Море колку бегам дури срам ме фаќа, во 4та нема да ме има на часови ако продолжам вака. Историја во цело второ тромесечие се појавив само за тест да правам, физика час идам 3 часа не идам, ликовно ко што ни е последен и таму ретко се појавувам, физичко да не зборам. Најчесто ова со еден другар и две другарки во тандем. Што е најтрагично имам само еден неоправдан, и тоа што закаснив на француски 5 минути.
Во основно (8 одд) избегавме цел клас имавме тест ( не памтам кој предмет беше) и избегавме. Се сеќавам само дека кружевме низ населба како деца од 5 одд на градска екскурзија. Во средно сме бегале од географија, и најчесто од бизнис. И се сеќавам беше крај на школската година и ние избегавме од бизнис дека ќе испрашувала професорката и цел клас киднавме. Јас не сакав сакав да одговарам па стандард сите против мене ме убедуваа дрн дрн... И на крај во понеделникот класната кога отвори дневникот шлог ја мавна. Професорката не запишала сите до еден 40 души од петок како имавме па се до саботаа во дневник. На факултет е исто како да ме има ама ме нема. А сите испити на број
Ниту во основно ниту во средно сум бегала од часови. Главната причина е што не ја гледам убавината во тоа. Не ја гледам поентата. Да деца како деца интересно на некои им било но на мене не. А не сум била некоја бубалица. Мислам дека разговарањето со моите родители имаше влијание на таквото мое размислување.
Епа да ти кажам имаат право што плукаат на тебе кога само ти си црната офца во класот.И кај мене има неколку како тебе што не бегаат, и со право ги вреѓаме.Па луѓе, млади сме, дај да си го направиме животот поинтересен.Нема да биде крај на свет ако избегаш од час., а не вие затворени во 4 зида, несакам да бегам оти лош впечаток ќе сум оставела, или лоша оценка во твојот случај.Па девојко цела година е пред тебе, чим си научила и знаеш ќе ја поправиш.А тие двете кокошките што се вратиле не заслужуваат ни да му се зборне. Иначе, јас сеуше сум основоно, 8мо и досеа иам некаде 4/5 пати избегано.Сама не ми е по кеиф да бегам, па затоа во група.Најмалку 10 ученици бегаме.Имаме на македонски бегано, на математика, биологија, изборен еееехе.И досеа само еден неоправдан и тоа од изборен кога бегавме, и за казна имавме цел клас 4ки. Имаше и тогап 1 девојче остана, и 5 машки, и сеуште им префрламе за тоа.А па едни се вратија да се извинваат, какви глупачки ееи, ама пак си имаа 4, ако му е. Иначе да напоменам не сѕм некоја слаба ученичка, со сите 5ки сум, ама една од најбесните во класот.
Христинчто, прво, многу злобно е да се вреѓа, второ, тоа е себичност и лицемерност кон родителите, им кажуваш дека ги сакаш кога ти одат по мерак, а после, ги изневеруваш со тоа што бегаш од часови... браво! Јас не ни учам и вадам 5ки.. како? Па, се разбира, слушам на час и запамтувам.
Уште кога ги прочитав првите твои две реченици знаев дека се работи за детенце. Спојлер Осмо била. Види ја ти нејзе.
Ако се смета за бегање, два пати имаме излажано со другарките дека сме на музичко, дека сме имале генерална проба, и дека сме на хор, а ние се шеткавме Друго не
Како прво никој нема право никого да навредува, посебно не ако не сака да избега. Ако ти ги вреѓаш другите ако не сакаат да избегаат, само покажуваш колку си невоспитана и некултурна. "Па луѓе, млади сме, дај да си го направиме животот поинтересен"... Со бегање од часови си го правиш животот поинтересен? Браво, секоја чест !
Не верувам дека си одлична и тоа со сите 5ки. Одличен ученик вака не размислува!!!!! Ако ти сметаш дека тие што не бегаат треба да бидат навредувани и да бидат сметани за црни овци, тогаш јас сметам дека таквите единичари како тебе кои само мислите да избегате од некој час и кои сметате дека животот ќе ви стане поинтересен ако избегате треба да бидете одбегнувани од сите и таквите како тебе не ни треба да одите во училиште. Подобро одете мерете ги улиците!
Еи, баш ќе ставам слика од евидентниот лист од првото полугодие да видиш дали сум единичарка или со сите 5. Спојлер освен 4ката фзо ако ја сметаш Можеби не навредувани, ама сигурно ќе бидат исмејвани зашто токму заради тие кои остануваат, цел клас си го ''крка''.Во мојот случај, да не останеа тие 4/5 никој од класо немаше да има 4ка, пошто нели сложен клас и би било ептен безвезе за сите казна.Вака они си останаа и заради нив ние 4ка, а да речеш не беше испитвање или тест, изборен предмет на кој ги задржа само 20 мин.Е сега на ова вие би рекле епа зошто не останавте туку си заминавте чим беа 20тина минути?-Епа не ни се седеше едноставно, почеток ан школска година беше, и требаше со 3 часа да си идеме, ама овој закашка и дојде. И ете, од второто полугодие ќе ги соберам сите што бегаат заедно со мене да мериме улици.
