Ееее да се врати тоа време... не би бегала сега....добро де не толку многу. А многу бегавме. Немавме седено ден со сите часеви...неможевме. Ама битно убаво си поминувавме. Имаше толку многу моменти со школските ааах. Па и оние пријателства што некогаш стануваат најцврсти и за цел живот се толку од тие денови
Ние кога бегаме до часови бегаме цело одделение и некогаш наставниците влезат и внатре нема никој.Класната на одделенски малку се подере ама кој и дава важност.Ние од шестите сме најдобра паралелка во учење ама и во дисциплина сме најлоши и кога наставниците ке се пожалат ние ке кажеме дека кој не прашувал а тие ке речат за разговор треба двајца!Ама сите ми се петки во генерацојата сум најдобра сите тестови и писмени ми сее со максимум добиени бодови и 5 и не можат да ми ја налат оценката.А неоправдани немам затоа што кога бегаме цела стаја бегаме и не можат сите да не запишат!А последен избегавме вчера на 4 цас затоа што имаше фудбал ама наставниците додека не видео ние вејке бевме излезени од училиштето.
Не бегав многу, затоа што друштвото не ми беше погодено, никој не беше расположен за кафе и сл.,а за ненаучено немам бегано сама. Во 4та малце се опуштив и едноставно си заминував, од досада, а некогаш и јас бев иницијатор, ги убедував другите да бегаме.
Во прва година само еднаш избегав, се рзбира тоа беше со цел клас.... ама 2,3 и 4 си бегав и за прва што не сум бегала кој го нема на час се знае Еленушка да не беше класната сеа ќе си бев пак 1 година
верувале или не досега само еднаш итоа заради тоа шт немав учебник па следниот час и кажав на проф но не ми е неоправдан ..несакам да створам таква навика
Јас имам 7 неоправдани, избегавме да гледаме фудбал кога играа Македонија и Албанија во Прилеп. И класната оп - 7 ни ги опна! Не се добива ништо, без гајле.
Во основно не бегав скоро ич. само цел клас коа ќе си бегавме. А сеа во средно...ааааааауу. не ми се кажува На почетокот не си заминував мн .. Само на физичко неодев никогаш (ми беше грдо) уште не сум појдена на физичко т.е цела година 2 пати имам појдено .....Инаку од други часови на почетокот од годинава не бегав.. али сеа растур правам.. последните 1,2,3 часа скоро секоја ден си одам!! Имам 8 неоправдани 67 оправдани!!
Јас РЕДОВНО си бегам од часови! Некогаш ме нема пр. од одмор па натака!У клас сме само 6 женски и 4 се плашат да не не` фатат а една не сака да ја срами мајка и`. Јас бегам од час веќе од 3 одд. и сум добро истренирана па бегам на сред час за да не ме забележат со 3-4 од машките во класот.
Два пати имаме избегано цел клас. , ама повеќето машките бегаат. Кај нас со 10 неоправдани и 3 кеца писмена опомена , и мора да му ја мислиш, дали ќе бегаш или како утка ќе седиш на досадните часови
Досега тоа ми се нема случено, иако некогаш длабооооко во себе посакувам, кога ми дојде преку глава од тој наставник или предмет..
Кој памет која глава .... Во шесто на наставничка по математика и тоа класна .... Цел клас ! И после оп на Dolly.doll сите петки без оправдани изостаноци со 1 неоправдан.... Шлап ! Наставничката ги викаше 2пати родителите на родителска и им брблаше : Како можеле сите ! бла бла бла...
Годинава имав само 1 неоправдан Избегав од кај класната,за да се видам со дечко ми,таа се налуте оти и ја кажав вистината и не ми го оправда.Да ја излажев ќе ми го оправдаше Ма не бегам јас,пимерна си сум
Јас никогаш до сега немам избегано сама, ама цел клас сме бегале, партали сме правеле. Годинава особено. Да ми ги пишеше класниот неоправданите ќе ме избркаа од школо. Сега на сведетелство имав само,дури 1 неоправдан.
Одлична ученичка сум и никогаш не сум бегала..Некогаш цел клас се договарале ама јас не сакав и затоа не бегаа.Многу пати ме молеле ајде да бегамее те молам,ама не.Кога ќе речам не и не.Зошто да се кријам и да бегам и потоа да закачам неоправдан?Од мојот клас имам неколку такви девојчиња што се решаваат со бегање и еднаш направија план да ја направиме наставничката дека е луда,таа пред да дојде ние да ги пикнеме чантите под клупа и да ја гледаме од зидот кога доаѓа и кога ќе видела дека не нема ќе одела кај класниот а ние за тоа време да се пикнеме во училница и кога ќе дојде класниот наставничката да ја направиме будала..Јас не прифатив затоа што како прво таа е многу строфа и на сите ќе ни закачи единици и нема никогаш да ги поправиме,второ класниот ќе ни закачи единици и трето ќе ги повика родителите и ќе се жали од сите заради некои пуфлиња што се неспособни да научат и бегааат од час..Тоа не го оправудвам
Ехеееее, не да бегам, само што секој петок(прва смена), први час ме немаше, па тој професор ли е па , се на памет сака да му научам па , не сакам да забегам од учење, иначе и на другите часови ако сум одговарала ке одам до град да си купам нешто, ке одам докај моите на работа и така
Јас еднаш во 6-то и еднаш во 7-мо. Сеа оваа година не сум, ама има време. Во 6-то беше биологија, и 13 деца се договоривме да речеме као демек сме слушнале дека ќе го губиме часот, а оние другите останале у школо како да повторат за нареден час. Психологот се дереше по нас у паркот (оти не виде), ама ние као демек не сме ја чуле. И немавме неоправдани туку правевме тест Во 7-мо од 20 дена, 18 избегавме. Оние двајцата се правеа црни овци, дури и најдобрата другарка беше едната и ден денес и се љутам. Ова беше македонски, петок последен час, требаше да правиме нешто како писмена на тема еден ден од зимскиот распуст (првата недела од второ полугодие ни беше). Никој немаше напишано состав, па му ја гибнавме. Си заработивме по еден неоправдан, по една забелешка и една оцена помалку за второ тримесечие. Си викам боље да сум отишла ќе сум извадила барем 2-ка на писмената. Ич не се замарав, еднаш се живее, мора да се проба.