Бегство од затвор (Prison Break) [2005 - 2009]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Sparks, 12 јуни 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Чепкав низ форумов и видов дека немаме тема за една од најдобрите серии, Призн Брејк.

    [​IMG]

    Накратко странува збор за една од најдобрите серии, каде главниот лик е Мајкл Скофилд, човек кој е спремен на се да докаже дека неговиот брат Линколн е неправилно осуден за убиство. Мајкал смислува совршен начин како да го извлече својот брат - своето тело го тетовира со тетоважи на кои е нацртан целиот затвор и начините како да избегаат заедно. Потоа намерно прави грабеж во банка за да биди уапсен. Но како што тече серијата сфаќаме дека зад тоа убиство кое се препишува на Линколн стои една моќна организација која влече конци во полицијата, здравството, политиката ...

    Серијава има 4 сезони.
    Јас ја изгледав во 2 недели, прекрасна, интересна, напната, уникатна пред се.

    Главниот глумец, Wentworth Мiller би го мажела :D Се разочарав кога слушнав дека е геј :(
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еден од моите омилени цитати ги вели токму Мајкл, be the change you want to see in the world.

    Мисли? Сте ја гледале, ви се допаѓа, не ви се допаѓа?
     
    На cresa-jagoda, Marija 1999, Vladus и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    :clap:

    Добро ти редовна си тука за крадење мои мажи или? :devil: :D

    Одлична тема. Серискиов прв пат кога го видов, се заразив инстантно. Не можев да прекинам да го гледам. Одлично осмислен и сосема поинаков од се останато. Премногу ми се допадна.
    Teabag ми беше најлегендарен лик, а Мајкл - ах бре, би му го фатила тоа
    г’зето и би му го грицнала
    :D
    Баш тип на маж каков што скоро секоја жена посакува. Екстремно интелигентен, згоден, загаточен, шармантен.

    Втората сезона ја следев ама кога заврши си реков - е сега ја претераа. И искрено третата сезона немав веќе волја да ја догледам :worried: Од толкава популарност, премногу ја расипаа ми се чини. Штета, а можеше да заврши славно, вака за мене заврши - премногу комерцијално.

    Сепак бидејќи не сум некој фрик по секој сериски кој ќе се појави, овој беше еден од малкуте кој навистина ми го привлече вниманието.

    Најмногу ја помнам сцената пред самото бегство од затворот. Massive Attack - Teardrop во позадина, се наежив тогаш.

    Едит. И третата ја изгледав
    (таа беше со затворот во Панама нели?)
    , за четвртата немав сила ниту волја...сега ми текна. Малку се збунив со сезониве :lol:
     
    На cresa-jagoda, Novecento, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Од кога Скофилд е твој маж? :? :rofl:
    Ете ти го Џек ти го дадов од Лост, овој не ти го давам.
    А и џабе се тепаме, не сака моми тој, момчиња сака :( :rofl:

    Teabag беше легенда, секогаш знаеше да ја замрси ситуацијата, ама сепак во него се криеше едно дете, видовме кога ги пушти таа жената и децата да живеат. Тој ми беше константно добар лик, сите 4 сезони беше одличен. И тој ретардираниот ми беше добар лик, што му беше цимер на Мајкл, што имаше пореметување во спиењето. Женската од трета сезона, таа со мачкастите очи исто беше супер негативец.

    Првата сезона ја ставам на прво место од сите серии кои што сум ги изгледала (Многу се).
    Сосема ново, оргинално, интересно и напнато беше. Омилена сцена ми беше кога се изгоре Мајкл на грбот, па цел план му се поремети, мислам тоа беа најнапнатите сцени. Секако и со Сара кога се бакнаа, цело време ми имаа некоја прекрасна хемија, многу ми беа мили иако речиси не видовме некои екстремно љубовни сцени меѓу нив.

    Втората сезона ми беше исто прекрасна, играта на мачка - глушец со тој полицаецот, глумецот од Армагедон, убаво го осмислија и за тоа што кога ќе излезат од затвор.

