Известување: Дискусијата е одделена од "исчезнати лица". Живеам во Скопје и не се осеќам загрозено. Не претерувајте со тоа како живеете бла бла бла.. најнормално. Манијаци има во секој град.
Глупав муабет, па во западна Европа секој ден има пукање по градовите, па ете луѓе уште живеат таму. Не заебавајте, точно дека не е безбедно, ама не значи дека баш ти утре ќе настрадаш ако се шеташ у Скопје. Некои луѓе мислат дека светот се врти околу нив и баш НИВ ќе им наштетат, ќе ги украдат, ќе ги силуваат, ќе ги киднапираат.
Не бев за шетање, последниве години цвета криминал. Ама ако ти одговара да се тешиш на ваков начин, теши се. И дај не туку извртувајте зборови, глупо е. Ви рекоа да намалите со напади оти не секој дели исто мислење со вас, пак истото. А за ниво на свест се зборува, другите со ниско, кај вас многу високо. Еве, видов.
Само што изброив 46 лица од ДРУГИ градови кои се исчезнати ВО своите градови . Не е дека ми е да ти противречам, ама можеш слободно да намалиш со стравот.
Скопје во споредба со било кој поголем европски град е меѓу побезбедните кога се работи за терористички напади или грабнувања. Може за ситен криминал како кражба на телефон, чанта да сме некаде загрозени, ама за криминални дејствија сме тотално небитни на светски план. Криминалите што цветаат во позадина се помеѓу таргетирани луѓе и колатерална штета (на погрешно место, погрешно време). Не гине невин човек туку-така. А ако сакаш седи си од таму кај што си, се чувствувала загрозена. Петранка од свирипичино не оди во Скопје, за да не ја нападнат. Па ти у Франкфурт или Париз да отидеш на шетање, ќе бидеш под лекарства од сомнителни фаци и гета.
А ве еве од дома не искачаме.. ова со девојчево кој знае каква позадина има. Одма леле мајко, не е сигурно леле леле.
Малце намали со тролањето. Ти си храбра, спартанка. Знаеме дека не се плашиш од ништо. После три озбилни случаи (размак ако имаше од месец дена), од кои двата испаднаа убиство, јас сум покажала страв и загриженост. Срам да ми е. Еве сега ме утеши, Скопје си е чисто од криминал.
Чоек на Бит пазар живеев во најнесигурните години и бев колку девојчево. Сама се враќав од школо. Втора смена зима темно. Сите кривини за криење од манијаци ги знаев. Телефони немаше тогаш.
Тролање? Толку сте навикнати да маваат со камења по вас што и добронамерни совети ви се пцовки. Те молам слободно плаши се од Скопје. Жити мене
Само во Скопје демек се случуваат вакви работи, во другите градови многу мирно е. Па човекот од Велес како? И многу други случки од други градови, сегде има и киднапери, и манијации, не само во Скопје.
И јас живеам во Скопје, Скопје е многу безбеден град, топ е за живеачка. 2013 година бев бруцош на ПМФ. Сабајле од 8 ни почнуваа предавањата, јас пошо идев со автобус се симнував кај земјоделски. По патчето го поминував ветеринарен, црквата св.Архангел Михаил, и продолжував за накај факс. Декември месец, 7 ипол сабајле жив петел немаше баш тој ден...си идам накај факс сама, го поминав хемиски институт, позади мене тегет бмв кола и тројца мажи во него. Возачот, и позади уште двајца ме одминаа. Одеднаш застана колата, јас механички почнав да брзам и стигнав до скалите за нагоре односно за горната зграда на ПМФ.... чоекот излезе од колата и почна да трча по мене, јас толку брзо трчав што не се ни вртев позади да видам каде е. Се сеќавам стигнав во факултетот, влегов во вц то и почнав да плачам. Тогаш првпат се соочив со таков страв и до ден денес морници ме лазат од самата помисла што можеше да ми се случи. Од тој ден јас го напуштив факултетот, и чекав една година па се префрлив на друг. Скопје е безбеден град, стварно не знам зошто сите дигате паника
Која е логиката да споредувате Скопје и пример Виница да речеме. Во помалите градови скоро секој со секој се знае и нема толку голема фреквентност како во Скопје. И не, и статистички во Скопје се многу почести исчезнувањата во однос на другите градови. Никој не вели дека нема во помалите градови, ама Скопје е друго, живеат над пола милион луѓе.
Точно. Еве мојот град - Берово е 100% безбедно место за живеење. Скоро секој со секој се познава и овде вакви дешавки нема. Ама Скопје важно е хаос.
Само Скопје е хаос? Можеби во Берово и Виница секој со секого се знае, ама вакви работи се случуваат и по селата, како случајот со девојчето од Прилепско село. И немора да значи ако секој со секого се знае дека неможе да се случи вакво нешто, па може и од комшиите, од познати, па и од роднини, ете тука нападнаа мајката е вмешана, па сега таткото, колку случаи имало, или па од соседниот град/село. Мислиш ако секој со секого се знае неможат да се случат вакви работи? И како може да го споредувате Скопје со Берово и Виница?
Толку глеаш вести... Пред две недели на вести се збореше родител во Берово имаше кривична пошо се заканувал на наставничка. Претходно имаше како полициски службеници во Берово спречувале акција за разбивање група со дрога. До граница сте. Мисли си ти дека све е супер.
@Shalitra многу ми е жал што си го доживеала тоа, јас како човек од друг град тврдам дека Скопје е најнебезбеден град во Македонија. Јас сеуште се надевам дека ошла кај некој дечко, иако потсвесно знам дека е многу полошо од тоа
Вие што тврдите дека Скопје е безбедно, дали во пола Скопје се шетате дење, не па ноќе. Работи што порано се случуваа во Чаир, сега ги има на Партизанска, колони возила скандираат националистички пароли. Колега ни покажа две видеа направени месецов од кај него дома. И во Скопје и од улични крадци треба да се пази човек. И кога ќе видам некој од провинција се задолжил со кредити да живее во Скопје, тоа е пропаст.
Не бе само во Скопје се случуваат вакви работи, во Кавадарци имаше силување, девојчето од Прилепско село што изчезна, сега Велешанецот, па имаше убиство во Велес лани мислам беше, брат си го уби братот, немора да значи секој со секој ако се знае дека не се случуваат страшни работи, ете можно е и во фамилија да се случат. Еее уште колку вакви работи имало, соседи со соседи се испотепале, па убиства, не бе само Скопје е хаос, во помалите места секој се знае со секого, и каква врска има кога соседи се тепаат, караат и може да дојде до убиство, па негде и доаѓало, зет во шура пукал и обратно. Ептен е мирно во помалите градови, па и во Велес колку со дрога фатиле, па и малолетници продаваат.