Мешате баби и жаби и темава забега максимално од темата, и треба да се зачисти. Ако не, отворете тема дали Скопје е безбедно. Бтв, шо К имаат националистички пароли со колони возила во врска со твојата безбедност? Можеби и мене не ми се допаѓа, ама не го прави тоа небезбедно за живеење. Во место каде што живеат повеќе луѓе, нормално е дека бројчано ќе се дешаваат повеќе глупости. Но автоматски тоа не значи дека процентуално е подобро или полошо. Мене во Скопје никогаш никој ме нема ограбено. Ме имаат ограбено во Охрид на пример. Ми се заканувале физички во Скопје, точно, но ми се имаат физички заканувано и во Тетово и во Штип.
Лани во Велес имаше жена ограбена, потоа исто некоја 60+ годишна жена некој манијак ја допирал, среќа избегала и го пријавила случајот во полиција. Имаше кражби во домовите, на колешка од друг град исто и влегле дома никој немало, тенџериња и украле, кој може освен наркомани, и наркоманите се можат да направат а сегде ги има во сите градови.
Ти знаеш повеќе или јас? Што и да се има случено до сега, не може да се споредува со мафиите по Скопје и другите поголеми градови. Киднапирања од типот да си одиш по улица и некој позади тебе да те следи или да те собере со кола немало никогаш. Не беше ни киднапиран, случајот одма се реши.
Дај кажи го името на филмот да го гледаме и ние. Се случило еднаш у 10 години и ајде. У другиве градови никогаш никој не бил киднапиран.
Мене Скопје ми е многу безбеден град, во било која доба и у 3 навечер е прилично безбеден, затоа и многу ме зачуди случкава и не верувам дека е рандом киднапер, најмногу делува како нешто поврзано со семејството.
Дали е филм или не, мисли си што сакаш. За другите градови не реков ништо, конкретно кажав за моето место на живеење.
Па далеку од безбеден град е Скопје, ама пак не на пример како некој од поголемите метрополи каде што навистина е пострашно и понебезбедно. Но да поминеш улица е ризик, имаш пукања во молови, на улица. Албанците исто така се опасност, сега да не се правеме на Тошо. Ама далеку од град каде што би ни било страв да излеземе. Само треба да сме попретпазливи.
Отворете дневен билтен на МВР, па зборете. Никој не негира дека има опасности во Скопјево. Но, има и во другите градови.
Студирав во Скопје, живеев во Автокоманда , слушав муабети за манијаци низ населбата, ама тоа си мислев дека ноќе се случува. Никогаш не ми дошло на ум мислата дека можно било и денски наутро некој да ми стори лошо. А во студенскиот живеев Стив и до факс бев за нецели 15 мин пеш. Тоа маглишта во зима напластени, булеварот долг, јас сама. Да, имаше и други, прометно беше, сакав побрзо да стигнам, па затоа не можев со други да се договарам. Е првиот месец бруцош, еден предмет изборен ми беше од 6 и пол до 8 вечерта. Каква среќа луѓе значи сум имала што не ми се случило ништо! Со страв се враќав, поминував под подвозникот, сѐ затворено темно, само чекав некој да излезе од некој ќош, бррр каква језа и кога ќе се вратев во домот, плачев од страв. Си викав како ли јас ова ќе го издржам. Потоа набрзо, на професорката ѝ текна да го премести предавањето од 4 и пол до 6 мислам. Подруго беше така, имаше уште отворено продавнички, малку се опуштив. А еднаш ми текна во 10 вечерта да одам до Тохе, како ми се пријаде пециво, лудо гладно дете! Сама и тоа. Пеш опа цупа, отидов и се вратив, здрава жива недопрена. Гадни спомени полни стравови ради такви манијаци. Што е тоа во генот бре што ги тера така да престрашуваат девојки?! Цел живот во панични напади да сме од таквите.
Опасност има сегде не само во Скопје, лица исчезнуваат низ цела Македонија, но за мене пострашно ми е да бидам сама после полноќ во Скопје, и тоа максимално го избегнувам, за разлика од таму каде сум родена, никогаш не сум имала страв затоа што секогаш кога бегам сама ќе начекам познато лице
Јас можам за Битола да кажам еве трет град е по број на жители во државава и е поприлично безбедно за живеење. Нема манијаци, кражбите се скоро непостоечки, нема уличен рекет, нема тепачки и деликвенција можеш слободно да се движиш кога сакаш каде сакаш без страв да не ти дише некој во врат и те нападне. Беше и овде див запад едно време ама последниве 10 години криминал скоро како да не постои во градов. За Скопје тешко дека можам да го кажам истото може некој да се теши колку сака ама е далеку од безбедно место за живот.
Тетово не ми го спомнувај. Катастрофа. Дури тетовка ми кажа дека тоа што ми префрлале по улици додека шетам сама било добро, можеле да ме пипкаат за задник. Никој не влегува во толпа што урла УЧК за да види што врска има тоа со безбедноста. Скопје не личи на ништо. Валкано, загадено, никаков план, куп споменици, поделен град и тоа секој го гледа, не се слепи луѓето. Секој од екс ју што дошол после ми кажал „аа, поделен е градот, едната страна не е македонска“. Некои не би ни преноќиле во Скопје, не па да ги оставиш да живеат тука. Од друга страна читав Словенија, Хрватска, во топ 10 најбезбедни држави за соло патници. Ние сме далеку од тоа.
Тоа што е валкано и загадено е друг проблем. Али дека страшно е навечер сам да излезеш не би се согласил посебно центар и населбите блиску центар се безбедни. А и пукањата у ист гејт биле таргетирани немало рандом пукања.
Шетаме бе, секаде одиме. Аман што направивте толку страшно дека е Скопјево. Седете си кај што ви е убаво, ама не идите овде на шопинзи во моловиве да не ве дрпне некој. Од секогаш се знаело дека се "опасни" тесни неосветлени улички и слично. Полека малку. Изразната сум на Бит пазар, Чаир ми е како дома. Е сега во 2 на полноќ не сум се акала по улици. Спијам тоа време.
Додека студирав и работев, имам работено во Чаир, Битпазар, Бутел и тоа втора смена, тоа Дуќанџик во Il Cammino. Некогаш од Чаирчанка сум одела пешки до Центар низ Чаршија, во 21 часот зимно време, жива душа немало. Ако треба да се случи и сред бел ден ќе се случи, и во друг град, не е само Скопје небезбеден град.
Е, ова. Скопје е лошо, Скопје е небезбедно. ОК, така е. Реков дека никој не го негира тоа. Ама, моловите се полни ради гужви со луѓе претежно од други градови. Да, не ме разбере некој погрешно. Не ми смета тоа. Нека идат. Ми сметаат ставовите. Ако мислиш дека главниот град е понебезбеден од твојот и во твојот ги има истите продавници како во главниот... Зошто почесто купуваш во главниот?
Од Битола сум, тука никогаш не сум се осетила загрозено. Бегам цел сат после работа, со слушалки и на доверба на добрите граѓани во градов. Скопје иста приказна. Сум се подуплашила куц туц, ама пак, се движам сама, во сомнителни сати. Само без слушалки. Посвесно се движам таму. Мислам дека е нормално да има поќе криминал во поголем простор. Логично е. Соодносот можи да е чак и ист во ете Скопје, Битола и Прилеп на криминал, ама пак да мислиме дека Скопје има поќе. А пола мкд е Скопје. Другата пола е распределена вон Скопје.
Извини без никаква навреда ама ова е предраматично да ти биде страв после 8 да се движиш. Дури верувам дека тогаш било побезбедно од сега.