    Е третата сезона беше најслаба. Ама тогаш беше кога штрајкуваа режисерите па и Лост и сите други серии тогаш имаа фијаско сезони. Третата сезона беше веќе видена, Мајкал во затвор обидувајќи се да излезе надвор.

    Четвртата ми беше исто преубава, најемоционална. На крајот се убив од плачење, преубаво ми заврши, не беше класичен крај на серија туку сосема неочекуван. Фајнл брејк, додатните 2 епизоди што излегоа само го надополнија убавиот впечаток кој го имав.

    Се на се, серијава :rock:

    Бај д веј, што мислиш зошто ја ставив првана слика, кога Вентворт е сликан одназад? :wasntme: :worried:hock:

    Eдит, ај во спојлер :D
    [​IMG]
    [​IMG]

    :wasntme: :wasntme:
     
    На cresa-jagoda и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Ете ја, ја најдов :) .
    Многу добра серија, Мајкл го обожавав, му се восхитував на неговата интелигенција, снаодливост, ефикасност. Во секоја сцена те остава без здив, кога ќе си речеш е сега е готов и се поткренуваш од столче... - треп ќе се извлече :x .
    Крајот не им го бендисав многу, ни го умреа :doh: , ама ајде.
    А Teabag беше цар, да не прочитав од вас сеуште немаше да знам како се викаше.
    А бе ќе ми текнеше на серијава и право ми летаа мислите: -А бе како се викаше чичето??? :^)
    Жалче ми беше за него кога во бекството го зезнаа а па и таман си ја заши раката пак мораше да се прости од неа :( (таа сцена преку прсти сум ја гледала).
    Подоцна, не ми текнува која сезона беше, ми беа интересни кога ги крадеа тие информациите, картички ли што беа, за да ја активираат таа справата лелеле сум заборавила, ептен комплицирано беше :wasntme: .
    Сума сумарум ептен добри беа.
     
    На cresa-jagoda и Marija 1999 им се допаѓа ова.
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Многу интересна серија со оглед на тоа што од дивидитека ги купивме со фамилијата моја сите сезони на цедиња и дадовме околу 1500 денари на овој филм.Се` повеќе не интересираше што ќе се случи,посебно мајка ми многу се внеси...
    Мене сите сезони ми беа подеднакво интересни,глумецов е совршен.Спој на интелигентно,секси и убаво...Би го зела за маж,жими се! Не верувам дека стварно е геј. :^)

    Многу добра серија,ептен напната.
    Тeодор или Ти-бег ми беше многу интересен лик,сите сплетки од него излегоа.
    Симпатиите меѓу Сара и Мајкл ми се свиѓаа исто,едвај чекав да се бакнат.Многу страст помеѓу нив имаше.
    Крајот беше,еве да речам добар...Криво ми беше што умре Мајкл.
    Како и да е,одлична серија беше.
    На сител ја почнаа но не ја довршија.Јас ја гледав пред две години,летото,а непосредно пред да почне на сител ја завршив со гледање.
    Импресиите ми се уште тука.Планирам летото уште еднаш да ја изгледам,дома ми се цедињата мада многу луѓе ми ги бараа.


    [​IMG]
    Ми доаѓа да го земам преку слика..Ах што би му правела... :$
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Same here. :hai:

    Чинам нема попосветен фанатик за Prison Break од мене.
    Така и започна мојата љубов кон сериите, манијачно гледање на десетици епизоди - деноноќно.
    Мајкл Скофилд за мене останува една од најдобро осмислените улоги во сериски филм.

    Првата сезона е ненадминлива, втората малку со послаб интензитет, ама затоа третата сезона во затворот Сона... :x серијата се врати во полн сјај.
    Многу интересни ликови, за мене еден од поинтригантните беше Алекс Махоун (William Fichtner)
    [​IMG]

    Не ми се допадна што четвртата сезона малку ја направија sci-fi, малку во стилот на mission impossible и малку бедна откако го умреа главниот и омилениот Вентворт Милер. :(

    Ептен се изнервирав, не мораше да го умрат човекот после целата мака.
    Можеби најомразен ми беше братот Linc the Sink |( и неговото синче.

