1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безбедност на бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Milkiway, 3 декември 2020.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Често читам и гледам видеа за безбедност на бебето во секојдневијето. Знам дека по странство често има обуки за време на безбедност за правилно облекување, држење на бебе, возење во автомобил, прва помош при гушење...за жал кај нас нешто вакво немам сретнато. Не најдов слична тема и сметам дека треба да ја има. Ако има веќе ваква тема би било супер да ја активираме !
    Се уште учиме од мајките и бабите иако нивните убедувања се веќе застарени и се косат со науката.
    Ја отварам темава за заеднички да се едуцираме и дополнуваме!

    Денес гледав интересно видео за Скафандер во автомобил и зошто не треба облекување скафандер во транспортер или седиште за кола.

     
    На kozuf, mamaJana, crazylady и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    Има вакви видеа македонски.Во странство не ме научиле на ништо се сама си барам и си учам.

    На самиот канал има и други видеа , педијатриска прва помош и сл.
     
    На ivance.., crazylady, K7M10J и 6 други им се допаѓа ова.
  3. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Браво за темава. Мене прв пат кога ми се задави од млекце се испаничив незнаев како да реагирам дека никој не ми кажал и посочил што да правам. Планирав во текот на бременоста да одам на секакви обуки, ама тоа падна во вода заради пандемијата. Убаво е тука да се споделуваат вакви совети. :l:
     
    На crazylady, Snowflake92, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.501
    Допаѓања:
    35.250
    Пол:
    Женски
    Па сподели како се справи, што направи. :)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за скафандер и транспортер, јас си купив вреќа која е прилагодена на транспортерот, така што на долната страна има засечоци за ремчињата од транспортерот. Многу е попрактично. Ставаш бебе, закопчуваш ремчињата, патент и чаооо.
    Screenshot_20201204-110733_Chrome.jpg
     
    На kozuf, mamaJana, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    За истото ако одговара и зимската прекривка од количката може да се искористи :)
     
    На K7M10J, Milkiway и kanella им се допаѓа ова.
  7. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Страшно беше првото искуство. И залетна млекце дур цицаше, ја кренав и ја удирав по грбчето, ама уште не земаше воздух. После мм ја зема да ја удира ама ништп, цела се вцрвени и ја сврте наопачки. Никако не зимаше воздух. Јас излегов да барам помош во влез, излезе комшиката и отидовме кај друга комшика што била гинеколог. Ја легна на скали и даде вештачко дишење и почна да плаче. Ужасно беше, имаше 15тина дена само. Од тогаш ми е многу стресно цицањето. Во тема доење пишував за тоа...
    Значи кога ќе се загрцне прво да се проба со легнување на страна да се потапша по грб, следно се зима на една рака на гради малце подолу да виси и се удира по грбчето, раката направена како чашка. Не многу силно, не многу слабо удирање. На крај вртење скроз да виси наопаку. Вештачко несакам да помислам пак дека ќе ми биде потребно, ама ќе морам да се едуцирам за секој случај.
    Не посакувам на никој вакво искуство, ама се случува.
     
    На crazylady, K7M10J и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Мајка баш ми е жал не ја имав целава ситуација прочитано
    Мене ова да ми се десило на диазапами ќе завешев алал да ти е на издржливоста и силата :bow:

    И ја сакав да прашам дали негде едуцираат за прва помош сакав да одам на час да ме едуцираат. Читав дека особено е важно кога ќе почне се да пикаат во уста
    Ако некој наиде на нешто вакво споделете. Изумив педијатарот да го прашам ама следен месец обавезно
    Би требало педијатрите овие обуки да ни ги даваат или да не упатат каде.
     
    На crazylady, K7M10J и MinnaAnne им се допаѓа ова.
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.501
    Допаѓања:
    35.250
    Пол:
    Женски
    Да, те читав тогаш кога пиша, но не ми текнува дали имаше пишано како постапивте.
    Да не се повтори!
     
