како што почнав до крај, кафиќите ми беа помили признајем.
    Во 1ва 17 неоправдани, во 2ра 13, во 3та 11, и во 4та 7. 8)
    Чист пример ко суза за тоа дека ко што стареам, се опаметувам. :D
    И во поглед на неоправдани, и во оценки, и во понашање.

    Не би да разглабам сеа со имиња на професори, некои и знаат кај сум завршила, арно ама имаше некои професори во средно кај што не приметуваа отсутни, тогаш тоа ми беше златна шанса за кафица и трачарење. Микица поздрав! :hai:
    Знам дека ти бев омилена ученичка, и дека ја правев атмосферата на час...кога одев на час!
    Еееееех, убаво време поминато во средно.

    Али сепак, морам да напоменам, дека поради тие бегања кои не беа поради кафе, пример поради некој момак, сум пропуштила значајни заебанции од важност за средношколскиот живот, за кој беспоштедно се каам, и би ги фрлила у вода лапањата за тие моменти сега, ама биднаа. :worried:
     
  7. Brojce

    Brojce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Кога станува збор за бегање никогаш не викам не :D Понекогаш се сметам и како организатор ама најчесто не се реализираат мојте планови за бегање, па си одам сама. :D Никогаш не бегам од испрашувања и од тестови
    во тие случаи не ни доаѓам на школо :D се шалам :D
    затоа што наставниците знаат дека сум одлична ученичка и срамота е да не бидам присутна на тие црни часеви :D а за останатите часеви и не правам проблем.
    Како што кажав , само кога има екипа за бегање БЕГАМ а кога сум сама не можам тоа да го вбројам во бегања,најесто се оправдувам на многу оргинален начин , си ги знам наставниците како функционираат и ги фаќам на финти :D
    Причини за моите (не)оправдани отсуства се заради досада,работа до центар да си купам некоја ситница или да си се најадам саламно а најчесто си одам дома зошто ми се спие (поготово прва смена кога сме )
    Често ми се се случува кога ќе ми текне дека имам 7 часа денеска а само првите два се важни , ма не сакам ни да ја мислам што после ..книгите од дома си ги спремам само за тие два часа :D
    Важно на крајот секогаш само по 1 неоправдан имам,искуство.... 8) :D
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    4.990
    Јас никогаш не сум избегала од час, нас екипата ни беше баш на час.
    Да, да од тие што секогаш имаа во вис два прста, таква бев.
    Но еднаш немав научено, а имавме и нов професор кој не не познаваше, и почна да испрашува.
    Јас станав и кажав "Другарка професоре, отсутна е".
    Па подобро да имам еден неоправдан отколку 1 во дневник.
    Тоа ми е едниот неоправдан во сите четри години од средно. :)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Jaс во прва средно имав околу 70-80 изостаноци, во втора околу 120-130, трета 181 и четврта 195 ама стварно си беа оправдани :lol:
    инаку прва бев за бегање, многупати и организатор :angel: ама ми идеше да утепам некого едне паметен кога ќе се најдеше сите излагаме тој седнал и не мрда од клупа :punch:
     
  10. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.262
    Пол:
    Женски
    Girl gone wild, случајов со мене. Ги начукав второво полугодие 6-7 неоправдани. И тоа не бегав од тестови и испитувања, туку од досада. Детенце. Браво mia. |(
     
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.761
    Допаѓања:
    25.009
    Пол:
    Женски
    Со најдобриот другар и една бивша школска не сме тешки колку имаме бегано од часови.
    Но, ептен добро тактизиравме, бегавме од кај професори кои не запишуваат отсутни, или на споен час со друг клас, каде отстуството не би се забележало, а некогаш не снемуваше знаејќи дека ќе имаме неоправдан, но имавме среќа да не ни се соберат многу.
    Да напоменам нешто многу важно - НИКОГАШ не бегавме поради ненаучено, туку од чиста досада, а и кафиќот каршија школо изгледаше толку примамливо.
    И воопшто не се каам, затоа што најубавите спомени ми се баш од овие бегања.