    Во секој случај, серијата е ОДЛИЧНА. :up:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Ој женски, вие имате милост? Па јас не сум ја изгледала 4та сезона до крај, а зошто, да се прашам?! :^) Е сега морам да ја догледам....ама веќе сите без спојлер ми кажавте дека Мајкл умира?! :o

    Епа нејќум, сакам да го памтам жив иако тоа газето му припаѓа на некој друг. Буквално друг, во машки род :D

    Еј Алекс Махоун :clap:

    Мене ми беше исто еден од најомилените позитивни ликови црнецот, ви текнува? Од првата и втората сезона, душа. Го заборавив како се вика. C note? Мислам?! :?:

    А Сукре the latin lover, никој не го спомнува? Му го обожавав акцентот :)
     
    На cresa-jagoda и mona.s им се допаѓа ова.
  8. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    144
    prvo ko vidov deka ima kategorija za serii ja pobarav ova prison break :rofl: e nema zimi se pojaka mene najaka mie poslednata sezona bo ja obozavam a znajte deka na zamunda ima nesto kako film the final break i prejak e pokazvat kako majkl stvarno umre, jas sum zalubena vi wentworth miller prejak e ama peder e :( go mrazam jas onaj psihoto so rakata ama i posle smesen mi stana
    a i pojako mi e da ne vervam deka e gej i se karam so site xa xa xa xa :))))))))))))
    [mod-kirilica:2sxo2lxu][/mod-kirilica:2sxo2lxu]
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Темиве со моите омилени серии преку ноќ изникнуваат...

    И уште една серија која не ја догледав до крај...4-та сезона до пола ми е изгледана, баш до епизодата кога дознаваат дека мајката им е жива...
    Не ја догледав од проста причина...се заразив со д-р Хаус :lol: , која бај д веј исто така не ми е догледана :D

    Првата сезона ја изгледав во еден здив, по 3-4 епизоди дневно, со оглед на тоа дека немав превод, цела куќа грмеше...интелегинцијата на Мајкл, пожртвуваноста, братската љубов ме воодушевија, љубовта кон Сара...цела сезона е лудница.

    Втората сезона, кога се појавува дет. Алекс, играта мачка и глушец...мислам дека на Мајкл му ласкаше што конечно се појави некој на негово ниво...некој кој му е достоен противник.

    А се сеќавате на ликот кој се појави во првата сезона кој му беше на Мајкл цимер пред Сукре, тој од психијатрискиот оддел, оној што украде точак од едно девојченце кога избегаа од затворот...ејјј лудак, сакаше сплавче да направи :D само не ми текнува каде сакаше да оди.

    Третата сезона-затворот Сонна...никој жив не избегал...е па Мајкл успеа и од таму да кидне....
    Тука најинтересен лик ми беше баш Тхеодоро...лукав, итар, користољубив, хипокрит...ама го обожавав, едвај чекав да видам кому ќе му забие нож у леџа...

    Четвртата-недогледаната :lol: ..проект Сцила..малку по СФ, ама интересно..и неа ќе догледам, само да најдам време.

    Морам да се надоврзам на Пирамитка...Сукре, прав пријател, а неговата љубов кон Марија...прашање е дали постои ваква љубов.

    А таа кучката.. што се појави во третата сезона, како се викаше :?: ...психооо, ама интересен лик. Не се сеќавам што се случи со неа. :^)

    Се` на се`, уште една серија вредна за гледање.

    А...заборавив да спомнам...тотално се разочарав кога дознав дека и Венворт е гејче...а колку ли само го замишљав, па и психички си го изневерив мм :lol:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    Омилената моја серија. Знам дека со душа чекав да излези нова епизода. Малце имам подзаборавено што се’ се случуваше. Треба да ја изгледам одново, да се потсетам.