    На crazylady, dunika, Izzy_0504 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    При давење со вода или течност, прво да се сврти со главата надолу.
    При голтање предмет, со тапкање на грб и застанување зад детето со рацете ставени под негова градна коска и се притиска, има видеа отворете зошто неубаво објаснувам.
    За безбедност при спиење ми е најстрашно кога читам какви работи се применуваат.
    Бебе до 1 година треба да спие на тврда подлога, без играчки, без кебиња во креветчето, со ништо околу него.
    Треба да спие на грб, не настрана, не на стомак.
    Нема да се задави доколку поврати во сон.
    За покривање купете вреќички за спиење.
    Одржувајте температура во собата со клима, греалка, а не кебиња.
    И секогаш запамтете, подобро да му е малку поладно одколку да зголемувате ризик за синдром на ненадејна смрт на новороденчиња.
    Бебињата се појаки од што изгледаат и не настинуваат од малку ладно.
    Ризикот од ненадејна смрт кај новороденчиња се намалува многу со ваков начин на спиење.
    Не како е полесно, туку како е правилно.
    Не слушајте ве молам неодговорни што даваат совети дека нивното бебе спиело на страна или покриено со јорган па ништо не му било.
    На едно нема да му биде, што не значи дека правилото се формира врз основа на едно бебе.
    Некои грешно си замислуваат дека синдром на ненадејна смрт е резултат на гушење.
    Сите овие работи се прават со цел бебето полесно да дише, ама не од механичка природа, во смисла дека нема да има ништо на носе и уста, туку за добар проток на воздух во креветчето и за правилна работа на центарот за дишење во мозокот.
    За плескање на главчето не се секирајте, бебето ќе го држите повеќе во раце во текот на денот и додека е будно ќе го ставате на стомак за да јача мускули, помага при грчеви и за да не му се плеска главчето.
    Дури и да му се сплеска главчето, никако не влијае врз развојот на мозокот и со тек на растење главата си зазема убава форма.
    Се плескаат главчињата бидејќи коските се меки, тоа не значи дека такви ќе останат.
    Спиење исклучиво на грб,
    Бебето спие само во посебно креветче, во иста соба со родителите.
    Не на ист кревет затоа што е полесно за цицање навечер.
    Една мајка кажуваше дека се разбудила со бебето пикнато под блуза.
    И најбитно, истражувајте сами на интернет од асоцијации на педијатри, неонатолози, читајте студии бидејќи некогаш наши здравствени работници даваат ужасни совети.
     
    На Lady Leona, crazylady, LittleLilit и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се случи да 'зајдува' од плачење како треба да се постапи?

    Еве од вчера од што плаче толку многу се случува ова и помодрува цел во фацата, јас го дигнав одма во раце и го тапкав по грбчето и пробував да го смирам, многу се потресов денеска поготово зошто бев сама.
     
  13. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    51.007
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира.
    Уште не ми се случило до толку, да не може да се соземе од зајдување.
    Јас ја кревам, ја галам, и зборувам.
    Ова еднаш само ми се случи кога примаше вакцина. И така направив.

    Ама памтам брат ми кога зајдуваше, баба ми го прскаше со вода:|
     
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.615
    Пол:
    Женски
    До сега ми се нема случено да ми зајде ама имам гледано од други им дуваат во лице а не знам зошто
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ништо.
    Рефлекс е и почнуваат да дишат после некое време.
    Не остава трајни последици или оштетувања.
    Некои дури помодруваат и се онесвестуваат.
    За минута се враќаат назад и дишат нормално.
    Иако е предраматично, го надраснуваат овој рефлекс со тек на време.
    Би направила ЕКГ за да бидам сигурна дека е се во ред и крвна слика за анемија на железо.
    Ако се овие две во ред (а најчесто се, затоа што зајдувањето е пречесто кај скрос здрави деца), ништо не треба да се прави.
    Некои дуваат во лице (не во уста, не во грло, го прават тоа мислејќи дека не дише па сега ќе му го надохнадат воздухот што е погрешно верување затоа што кај човек што не дише при вештачко дишење се затвора носот и се опфаќа целосно устата и се дува, значи не смее да има празен простор од кај што воздухот би излегувал, така што дувањето во лице од 20 цм далечина, неможе во никој случај да му уфрли воздух во бели дробови), дувањето повеќе делува на дистракција на мозокот, силно дување, ама нема да помогне кај сите деца, може и да му смета додатно додека пробува детето "да се собере" и едноставно се остава детето да се поврати само, а ќе се поврати сигурно.
    Некои дури помодруваат и се онесвестуваат, важно е само да пазите да не ја удри главата во паѓање ако се онесвести.
    Неволонтарно е, не е барање на внимание, рефлекс на мозокот е, кој не прави никаква штета.
     
