Јас заради вакви ситуации по автобуси, најмногу имав желба да положам за кола и да купам кола. И најмногу со таа намера купив. Преку глава ми беше дојдено кога требаше да се качам во 50ка или 2ка и секое качување буквално секое, некој да ти дофрла. Стрес ми беше секое одење и враќање од факултет. Од друга страна пак, често си одев пешки по скоро цела Партизанска сама, на полноќ и сум немала проблем. Ама по автобуси и автобуски... И во Охрид имав неколку дешавки со ептен забегани луѓе. Ама пак ќе речам одкога сум со кола, подруго ми е. Немора секакви манијачишта да трпам. Еднаш кога работев во маркет, ми се закануваше еден наркоман, да му дадам цигари без пари, фактички грабеж беше, со колешка бевме сами пред затварање, јас среќа телефонот под каса го имав и ѕвонев кај мм, он крена и слушна што се збори, среќа беше во близина и дојде. Не сакам да кажам како го фати за шија и го извади надвор, после му кажуваме на газдата да врати камери, да види кој е, да го пријавиме, овој дебилот ни се смееше. Среќа беше мм блиску, за 3 мин дојде, овој 300 закани ни кажа, издрогиран, со еден поглед одвратен, да се заледиш. После веќе не го видов, ама не ни работев уште долго на тоа место.
Го нашле убиецот на човекот од Паланка. Млад некој. Какво време дојде, младите ќе убијат некој за 50 евра или 100 евра. И не се само старите, имаме и млади луѓе што живеат сами по куќи, станови, имаме и жени на 40-50 години чии деца, сопрузи се во странство и се сами дома. Значи секој може да биде мета за некоја ситна пара. И после ќе се воспеваат Македоцните самите себе, како вредни биле, а ваму младич на 27 години убил пензионерче. Па можел да работи, не да ограбува. Страшна катастрофа сме како народ. Веројатно има мали и сиромашни земји, каде нема вакви девијантни појави или се поретки.
Скопската метропола не може да се смести во сигурни градови за живот. Споредбите со Виена, Амстердам, Будва кои статистички ги читав и земав предвид од некои мислења овде се апсурдни споредбено колку жители има таму, а колку овде, но сепак тоа не нѐ исклучува од опасност. Генерално сите сведочиме голема разлика за краток временски период од три години, (после короната), како полека социјализацијата почнува да се пригушува затаварајќи не во magic bubble, и отуѓува од честа човекова интеракција. Тоа е главната причина зошто се зачестени хостилноста, егзибиционизмот, насилството и агресијата. Иако Скопје не е репер за небезбеден град, неодамнешните настани заради кои и е отворена темата се показател дека треба да се менува самоуправниот безбедносен систем на државно ниво.
Јас ко шо гледам какви работи се дешават низ државата, убиства, киднапирања, силувања, изнуди, тепачки, дури и на полицајците ги тепат, се мислам дека поарно е да бидеш насилник оти така и така ќе си поминеш најдобро, никој ништо не ти може. Секој ден се повеќе се зголемува бројката на насилства. Ете Боки 13 го украде милионот, дали и 2 години лежеше, и тоа како цар влезе и како цар излезе. Скроз ја иам изгубено довербата во институциите и државата, таму веќе владее силата, моќта и парите. Ако немаш ништо од тоа, ваѓај пасош и бегај.
Велес и Штип ми се најнебезбедни градови, чуден некој народ. Скопје е едвај на третото место, се трка со помали гратчиња од истокот на земјата.