1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бегство од балканот-како до реализација?

Дискусија во 'Барање работа' започната од razocaranata, 24 септември 2017.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Проституцијата и трговијата со бело робје како причина да не се напушти Балканот или поконкретно земјава, е смешно во најмала рака..
    При толку прошетани места, никаде не сум била мета на локалното население, ама во моето мило Скопје бев мета.. па ако така гледаме, ајде во подрум да седам, за секој случај.
    Доколку си снаодлив, секаде ќе бидеш. Доколку не, тогаш опасно е и од дома да се излезе..

    Заминувањето во странство без разлика дали поради брак, студии или работа е предизвик..
    Не секој е способен да се вклопи во нова средина, затоа за тие што немаат излезено од родната земја, препорачувам да барате места слични на МК, да не бидете "жртва" на културниот шок што ќе го доживеете..
    За останатите, ви посакувам само среќа.. начини има 1000..
    Само вложувајте во себе и ќе успеете :)
     
    На cresa-jagoda, Emy867 и Dadusicka им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    /|\

    Нема тука културен шок и сл. и нема што многу да се мисли кога станува збор за ова. Ако сакаат да им биде поубаво ќе се приспособат на условите кои им ги нуди таа околина, а ако кукаат нема ништо да направат.
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Абре некако забегавте од темата. Не е за прошетки, туку за наоѓање работа, живеалиште и како да се добие државјанство. И од прошетка до наоѓање на подобар живот има голема разлика. По мое искуство знам дека има многу непријатни изненадувања, многу работи имам видено, многу ангелски лица (мислиш мајка Тереза се) со лоши намери. "Културниот шок" се доживува откако ќе бидеш добро сместен и со добра работа, а не на излог во долна облека. За женските е така, за машки може да биде и поинаку, а може и да си преспиваат надвор или да се прикрадуваат во летни куќички за преспивање. Затоа тој што не се чувствува храбар и не е спремен да го ризикува своето фино кровче нека не оди никаде. Но сепак и пред тоа кажав се е до среќата и до храброста и снаодливоста.
    Шетање е разгледување на земјите и правење среќни мигови, а обид за менување на живот е долг процес со повеќе негативности и преживување.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Passenger

    Passenger Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    Friendly, не сакам да вреѓам, напротив, сакам и ја да сум friendly со сите :) ама стварно го претера со муабетов :)

    Прво со овие култови за Македонките. Цел свет се тепал да ги киднапира и да ги праи бело робље. Има далеку поатрактивни жени низ светот (да нагласам „свет“ е многу широк појам, не мора тоа да е Запад, може да е Исток). Па и мажи има далеку поатрактивни од овдешниве (да не го поштедам ни машкиот пол).

    Како што паметно кажа @sjdgo : дали има значаен број на Македонки во светскиот моден бизнис? A мисици? Нема. Дали тие се доста застапени во трговијата со луѓе? Не. Колку да се, 0,00001%? Еден-два случаи? Нит модни агенции се затрчаа тука, нит белосветски pimp-ови. Во таа сфера ние не котираме нигде (со чесни исклучоци).

    И муабетот дека „улиците смрделе на мочка“, кај нас па на цвеќиња мирисаат. Увек коа шетам низ СК се плашам да не зацапам у некое... да не речам што. Коњска запрега може да ме згази усред Центар у 21-ви век.

    Па уште Турчинка ако била, морала да е покриена. Па не збориме за Авганистан под Талебаните. Испаѓа реформите на Ататурк у Турска никад не се десиле. А ако е Турчин мора да е со фес и чалма? И бркови обавезно? Каков е овој муабет.

    Да не биде сфатено погрешно, не велам дека у странство е се’ нај-нај и дека сите се фини и поштени и дека тече мед и млеко, далеку од тоа.

    Има пациентела сегде, не спорам воопшто.
     
    Последна измена: 29 септември 2017
    На parksey, Dust и sjdgo им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    @Passenger
    Каде пак јас спомнав бело робје?
    Направив само споредба од македонка и права турчинка во однос на облека, ништо друго. Повеќето од нив шетаат покриени и не се мета на непријатни погледи и напади.

    Темата е бегство од Балканот. Гледам дека погрешно се толкува животот во поцивилизираните западни земји. Таму добро живеат само луѓе кои работат на добри позиции, оние кои земале сопруг/сопруга од таму или оние кои работат од 6 до 6. Се друго е ниска класа и се мачи секокојдневно да опстане. Работат било што само да се каже дека се во странство. Доколку имате можност пожелно е да ја посетите земјата прво како турист и тогаш ќе ги согледате работите, животот од друг агол. Кога ќе заминете засекогаш, тогаш сте принудени да прифатите се и сешто бидејќи немате избор. Не се брзајте со одлуките и никогаш не заминувајте сосема сами.
     
  6. Passenger

    Passenger Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    @friendy ти сметаш дека Македонките се толку атрактивни, што тие можат да бидат мета на разни опасности. Една од тие опасности за која се фативме у дискусијава е трговијата со луѓе („бело робје“). Еве заборави на тоа и замени го со било која друга опасност, напр. силување, и пак мојот коментар ќе држи вода.

