И мене оваа ми беше многу жална...повеќе од фајнл брејк дури...се сеќавам дека јас прв пат кога ја гледав оваа епизода си ја рикнав уште од кога се шетаа на плажата,Мајкл и Сара иако незнаев дека на крајот од таа епизода ќе го дадат гробот,очекував дека во фајнл брејк ќе се случи сето тоа, а во оваа епизода сеуште ќе биде жив и пак си ја рикнав ..ептен плачев и мислам дека вчера беше прв пат да не заплачам на таа епизода
Јас почнав да плачам уште кога ги потпишуваа документите за ослободување,некако музиката беше таква и се сетив низ се што поминаа.Па потоа следуваше смешната сцена со Ти-Бег и гумата за џвакање па потоа си продолжив пак кога Мајкл и Сара беа на плажата па се до крајот кога му го оставија патчето на гробот . Ако не ја даваат специјалната епизода на Фокс Крајм ќе ја гледам на интернет.
И јас се пресмеав на сцената со Ти-бег ...човечето ми е закон...првен кога дојдоа кај него почна да рецитира нешто од Библијата и кога му кажаа дека ќе оди во затвор пак, почна да им вика да горат у пеколот Инаку еве ја отворив страната за програмата на фокс крајм и пишува дека во понеделник ќе даваат Бекство од затворот,ама како што гледам ќе трае само 45 минути,па изгледа дека ова нема да биде фајнл брејк оти таа трае еден саат и нешто...претпоставувам дека пак ќе ја даваат последната епизода и пак ќе си ја гледам,ама овој пат има сите да ги избркам од дома за да можам на раат да си плачам
Хехе кај мене среќа па немаше никој дома. А инаку можно е да ја дават во две продолженија или пак поима немам ,ќе видиме во понеделник што како.
Јас не видов кога почнала серијава,знам дека кога уклучив во 18 и 20 беше почната..и како што видов од целата специјална епизода која што имаше два дела го дадоа само последниот,односно кога Сара е во затвор...Ах,овој Махоун,копилево со авионско чело колку само го мразам ...смрдло,да не беше он барем мајкл ќе можеше да помине уште некое време со Сара пред да умре,а можеби и ќе дочекаше да му се роди синот...Овој пат неможев да се воздржам и се расплакав и мама ми вика плачеш за Скофилд? Е не жено,за курле од навачани ќе плачам! Па уште и на крајот кога се разделуваа Сара и Линколн со Сукре и Махоун ми вика еееее ами каде е Скофилд ...уште она ми фалеше да ме нервира И од утре се префрлам на пинк 15,па таму се гледаме срцка
Јас денес гледав една епизода на Фокс Крајм.Во нејзе Мајкл сакаше да помогне да избега жена му од затвор а на крај умре изгледа Да не е случајно последната епизода?
Е тоа е специјалната епизода Фајнл Брејк,конечно да ја гледам и таа е многу жална на крајот.Во неа се објаснува како умира Мајкл. Инаку Махон испадне глупчо но сепак и тој немаше многу избор.И за Гречен ми падна криво што не успеа да избега од затворот а сепак не ја предаде Сара.Ти Бег како и секогаш со неговите испади ама многу се смеам кога има сцени со него,по некоја смешка мора да каже.
Девојки ставајте во спојлер кога откривате нешто од серијата. Има некој што не ја има гледано целосно
BlackSwan5 -од колку саатот почна епизодата? од почеток ли ја фана? Инаку Пеликуна,последната епизода беше во петокот,оваа денеска е специјална епизода во која се објаснува зошто умрел Мајкл
Во истиот термин кога почнуваа сите епизоди на Фокс Крајм околу 18 и 15 а ја фатив од почеток а вечер пак ќе ја гледам репризата накај 1 и 40 мислам . Едит: ЦИА дури сега го прочитав твојот пост.Епа ако од 18 и 20 го давале вториот дел од специјалната епизода тогаш не сум фатила од почеток,започнало порано изгледа . Е зошто Махоун те нервира толку? (авионско чело ) Мене ми е баш симпатичен,има убави очи ама не му личеше тоа што му го направи на Мајкл.Но изгледа да биде повторно федерален агент му беше побитно за жал но сепак ми останува еден од омилените ликови.
Ке се пукам во левата нога и десната слеопочница.Таман решив да ја загледам ова ти било крај....грррррррррррррррррр Интересна серија била ама за жал ја фатив на крајот.
Пеликуна ако имаш Пинк 15 и таму ја даваат и се некаде кај 10 епизода од 2 сезона,ја даваат секој работен ден накај 16 часот и 20 минути.
Епа BlackSwan5,епизодава изгледај си ја на интернет,оти ова на фокс крајм не е целата туку само вториот дел...во првиот дел е објаснето кака сара стигнала до затвор. Инаку Пеликунче,ти ептен касно палиш ,ама ако многу сакаш да ја изгледаш,ја имаш на интернет,симни си ја,веруј дека нема да зажалиш
Ке гледам,обавезно ама се надевам дека нема да биде за џабе зошто знам што ке се случи веке на крајот.Ама сепак ке почнам зошто ми се виде интересна. CIA нетот ми е крш за да симнувам па затоа ке пробам на Пинк 15
Па и јас знаев како ќе заврши серијата уште кога почнав да ја гледам,прочитав на темава дека Спојлер Мајкл ќе умре После толку години откако заврши серијата,мене сега ми текна да ја изгледам,е браво за мене . Да ја гледаш,ваква серија не се пропушта.
BlackSwan од колку саатот ја даваат на пинк 15? јас еве два дена по ред уклучувам кај 16 и 20 и ја нема
Понекогаш пет минути порано,понекогаш пет минути покасно ја дават ама отприлика тој термин. Ете баш пред малку ја гледа.
Морам да кажам дека третата сезона е најдобра (покрај првата). Само тие епизоди во Сона ги немав гледано и сега си ги пратам. Вистлер ми е многу згоден И Гречен исто.Во трета сезона е поубава,во четврта ми е некако чудна.