    Ма да и професорите, а и школото воопшто не беа престроги.
    Еднаш дури и директорот не начека во ходник и на прашањето зошто не сме на час му рековме дека веќе имаме оценка по тој предмет и нема потреба да сме на час и човеков се насмевна и ни рече дека сме во право, а и плус крај на школска година доаѓаше, немаше некој ред.

    Да не се разбереме погрешно, бев апсолутно одлична ученичка,никогаш сум немала проблем ниту со професори ниту со некој посебен предмет, но ете - тогаш ми беа најубавите години и баш ги уживав правејќи што ми се прави во моментот.

    Колку ми фали сето ова, леле. Би се вратила во средно, само за да ја имам можноста да киднам од час и да ја осетам таа 'возбуда'. :D
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Во основно не, ама сега чат-пат знам да си забегам понекогаш. :D Сега во средно го избегнувам првиот час, а некогаш последниот. На први кога не идам испрашуваат, додека од последен ја здувувам од што ми е досадно - математика, доволна причина. Најсовршено бегство ми беше кога му реков на професорот дека ќе одам до тоалет, а јас си го фрлив ранецот низ прозор и му ја дувнав накај автобуска. :D Лајк а бос. :D
     
  13. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Јас не бегав, туку едноставно не одев на школо со денови и месеци, и сеуште се чудам како завршив :rofl:
     
  14. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    *И те молам накратко објасни ми во каква ситуација си сега,ете ме интересира како завршуваат таквите како тебе? Мислам што не одат во школо..Не ме сваќај погрешно немам намера да те потценам. :)

    *Да си кажам и за себе:
    Јас во основно не бегав,а во средно-сега сум втора година,бегам кога немам научено по 100 пат и ми е срам пак да кажам дека немам научено. :$ Или еднаш кога се договоривме цел клас да бегаме и ајде и јас да не бидам црна овца избегав,ама се вратија два тројца.И од тогаш ако имам потреба да бегам,бегам со другарка или измислувам причина за класната да ме ослободи.А тоа е многу ретко зашто јас си учам колку толку. :)
     
  15. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Досега никогаш не избегав од часови.
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ама сум излажала. Не знам, најверојатно неколку дена откако сум го напишала постов цел клас избегавме од физика „испрашување“ (професорот не заеба и не планирал да испрашува). После тоа убаво го изедовме стапот и од тогаш не сме ни помислиле на групно бегање, посебно не од физика. Од тогаш ни го памти и не држи под конец.

    Инаку баш оваа година, многу, ама многу бегав од часови, а демек не сум планирала. |( Посебно второво полугодие, имав еден периодот кога не бев расположена за ништо освен за седење дома, спиење и безделничење. Не бев расположена за луѓе, гужви, професори и галами, па често си заминував вадејќи се дека не ми е добро или слично, а некогаш и стварно не ми беше добро. Еднаш се зезнав и не отидов на тест македонски и тоа мислам дека ми е најголемата грешка оваа школска година. Само што секогаш сум се оправдувала, имам околу 60 оправдани (од кои 40 сигурно ми се од бегање, а другите од стварно што сум била болна) и 2-3 неоправдани (стварно кога сум закаснила и ми немало спас).
     
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Сега сум прва година студирам на туризам :)
     
  18. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    па бегам нормално кога цел клас ќе се договориме. Но се случува и понекогаш кога не сум спремна да не сприсуствувам на некој час :D
     
  19. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    До сега само еднаш имам избегано во основно и тоа цел клас бегавме, меѓутоа не не запиша. Од тогаш не сум бегала, а и не планирам :) Кога не научам, не одаѓам на училиште цел ден, а и мислам дека е подобро така затоа што со самото бегање докажуваш дека не си научил, па и професорите не се глупи за да не можат да го сфатат тоа :D
    И многу сум против бегањето, секогаш се бунам. Кој не научил - негов проблем, нека бега, нема зошто да ги тера другите ако тие научиле и се спремни за часот ;)
     
  20. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    хехехе е бегам ама имам мн добра класна која ми ги оправдува часовите инаку до сега ке бев избркана заради неоправдани :D кога ми е досадно си одам порано кога ке ми се спија не одам на школо, пред полугодие 1 недела ме нема...........