    Македонките (па и Македонците) не котираат високо во светот на модата и убавината и нема масовни силувања, киднапирања, трговии или сл. Или народски речено: никој не не’ е... сапи (да не речам нешто побезобразно).

    Што е тоа ’права Турчинка’? Дали например ти си чула за Сабиха Ѓукчен (1913-2001)? Таа не само што не била покриена, туку тоа била една од првите жени - борбени пилоти на светот. Во нејзина чест е именуван вториот аеродром во Истанбул. Таа била посвоена од Кемал Ататурк, познатиот турски државник. Тој ги забранил шамиите и покривањето на жените. Сега Ердоган се навраќа на некоја конзервативност, но тоа е друг муабет. Значи, да, многу Турчинки се покриени, но таму имало сериозни обиди за нивна еманципација. Има таму современи, урбани женски што пратат трендови, што патуваат, се образуваат у странство и сл. (како познаничката на @sjdgo например). Не збориме за ИСИС, побогу.

    А чим една цура шета низ цел свет и општи слободно со сите, ја не мора да ја познавам за да сфатам дека не е од оние покриените, конзервативните. Тоа не би имало логика. Зар у Бразил у бурка би шетала?

    Добро, со овој дел би се согласил. Не смее да се идеализира.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Се распрашав Ели. Таму имам блиски пријатели кои самоиницијативно заминаа пред година ипол и нивното искуство не е така сјајно. Едвај може работа да најдат, а киријата едвај ја плаќаат. Без претходни пари на страна и врски/роднини таму тешко дека може да се снајдеш и да бидеш задоволен. Ризик голем е во секој случај за некој кој оди на слепо.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Доколку имате некоја добра струка од средно - и тоа е доволно за работа. И со македонски пасош можете да отидете каде што сакате. Најмногу ја препорачувам Швајцарија, но треба да знаете германски, италјански или француски, бидејќи тие се трите основни јазици кои се зборуваат и учат во Швајцарија.Лесно можете да најдете работа. Пишете jobs in Switzerland, колку сакате линкови ќе ви излезат. :) ... Но да знаете дека многу ќе ви недостига домот и семејството.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Вреди да се прочита текстов како генерално предупредување, не дека не смее да се мрдне надвор од Македонија, туку едноставно да се биде повнимателен и подобро да се прриспита секоја понуда и одлука:

    ... Понудите со ексклузивни работни услови, гледано од призмата на македонскиот работник, се главната причина поради која нашите граѓани ризикуваат да платат за посредувањето, не знаејќи дали навистина ќе го добијат тоа што им се ветува.

    Дејан Миловановски, триесет и шестгодишен ит - дизајнер вели дека пред околу еден месец на интернет нашол одлична понуда за работа во Холандија од областа на неговиот сектор. Се израдувал оти конечно се понадевал, дека своето знаење ќе може да го покаже, а за тоа да добие и добра плата, за која во Македонија може само да сонува.

    - Можеби сега веќе ќе бев во Холандија и ќе заработував, доколку не наидов на сомнителен однос од страна на компанијата која го нудеше огласот за вработување. Кога се јавив на телефонскиот број ми рекоа да уплататам 2.600 евра на сметка на агенцијата, а за тие пари ќе добијам авионски превоз и сместување во Холандија. И штом ќе се формира одредена група работници кои треба да работат во таа земја, ќе може да се реализираа патувањето - вели Миловановски, но нагласува дека не можел да и верува на агенцијата која му барала бланко доверба, а за возврат требало да ги уплати парите што со месеци ги собирал работејќи хонорарно во една македонска компанија. Агенцијата, вели Миловановски, со ништо не му гарантирала, дека навистина ќе замине на работа во странство, а најчудно од се, како што вели, му било тоа што не му побарале ниту CV, ниту каков било друг документ за неговите квалификации.

    - Ризикот беше преголем.„Ти уплати 2.600 евра на нашата сметка и не се секирај, работата ти е загарантирана“. Така накратко гласеше нивното уверување за ветената работа во Холандија - вели Миловановски.

    Овој млад човек не вегол во авантурата што му ја нудела сомнителната агенција, но што е со сите оние македонски државјани, а најголем дел од нив градежни работници, кои настрадале во трговијата со работници во туѓите земји ? Нашите сознанија говорат дека голем е бројот на жртвите на трговијата со работници што заглавуваат на странскиот пазар на трудот. Тие немаат никаква помош во далечните земји, а за почеток им е потребна поддршка дека некој ќе застане зад нив во докажувањето на нивната вистина и правдина.

    Единствена надеж кога се измамени, е правдата да ја побараат во државниот инспекторат или во Здружението на граѓани „Отворена порта“ кое речиси 17 години се бори против трговијата со луѓе и за заштита на жртвите на трудовата експлоатација.

    „Отворена порта“ повикува граѓаните кои поминале низ голгота, или на каков било начин биле злоупотребени или прекршени нивните човекови права да се обратат на СОС телефонската линија 080011111.

    Познато е дека ова здружение ги промовира човековите права и ги застапува интересите и потребите на лицата кои се под ризик или претрпеле насилство и трговија со луѓе преку превенција, социјална поддршка и лобирање на национално и европско ниво преку членството во „Ла Страда“ - Интернационална - Европска мрежа за борба против трговија со луѓе.
    целиот текст: линк