1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бегање од часови

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 25 септември 2011.

  1. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    До сеа немам бегано од часови. :D
     
  2. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    не сум бегала до сега
    незнам зашто :D
     
  3. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Аааа сте ми ја погодиле темава.Во основно немам толку бегано.Немаше со кого.
    Памтам еднаш во осмо избегав од тест.А сега во средно,растур правам.
    Навика станува,интересно ти е.Не е за фалење ама пред исклучување сум со неоправданите. :tmi:
    Највејќе од математика и германски си бегам. :)
     
  4. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Па во основно баш и не го практикував бегањето, но сега кога ќе ме фатат бубачките можам слободно да си заминам - не да бегам :)
    Не е битно дали цел клас или сама...и најчесто си заминувам без причина...не дека немам научено или слично. :)
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Значи, не бегам, туку културно се ослободувам од класна :D
     
    На Lila1803001, LittlePinky, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    бегам кога имаме испрашување и кога немам научено :D
    немам друг избор
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ниту во основно, ниту пак во средно немам избегано од час :tmi:
    Самоиницијативно не ни ми текнало, а цел клас па никогаш не сме се организирале за сите да избегаме.
    Не знам, можеби такви ми се погодија класовите, бевме поделени во повеќе групи и не се сложувавме баш најдобро меѓу себе. Ако немавме научено, тогаш гледавме да го одложиме тестот или испрашувањето.
     
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш немам избегано од час..А нема ни да избегам..Од мојата одделение сите бегаат но само јас не..
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    4.825
    Пол:
    Женски
    Не бегам. Кога ќе се собереме цел клас, да. Не сум јас најпаметната па да останувам и да ме замразуваат во класот.
    Кога имам некоја потреба се ослободувам и пошто немам изостаноци секогаш ме пуштаат.
    Никогаш не ми било нешто којзнае што јако, голема работа бегањето од часови.
     
  10. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Во основно не сум бегала од часови, додека пак во средно прва бев за бегање. Некогаш си имам друштво, некогаш, па само ќе му ја дувнам. Причината? Па, и нема некоја конкретна причина. Едноставно досадно ми е. А, кога не сум спремна обично не одам цел ден во училиште :)
     
  11. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Во основно знаев често да бегам од часови. Сега во средно не :) се опаметив малку :clap:
     
  12. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од оние што преферираат да бегаат. Секогаш сум против бегање и никогаш не бегам, се случувало целиот клас да избега и само јас да останам. Но, тоа многу скапо ме е чинело, сите се против тебе, те навредуваат и сл. И вчера имавме испрашување по стручен предмет и како по обичај не научиле. И им текна ајде ке бегаме. И сите се согласија. Јас секако дека не сакав да бегам, си имав научено, али кога се сетив што ме очекува ако не избегам станав и избегав и јас. Прв пат за овие 4 години. Не бегав од незнаење туку од тоа што не можам да ги поднесам навредите. И денеска имавме повторно час од истата професорка. Ни ставила на сите 1 во дневник, и од 5 на полугодие ми ставила 3 и плус на сите ни напишала по 3 неоправдани. Не дозволи никој да одговара, освен на две мои соученички, кои избегаа па после се вратиле без никој да ги види. И на нив им ги зголеми оценките, од 1 на 3. И сега јас што го знам целиот материјал имам иста оценка со некој единичар. Добија подобри оценки,но ги изгубија пријателите. Сите се против нив, им го прават истото што ми го правеа на мене. И сега многу се нервирам, дали ке има шанса да имам 5 на крај на годината, ако во наредните тромесечија имам 5. Што мислите вие? И има ли право да не те испраша а да ти напише 1?
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Blabla16, и јас истотака сум избегала еднаш или 2пати заради другите,не дека јас сакам...Ми се случувало и јас да не научам,но полошо е ако избегам отколку да ми пише минус за незнаење.Има право да пише 1 без испрашување,според мене,само ако ученикот е немирен и прави проблеми,а нефер испаднало тоа што тие двете си се вратиле без да ви кажат и си фатиле оценка.Требало да се збуниш и да станеш да одговараш,побарај помош и од класниот/класната.
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Бегав од часови, особено во четврта средно. Кај тие професори што немаа навика да запишуваат обавезно си одев. Или петок седми час - постои ли друга опција? :D (се шалам, зависи од часот)
    Ама намногу мразев цел клас кога се договаравме да си одиме. Глупости живи.. секогаш има некој што ќе заебе ситуација. Подобро сама ќе си избегам, барем знам дека има шанси да не ме запишат и сигурно дека нема да ми ја намалат оценката.

    Еднаш една професорка (малце налудничава) ми даде да и запишувам во тефтер нешто и јас со не знам кој памет :lol: на мене и на најдобрите другарки им ставив плусеви :D Затоа наредните 5 часа не и се појавував на час. :D
     
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас досега немам избегано од час ниту планирам да бегам :D(сега за сега вака, а за понатаму нез имам уште 5год.)Ама ако ги прашата другарки ми ќе речат та да бега од часој ти не си салам та одсуство нема а не од часој да бега :D
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски

    Се додека сите правите нешто што другите ви го кажуваат, ова ќе ви се случува.
    Колку пати сакале цел клас да бегаат, па не успеале да избегаат зашто како прво јас во ниеден случај нема да избегам, а како второ има уште 2-3 девојчиња од мој клас што исто така нема да избегаат. Но ние си имаме бе свое ЈАС. Што мислиш дека кога нема да успеат да избегаат цел клас ништо не ни префрлаат и ништо не ни зборат. Ама што ако зборат, тоа не треба да те повредува и ако ти речат нешто, врати им и ти некоја навреда, речи им јас не сакам да бидам единичарка како вас, не сакам да оставам лош впечаток во очите на професорите, речи им ако сакате вие фрлете се и во Вардар, ама јас не идам по вашиот памет што го немате. На крај краева разговарај и со класната и таа може да те посоветува уште нешто. :!:
     
  17. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам избегано од час,а и не планирам.Знам дека никогаш нема да избегаме цело одделение,зошто повеќето нема да сакаат а и јас сум меѓу нив.Мислам дека нема потреба од бегање,секогаш се може да се реши на мирен начин.Зошто ќе избегаш и после ќе мислиш дека си најјак на свет,ама од после ќе дојдат проблемите со наставниците,класната...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Кога бев осмо нон стоп викав демек јас да бегам нема шанса,ама дојдов средно и видов што како :D Ептен да избегам со неоправдан и се,беше ако стварно го немав научено материјалот.Од тест немам отсуствувано,а од часови не бегав туку се ослободував со глупави изговори,па ме пуштаа оти бев одлична ученичка.
    Имам и многу пати на сред час си заминато од досада и не ме запишувале,исто ако се скарам со
    професор/ка па да ми речат оди прошетај малце :D :D :D
     
  19. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Еднаш избегав со најдобрата другарка во 7мо одд. А не знам ни јас зошто самата. Потоа ни пиша 1. И на крајот ми остави 4ка, а се имав одговарано и претходно сите ми беа 5ки. Тоа е.
    Потоа цел клас избегавме во 8мо. И неколку пати имавме избегано во 2ра или 1ва, не ми текнува точно. После тоа не се случило такво нешто. :)
     
  20. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Несакам да бегам, воопшто, ама досега 2 пати :rofl: ама со цел клас, за да не се налутат другите ајде и јас :D