Јас одсекогаш сум била различна од другите. Незнам како така прифаќаш да си беспомошна зебра во мало крдо... многу лесно лавовите можат да ве уловат. А, ако сте како нив, затворени, на страна во безбедно, нема ризици, нема грижи. Не се секирај ти, наскоро ќе ти се соберат неоправдани. Или наставниците ќе ти ги дадат за изненадување како нивогодишен подарок. Треба да ловиш, не да те ловат...
Јас не сакам да бидам црна овца во нкој случај ,ама па имам одличен успех заедно со 2-3 девојчиња,а останативе во класот ќе им текне да бегаме и ние ќе се противиме 4ри па ќе почнат ее вие учите само заради вас треба да седиме сите,не сме сложни,незнам што.. Мене не дека ми се седи на последен социологија 7ми час,но кога ќе праша професорот следниот час (сигурно ќе се видиме пак)или класниот, нема да им се обрати на 1ците и двојкте,туку на 5ките нели и кој ке си го изеде стапот на крај пак ние,епа затоа не сум за бегање..
Дали нашиот клас е едниствен кој не бега? Се случило само 1-2 да се договараат за бегање ама има околу 7 деца што се противат (и јас сум една од нив) па другите викаат или сите или никој, и така.. досега ни еднаш не сме избегале цел клас, се случува да избегаат 2,3 од последен ама цел клас не.Ако немаат научено, повеќе им пали да го откажат тестот, со лигавење него да избегаат Мноогу против бегањето од часови. own:
ИИИ Тарамтараам.. Денес се играше полуфинален натпревар, нашето училиште со друго и бевме договорени да бегаме од 4 и 5ти час а на 6 и 7ми да се вратиме,пошто од моево селско училиште не добивме дозвола да идеме да го гледаме..И не избегавме се ради едни пи*кици во класот кој ме изнервираа .Стуткани на парното ко некои загревни се тресеа од страв, ееј се тресеа од страв.Абе фак, ако е вака и средно без никаква забава и ништо интересно подобро неписмена да си останам и да не идам никаде средно, поготово не со вакви. Спојлер А и да, победивме на натпреварот,утре,т.е денес финале, ако не не пуштат пак сама бегам
Баш сега се договарам со другарка ми да не одиме утре на прв час и ја гледа темава. Иначе во основно еднаш цел клас избегавме,сега средно сум бегала ама само 3 неоправдани имам зашто на бизнис и физичко 2 пати им избегав и не ме запишале.Им се фалам на другаркиве,епа што не се чувавате како мене со само 3 неоправдани сега ќе се вадам на крај на година.
Јас не бегам од часови, лагано си излегувам. Често се случува. Нај често е за да одиме на кафе-муабет. Имаме бегано цел клас исто така. Неоправдани фрчат на сите страни, јас пак за чудо имам само 4, а би требало над 10. Се случува и да закасниш на час, па да не те пушти професорка и одеш си шеташ. Ние не сме сложен клас. Некои бегаат, некои не. Јас сум во тие првите, а овие што не сакаат да си одат стално се карат и се прават паметни. Не гледам причина зошто да не си одеш од час за кој што немаш учено, или пак од тест. Освен ако не лажеш, дека ти е лошо. И тоа често се случува.
Јас не знам од каде тоа дека бегаат само единичари? Сега на тромесечие ќе имам само две 4ки (и тоа едната музичко ) и една 3ка а се скапувам од бегање. Нема ден да ме нема од нешто. Ама најчесто бегаме јас, уште 2 другарки и еден другар, па ај да речеш од тест дека бегам не бегам, не ми се седи бе на час црви ме фаќаат.Демек аир некој видел од ликовно и такви ми ти предмети. А како клас еднаш не сме избегале, што клас ќе бевме, само бубалици.Искрено не ги сфаќам, и неоправдани да имаат демек ќе им влијае на успехот, а до 11 можат да ги тераат без казни.
немаме проблем со бегањето ние еден на шала да каже ајде да бегаме цел клас за 5 секунди низ врата одиме... годинава многу зачестив со бегањето ама благодарение на класниот (уште малку да продолжиме со бегање и ќе се откаже од нас) си имам 5 неоправдани (а можда требаше да бидам 25 ) и никогаш не сме побегнале од тест или испрашување бегаме од што ни е досадно