    Последна измена: 4 декември 2020
    На crazylady, Alishan30, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    И мене отдекогаш ми било страв од зајдување и затоа штом заплаче ја одма трчам ми е страв многу да плаче.
    Кога не можам да го смирам знае паника да ме фати а тоа знам дека е многу лошо па обично и мм го нишка

    Еве што најдов

    https://www.nhs.uk/conditions/breath-holding-in-babies-and-children/

    За дување во лице знам дека не треба да се прави само не ми текнува зошто...ај ќе пише и некоја поискусна сигурно

    Да се едитирам тука го пишува тоа што @Mantub погоре го пиша
     
    На crazylady, Alishan30, Lovebug01 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.501
    Допаѓања:
    35.250
    Пол:
    Женски
    Ортопедот мене ми рече ако зајде дека само ќе се врати, ништо не треба да се прави.

    Ете, веќе пишале. :)
     
    На Alishan30, kukla21, Butterfly1107 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    12.884
    Така кога зајдуваше го кревав високо горе со рацете за да дојде при себе или ќе му дувнеш во фацичето така се освестуваше и престануваше да плаче обично зајдуваат највеќе во првите два месеци од грчеви све што им е ново и ред други работи :)
     
    На crazylady и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Мене ми е нејасно: зошто не постои контрола на пазарот и се продаваат небезбедни производи?
    Да, има стандарди, ама на пазарот има премногу производи што не ги задоволуваат. Колку и да се информираш, не можеш да знаеш апсолутно се'.

    Пример, нарачувам вреќичка за новороденче и ја добивам со огромен отвор кај вратот, многу лесно може да се протне низ него надолу. Има стандарди, производителите не ги следат.
    Друго, на секој чекор се продаваат оградици и перници за креветчиња, што се опасни на почеток. Изгледаат супер и секој сака да купи за да му е мекичко на бебето и да не му заглави раче низ решетка, а од друга страна се ризик за задушување. Во УСА и Англија има официјални препораки да не се користат, а сепак ги има на пазарот.
    Трето, се продаваат вакви корпи за во кола од реномирани производители, а безбедносните стандарди се само за седиште/транспортер. Мене ми изгледаше одлично и бев многу заинтересирана да користам кога видов.
    Зошто воопшто е ова дозволено? Посебно кај нас, да не почнувам за кинеските играчки, облеки со петличиња и мали детали што може да ги откачи и да ги голтне... Зошто не ни олеснат со некакви контроли?
    Ете ќе се информираме, ќе читаме. Но нешто ќе се протне, сигурно.
     
    На zemzela91, dunika, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Па се знае зошто, за :cash::cash::cash:
    Ништо не е регулирано кај нас.
    Мајка слободно може да го расшамари детето на улица и никој нема да реагира.
    Патронажни сестри за грчеви на новороденчиња даваат совет за водичка.
    Во нормална држава ќе беа едуцирани, а ако даваа такви совети можеби и немаше да им биде дозволено да работат во таква струка.
    Многу пострашни работи се дозволени.
    Килибарно герданче се продава во аптека - продажно место кое го сметаш за безбедно, што остана за други работи.
     
    На crazylady, K7M10J, dunika и 9 други им се допаѓа ова.