Не шетаме ни дење ни ноќе, не идеме ни на работа, не носиме деца на училиште и градинка, не одиме по болници, страв ни е. Само во Скопје да се пазиме од улични крадци, во другите градови нема? Пишав лани беше ограбена жена на улица во Велес, ова го знам од пријателка што живее во Велес, инаку не објавија ништо, на колешка од друг помал град дома и влегле крадци, изгледа наркомани, тие сегде ги има и крадат што било, тенџериња и украле што ќе им се, не е некоја богата па да и провалат, тие крадците одат на сигурно кај тие што имаат, овие наркомани, а кај ги нема наркоманите. Тврдите дека наркоман неможе и на улица да те нападне и да ти земе ташна, телефон?
8 навечер. И страв ми беше и тогаш и секогаш би ми било, откако посебно ми нагласија дека врие од манијаци и не е безбедна населба. Еве тогаш Автокоманда не била безбедна во тие години, сега дојде време и Центар да не ви е безбеден. Не е драматично, болните умови се насекаде.
Токму така, отиди за време на викенд па види која гужва е по моливите, зошто нема преку недела гужви. Ете имаше и пукање, па како не им е страв да одат по молови, а тука пишуваат Скопје било небезбедно, да се пазиме и од уличните крадци каде секаде ги има и ќе ги има.
Кога гледам какви коментари се пишуваат на фб од македонциве за постови од силувања, киднапирања, семејни насилства и слични работи, сфаќам дека скоро сите се потенцијални....ју нејм ит.... Повеќето само законот и казните ги спречуваат да прават такви работи. Ама пошо нема закон и казни за такви во Мк, кој шо сака тоа си прај. Еве Боки го пуштија од затвор. Најискрено, требаше и јас да украдам 1 милион евра, до сега ќе излезев и ќе уживав.
Те цитирам само за да се надоврзам, затоа што исто и јас седев во Стив Наумов во Автокоманда. Никогаш, значи никогаш не сум се плашела дека нешто може да ми се случи. Со другарка сме оделе двете доцна до Тохе или на пешачење, да свртиме круг, два. И сама имам одено ама не доцна. Па едно време почнаа да се шират муабети дека имало мафијаши, дилери во Ченто и дека не е безбедно ама сепак ништо не се случи на никој. Сум се движела сама и низ Центар, Карпош, Аеродром, Ново Лисиче... Еднаш наутро, ни 6 часот уште не беше, одев пеш до железничка станица, надвор уште темно, жив човек немаше по улици, само јас. И не ми беше страв, дури ни под мостот кога одев. Понекогаш, киднапирања, убиства и физички напади се случуваат на одредени лица, мета и цел, не на било кој. Се случува и на луѓе кои се нашле на погрешно место во погрешно време... Никогаш не се знае, било во Скопје или друг град. Некаде, пример ќе го земам Прилеп, може да е безбедно, да рече човек еј не е страшно, нема ништо, за одеднаш да почнат да се случуваат низа кражби, пукања со огнено оружје итн. па да стане одеднаш небезбедно. Повремено секаде се случува нешто. И не мислам дека Скопје е понебезбеден од некој помал град. Секаде може да се случи нешто.
А знаеш дека и од познати се случуваат вакви работи? Незнам дали читате имаше татко силувал ќерка, некој од помал град некоја баба соседка, од познати демек неможе да се случи такво нешто. Дечко на мајката ја силувал малолетната ќерка, имаше силување и во Кавадарци, и тоа машко дете мислам беше.
Абе јас кога почнав да излагам на 12-13 години нѐ следеа Албанци...добро знам дека не е секаде розево и безбедно. Ама искрено и во 3 и во 5 сабајле сум била сама на улица и не ми било секогаш страв. Во 8 саат да ти е страв да излезеш е навистина нереално. Некогаш од претходни случки сме непотребно преплашени.
Јас во Тетово и Гостивар одев на промоции, и да ти кажам во албанскиот дел бев побезбедна од нашиот, никој ништо не ми префрлил, за разлика од Македонци пијани.
