Prison Break, хмм.. па кога ја даваа на сител не ја гледав не ми се допаѓаше ама на Фокскрајм ја даваа и еднаш ги гледав двете последни епизоди, и сеа сакам да ја гледам хах
Јас дури сега ја гледам серијава И тоа по иницијатива на брат ми. Ми здосади ГГ, иако и таа ја следам секогаш кога ќе излезе нова епизода. Сега сум до 14та епизода од 4тата сезона, ако не се лажам и последна нели? Па потоа се оние плус 2 епизоди. Ми се допаѓа ептен, и едвај чекам да ја гледам. Напната е, возбудлива цело време, не знаеш што ќе се случи. Првата и оваа сезона ми оставија најголем впечаток. Мајкл е прекрасен, зарем стварно е геј? Каква штета ако ова е вистина Ама на моменти многу ме нервира Линк, се него нешто му се случува, се него го фаќа полицијата. Исто и Т-Бег ми е одвратен уште од самиот старт.
Јас ги изгледав сите сезони и на крај некако глупо ми заврши,а толку беше убав филмот,имаше акција,случувања.Сепак ова е една од најдобрите серии и би ја гледала повторно.
Ја изгледав до крај серијата, заедно со Фајнл Брејк-от. Многу тажно, се расплакав веднаш. Зошто мораше да заврши така лошо? Требало Мајкл да го остават жив, па за џабе ли се бореше цело време до крај за слободата на сите... Тешко ми е, навистина се соживев со серијава. Еден ден сигурно пак ќе ја гледам.
Би рекла дека е серијал кој е: тематски одличен Временски доволен Соодржински преубав Актерска група феноменална .... и да престанам да редам само најубави зборови .... Додавам кратко ама слатко!! и плуС ДовОлНо
Јас сум запрепастена колку е добра серијава, ги изгледав првите 7 епизоди во само еден ден (денес ), се живо откачив за излегување Мајкл е стварно мозок, 300 на саат му работи, за се има излез и решение и осеќам дека ќе се сплеткаат со докторката, која патем ми е исто многу драг лик. Покрај нив, омилени ми се цимерот (колку се смеев на сцената со Хуковиот закон ) и директорот на затворот. Сите ликови се толку добро оформени и за сите се избрани соодветни глумци За еден не најдов утка, подобро не можело. Ајде, одиме осма епизода
Гледај ја 3та сезона -СОНА, најдобра е.Мило ми е што има и девојки што го обожаваат филмов.Такви преплетканици се случуваат што и како добро знае да навлече да го гледаш.Инаку има 4 сезони .Поз ФАНОВИ- Prison Break
најдобра серија од сите што сум и гледал до сега. ја изгледав во 4 дена ни јадев ни спиев како шо треба оти ме копкаше што наредно ке се случи
Навистина одлична прајм тајм серија. Ја следев редовно кога ја емитуваа на Сител, и можам да кажам дека вреди да се изгледа серијалов.