    Најдобро се сеќавам на Гречен, како што рече некоја форумџика погоре, со тигрестите очи. My kind of woman :D
     
  11. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    144
    мене најјака ми е последната сезона ама нема нешто потажно ко ке умри жими се ама работата е во то шо не показват како умира во серијата туку во филмот, и јас го делам твоето мислење нема серија шо ја немам гледано ама стварно мајкл е најак од сите не можам колку е паметен какви шеми праеше

    И мене ми е јак т-бег психопат е в крај секогаш си наогаше некоја информација за да си го спаси животот ха аха ха ха ха :D

    А ти за греЧен шо прашваше та всушност имаше керка со стариот на компанијата главниот и на крајот за малку ке ја отепаја ама ја пуштија

    Јас многу го нејкев онај од фби во 4та сезона не ми текнува како се викаше оти в крај ке ги заеби...

    А за мајка му на Мајкл е многу паметна и ке знај како мисли се мајкл ама сара ке ја убие неа и филмот е ко ке јА ВАДИ мајкал сара од затвор а да и ГретЧен ке бииди со сара в затвор

    БОООООо цела серија ти ја кажав :D

    поззз
     
  12. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    498
    Најубава серија! Во план ми е пак да ја симнам. Одамна ја гледав, изгледав се што има, крајот не ми се допадна и мислев дека ќе има уште, ама нема :(
    Гледањето беше буквално од јутра до сутра, седев до 6-7 наутро, а некогаш и 8 ме фаќаше - што не ми се случило за никоја друга серија :$ :$ :$

    Долго време после тоа бев опседната од Мајкл, си вадев слики од него, го ставав на аватар и му го зборев на дечко ми цело време, до тој степен што го фати љубомора :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

  13. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    144
    и јас ја гледав така и до 3 спиев другиот ден :D не ми се ни излегваше од прејако шо ми беше да гледам и мене ми беше многу жал за Мајкл не требаше да умри за сите се изнамаЧи тој жими се и на крајот не е фер :(

    Ја дават на пинк кај 11 на веЧер иили кај 12 не знам тоЧно на пинк 15
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.023
    Серијава ја обожавам...еве сега ја гледам 5 или 6 пат на фокс крајм...А Вентворт е совршенство :inlove:
    Го обожавам секаде ми е на позадина....Збрлавев по него од кога го видов прв пат на сител :inlove: :D
     
  15. andrea1998mk.girl

    andrea1998mk.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    јас сум ги гледала сите 4 сезони и на мене мајкл скофилд ми е суперр и целата серија е супер незнаев дека е гејјј ;(
     
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.023
    Аман сите сте запнале дека е геј...тоа некој новинар што си го измислил оти го видел Вентворт со другари и оти до сега не се оженил |(

    Па и да е геј јас си се тешам дека барем нема некоја друга женска да го има :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda и eutixismena им се допаѓа ова.
  17. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    144
    gej e na zalost srceto moe,waaa ima prznato:(
     
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.023

    Има признатоо?? ај ако може линк од каде ти е информацијава бидејќи јас како што знам нема признато еве :

    The interviewer asks: “There are rumors that you prefer men.”
    Wentworth replies: “I’m not gay, but that rumor can’t be killed. I’d like to have a girlfriend and a family. But I haven’t met the right one yet. Until then I’m focusing on my job. I had to wait so long for this chance I savor every second on set even if it means 14 hours of shooting a day.”

    А инаку да не бидам мн офтопик да кажам дека мене омилена ми беше првата сезона кога се запознаа мајкл и сара...инаку го мразам Махоун бидејќи 100 пати го заеба мајкл а и да не беше он мајкл немаше да умре во последната сезона...Мн си го сакав Ти Бег и многу ми беше интересен кога ги правеше тие манијачките фаци :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Серијата ја изгледав пред една година и повеќе, и тоа за многу кратко време ги изгледав сите 4 сезони, заразна е и те тера да видиш што понатаму.
    И филмот го гледав, ама на десет минути пред крајот заспав, и сеуште не знам како завршува, а еве помина година цела, па и втора ќе фати. :D :tmi:
     
  20. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.280
    Пол:
    Женски
    http://www.aceshowbiz.com/news/view/00010934.html