Има секакви изопачени ствари и низ помалите градови. Работи што ги имало само на филм. Никој не е 100% никаде безбеден, само што во некои градови веројатноста е помала во однос на други. А, сега да се лажеме дека Скопје е најбезбеден е малце нон сенс. Мене во Скопје ми е страв сама да се шетам, според мислењава тука јас трипам. Но, реалноста за мене лично е таа.
Во 8 саат навечер е пак така и така. Ама во 8 саат сабајле или 7 е пострашно. Барем за мене, зборам од тоа јас шо сум искусила.
Кога дојдов во Скопје, ми беше многу чудно како во 3 саат сабајле девојки сами си одат дома пешки или со ЈСП. Во Тетово тоа било незамисливо некоја сама да оди по градот во тоа време. Не знам како е сега, и дали нешто се променило... Е сега има и места во Скопје кои се помалку безбедни и треба претпазливост. Во Чаир и јас не би шетал во 3 саат сабајле. Мултиетнички средини се секогаш помалку безбедни. Но, воглавно споредено со тоа колку е голем како град е прилично безбеден. Од друга страна, во Битола секогаш сум се чувствувал најбезбеден.
Битола од 1ипол+ година живеење никогаш не сум се осетила небезбедно, баш напротив. Сум идела сама дома навечер многу пати. Ако би живеела во Македонија тука би живеела. Скопје од тие пати што сум била, иако не сама, ама да сум била сама во тие моменти не би се осеќала толку безбедно ко тука искрено. Ама мислам и очекувано е тоа во големи градови/метрополи каде што има секакви луѓе измешано.
За Тетово си во право. Работев во еден кафич и во 11 завршувавме и додека да исчистиш тамо вамо, 12 саат дошол. Газдата беше албанец, и мојот прв работен ден завршивме во 12 вечер, и тој ги собра сите жени шо работевме и ни кажа да не носи дома. Сите тргнаа со него но јас се преплашив да не не носи на некое друго место и не отидов, кажав сама ќе си одам. Е сега кафичот беше на едната страна од градот а мојот стан на другата страна. Тргнав пешки, леле човече стравот во коски ми се напика, само банди албанци на улицата имаше, ниедна жена. Му се јавив на еден другар и пола саат со него на телефон зборев додека стигнам дома. После тоа и јас со газдата си идев дома
Како што пишав имам пријателка, колешка од факултет од Велес, и таа живее негде во центарот на Велес, а мајка и кај спомен костурница, и да не кружела со кола цел град некогаш одела пешки по некој мост што не бил ни осветлен, и многу роми имало, неколку пати ја следеле, оваа трчала до главна, еднаш дури и се обидела ташната да и ја земат, среќа се погодиле двајца машки што не ги знаела, и ја одбраниле, случајот е пријавен во полиција и никому ништо, исто на тој мост ограбиле жена, а лани некоја си жена 60+ некој манијак ја фатил и почнал да ја допира, среќа избегала и пријавила во полиција. Па и машко не е, не читаш ли дека и машки настрадуваат, де од оружје, де од нож. За никој не е безбедно не само за женско. И машки колку исчезнаа а се уште не се пронајдени, како тоа само за женско не е безбедно, не се работи само за силување, туку и за грабеж, некој за 100 ден ќе те утепа.
Не е исто машко и женско. Секако може секому да му се случи, ама еве во хипотетичка ситуација ако крадец треба да ме ограби мене или тебе, што мислиш, кој ќе му е таргетот? Мене ми се случило навечер на Илинденска. Од друга страна доаѓаа тројца сомнителни, со дуксери и капи на глава. Јас со девојка. Само ја тргнав на другата страна и овој се удри во моето рамо. Ми рече: "Што се буташ?" Му се извинив. Ме измерија од глава до пети и заминаа. Сама да беше она, како ќе се заштитеше? Секако дека ако ти се соберат група од неколку, па и ако се има ладно оружје, Брус Ли ако сакаш биди, ништо не те заштитува. Знам за еден познаник така нож му извадија, овој им се силеше и на крај заврши со скршена нога. Ама сепак такви ситни крадци два пати ќе размислат пред да нападнат некој маж, оти може лошо да си поминат.