Најдобрата серија која сум ја гледала(ги има многу),на врвот на мојата листа изгледани серии. Мајкал-маж која секоја жена би го посакала,паметен,интелегентенн,згоден,шарамантен. Тибег-одличен лик,психопат кој секогаш наваѓаше начин да се снајде да се мушне во договорот и да ги предаде на крај.Сите сезони беше одличен и ми беше мило кога ги пушти жената со децата,тогаш се виде каков всушност е. Сукре-одличен пријател,мислам нема таков,до последната минута му остана верен на Мајкал.Неговата љубов кон Марикрус беше изненадувачки голема и доследна. Махоун-Болен корумпиран детектив кој многу го засакав во 3 сезона.За малку ќе го предадеше Мајкал но се повлече,за среќа. Првата сезона најомилената од сите сезони.Добро осмислена,освежувачка,со интигрите на владата и компанијата.Како избегаа од затворот беше најитересниот момент,многу возбудлив. Втората сезона исто така добра.На Мајкал конечно некој можеше да му ги прочита чекорите и плановите.Алекс од љубов кон семејството мораше да ги прави тие работи,но не требаше да ги убие и другите избеглици од затворот.На крајот за малку се спасија ,но ете повторно во затвор,старата екипа заено со Махоун. Третата сезона некако интересна ми беше со целото бегање но многу лесно избегаа од затворот.Најтаѓен момент ми беше кога дозна дека Сара наводно починала.Гречен беше одличен негативец со впечатливите очи. Четвртата последната сезона некако ми се изгуби од контекст.Барајнето на сила,појавувањето на мајката,болеста на Мајкал.Мајката Кристина е пример каква мајка не треба да се биде.Злобна жена едвај чекав да ја убијат.Интересен момент беше тоа ссо картичките,како влего кој план на ниво.Пред носот на генералот ја украдоа.Да го убиеа тогаш ќе беа слободни многу порано.Мило ми е што сите останаа доследни до крај,освен Тибег отиде каде што заслужуваше.Крајот ми беше онака епик,многу лесен за паметење,сите собрани да му оддаваат почит на тој што животот си го даде за нивната слобода.Додатните две епизоди беа објаснувањето кое што го немавме.Кога Мајкал се опрости од Сара беше ептен тажен момент,се знаеше дека не се враќа.Видеото за Линк и Сара ме разнежи и пуштив некоја солза.Ги ослободи и конечно беа слободни.
Пред некое време почнавме да ја гледаме со мм, иако на него му е некој четврти или петти пат како ја гледа. Сега сме на третата сезона и можам да искоментирам дека серијата е генијална. Секоја минута е исполнета со неизвесност, што ми се допаѓа, напнатите моменти се постојано присутни, што не ја прави здодевна, секоја сцена со зголемување на бројот на ликови станува се покомплицирана. Всушност приказната е мошне едноставна, ама сценаристите ја прават комплицирана, што е плус. Првата сезона е имено еден генијален вовед, и додека ја гледав истата бев цела со прашалници, е во втората некои работи се разјаснија, меѓутоа првата ми беше поинтересна. Сега сме на почеток на третата и се надевам дека оваа и наредната нема да бидат исфорсирани и здодевни како што знаат да бидат некои серии.
Премногу добра серија, воодушевена сум. Ја гледав пред 2-3 години, и сега повторно почнав да ги гледам сезоните само заради глумецот. Моментално сум на 3 сезона и премногу сум задоволна. Секоја сцена е исполнета со неизвесност што ке се случи и воопшто не е досадна. Дејството ми се допаѓа како е смислено и сето тоа добро прикажано. Сите што ке успеат да избегат од затворот се посебни секој за себе, со своја приказна и свои проблеми. А за Мајкл немам зборови, едноставно прекрасен, шармантен, паметен, згоден ... мммм
А запознаени сте со сексуалната ориентација на Мајкл(Вентворт Милер)?Геј е бе,второ разочарување после Рики Мартин,то е.
ЈБГ живот иде даље очекував кога тогаш да се јавно изјасни,до сега никој не успеал да се скрија од јавниве личности,за мене е трето разочарување,Рики Мартин,Закари Квинто и сега Вентворт Милер Маж не остана на денешницава
Ја изгледав пред малку серијава. Ептен ќејф ми направи. Сега уште филмот да го изгледам и да чекам мини-серијата во 2017 да излезе. Едвај чекам.
Си ги симнав повторно сите сезони во компјутер и си се спремив за Prison Break маратон Си поставив цел да ги изгледам до 1 април, па ќе видам дали ќе успеам. Додуша почнав денес и стигнав до 7 епизода, така да мислам ќе успеам. Со оглед на тоа дека серијава ја гледав пред едно 6-7 години, некои работи ми се подзаборавени,па убаво е вака кога позрело ги анализираш работите. Се уште ми е останата најомилена серија и како и да испадне новава сезона, не верувам дека ќе си променам мислење. И иако знам дека Мајкл е жив, осеќам дека душата ќе си ја истурам на последните две епизоди.
^ Ја гледав новата епизода. Ми се допадна како ја продолжиле приказната, се надевам нема да ја упропастат серијава. Минатото лето ја изгледав серијава и ептен добар впечаток ми остави. Се надевам ќе ја биде новава сезона.