Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безбедноста во државата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од nena2010, 2 декември 2023.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Нема безбеден град, дојдовме исто како на запад. Поголемите градови се хорор, убиства, дрога, насилство, рекет и што уште не. Мислам дека треба да има дополнителна полициска единица за случаеви од овај тип во секој поголем град и сектор на МВР како што има во Скопје, еден вид на Алфите т.е сега е Интерветна полиција.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    И мене можеше таксистот да ме однесе надвор од градот, да извади нож, да каже дај парите и немој да си ме пријавила. Ова во македонска средина, таксистот Македонец. Па која сигурност имам јас да се качам во такси во Тетово? И имало пријави за ограбени странци од таксисти. И што е тоа деца силувале дете сред бел ден во сред Скопје и безбедно било? Се сеќавате дека пред некоја година деца силуваа дете во паркот испод школото Кочо Рацин, па нешто МОН не беше надлежно да ги брка силувачите од школо. Никој овде не е надлежен за ништо. Ваква штала од држава ретко се наоѓа, и затоа ме револтира кога има ликови на форум што кажуваат кого ќе го биде, кого не (за држави мислам). Ние како демек асални сме. Патем една блогерка се чудеше колку Македонците биле нехумани со улични мачки, кучиња, аааххххх бре, па нас луѓе ни завршуваат по ендеци, ни умираат по болници, малцинства не тепаат кога им е ќеф, таа за животни збори. Кучешки живот живееме, а што сме се навикнале е друго. И поарно е да живееш во сиромашна земја, ама со саглам народ.
     
    На Splendor., Curious cat, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Реално и мене ми се шубе другите градови, не ги знам местата, не го знам градот.. од тој аспект е нормално и некој од помал град да му е шубе за Скопје..
    Вака во Скопје е секад центар на пажња и рипање за се, помаливе градчиња често се overlooked.
    Башка нема безбеден град, постојат шизо личности сегде и од секоја возраст како што видовме..

    Чувајте се!

    Девојки бидите паметни и винмателни на секаде!
     
    На Mnik, Pa8la, Bella2_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.027
    Пол:
    Женски
    Никаде не е безбедно, и во Гевгелија скоро имаше убиство, човек си го убил братот и снаата, пред неколку години пак имаше еден пијаница шо уби на друг човек со камен во глава. Кражби колку сакаш.
     
    На Anyshka, Mnik и Pa8la им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.684
    Пол:
    Женски
    Нема безбедност. Скоро секој ден објавуваат на вести за убиства, самоубиства, исчезнати лица, тепачки. Исто како во Америка. Страв да те фати.
     
    На Anyshka, Mnik, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Затоа
    Кога се оди било каде, мапа ќе си симнете, да можете да баратаѕе со неа и без нет,

    Обавезно да имате кредит за да звоните било кога, полна батерија( или power bank с е к о г а ш!) броеви од веродостојни такси компани!

    Ако сте во можност зборувате со некој додека се возите негде, купете air tag ставете во патика.

    Не носете слушалки , особено вечер да бидете свесни што се случува околу вас, влагате во кола одма заклучи.

    Секогаш бидете свесни за околината, имате на бит пазар она лут спреј , во ташна/ или при рака, во кола мало ноже !
     
    На Freckles., Pa8la и Miss666 им се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    11.159
    Пол:
    Женски
    Мислете си дека Скопје е најнебезбедно место.
    Од мал град сум. Пред месец, два мајка ми сретнала пријателка која ја немало видено 7,8 години. Жената во црно, пропадната. Мајка ми мислела родител или сопруг има починато. На мајка ми и рекла зарем не разбра, пред некоја година 3,4 години и го нашле синот убиен во соседното маало а ние ниту разбравме ниту нешто имаше на ТВ.
    И секако ништо не дознале, ниту како, ниту зошто, ниту кој го убил. Младо дете од некои 20 тина години. Овде има најмалку 10 Тина убиства во последните години
    Сакам да кажам многу разбереме, ама за многу и поима си немаме што се случува. Секаде стана пекол.
    За жал цел свет е несигурен.
     
    На Anyshka, Mnik, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.031
    Пол:
    Женски
    Може да се сподели и локација на блиски, има опција на одреден час или се' додека не го исклучиш. Има и електрични уреди за заштита. Ама мора на дофат да се. Искрено, женско дури извади тоа што треба од чанта...
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Настрана рандом луѓе и деца таргетирани од манијаци, многу од овие убиства тука се од луѓе кои веќе ги знаеш.
    Родителите треба да свесни за со какви луѓе им се дружат децата, и да им се вреже во мозокот дека закачања не те прават кул, дрога не те прави кул, замарање девојчиња по улица не те прави кул, шетање со група пропалитети не те прави бедес.
    Си ги оставаат децата да се движат во околини каде што е опасно, абе ништо нема да му е дете е шо знае. И после чуди се што бил забоден.
     
    На Pa8la и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    На ладново пошо носам капут или јакна, под ракав ми е пепер спрејот, и ги вадам штиклите кога идам дома, боса шетам не ми чуе, важно побрзо да стигнам.
    Ако видите босонога кобила на сред снег, јас сум
     
    На Mnik, MeowMeow, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    За разлика од другите метрополи, реално Скопје е "безбеден град. За жал секаде има манијаци, педофили...но да бидеме реални многу поретко се случуваат такви работи за разлика од други места. За случајов со Вања тоа е изолиран случај наместен испланиран од татко и. Значи не е рандом дете земено од улица за пари или нешто друго од луѓе кој шетаат наоколу и крадат деца. Тоа не значи дека сме сто посто безбедни никој не е.
     
