Оли мене педијатарот ми рече од 6 мес може.Дури ме уверуваше дека поубаво ке спие сама,а јас се плашам дека спалната и детската не се една до друга.Ми рече нема шанси да не ја слушниш,а за безбедност,душекот да е спуштен на ниското ниво.И во вреќичка секако,така и спие. Мојава се буди и цица во сон,не ја преспива цела ноќ,многу заби извади за краток период и спие на креветче споено со мојата страна на брачниот,така и двете сме по наспани.Тоа е тоа што ме кочи,иначе одма би ја ставила во нејзината соба.
Фала што пиша, ми олесна уште повеќе. Прво спиев јас со него во соба кога се будеше често за цицање и полесно ми беше. Кога проретчи цицањето и почна да врзува цела ноќ, до пред еден месец спиеше во соба со татко му, јас морав поради кашлање да се преместам во спална, но спалната ни е до таа соба. Кога направи 7 месеци, како да стана поосетлив на звуци и кога мм ќе се прибереше во собата за спиење, почна да го осеќа, да се буди со плачење. Секое вртење во кревет му го осеќаше, станување за вц, кога пиеше од шише вода, хркаше. И решивме да пробаме сам да го оставиме, многу му се прекинуваше сонот. Скоро еден месец спие сам и навистина не се буди и не плаче. Само влегувам во соба околу 12-1 за да го нахранам и продолжува до 6 да спие. Многу ми беше тешко што не бев во иста соба со него, а уште потешко ми е што е сосема сам, се осеќам како да сме го напуштиле Си приплакувам често за ова, но малку ме теши тоа што гледам дека навистина многу убаво спие сам, никој не го буди. Го гледам и го слушам, нема шанси да мрдне, а да не го осетам. Душекот е спуштен најдолу подолго време бидејќи почна да се исправа и опасно беше, а во вреќичка спие цело време.
Оли имам јас камера купено од алиекспрес за кучево алармира секое движење ми покажува нотификација како аларм на телефон И кога оди во ходник да прај беља ми титка моб е сега не е совршена некогаш не го фаќа движењето. Ама ми праќа слики можам да видам што правел враќам видеа. Ноќе особено дава добра слика Утре малово кога ќе има своја соба обавезно порачувам една ваква за него
Имам камера, инаку немаше шанси да преживеам без неа. Го гледам и го слушам, постојано е под надзор. Ваква имам од Анхоч, со сензори е, музики, можам да му прозборам да ме слуша, најт вижн... Е недостасува на мобилен да ме известува, но со звук е и слушам сè.
Музика нема на оваа ама исто можеш да му збориш да знаеш во иднина ако ти треба Ја на кучево му зборев кога бев на пауза од работа ако прај беља И ја мислам дека овие камерчиња се супер работа за деца особено кога го учиш сам да поседи дома кога е поголемо или ако си игра само во соба
Тоа треба ептен отиден родител да си и цел ден прред ТВ да го оставиш за да бидат такви али секогаш преферирам јас лично играчки е сега ептен ако е неподнослив зошто сака да оди дечкото на три месеци го држам на нога и ќе погледа и тоа брзо му здосадува секој трет ден морам да мењам по нешто да не му е монотоно. Искрено не е заинтересиран мн за Тв али има деца цел ден да ги оставиш цел ден ќе гледаат што не е во ред според мене
Ќе се уфрлам ова исто она ни го прати ми врши работа за возење А сакав да те прашам спомна дека сте без лифр во транспортер ја симнуваш/качуваш? Кај мојте нема лифт ама претежок ми е не знам дали во раце и така ми е тежок или во кенгур
Без лифт сме да, на 4ти спрат. Транспортерот ни стои во кола. Ја симнуваме во раце, во скафандер облечена, така и ја качуваме, бидејќи ни тежи пешки па и плус со него. За кенгур прашав ортопед ми рече со наполнети 4 месеци може по малку, или почеток на 5ти месец. Маж со душа чека да ја носи во него, го добивме на подарок. Јас ич не сум за кенгури, ама до гаража може, за до кола Фала ви тебе и на Оли, за огледалото, ќе си го нарачам
Најдобро да го избегнете огледалцето. Го нема поминато ouch тестот. Не е безбедно за бебе, а ни за родителот, оти место да се фокусираш на патот, инстиктивно често ќе погледнуваш во него. Ако веќе одлучите да користите, треба да биде плексиглас, а не стакло.
10 мин Вака поопширно кога ќе размислам, додека возам често гледам на среден ретровизор, па и на страничните, за дефокусирањето ако мислиш. А за плексиглас, незнаев каде има- кажете ќе земиме побезбедно. Моите живеат на 5км од нас, секогаш немам услови да одам пешки, па за тие 10минути во кола би ја возела со вакво огледало. Не ни ми беше целта за долги релации. Сепак ќе го земам ова
Ова како "пластично" ми делува не е плексиглас ама ако се скрши мислам ќе пукне не би требало да се разлета на парченца ај баш ќе го видиш За дефокусорање не ме дефокусира плус цело време ми спие во кола ама и ако се закашла од плунка ( а често се дешава) бар да знам дека е добар да реагирам
@Alishan30 ретровизор и огледала од автомобил мораш да гледаш, дел е од возењето. Другово се смета за дефокусирање, оти дефокусира од возењето. А во сообраќај и најмало невнимание е голем ризик. Секако, што и да одлучиш твое си е.
Стави и некое перниче или нешто друго под душекот за да е поткренат и не ја оставај сама во соба да спие.
Ај да ве опитам нешто, темава ми е најсоодветна некако. Може е пишувано за ова, ќе пребарам плус. Малава ќе прави за некој ден 6 месеци и веќе месец дена активно се превртува, ама тоа почна и на спиење да го прави. Си спиеше мирно на грб, јас раат и така врзува цела ноќ скоро али овој новитетов ме секира. Приметив дека некогаш не може да се сврти, пошто ќебенцето и го зацврстувам како вреќичка под душекот (да не го повлече над глава) ама знае нагоре да се извлече и ја наоѓам на страна или на меше и не сум ич мирна. Имам блага опсесија од СИДС. Дали да покушавам да ја спречувам? Со вреќичка нешто? Уште не се врти од стомак на меше и тоа дополнително се секирам, да не се углави така, да не ја чујам.
Каква грешка направив денес ах. Цело време ја ставам на земја и си играме, а денес не знам што ми стана, ја оставив на кревет на подлога да си игра додека местам маса а татко и до неа. Седнуваме да јадеме, скроз изумивме дека е на кревет и само слушаме туп и дете на земја. Среќааааа не се удрила на маса (замислете што се можеше да се деси) и што поминавме само со малце плачење. Значи мајки не како мене, дете на под! Срце ми застана
Колкаво е бебето? Дај боже да не е ништо страшно.секунди требаат за вакви работи, мн се брзи бебчињата. Мојата наполни 4 месеци, и не се превртува ама доста е активна и помислувам дека за брзо ќе биде, па многу ми е страв и секогаш ако станам да земам нешто до кујна иако е на 2 м од неа, почнав да ставам перница долу на под, за во случај да и текне баш тогаш да се заврти.
4 месеци е. Да, среќа ништо не и се случи, удри на колена и со рачињата се задржа и не ја лупна главата ама се исплаши
Не знам кој бараше оградици само за решетките од креветчето, но Машнички за деца изработуваат, ако некого го интересира.