    На mssuniquee, Anyshka, Ajronmen и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Силување имаше и во Кавадарци, и тоа мислам беше татко синот.

    Не бе само женските не се безбедни, убаво пишав дека и машките не се безбедни.
    Колку убиства и самоубиства има необјавено.

    Па лани или покани во Велес братот си го убил братот.
     
    Последна измена: 4 декември 2023
  13. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, памет во глава и план..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Абе држава нема нобеловци, врвни експери, нема некои светски познати спортисти како Ѓоковиќ на пример, нема светски познати актери, писатели, ама пијаници и пропалици колку сакаш. И не дека жените се совршени, ама погледајте со какви несреќи наречени мажи, македонските жени се унаказуваат за цел живот. Видовте ли тие во Велес во какви куќи живеат? Тие убијците волови од над 50 години, ама куќите уште немалтерирани од надвор. Тоа е тој македонски „психопатски домаќинклук“. Нема вода во очи, нема леб да јаде, а знаел да киднапира и убива. Стоката е попаметна.

    Синоќа на 24 на дебатата, психијатар кажа дека во САД од мажите 1-2 % се психопати, а жените се помалку и под 1%. Ама за САД. А што мислите кај нас се толку малку? Сигурно се многу повеќе со толку црни хроники на вака мала држава. И после ќе почнат Македонците да се филмаат, немале реноме, сите ги мразеле, а кутри душички, невини, супер луѓе, ама ете лоша судбина никој не ги сака. Не е исто такви злосторства во 1 милион Македонци кога се случуваат во САД со 331.9 милиони, Германија со 80 милиони, Франција со 60 милиони. Па има и уфилмани Македонци за морал пропагираат, ние моралните, другите развратни. Еве ти го моралот на дело.
     
    На Tajnaotrovna и kloki им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Живеам во Ск и генерално сметам дека е безбедно. Насекаде низ светот има неубави случки и изолирани инциденти кои не значи дека ако се случиле некому ќе ни се случат и нас. Треба да се внимава, на пример јас лично избегнувам да се движам сама, особено навечер на запуштени и темни места. И да нема луѓе кои би ми наштетиле се плашам од кучиња на пример.
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cloi

    Cloi Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Во нашата држава ништо не функционира како што треба, не па безбедност да се има.
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ретко која држава веќе може да ти понуди да се чувствуваш скроз безбедно. Секојдневно слушаме за трагични настани низ европските метрополи каде што ете има далеку повеќе полиција и казни и што не.

    Факт е дека треба да си претпазлив во Скопје, посебно кога се движиш низ места кои се познати по несигурност. Еве лично во чаршија и тој дел не излегувам навечер со години, исто од факултет на времето кога ќе заглавевме до касно и беше темници зимата не чекав автобус на бит пазар него подолу кај мостот. На пмф имав еден предмет што го слушав и имавме рано наутро во 7, професорот сам ни кажуваше никако сами да не одиме нагоре. Во населба кај мене исто ноќе нема никакви светла, па гледам пешки да не си одам. Меѓутоа се ова е common sense. Еве лично сакам да си набавам pepper spray зошто мислам дека тоа ќе ми направи чувство на поголема безбедност, земете си и вие.

    Не може да се затвориме дома и да живееме во страв дека може нешто лошо да се случи. И дома седејќи може да ти се случат триста несреќи. Имаше еден случај кола влета во домот на луѓето и имаа повреди/починаа(не ми текнува точно). Па и од стол да се поткачиш да смениш сијалицам можеш да паднеш дома да се потепаш.
     
    На theowndemon, nextredstyle и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ја сум од Скопје. И општо нигде не се осеќам безбедно.
     
    На Ani45 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Каде и да си секогаш ќе има секакви психопати. Само господ да не чува и брани. Јас искрено немам доверба во институциите поготово не во безбеноста во нашава држава. Не дме заштитени пред се од самата дежава. Имав случка пред две години, шетав со мојата ќерка и забележав како еден маж тепа и малтретира на жена во еден сокак. Притоа слушав уште неколку гласа веројатно комшии како му се закануваат со полиција. Јас избегнав директна средба со нив но се јавив во полиција. Од таму ми се јави машки глас и ми рече ги знаеш ли ти луѓето ? И почнав да му објаснувам дека не, и ми рече добро добро чекај, и ми даде женска особа да продолжам да зборам, тас ми рече дека неможам да пријавам семејно насилство ако не ги знам лично луѓето(ако добро се сеќавам) и јас и реков ајде вака од почеток- сакам да пријавам рушење на јавен ред и мир. И на тоа ми рече таа - знаеш дека ќе треба на суд да излезеш како сведок? Јас искрено онемев и реков не сакам да излезам сакав само да кажам дека на некој му треба помош…. И тогаш тас ми рече во ред ќе испратиме на местото патрола…
    Од тој ден па навака си реков не дај боже пак да видам некој такви работи како ќе имам храброст да се јавам на 911? Да се плашам дали ќе треба на суд да излезам да се соочам со секакви психопати и да се плашам потоа за мојот живот ? - не би сакала.

    Патем од денешниот билтен - за мвр ова не е обид за киднапирање.
    https://fokus.mk/nepoznato-litse-so...hen-dvor-tvrdi-gradonachalnikot-na-karbintsi/
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.